пелети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peleti/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 11:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пелети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peleti/ 32 32 Здружението на потрошувачи „Солидарност” најавува протест ако се зголеми ДДВ-то на пелетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzhenieto-na-potroshuvachi-solidarnost-najavuva-protest-ako-se-zgolemi-ddv-to-na-peletite/ Wed, 19 Jul 2023 11:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=663129

Здружението на потрошувачи „Солидарност“ бара парламентарното мнозинство да го прифати амандманот со кој се предвидува ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто во спротивно најавува дека ќе пристапи кон протести пред Министерството за финансии.

Како Здружение на потрошувачи сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите. Имено Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5 на 18 отсто што неколку месеци пред започнување на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните. Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5 отсто. Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барање ќе пристапиме кон протести пред Министерството за финансии, велат од Здружението.

Со прифаќање на амандманот, додаваат, ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затоплување во зимскиот период и би се заштедиле минимум околу 6.000 денари по домаќинство.

Посочуваат дека поскапување на цената од 13 отсто значи плус 2.000-2.500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона, како што велат, троши од три до четири тони пелети.

The post Здружението на потрошувачи „Солидарност” најавува протест ако се зголеми ДДВ-то на пелетите appeared first on Република.

]]>

Здружението на потрошувачи „Солидарност“ бара парламентарното мнозинство да го прифати амандманот со кој се предвидува ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто во спротивно најавува дека ќе пристапи кон протести пред Министерството за финансии.
Како Здружение на потрошувачи сме особено загрижени за последните случувања во поглед на зголемување на цената на пелетите. Имено Владата сака да изврши зголемување на ДДВ-то на овој енергенс од 5 на 18 отсто што неколку месеци пред започнување на грејната сезона дополнително ќе го оптовари џебот на граѓаните. Нашето Здружение бара додека не е доцна парламентарното мнозинство да го прифати амандманот поднесен од една од пратеничките групи со кој се предвидува за овој енергенс стапката на ДДВ да остане 5 отсто. Доколку не се излезе во пресрет и не се прифати нашето барање ќе пристапиме кон протести пред Министерството за финансии, велат од Здружението.
Со прифаќање на амандманот, додаваат, ќе се излезе во пресрет на над 50.000 домаќинства кои ги користат пелетите за затоплување во зимскиот период и би се заштедиле минимум околу 6.000 денари по домаќинство. Посочуваат дека поскапување на цената од 13 отсто значи плус 2.000-2.500 денари по тон, а секое домаќинство во текот на една грејна сезона, како што велат, троши од три до четири тони пелети.  

The post Здружението на потрошувачи „Солидарност” најавува протест ако се зголеми ДДВ-то на пелетите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-podnese-amandman-ddv-to-za-peletite-da-ostane-5-otsto/ Mon, 17 Jul 2023 15:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=662389

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со покачувањето на ДДВ за пелетите од 5 на 18 отсто секое домаќинство ќе треба да издвои плус 6.000 денари месечно во претстојната грејна сезона и најавува дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандман да остане постојното решение за ДДВ-то за пелетите.

Владата прво го покачи ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто, кубен метар огревно дрво е 5.000 денари, а новото покачување на ДДВ-то дополнително ќе го наруши кревкиот семеен буџет на домаќинствата, изјави Стојаноски пред зградата на Собранието по средбата што ја имаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со производителите и трговците со пелети.

Тој посочи дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава што ја видел на медиумите ги повикал пратениците да поднесат барање за да остане истото ДДВ и вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати тоа.

Ние како коалиција ќе го поднесеме овој амандман и го повикувам Битиќи да си остане на зборот и мнозинството да го прифати амандманското решение и на тој начин да им се помогне на граѓаните со ставката на ДДВ која треба да остане 5 проценти, а не да се зголеми за 13 проценти како што предлага Владата, рече Стојаноски.

Претседателот на Здружението на производители и увозници на пелети „Биомак енерџи“, Владимир Стојановски, пак, рече дека ги повикува и другите пратенички групи во текот на неделава да ги повикаат на средба за им ги објаснат нивните аргументи зошто треба предлогот да биде повлечен од процедура и да остане ДДВ-то за пелетите 5 отсто.

