Пелопонез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peloponez/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 07:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пелопонез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peloponez/ 32 32 Двајца загинати во пожарот во северниот дел на грчкиот остров Пелопонез https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dvajtsa-zaginati-vo-pozharot-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-peloponez/ Mon, 30 Sep 2024 07:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=820853

Две лица го загубија животот во големиот пожар во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, а противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, додека утрово ситуацијата е подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа им се загубила трагата на двајца мажи на возраст од 35 и 40 години, кои, според грчките медиуми, тргнале да помогнат во пожарот, а рано утрово биле пронајдени две јагленосани тела и веројатно се работи за исчезнатите, меѓутоа ќе следи и процес на идентификување.

Пожарот избувна вчера во близина на Ксилокастро, а поради силниот ветер брзо се прошири и зазеде големи размери.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите за евакуација на најмалку пет села што се во близина на пожарот.

Интервенираат над 300 пожарникари со 15 пешадиски тима, 110 возила, како и пет авиони и четири хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Префектот на Пелопонез Димитрис Птохос за „Катимерини“ рече дека станува збор за пожар кој брзо излезе од контрола поради многу силниот ветер, додека пак денеска интензитетот на ветерот е намален и гаснењето продолжува.

Изгоре голема површина шума, но во моментов не можеме да ја процениме во хектари. Исто така изгореа и некои викендички, дополнително ќе се пребројуваат, истакна префектот.

The post Двајца загинати во пожарот во северниот дел на грчкиот остров Пелопонез appeared first on Република.

]]>

Две лица го загубија животот во големиот пожар во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, а противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, додека утрово ситуацијата е подобрена, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа им се загубила трагата на двајца мажи на возраст од 35 и 40 години, кои, според грчките медиуми, тргнале да помогнат во пожарот, а рано утрово биле пронајдени две јагленосани тела и веројатно се работи за исчезнатите, меѓутоа ќе следи и процес на идентификување. Пожарот избувна вчера во близина на Ксилокастро, а поради силниот ветер брзо се прошири и зазеде големи размери. Од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите за евакуација на најмалку пет села што се во близина на пожарот. Интервенираат над 300 пожарникари со 15 пешадиски тима, 110 возила, како и пет авиони и четири хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините. Префектот на Пелопонез Димитрис Птохос за „Катимерини“ рече дека станува збор за пожар кој брзо излезе од контрола поради многу силниот ветер, додека пак денеска интензитетот на ветерот е намален и гаснењето продолжува.
Изгоре голема површина шума, но во моментов не можеме да ја процениме во хектари. Исто така изгореа и некои викендички, дополнително ќе се пребројуваат, истакна префектот.

The post Двајца загинати во пожарот во северниот дел на грчкиот остров Пелопонез appeared first on Република.

]]>
Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-na-grchkiot-poluostrov-peloponez/ Wed, 17 Jul 2024 17:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=797760

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства.

Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините.

Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

The post Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез appeared first on Република.

]]>

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства. Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините. Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

The post Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина од 4,8 степени регистриран во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-so-jachina-od-4-8-stepeni-registriran-vo-grtsija/ Tue, 16 Jan 2024 07:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=733424

Земјотрес со јачина од 4,8 степени, рано утрово беше регистриран во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, според податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел североисточно од градот Леонидио, а земјотресот беше почувствуван и во Атина.

Засега, нема информации за повредени или предизвикана материјална штета.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека е сè уште рано да се каже дали е главниот земјотрес.

The post Земјотрес со јачина од 4,8 степени регистриран во Грција appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 4,8 степени, рано утрово беше регистриран во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, според податоците од Геодинамичкиот институт, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот бил во морскиот дел североисточно од градот Леонидио, а земјотресот беше почувствуван и во Атина. Засега, нема информации за повредени или предизвикана материјална штета. Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА рече дека е сè уште рано да се каже дали е главниот земјотрес.

The post Земјотрес со јачина од 4,8 степени регистриран во Грција appeared first on Република.

]]>
Во текот на ноќта евакуирани туристи на Крф, Евија и Пелопонез поради пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tekot-na-nokta-evakuirani-turisti-na-krf-evija-i-peloponez-poradi-pozhari/ Mon, 24 Jul 2023 06:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=664565

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, веќе седми ден, сѐ уште активен е и пожарот на островот Родос, меѓутоа засега, не се во опасност населени места.

Во текот на ноќта четирите големи пожари во Грција, на четири различни локации, се гаснеа од копно, а со првите зраци на сонцето, започна и гаснењето со воздушните средства.

На Крф, ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на островот, утрово е значително подобрена, а во евакуацијата во текот на ноќта помагаше и Крајбрежната служба на Грција за локалното население и туристите по морски пат да бидат пренесени на безбедна локација.

