Пелагониски регион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pelagoniski-region/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 14:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пелагониски регион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pelagoniski-region/ 32 32 Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/perinski-so-gradonachalnitsite-od-pelagoniski-planski-region-so-zgolemena-dinamika-na-rabotene-i-soodvetna-finansiska-poddrshka-mozheme-da-napravime-vidlivi-promeni-vo-razvojot-na-opshtinite-i-na-regi/ Wed, 17 Jul 2024 15:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=797736

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински.

Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински.

Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински.

На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините.

Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>

Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие што решавање интензивно ќе работиме заедно, рече министерот Перински. Министерот Перински истакна дека општините и планскиот регион треба да ја интензивираат работата за поефикасно финализирање на започнатите проекти и брзо да ја комплетираат проектната документација за нови проекти кои што ќе бидат финансирани од Владата во наредниот период. Средства ќе бидат обезбедени, потребни се добри проекти и подготвеност од страна на општините за нивна ефикасна и квалитетна реализација, рече Перински. Министерството за локална самоуправа ќе обезбеди поддршка во текот на целиот процес, но исто така ќе врши и комплетен надзор над изведбата и на трошењето на наменските средства, рече министерот Перински. На состанокот беше истакнато дека соработката меѓу двете нивоа на власт ќе биде интензивирана заради решавање на сите отворени прашања за подобро функционирање на општините. Услугите за граѓаните се на прво место и секој предлог или забелешка од локалните власти, но од сега и од граѓаните кои ќе можат директно да комуницираат со Министерството, ќе бидат сериозно разгледувани и во соработка со другите надлежни министерства ќе ги решаваме на најефикасен можен начин, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанокот со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. Градоначалниците од овој регион истакнаа дека се подготвуваат со проекти да конкурираат за поддршка. Од инфраструктурните проекти беа посочени изградба на нова улица и мост во Прилеп, пат во село Јакреново во Крушево, доизградба на доводен цевковод за водоснабдување во општина Могила, изградба и реконструкција на канализациона мрежа од 6км, и водоводна мрежа од 10км во Битола и други.

The post Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и на регионот appeared first on Република.

]]>
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/tsentarot-za-razvoj-na-pelagoniskiot-planski-region-nova-oprema-za-pozharnikarite-od-pelagoniskiot-region/ Fri, 19 May 2023 14:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=642699

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“.

Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево.

За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари.

Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор.

-Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија обезбедена е противпожарна опрема во вредност од 117.000 евра преку Проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – SOLVE за зајакнување на системот за заштита од природни непогоди на Пелагонискиот регион“. Главната цел на проектот е да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.  Во рамките на овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нова современа опрема  за 5-те територијални противпожарни единици од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево. За ТППЕ Битола се набавени 32 Интервентни заштитни комплети одела, за останатите 4 ТППЕ набавени се комплети за шумски пожари  и тоа за Прилеп 30 комплети, за Ресен 12 комплети, за Демир Хисар 7 комплети и за Крушево 9 комплети одела за шумски пожари. Останатите активности  на проектот вклучуваат воспоставување на интегриран пристап за заштита на критичните инфраструктури, воспоставување на иновативен метод за следење и предупредување од ризици од шумски пожари и поплави во прекуграничната област, Имплементирање прекугранични вежби кои ќе ги идентификуваат предизвиците и ќе помогнат во организацијата на таквите вежби во рутинската работа како и организирање на кампања за подигање на свеста на релевантните чинители но и пошироката јавност за важноста на културата за заштита од природни и непогоди од човечки фактор. -Придонесот на СОЛВЕ во поместување на моменталните состојби во оваа област е значаен токму поради фактот што покрај тоа што со него се придонесува за доопремување на противпожарните единици на регионот туку и се воспоставува мрежа на соработка и комуникација помеѓу истите која што и понатаму може да служи како платформа за нивно напредување и осовременување. Ова е трет проект од областа на противпожарна заштита која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализира во рамките на Програмата за Прекугранична соработка.    Дополнително реализирани се и многу други проекти и иницијативи кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ги реализира заедно со Советот за развој на регионот со поддршка на градоначалниците од Пелагонискиот регион, а финансирани од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој и други останати домашни, билатерални и меѓународни донатори со кои континуирано се придонесуваше кон унапредување на системот за заштита од непогоди на регионално ниво, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Сите проектни активности на проектот Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари– SOLVE  се дизајнирани и креирани како одговор на потребите на целокупниот систем за противпожарна заштита на Пелагонискиот плански регион.