Се очекува денеска во собраниска процедура да влезат предлог законите за зголемувањето на ДДВ-то за дел од храната и на пелетите, како и за воведување на солидарен данок.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со покачувањето на ДДВ за пелетите од 5 на 18 отсто секое домаќинство ќе треба да издвои плус 6.000 денари месечно во претстојната грејна сезона и најавува дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандман да остане постојното решение за ДДВ-то за пелетите.
Владата прво го покачи ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто, кубен метар огревно дрво е 5.000 денари, а новото покачување на ДДВ-то дополнително ќе го наруши кревкиот семеен буџет на домаќинствата, изјави Стојаноски пред зградата на Собранието по средбата што ја имаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со производителите и трговците со пелети.
Тој посочи дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава што ја видел на медиумите ги повикал пратениците да поднесат барање за да остане истото ДДВ и вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати тоа.
Ние како коалиција ќе го поднесеме овој амандман и го повикувам Битиќи да си остане на зборот и мнозинството да го прифати амандманското решение и на тој начин да им се помогне на граѓаните со ставката на ДДВ која треба да остане 5 проценти, а не да се зголеми за 13 проценти како што предлага Владата, рече Стојаноски.
Претседателот на Здружението на производители и увозници на пелети „Биомак енерџи“, Владимир Стојановски, пак, рече дека ги повикува и другите пратенички групи во текот на неделава да ги повикаат на средба за им ги објаснат нивните аргументи зошто треба предлогот да биде повлечен од процедура и да остане ДДВ-то за пелетите 5 отсто. Се очекува денеска во собраниска процедура да влезат предлог законите за зголемувањето на ДДВ-то за дел од храната и на пелетите, како и за воведување на солидарен данок.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман ДДВ-то за пелетите да остане 5 отсто appeared first on Република.

]]>
Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-i-ddv-za-kupuvane-na-peleti-od-5-na-18-otsto/ Sun, 16 Jul 2023 08:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=661854

Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.

-Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима.

Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%.

Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство.

Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.

The post Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто appeared first on Република.

]]>

Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.
-Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима.
Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%.
Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство. Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.
 
The post Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто appeared first on Република.

]]>
Субвенции од општина Гази Баба за инвертери и печки за пелети https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/subventsii-od-opshtina-gazi-baba-za-inverteri-i-pechki-za-peleti/ Mon, 05 Jun 2023 11:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=648022

Општина Гази Баба објави јавни повици за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и за набавка на печки на пелети за граѓаните за 2023 година.

Право на учество на јавните повици имаат жителите на oпштина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), односно кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди.

Оваа мерка за субвенционирање на граѓаните е уште една во низата проекти кои се реализираат во општина Гази Баба во насока на заштита на животната средина.

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат на јавните повици и да ја искористат можноста за субвенциии кои ги доделува општината.

Јавните повици ќе траат до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа цел од буџетот на Општина Гази Баба.

The post Субвенции од општина Гази Баба за инвертери и печки за пелети appeared first on Република.

]]>

Општина Гази Баба објави јавни повици за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди и за набавка на печки на пелети за граѓаните за 2023 година. Право на учество на јавните повици имаат жителите на oпштина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект), односно кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди. Оваа мерка за субвенционирање на граѓаните е уште една во низата проекти кои се реализираат во општина Гази Баба во насока на заштита на животната средина. Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат на јавните повици и да ја искористат можноста за субвенциии кои ги доделува општината. Јавните повици ќе траат до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа цел од буџетот на Општина Гази Баба.

The post Субвенции од општина Гази Баба за инвертери и печки за пелети appeared first on Република.

]]>
Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-ekonomija-utvrdilo-deka-se-dostavuvaat-lazni-fakturi-za-uvoz-na-peleti/ Fri, 18 Nov 2022 12:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=575403

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека до министерството се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети, и ги повика надлежните да постапуваат.

Министерството утврдило дека се доставуваат лажни фактури за пелети во делот на увозот во нашата земја, и затоа трговците на пелети се жалат со цената која е замрзната. Цената на пелети не ја утврдува министерството за економија, туку доаѓа како предлог на Македонски шуми и цените кои ги имаме од царинската управа. Во цената која е пријавена во царинската управа е 24 денари по килограм. Ако доставиле лажни фактури, и направиле договори со производителите во странство, ја повикувам УЈП да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да ги продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се доставуваат во царинската управа се невистинити, и тоа е кривично дело - рече Бектеши.

The post Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети appeared first on Република.

