Пелоси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pelosi/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 12:30:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пелоси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pelosi/ 32 32 Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-povtorniot-neuspeh-na-dhim-dhordan-da-stane-spiker-e-triumf-na-demokratijata-vo-sad/ Thu, 19 Oct 2023 12:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=692868

 Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер на Претставничкиот дом е „триумф на демократијата“ во земјата затоа што републиканците блокираа „востаник“, изјави синоќа Ненси Пелоси, демократка и поранешен спикер на Претставничкиот дом.

Според неа, самото гласање за републиканецот Џордан да стане спикер било „напад на нашата демократијата“.

-Ова е тримф на демократијата во нашата земја затоа што републиканците повторно отфрлија востаник да стане спикер. На победничката партија секогаш сме ѝ посакувале најдобро во нивниот избор на лидер, рече Пелоси.

Додаде дека во нејзината кариера на пратеничка таа никогаш не видела да се одвива ваква трка за избор на спикер.

-Дали тоа било од нивна (републиканска) или од наша (демократска) страна, секогаш сме го почитувале мислењето на другата страна. Но тоа што вчера и денеска (се случуваше во парламентот) беше напад на нашата демократија, како што Џим Џордан ја нападна нашата демократија на 6 јануари, изјави таа.

Џордан, претседател на Комитетот за правда на Претставничкиот дом, е верен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, и доби партиска поддршка да се кандидира за спикер по минатонеделната одлука на лидерот на мнозинството Стив Скализе да излезе од трката.

Џордан беше еден од 147-те те републиканци кои гласаа за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година во Пенсилванија и Аризона и даваше имплицитна подршка на поддржувачите на Трамп, кои на 6 јануари 2021 година упаднаа во американскиот Капитол.

Сите демократите се против неговиот избор за спикер, но по двојниот несупех во партиското гласање неделава се виде дека тој нема подршка и од многу умерени републиканци, како поранешната претставичка Лиз Чејни која сеуште има големо влијание во партијата.

-Џим Џордан беше вклучен во заговорот на Трамп за кражба на изборите и грабнување на власта; тој повика Пенс да одбие да се бројат законски гласовите на електорите, напиша Чејни на Х, социјалната мрежа претходно позната како Твитер.

Додаде дека „ако републиканците го изберат Џордан за спикер тие ќе се одречат од Уставот. Тие ќе го изгубат мнозинстото во долниот дом, и тие тоа ќе го заслужат тоа“.

The post Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД appeared first on Република.

]]>

 Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер на Претставничкиот дом е „триумф на демократијата“ во земјата затоа што републиканците блокираа „востаник“, изјави синоќа Ненси Пелоси, демократка и поранешен спикер на Претставничкиот дом. Според неа, самото гласање за републиканецот Џордан да стане спикер било „напад на нашата демократијата“. -Ова е тримф на демократијата во нашата земја затоа што републиканците повторно отфрлија востаник да стане спикер. На победничката партија секогаш сме ѝ посакувале најдобро во нивниот избор на лидер, рече Пелоси. Додаде дека во нејзината кариера на пратеничка таа никогаш не видела да се одвива ваква трка за избор на спикер. -Дали тоа било од нивна (републиканска) или од наша (демократска) страна, секогаш сме го почитувале мислењето на другата страна. Но тоа што вчера и денеска (се случуваше во парламентот) беше напад на нашата демократија, како што Џим Џордан ја нападна нашата демократија на 6 јануари, изјави таа. Џордан, претседател на Комитетот за правда на Претставничкиот дом, е верен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, и доби партиска поддршка да се кандидира за спикер по минатонеделната одлука на лидерот на мнозинството Стив Скализе да излезе од трката. Џордан беше еден од 147-те те републиканци кои гласаа за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година во Пенсилванија и Аризона и даваше имплицитна подршка на поддржувачите на Трамп, кои на 6 јануари 2021 година упаднаа во американскиот Капитол. Сите демократите се против неговиот избор за спикер, но по двојниот несупех во партиското гласање неделава се виде дека тој нема подршка и од многу умерени републиканци, како поранешната претставичка Лиз Чејни која сеуште има големо влијание во партијата. -Џим Џордан беше вклучен во заговорот на Трамп за кражба на изборите и грабнување на власта; тој повика Пенс да одбие да се бројат законски гласовите на електорите, напиша Чејни на Х, социјалната мрежа претходно позната како Твитер. Додаде дека „ако републиканците го изберат Џордан за спикер тие ќе се одречат од Уставот. Тие ќе го изгубат мнозинстото во долниот дом, и тие тоа ќе го заслужат тоа“.

The post Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД appeared first on Република.

]]>
Пелоси од Загреб порача: Крим е Украина, со Украина ќе бидеме до крај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pelosi-od-zagreb-poracha-krim-e-ukraina-so-ukraina-kje-bideme-do-kraj/ Tue, 25 Oct 2022 09:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=565344

УКРАИНСКИОТ народ се бори за демократија за сите нас, изјави претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси во Загреб. Пелоси учествува во парламентарната димензија на Кримската платформа во Загреб, организирана од хрватскиот парламент и Врховната рада.

„Крим е Украина“, нагласи Пелоси во своето обраќање. „За жал, сега знаеме дека дејствијата на Русија на Крим се само една димензија на сеопфатен напад врз Украина и демократијата“, додаде таа.

Пелоси истакна дека борбата на Украина е важна за сите демократии. „Украинскиот народ се бори за демократија во својата земја, но се бори и за сите нас“, рече претседателот на Претставничкиот дом на САД. САД испратија повеќе од 60 милијарди долари хуманитарна, економска и воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија.