The post Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион: Нова опрема за пожарникарите од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>
Пелагонискиот регион здружно бара чаре за кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pelagoniskiot-region-zdruzno-bara-chare-za-krizata/ Wed, 23 Nov 2022 18:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=577463

Размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза беа главни теми на кои се дискутираше на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион, соопштуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, која што се одржа вчеравечер во Битола, учество зедоа претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалниците и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Пелагонискиот регион здружно бара чаре за кризата appeared first on Република.

]]>

Размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза беа главни теми на кои се дискутираше на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион, соопштуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата, која што се одржа вчеравечер во Битола, учество зедоа претставници на локалната самоуправа од општините каде градоначалниците и мнозинството во Советот се од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Пелагонискиот регион здружно бара чаре за кризата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-investira-vo-sportot-i-vo-kulturata-vo-site-opshtini-od-pelagoniskiot-region/ Thu, 10 Nov 2022 10:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=572226

Се градат улици, канализации, се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски: Се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион! appeared first on Република.

Се градат улици, канализации, се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-gradat-ulici-kanalizacii-se-investira-vo-sportot-i-vo-kulturata-vo-site-opshtini-od-pelagoniskiot-region/ Sun, 06 Nov 2022 14:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=570397

Во лоши политички услови, економски и енергетски кризи Општина Прилеп видно напредува и отскокнува од досегашните години и се промени во сите сфери на општественото живеење. Прилеп од град на сивило и безнадежност премина веќе во град каде самодовербата и надежта дека за негова иднина граѓаните ја увидоа уште во првата година, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот отчет даден на Саемот на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека се вложиле максимално, со активна работа во реализирање на проектите и подобрувањето на квалитетот кој дојде до израз во општината.

Сето ова ни беше наш поттик и мотив да водиме секојдневна борба, сите препреки со кои се соочивме не да ги прескокнеме, туку да ги решиме и да ги минимализираме. Со тоа докажавме во што се разликуваме од претходната локална власт. Во таа насока со голема упорност и многу работа ги направивме потребните чекори за изнаоѓање на решение кои нашите граѓани го увидоа, рече Јовчески.

Јовчески посочи дека за прв пат е доведено во завршна фаза и водоснабдувањето во нашиот град со проектот Пашовски ливади каде реконструиран е огромен дел од незавршените траси и приклучоци. Потоа самата реконструкција и уредување на нов плоштад е во висина од 3,500м квадратни со нов инфраструктурен изглед на плоштадот. Како и за прв пат се одвоени средства во висина од околу 30 милиони денари за подобрување на условите во сите училишта.

Реализиравме многу проекти од витално значење на градот и населените места. Од општинскиот буџет асфалтиравме голем број на улици, реконструиравме, саниравме оштетувања. Создадовме услови за почиста животна средина, исчистивме огромен број на депонии, потенцираше Јовчески.

Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола нагласи дека за 365 дена се сработи многу. Тој нагласи дека кога се кандидирал за градоначалник на граѓаните на општина Битола им ветил транспарентност, отчетност и континуитет во работењето.

Во делот на инфраструктурата би почнал со можеби најкапиталниот дел , проект кој што го нарековме „23 улици“ од кои 19 се веќе завршени, со должина над 10 километри. Тоа се работи за реконструкција, обнова, нови улици, зависи во која фаза и според планската документација секој од овие проекти е засебно значаен. Да кажам дека Битола е градилиште оваа цела година, заклучи Коњановски.

Градоначалникот на општина Битола посочи дека се започна и со еден процес на одглавување на делот на легализација. Една просторија во локалната самоуправа беше затрупана со пакети, таму имаше илјадници нерешени предмети на граѓаните, а за нив живот значат. Во првите денови стотина веднаш се решија, односно се одговори на барањата на граѓаните. Досега околу 1.700 предмети на легализации се завршени.