„Биомак Енерџи“: Ако остане ограничувањето на цената, од 1 декември на пазарот нема да има пелети https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biomak-enerdzi-ako-ostane-ogranichuvanjeto-na-cenata-od-1-dekemvri-na-pazarot-nema-da-ima-peleti/ Thu, 10 Nov 2022 13:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=572344

Преку 80 проценти од потребите за пелети ги обезбедуваме од увоз, а со мерката што ја донесе Владата на 2 ноември цената на пелетите е ограничени на пониско ниво од влезните цени. Солуцијата која ние ја нудиме сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти. Доколку остане во сила сегашната мерка, од 1 декември нема да има нови количества на пелети на пазарот и ние ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети, истакна претседателот на Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, Владимир Стојановски.

Тој нагласи дека во услови кога Владата го субвенционира градското парно со 18 милиони евра, тие побарале субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но досега не добиле одговор.

Владата донесе мерка каде што ја ограничи цената на пелетите во апсолутна вредност, а имаме ситуација во којашто од земјите од каде што вршиме увоз имаме повисоки влезни цени. Во една таква ситуација крајниот резултат би бил ние да бидеме приморани, додека тоа не се смени, едноставно да не вршиме увоз, од едноставна причина што не можеме да продаваме со загуба. Крајниот резултат исто така би бил недостиг на пелети. Ние како здружение ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети на пазарот и економските оператори да ја остваруваат својата цел, а тоа е да функционираат, увезуваат, дистрибуираат и продаваат на крајните потрошувачи - изјави Стојановски на денешната прес-конференција.

Тој информираше дека главните пазари од каде што се увезуваат пелетите се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, но, како што нагласи, во моментов Србија и БиХ вовеле забрана за извоз, Црна Гора воспоставила квоти и дозволи за секој камион посебно со што извозната процедура се отежнува, додека Бугарија нема доволни количества на пелети за извоз.

Единствен избор за увоз на пелети во последните пет до шест месеци е Турција, но како што информираше Стојановски, и таму цените се високи затоа што, пазарните цени и услови ги диктира Германија.

Тој додаде дека има побарувачка од страна на граѓаните, но ако сегашната мерка остане во сила тоа ќе биде неодржливо и нефункционално во пракса.

На прашање кој би бил нивниот предлог за излез од ваквата ситуација, Стојановски информираше дека на 23 август со допис побарале од Владата субвенционирање на пелетите.

Владата го субвенционира градското парно во Скопје, како што кажа премиерот со преку 18 милиони евра и тоа е добро и треба да биде така. Меѓутоа, имаме ситуација каде што граѓаните на Центар, Аеродром и Карпош се субвенционирани со 18 милиони евра, а што е со граѓаните во Бутел, Драчево, Радишани итн. Затоа побаравме субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но не добивме одговор - нагласи Стојановски.

Тој додаде дека солуцијата која тие ја нудат сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти.

На тој начин се постигнуваат два ефекти. Владата со 10 проценти маржа ги штити граѓаните да нема прекумерна заработка на увезената стока, а во исто време дава можност да работиме. Затоа што ние не можеме да знаеме во наредните три месеци како ќе се движат пазарите од каде што увезуваме - посочи тој.

На прашањето за висината на моменталните цени, тој информираше дека во 2021 година во земјава се потрошени 120 илјади тони пелети, од кои 95 илјади од увоз, а останатите 25 илјади се од домашно производство.

Во моментов влезната цена од Турција се движи меѓу 27,5 до 30-31 денар по килограм, а Владата кажува дека треба да продаваме по 27 денари. По тие цени ние не можеме да продаваме. Веќе има количини влезени во тие цени, значи оттука натаму увозот што ќе се врши е по повисоки цени од продажната и ние сме во апсурдна ситуација во којашто не можеме да функционираме. Крајниот резултат за жал ќе биде дека за многу брзо време ќе нема пелети на пазарот - одговори Стојановски.

Прашан дали ќе се стабилизира цената доколку Владата го прифати предлогот со ограничување на маржата на 10 проценти, Стојановски повтори дека земјава е увозно зависна и во ваква ситуација можно е само прифаќање на тековите, случувањата и цените коишто се на тие пазари од каде што се врши увоз и тоа апсолутно не зависи од увозниците во земјава.

Околу тврдењата на Пазарниот инспекторат дека увозниците чуваат залихи купени по пониски цени, за нивно препродавање по повисоки во нареден период, Стојановски одговори дека бројката што ја спомнал Инспекторатот изнесува 4.500 тона, којашто е само четири проценти во споредба со вкупната потрошувачка на 131 трговец во цела држава, што изнесува околу 120 илјади тона и дека тоа е сосема мало количество, што обично на лагер го имаат еден до двајца трговци.