Во јужниот дел на островот Евија, пораки за превентивна евакуација беа испратени и рано утрово, а во северниот дел на Пелопонез, иако во текот на ноќта превентивно беше евакуирано локалното население од две села, сепак утрово се чини дека огнените јазици се далеку од населените места.

The post Во текот на ноќта евакуирани туристи на Крф, Евија и Пелопонез поради пожари appeared first on Република.

]]>

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, веќе седми ден, сѐ уште активен е и пожарот на островот Родос, меѓутоа засега, не се во опасност населени места. Во текот на ноќта четирите големи пожари во Грција, на четири различни локации, се гаснеа од копно, а со првите зраци на сонцето, започна и гаснењето со воздушните средства. На Крф, ситуацијата со пожарот во североисточниот дел на островот, утрово е значително подобрена, а во евакуацијата во текот на ноќта помагаше и Крајбрежната служба на Грција за локалното население и туристите по морски пат да бидат пренесени на безбедна локација. Во јужниот дел на островот Евија, пораки за превентивна евакуација беа испратени и рано утрово, а во северниот дел на Пелопонез, иако во текот на ноќта превентивно беше евакуирано локалното население од две села, сепак утрово се чини дека огнените јазици се далеку од населените места.

The post Во текот на ноќта евакуирани туристи на Крф, Евија и Пелопонез поради пожари appeared first on Република.

]]>
Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/preventivni-evakuatsii-poradi-pozhari-i-na-evija-krf-i-peloponez/ Sun, 23 Jul 2023 18:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=664519

Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел на Пелопонез, превентивно, да се евакуираат поради активни пожари во конкретните региони, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информираше во Грција денеска избувнале 64 нови шумски пожари, а пожарникарите ширум земјата се справуваат со вкупно 82.

Освен оној на Родос, активни се уште три големи пожари, во близина на Каристос на Евија, каде што од три жаришта едно е ставено под контрола, на Крф и во близина на Егио на Пелопонез, а сите пожари се гаснат од копно и воздух.

За големиот пожар на Родос активен веќе шести ден, Ватракојанис објасни дека го гаснат 266 пожарникари со 16 пешадиски тима и 55 возила, десет авиони и пет хеликоптери, а помагаат и пожарникарите од европскиот механизам за цивилна заштита, како и силите испратени на билатерално ниво.

Тешкотиите се пред нас. Условите и понатаму се екстремни. Апелираме до граѓаните кои се евакуираат, за ваша сопствена безбедност, доколку сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, ќе мора задолжително да се информирате од надлежните органи. Сите сили на Цивилната заштита остануваат во состојба на готовност, порача Ватракојанис

The post Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез appeared first on Република.

]]>

Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел на Пелопонез, превентивно, да се евакуираат поради активни пожари во конкретните региони, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информираше во Грција денеска избувнале 64 нови шумски пожари, а пожарникарите ширум земјата се справуваат со вкупно 82. Освен оној на Родос, активни се уште три големи пожари, во близина на Каристос на Евија, каде што од три жаришта едно е ставено под контрола, на Крф и во близина на Егио на Пелопонез, а сите пожари се гаснат од копно и воздух. За големиот пожар на Родос активен веќе шести ден, Ватракојанис објасни дека го гаснат 266 пожарникари со 16 пешадиски тима и 55 возила, десет авиони и пет хеликоптери, а помагаат и пожарникарите од европскиот механизам за цивилна заштита, како и силите испратени на билатерално ниво.
Тешкотиите се пред нас. Условите и понатаму се екстремни. Апелираме до граѓаните кои се евакуираат, за ваша сопствена безбедност, доколку сакате да се вратите во вашето место на живеење или сместување, ќе мора задолжително да се информирате од надлежните органи. Сите сили на Цивилната заштита остануваат во состојба на готовност, порача Ватракојанис

The post Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез appeared first on Република.

]]>
Брод со мигранти се преврте кај Пелопонез, најмалку 32 загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-so-migranti-se-prevrte-kaj-peloponez-najmalku-32-zaginati/ Wed, 14 Jun 2023 10:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=651252

Најмалку 32 лица ги загубија животите откако рибарски брод со голем број мигранти се преврте во меѓународните води во близина на Пелопонез во јужна Грција, соопштија претставници на крајбрежната стража.

Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица, поради што се стравува дека стотици луѓе се водат како исчезнати, пренесува Катимерини.

Досега се спасени вкупно 104 мигранти.

The post Брод со мигранти се преврте кај Пелопонез, најмалку 32 загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица ги загубија животите откако рибарски брод со голем број мигранти се преврте во меѓународните води во близина на Пелопонез во јужна Грција, соопштија претставници на крајбрежната стража. Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица, поради што се стравува дека стотици луѓе се водат како исчезнати, пренесува Катимерини. Досега се спасени вкупно 104 мигранти.

The post Брод со мигранти се преврте кај Пелопонез, најмалку 32 загинати appeared first on Република.

]]>