Сакам да кажам дека веќе се спремни за идната година 65 проекти кои што се во завршна фаза, дали со проектна документација или со дозвола за градење, одобрение за градба. Значи идната година ќе биде уште пожестока тоа им го ветувам на граѓаните, вети тој.

Тој рече дека од средствата за подобрување на животна средина преку 26 милиони се реализирани од развојната програма уште седум милиони. Инвестицијата за „23 улици“ чини преку 265 милиони денари.

Во делот на капиталните инвестиции годинава ќе ја завршиме со над 75% реализација и над 85% реализиран извршен буџет. Оваа ситуација никогаш досега не била во Битола. Од многуте проекти се и колекторот до село Брутник, колектор и пречистителна станица за националниот парк Пелистер. Еден од поголемите проекти кој идната година ќе го реализираме и во соработка со Светска Банка тоа е индустриската улица, тоа е улица од 2.4 километри која фактички е нова заобиколница, која ќе реши многу проблеми од сообраќајот во градот, денешна улица „Бурса“ таму егзистираат преку 50-тина субјекти од стопански на чие задоволство навистина ќе се направи оваа заобиколница. Исто така комплетиран е потегот на пристапот од Ресен, улицата „Довлеџик“ и пред реализација сме на мостот кој што треба да се направи. Бевме затекнати со ситуацијата, па правиме уште еден мост, уште една девијација која некој за жал не ја предвидел. Од делот на влезот што се однесува до – од Скопје, едната од болни точки на Битола, изготвуваме проектна документација, тоа е огромен проект за кој што ќе почекаме нашата централна власт да учествува во делот до влезот на таблата за Битола, а она што е другото наше ние ќе си го сработиме, појасни градоначалникот на општина Битола.

„А, во делот на проектите поголеми, готов е проектот за нова единица на зградата за територијална противпожарна единица, имаме стар објект, кој веќе е руиниран и не ги исполнува стандардите за еден град како што е Битола, така да ќе направиме нова зграда, а во текот на идната година тоа го отпочнуваме. А, во меѓувреме со нашите пријатели од странство набавивме три теренски возила и уште едно ново, значи четири теренски возила, со комплетна опрема за спасување од големи елементарни непогоди“, заклучи тој.

Тој го посочи и новиот парк во Битола кој го вети на граѓаните, со огромна површина над 25.000 квадратни метри е во реализација. Тука се вклучени сите претпријатија како што се ЈП „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“. Зелените површини се приоритет на градот Битола.

Во индустриската зона „Жабени“ се продадени 13 парцели, после еден застој од цели четири години. Тоа е една голема површина, заклучи Коњановски.

„Туризмот, културата тоа се една сфера која заедно оди сама по себе. Огромна поддршка имаме за спортот, не само професионалниот, туку и училишниот. И сите оние спортски друштва кои ја имаат огромната поддршка на Општина Битола. Можам да кажам дека општина Битола можеби најмногу од сите издвојува и тоа над еден милион евра за спорт, како поддршка за спортот“, укажа градоначалникот на општина Битола.

Тој додаде дека во делот на социјалната заштита, реконструирана е салата во Центарот за социјална заштита, тука е поддршката за над 800 првоодделенци за кои се издвои по 3.000 денари. Значајна е поддршката која ќе се даде и на сите наградени на средношколски, регионални и државни првенства и манифестации во делот на чествувањето на Св. Нектариј празникот на Битола.

Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила на денешната трибина „Промени што носат иднина во пелагонискиот регион“ на политичкиот саем кој го организира ВМРО-ДПМНЕ зборуваше како ја затекнал општина Могила каде ги посочи долгот од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата и така натаму.