Во однос на залихите, Стојановски информираше дека, иако сега е сезоната, набавката на пелети почнува дури и од мај и дека се купува во текот на сите месеци и не е нешто што се чува. Освен тоа, околу ова прашање, тој рече дека количествата за набавка се лимитирани и не можат предвремено да се набават прекумерно поголеми количини.

Доколку не се најде решение со Владата, според неформалните податоци за две недели или од 1 декември Македонија нема да има нови количества на пелети, предупреди претседателот на „Биомак Енерџи“.

Според податоците на Здружението, околу 40 до 45 илјади домаќинства се греат на пелети, а градско парно користат околу 60 илјади домаќинства, што, според Стојановски, во квадратура и во квантитет на луѓе, корисниците на пелети се повеќе од градското парно и рече дека и тие граѓани треба да се опфатат со мерка за субвенционирање.

Околу прашањето дали некогаш било разговарано со Владата за субвенционирање на производството на пелети, Стојановски рече дека едно од барањата поднесени до Владата во месец август било и ДДВ стапката за влезните инпути за производство да се намалат од 18 на 5 проценти.

Исто така ние како држава треба стратешки, на долг рок, да се фокусираме на зголемување на домашното производство. Тоа е патот кон енергетска автономност, патот кон нормализација и да не бидеме увозно зависни, истакна тој.

Во однос на денешната изјава на министерот за економија Крешник Бектеши, кој тврди дека цената за увоз во октомври би изнесувала 23 илјади по тон и затоа цената е ограничена на 27 илјади по тон или 27 денари килограм, со кое се калкулирани заработувачката и останатите трошоци, Стојановски одговори дека тие цени се од просек кои ги вклучуваат цените дури од мај и јуни и дека тоа е лажна слика. Според него, од сега, па натаму увозните цени на пелети во земјава ќе бидат повисоки од продажните.

Доколку цената, како што изјавил министерот е 23 денари, ние ја повикуваме Владата да изврши набавка на пелети по таа цени, да ни ја одреди маржата по која да заработуваме, да ни ги достави, а ние оперативно ќе ги сработиме до граѓаните по цена коишто тие ќе ја утврдат, подвлече Стојановски

The post „Биомак Енерџи“: Ако остане ограничувањето на цената, од 1 декември на пазарот нема да има пелети appeared first on Република.