Ви благодариме што не собравте сите заедно. Парламентите на светот се собраа овде за да го изразат своето воодушевување од Украина. Ви благодариме, Пленковиќ, за убавите зборови. Ви благодариме Јандроковиќ. Ќе ги искористите вашите искуства за Украина. Тие сигурно ќе бидат корисни.

Крим е Украина. Некои од нас можеа од прва рака да видат што се случува во Украина синоќа. Русија ги крши човековите права во Украина. Ова е напад на самата демократија. Неиспровоцирани напади, брутални напади, прогони. Тоа е кампања на страв, војниците убиваат луѓе на патиштата, убиваат цивили.

Путин напаѓа енергетски постројки за Украинците да останат без струја, зборуваме за силувања, киднапирања деца, ова не е хумано однесување. Уништувањето на енергетските објекти е воено злосторство, сето тоа се воени злосторства извршени од Путин.

Сите овде сме со Украина, ја осудуваме анексијата на Крим, ќе бидеме со Украина додека не победи во војна.

Исклучително е важно да останат силните санкции против Русија, да се прекинат нормалните трговски односи. Тоа е важно… Овде е загрозена самата демократија. Тие се борат за сите нас, за нашата демократија. Претседателот Бајден рече дека стоиме на Украина до крај.

Ги поддржуваме оние кои се борат за своите права, нека бидеме мотивирани од овие слики што ги споделивте, слики на деца кои ја изразуваат својата желба за мир.

Мило ми е што сум тука, што ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната. Ви благодарам на сите што ме поканите“, рече Пелоси.

The post Пелоси од Загреб порача: Крим е Украина, со Украина ќе бидеме до крај appeared first on Република.

]]>

УКРАИНСКИОТ народ се бори за демократија за сите нас, изјави претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси во Загреб. Пелоси учествува во парламентарната димензија на Кримската платформа во Загреб, организирана од хрватскиот парламент и Врховната рада.
„Крим е Украина“, нагласи Пелоси во своето обраќање. „За жал, сега знаеме дека дејствијата на Русија на Крим се само една димензија на сеопфатен напад врз Украина и демократијата“, додаде таа.
Пелоси истакна дека борбата на Украина е важна за сите демократии. „Украинскиот народ се бори за демократија во својата земја, но се бори и за сите нас“, рече претседателот на Претставничкиот дом на САД. САД испратија повеќе од 60 милијарди долари хуманитарна, економска и воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија.
Ви благодариме што не собравте сите заедно. Парламентите на светот се собраа овде за да го изразат своето воодушевување од Украина. Ви благодариме, Пленковиќ, за убавите зборови. Ви благодариме Јандроковиќ. Ќе ги искористите вашите искуства за Украина. Тие сигурно ќе бидат корисни. Крим е Украина. Некои од нас можеа од прва рака да видат што се случува во Украина синоќа. Русија ги крши човековите права во Украина. Ова е напад на самата демократија. Неиспровоцирани напади, брутални напади, прогони. Тоа е кампања на страв, војниците убиваат луѓе на патиштата, убиваат цивили. Путин напаѓа енергетски постројки за Украинците да останат без струја, зборуваме за силувања, киднапирања деца, ова не е хумано однесување. Уништувањето на енергетските објекти е воено злосторство, сето тоа се воени злосторства извршени од Путин. Сите овде сме со Украина, ја осудуваме анексијата на Крим, ќе бидеме со Украина додека не победи во војна. Исклучително е важно да останат силните санкции против Русија, да се прекинат нормалните трговски односи. Тоа е важно… Овде е загрозена самата демократија. Тие се борат за сите нас, за нашата демократија. Претседателот Бајден рече дека стоиме на Украина до крај. Ги поддржуваме оние кои се борат за своите права, нека бидеме мотивирани од овие слики што ги споделивте, слики на деца кои ја изразуваат својата желба за мир. Мило ми е што сум тука, што ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната. Ви благодарам на сите што ме поканите“, рече Пелоси.

The post Пелоси од Загреб порача: Крим е Украина, со Украина ќе бидеме до крај appeared first on Република.

]]>
Пелоси слета во Тајван, Кина тврди: Тоа е исклучително опасно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-sleta-vo-tajvan-kina-tvrdi-toa-e-iskluchitelno-opasno/ Tue, 02 Aug 2022 15:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=536211

Американската страна ќе се соочи со последиците и ќе ја плати цената за поткопувањето на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Според најавите, авионот на Ненси Пелоси слетал во Тајпеј околу 16 часот и 45 минути по македонско време.

Кина го оцени како провокација што може да го доведе светот во ера на неред и нестабилност. Да потсетиме дека и двата кинески носачи на авиони Лиаонинг и Шандонг испловија од своите пристаништа, пишува кинескиот Глобал Тајмс.

https://www.youtube.com/watch?v=4lTgumT8VhQ&feature=emb_imp_woyt

The post Пелоси слета во Тајван, Кина тврди: Тоа е исклучително опасно appeared first on Република.

]]>

Американската страна ќе се соочи со последиците и ќе ја плати цената за поткопувањето на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи. Според најавите, авионот на Ненси Пелоси слетал во Тајпеј околу 16 часот и 45 минути по македонско време. Кина го оцени како провокација што може да го доведе светот во ера на неред и нестабилност. Да потсетиме дека и двата кинески носачи на авиони Лиаонинг и Шандонг испловија од своите пристаништа, пишува кинескиот Глобал Тајмс. https://www.youtube.com/watch?v=4lTgumT8VhQ&feature=emb_imp_woyt

The post Пелоси слета во Тајван, Кина тврди: Тоа е исклучително опасно appeared first on Република.

]]>