]]>

Преку 80 проценти од потребите за пелети ги обезбедуваме од увоз, а со мерката што ја донесе Владата на 2 ноември цената на пелетите е ограничени на пониско ниво од влезните цени. Солуцијата која ние ја нудиме сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти. Доколку остане во сила сегашната мерка, од 1 декември нема да има нови количества на пелети на пазарот и ние ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети, истакна претседателот на Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџи“, Владимир Стојановски. Тој нагласи дека во услови кога Владата го субвенционира градското парно со 18 милиони евра, тие побарале субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но досега не добиле одговор.
Владата донесе мерка каде што ја ограничи цената на пелетите во апсолутна вредност, а имаме ситуација во којашто од земјите од каде што вршиме увоз имаме повисоки влезни цени. Во една таква ситуација крајниот резултат би бил ние да бидеме приморани, додека тоа не се смени, едноставно да не вршиме увоз, од едноставна причина што не можеме да продаваме со загуба. Крајниот резултат исто така би бил недостиг на пелети. Ние како здружение ја повикуваме Владата да најдеме заедничко решение за да има пелети на пазарот и економските оператори да ја остваруваат својата цел, а тоа е да функционираат, увезуваат, дистрибуираат и продаваат на крајните потрошувачи - изјави Стојановски на денешната прес-конференција.
Тој информираше дека главните пазари од каде што се увезуваат пелетите се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, но, како што нагласи, во моментов Србија и БиХ вовеле забрана за извоз, Црна Гора воспоставила квоти и дозволи за секој камион посебно со што извозната процедура се отежнува, додека Бугарија нема доволни количества на пелети за извоз. Единствен избор за увоз на пелети во последните пет до шест месеци е Турција, но како што информираше Стојановски, и таму цените се високи затоа што, пазарните цени и услови ги диктира Германија. Тој додаде дека има побарувачка од страна на граѓаните, но ако сегашната мерка остане во сила тоа ќе биде неодржливо и нефункционално во пракса. На прашање кој би бил нивниот предлог за излез од ваквата ситуација, Стојановски информираше дека на 23 август со допис побарале од Владата субвенционирање на пелетите.
Владата го субвенционира градското парно во Скопје, како што кажа премиерот со преку 18 милиони евра и тоа е добро и треба да биде така. Меѓутоа, имаме ситуација каде што граѓаните на Центар, Аеродром и Карпош се субвенционирани со 18 милиони евра, а што е со граѓаните во Бутел, Драчево, Радишани итн. Затоа побаравме субвенции од државата за граѓаните кои се греат на пелети и огревно дрво, но не добивме одговор - нагласи Стојановски.
Тој додаде дека солуцијата која тие ја нудат сега е да се врати претходната мерка којашто исто така била репресивна, а тоа е ограничување на маржата на 10 проценти.
На тој начин се постигнуваат два ефекти. Владата со 10 проценти маржа ги штити граѓаните да нема прекумерна заработка на увезената стока, а во исто време дава можност да работиме. Затоа што ние не можеме да знаеме во наредните три месеци како ќе се движат пазарите од каде што увезуваме - посочи тој.
На прашањето за висината на моменталните цени, тој информираше дека во 2021 година во земјава се потрошени 120 илјади тони пелети, од кои 95 илјади од увоз, а останатите 25 илјади се од домашно производство.
Во моментов влезната цена од Турција се движи меѓу 27,5 до 30-31 денар по килограм, а Владата кажува дека треба да продаваме по 27 денари. По тие цени ние не можеме да продаваме. Веќе има количини влезени во тие цени, значи оттука натаму увозот што ќе се врши е по повисоки цени од продажната и ние сме во апсурдна ситуација во којашто не можеме да функционираме. Крајниот резултат за жал ќе биде дека за многу брзо време ќе нема пелети на пазарот - одговори Стојановски.
Прашан дали ќе се стабилизира цената доколку Владата го прифати предлогот со ограничување на маржата на 10 проценти, Стојановски повтори дека земјава е увозно зависна и во ваква ситуација можно е само прифаќање на тековите, случувањата и цените коишто се на тие пазари од каде што се врши увоз и тоа апсолутно не зависи од увозниците во земјава. Околу тврдењата на Пазарниот инспекторат дека увозниците чуваат залихи купени по пониски цени, за нивно препродавање по повисоки во нареден период, Стојановски одговори дека бројката што ја спомнал Инспекторатот изнесува 4.500 тона, којашто е само четири проценти во споредба со вкупната потрошувачка на 131 трговец во цела држава, што изнесува околу 120 илјади тона и дека тоа е сосема мало количество, што обично на лагер го имаат еден до двајца трговци. Во однос на залихите, Стојановски информираше дека, иако сега е сезоната, набавката на пелети почнува дури и од мај и дека се купува во текот на сите месеци и не е нешто што се чува. Освен тоа, околу ова прашање, тој рече дека количествата за набавка се лимитирани и не можат предвремено да се набават прекумерно поголеми количини. Доколку не се најде решение со Владата, според неформалните податоци за две недели или од 1 декември Македонија нема да има нови количества на пелети, предупреди претседателот на „Биомак Енерџи“. Според податоците на Здружението, околу 40 до 45 илјади домаќинства се греат на пелети, а градско парно користат околу 60 илјади домаќинства, што, според Стојановски, во квадратура и во квантитет на луѓе, корисниците на пелети се повеќе од градското парно и рече дека и тие граѓани треба да се опфатат со мерка за субвенционирање. Околу прашањето дали некогаш било разговарано со Владата за субвенционирање на производството на пелети, Стојановски рече дека едно од барањата поднесени до Владата во месец август било и ДДВ стапката за влезните инпути за производство да се намалат од 18 на 5 проценти. Исто така ние како држава треба стратешки, на долг рок, да се фокусираме на зголемување на домашното производство. Тоа е патот кон енергетска автономност, патот кон нормализација и да не бидеме увозно зависни, истакна тој. Во однос на денешната изјава на министерот за економија Крешник Бектеши, кој тврди дека цената за увоз во октомври би изнесувала 23 илјади по тон и затоа цената е ограничена на 27 илјади по тон или 27 денари килограм, со кое се калкулирани заработувачката и останатите трошоци, Стојановски одговори дека тие цени се од просек кои ги вклучуваат цените дури од мај и јуни и дека тоа е лажна слика. Според него, од сега, па натаму увозните цени на пелети во земјава ќе бидат повисоки од продажните. Доколку цената, како што изјавил министерот е 23 денари, ние ја повикуваме Владата да изврши набавка на пелети по таа цени, да ни ја одреди маржата по која да заработуваме, да ни ги достави, а ние оперативно ќе ги сработиме до граѓаните по цена коишто тие ќе ја утврдат, подвлече Стојановски

The post „Биомак Енерџи“: Ако остане ограничувањето на цената, од 1 декември на пазарот нема да има пелети appeared first on Република.

]]>
Воведено ограничување на цената на пелетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vovedeno-ogranichuvanje-na-cenata-na-peletite/ Thu, 10 Nov 2022 13:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=572338

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на средба со новинарите.

Како што посочи Бектеши, во замрзнатата цена се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.

The post Воведено ограничување на цената на пелетите appeared first on Република.

Пелети со пари не се купуваат, пелети нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/peleti-so-pari-ne-se-kupuvaat-peleti-nema/ Tue, 11 Oct 2022 19:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=559815

Не е проблем само цената, туку и достапноста на пелетите. Ова е реалноста на пазарот кога станува збор за пелетите. Една од алтернативите за „чисто“ греење, кое што не ја загадува околината и за кое што властите во изминатите неколку години континуирано објавуваат огласи за субвенционирање на домаќинствата за да се греат на пелети, сега станува сериозен проблем, пишува Блумберг.

Пелети едвај се наоѓаат, а тие сега се продаваат за два и пол пати поскапо. Ако во нормални пазарни услови вреќа пелети (15 кг) чинеше од 180 до 210 денари, сега се продава по цена од околу 500 денари.

Со оглед на тоа дека сега набавната цена надминува 450 денари, трговците веќе немаат математика да работат со увоз и продажба на пелети.

Македонија е увозно зависна од пелети
Македонија е увозно зависна кога станува збор за пелетите за греење. Според трговците, годишната просечна потрошувачка на пелети изнесува околу 120.000 тони, а во Македонија се произведуваат едвај 20 отсто.

Проблемот со пелети не е само во нашата држава. Недостигот од пелети всушност произлегува од енергетската криза. Еден од поголемите увозници и трговци со пелети во нашата држава вели дека многу од нивните сериозни партнери од странство, со кои соработуваат многу години, сега немаат пелети за Македонија.

Целиот текст на Блумберг Адриа

The post Пелети со пари не се купуваат, пелети нема appeared first on Република.

]]>

Не е проблем само цената, туку и достапноста на пелетите. Ова е реалноста на пазарот кога станува збор за пелетите. Една од алтернативите за „чисто“ греење, кое што не ја загадува околината и за кое што властите во изминатите неколку години континуирано објавуваат огласи за субвенционирање на домаќинствата за да се греат на пелети, сега станува сериозен проблем, пишува Блумберг. Пелети едвај се наоѓаат, а тие сега се продаваат за два и пол пати поскапо. Ако во нормални пазарни услови вреќа пелети (15 кг) чинеше од 180 до 210 денари, сега се продава по цена од околу 500 денари. Со оглед на тоа дека сега набавната цена надминува 450 денари, трговците веќе немаат математика да работат со увоз и продажба на пелети. Македонија е увозно зависна од пелети Македонија е увозно зависна кога станува збор за пелетите за греење. Според трговците, годишната просечна потрошувачка на пелети изнесува околу 120.000 тони, а во Македонија се произведуваат едвај 20 отсто. Проблемот со пелети не е само во нашата држава. Недостигот од пелети всушност произлегува од енергетската криза. Еден од поголемите увозници и трговци со пелети во нашата држава вели дека многу од нивните сериозни партнери од странство, со кои соработуваат многу години, сега немаат пелети за Македонија. Целиот текст на Блумберг Адриа

The post Пелети со пари не се купуваат, пелети нема appeared first on Република.

]]>
Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-drastichno-poskapea-ogrevnoto-drvo-i-peletite/ Thu, 22 Sep 2022 12:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=553195

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.

Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика.

Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.

Според ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќаjот.

The post Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на печки на дрва или пелети во Германија есенва се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден. Цените на огревното дрво и на пелетите во август се повисоки за 86 отсто во однос на истиот период лани, се вели во соопштението на Сојузниот завод за статистика. Значителниот пораст на цените се објаснува со зголемената побарувачка, но и со зголемените трошоци за транспорт и работна сила. Цената на пелетите порасна за 108 отсто, што е значително повисока од стапката на поскапување во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто. Германската влада со години го субвенционира купувањето печки на пелети како еколошки одржливо огревно дрво. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми. Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само нови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки. Според ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќаjот.

The post Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите appeared first on Република.

]]>
Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovcite-so-peleti-stavale-marzi-do-65-procenti/ Fri, 12 Aug 2022 10:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=539549

Трговците на мало со пелети, ставале маржи до 65 проценти. Ова за „Слободен печат“ го изјавија од Министерството за економија, од каде што потекна и предлогот што го усвои Владата за ограничување на маржата до 10 проценти. Маржа се ограничува и за огревното дрво, кое засега речиси и го нема по складовите, а кое достигна цена од дури 4.800 денари за кубен метар.

Годинава, пред зимската сезона, оние што се обидоа да се снабдат на време, открија дека една вреќа со пелети од 15 килограми веќе почна да се продава по 380 денари, за разлика од лани кога можела да се купи по 200 денари.

Државниот пазарен инспекторат излезе на терен да ги прегледа трговците со пелети. Резултат од направените 131 контрола кај трговците беше утврдени 7 неправилности и изречени глоби од 240 до 860 евра.

Повеќе на „Слободен печат

The post Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти appeared first on Република.

]]>

Трговците на мало со пелети, ставале маржи до 65 проценти. Ова за „Слободен печат“ го изјавија од Министерството за економија, од каде што потекна и предлогот што го усвои Владата за ограничување на маржата до 10 проценти. Маржа се ограничува и за огревното дрво, кое засега речиси и го нема по складовите, а кое достигна цена од дури 4.800 денари за кубен метар. Годинава, пред зимската сезона, оние што се обидоа да се снабдат на време, открија дека една вреќа со пелети од 15 килограми веќе почна да се продава по 380 денари, за разлика од лани кога можела да се купи по 200 денари. Државниот пазарен инспекторат излезе на терен да ги прегледа трговците со пелети. Резултат од направените 131 контрола кај трговците беше утврдени 7 неправилности и изречени глоби од 240 до 860 евра. Повеќе на „Слободен печат

The post Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти appeared first on Република.

]]>
Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zabranet-izvozot-na-ogrevno-drvo-peleti-i-pchenica-i-brashno-ukinata-carinata-za-uvoz-na-maslo-za-jadenje/ Wed, 20 Jul 2022 14:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=531482

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на сончогледово масло за јадење.

Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата,  кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.

Во  услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.

Исто така на предлог на Министерството за економија на денешната владина седница беше донесена одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година.

Оваа одлука за привремено ограничување на  извозот на огревно и необработено дрво и пелети е донесена  со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.

Одлука за привремена забрана на извозот на одредени дрвни сортименти неодамна имаат донесено владите Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.

Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е маx 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.

The post Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на сончогледово масло за јадење. Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши. За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата,  кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица. Во  услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението. Исто така на предлог на Министерството за економија на денешната владина седница беше донесена одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година. Оваа одлука за привремено ограничување на  извозот на огревно и необработено дрво и пелети е донесена  со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар. Одлука за привремена забрана на извозот на одредени дрвни сортименти неодамна имаат донесено владите Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е маx 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.

The post Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење appeared first on Република.

]]>
Цената на пелетите скокна од 650 на 1300 евра за три тони, граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги дозволат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-peletite-skokna-od-650-na-1300-evra-za-tri-toni-gragjanite-imaat-seriozni-problemi-da-si-gi-dozvolat/ Mon, 27 Jun 2022 15:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=520371

Државата не ги ни спомнува, а граѓаните немаат пари да ги платат пелетите за греење откако нивната цена се зголеми 100 проценти во однос на лани. Додека власта ја регулира цената на електричната и топлинската енергија, цената на пелетите се формира слободно на пазарот и во моментов оди само нагоре. Субвенции на цената на пелетите нема да има, па така граѓаните што го користат еколошкото греење на пелети очигледно ќе имаат една од најскапите грејни сезони.

Ако минатата година пред грејната сезона една вреќа од 15кг пелети чинеше 190 денари во моментов се продава 370 денари, а се очекува да поскапат уште повеќе до септември.

Пресметките велат за 100 метри квадартни за грејната сезона се потребни околу 3 тони пелети или три палети. На една палета има 70 вреќи пелети што значи дека лани за три тони пелети едно семејство платило 39.900 денари додека годинава ќе плати 77.700 денари. Ако се поделат на 6-те месеци грејна сезона, еден месец лани чинел 6.650 денари, додека претстојната сезона ќе чини 12,950 денари.

За оваа година во Буџетот на Министерството за економија не се предвидени посебни средства за печки на пелети.

Министерството за економија на почетокот на 2022 година донесе Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност. Оваа програма за 2022 година има за цел да поттикне и да ги поддржи граѓаните во инсталирањето на фотонапонски електроцентрали на кров. За таа намена се предвидени 30 милиони денари. Надоместоците ќе бидат 30% од вкупната нвестиција, но не повеќе од 62000 денари - велат од Министерството за економија.

Официјална статистика засега нема колку граѓани го користат овој енергенс за загревање на домовите. Сепак, откако беше воведен наиде на голем интерес кај граѓаните особено кај семејствата што живеат во куќи, во помалите градови каде што нема парно греење и кај пензионерите поради едностаниот систем на функционирање.

Пелети има од домашно производсвто, но најмногу се увезуваат од соседните земји. Сепак, освен што нивната цена расте, се очекува да има и недостиг на пазарот бидејќи некои од фабриките во регионот се затворија.

Еден тон пелети во магацините во Србија чини 320 евра, што е двојно повисока цена од лани. Дополнително, Босна и Херцеговина го забрани извозот на тој енергенс 90 дена, што дополнително може негативно да се одрази на домашниот пазар. Според пишувањата на медиумите, за поскапувањето придонел и пожарот во фабриката за пелети „Јела Стар“ во Коловрат кај Пријепоље.

Сопственикот на фабриката за пелети „Bioenergy point“ и претседател на српскиот деловен клуб Привредник, Зоран Дракулиќ вели дека има информации оти годинава компанијата Србијашуме склучила 50 отсто повеќе договори од планот за индивидуални фирми.

Извор: Пари.мк

The post Цената на пелетите скокна од 650 на 1300 евра за три тони, граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги дозволат appeared first on Република.

]]>

Државата не ги ни спомнува, а граѓаните немаат пари да ги платат пелетите за греење откако нивната цена се зголеми 100 проценти во однос на лани. Додека власта ја регулира цената на електричната и топлинската енергија, цената на пелетите се формира слободно на пазарот и во моментов оди само нагоре. Субвенции на цената на пелетите нема да има, па така граѓаните што го користат еколошкото греење на пелети очигледно ќе имаат една од најскапите грејни сезони. Ако минатата година пред грејната сезона една вреќа од 15кг пелети чинеше 190 денари во моментов се продава 370 денари, а се очекува да поскапат уште повеќе до септември. Пресметките велат за 100 метри квадартни за грејната сезона се потребни околу 3 тони пелети или три палети. На една палета има 70 вреќи пелети што значи дека лани за три тони пелети едно семејство платило 39.900 денари додека годинава ќе плати 77.700 денари. Ако се поделат на 6-те месеци грејна сезона, еден месец лани чинел 6.650 денари, додека претстојната сезона ќе чини 12,950 денари. За оваа година во Буџетот на Министерството за економија не се предвидени посебни средства за печки на пелети.
Министерството за економија на почетокот на 2022 година донесе Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност. Оваа програма за 2022 година има за цел да поттикне и да ги поддржи граѓаните во инсталирањето на фотонапонски електроцентрали на кров. За таа намена се предвидени 30 милиони денари. Надоместоците ќе бидат 30% од вкупната нвестиција, но не повеќе од 62000 денари - велат од Министерството за економија.
Официјална статистика засега нема колку граѓани го користат овој енергенс за загревање на домовите. Сепак, откако беше воведен наиде на голем интерес кај граѓаните особено кај семејствата што живеат во куќи, во помалите градови каде што нема парно греење и кај пензионерите поради едностаниот систем на функционирање. Пелети има од домашно производсвто, но најмногу се увезуваат од соседните земји. Сепак, освен што нивната цена расте, се очекува да има и недостиг на пазарот бидејќи некои од фабриките во регионот се затворија. Еден тон пелети во магацините во Србија чини 320 евра, што е двојно повисока цена од лани. Дополнително, Босна и Херцеговина го забрани извозот на тој енергенс 90 дена, што дополнително може негативно да се одрази на домашниот пазар. Според пишувањата на медиумите, за поскапувањето придонел и пожарот во фабриката за пелети „Јела Стар“ во Коловрат кај Пријепоље. Сопственикот на фабриката за пелети „Bioenergy point“ и претседател на српскиот деловен клуб Привредник, Зоран Дракулиќ вели дека има информации оти годинава компанијата Србијашуме склучила 50 отсто повеќе договори од планот за индивидуални фирми. Извор: Пари.мк

The post Цената на пелетите скокна од 650 на 1300 евра за три тони, граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги дозволат appeared first on Република.

]]>