За прв пат во општина Могила ќе се изгради детска градинка со капацитет од 40 дечиња, долгоочекуван проект за жителите на општина Могила, каде ќе се реши проблемот на родителите кои имаат таква потреба .Општина Могила ја преземав со преголем долг каде и денес ја отежнува нормалната работа на општината. Општинскиот буџет го наследив со 600 илјади денари на сметка и со долг од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата. Но сепак еве по една година успеавме да ја одблокираме сметките на училиштата, да ги исплатиме задоцнетите плати во јавното комунално претпријатие и да одобриме средства за нови мерки, тоа беше еднократна парична помош за првачињата. Освен првачињата парична помош добија и социјално загрозените семејства и дечињата со попреченост.

Саботковски во текот на своето обраќање се осврна и на проектите кој тој ги има спроведено откако е градоначалник каде ги спомена проектите во културата, спортот како и во инфраструктурата.

Имавме богати културно лето „Могила 2022“, многу настани кои ги поддржавме финансиски. Исто така и спортот и културата, каде за спортот зголемивме финансиската помош кон сите спортски клубови каде имавме и меѓународен турнир во јуниори кој доста добро одекна во Пелагонискиот регион и ќе се потрудиме да стане традиционален. Имавме 45 години од традиционалниот мал фудбал кој е бренд на општината. Исто така изградивме фитнес зона во склоп на фудбалското игралиште во Могила, кој е проект поттикнат од младите. Изградена е главната улица во Могила, изградивме тротоари, кружен тек и со тоа општина Могила ќе добие ден модерен, урбан лик. Морам да ја споменам индустриска зона, тоа е зона која се планира десетина години, и за прв пат во оваа зона изградивме водовод, наредниот период ќе ја доопремиме и следната година ќе ја имаме првата инвестиција во индустриска зона, додаде Саботковски.

Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски пред присутните потенцираше дека ако се направи анализа и ретроспектива на програмата со која што настапил на локалните избори од 130 проекти, за само една година реализирал 58 проекти.

Ако направиме една ретроспектива и анализа на програмата која што ја ветивме пред граѓаните пред точно една година, во програмата имавме 130 проекти, и од нив реализиравме 58 проекти. Значи може да се пофалиме дека го исполнуваме ветеното пред нашите жители, рече Стеваноски.

Реализиравме еден крупен инфраструктурен проект оваа година во село Зовиќ асфалтиравме улица од околу 6 милиони денари, во Мариовскиот дел асфалтиравме улица до манастирот Св. Илија, таму ќе се вложат 5 милиони денари, од инфраструктурните проекти можам да се пофалам дека оваа година асфалтиравме улици во скоро сите села. Исто така изградба на водовод за три населени места Бач, Живојно и Добровени кои што до сега се снабдуваа со приватни извори на водоснабдување кои што не ги задоволуваа основните услови на квалитетна вода за пиење, сега со вредност на проектот од околу 27 милиони денари овие три населени места во општината ќе добијат квалитетна вода за пиење, изјави тој.

Градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски се осврна пред се проекти од патната инфраструктура.

Изграден е пат до манастирот Свети Том кој е одличен потенцијал за развој на туризмот скоро 11 милиони денари чини овој проект, пат до село Слоештица во должина од 2 километри во висина од 15 милиони денари, се реконструира крак од улицата 11 Октомври во должина од 300 метри“, рече Најдовски.

Најдовски истакна дека преку Пелагонискиот плански регион има два проекти важни за градот изградба на 1600 метри тротоари и целосна реконструкција на улицата 11 Октомври. Тој информираше дека општината има подготвено два капитални проекти со кои ќе аплицира за средства за комплетно нов парк во Демир Хисар и реконструкција на шеталиштето во градот.

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски истакна дека општината со сопствени средства успеа да реализира премногу, затоа што најголемиот дел од проектите беа финансирани од сопствениот буџет.

Би почнал со патната инфраструктура. Во отчетот имаме 18 улици, но од вчера и завчера се веќе 20, а ако биде добро времето наредната недела ќе бидат 21 со вкупна вредност од над 20 милиони денари. За основен буџет од 120 милиони денари, 20 милиони се многу. Најголем дел од тие улици се во места кои што се тешко пристапни и во минатото се одбегнувани, а некои дури по педесетина години за прв пат виделе градежна машина. Заедно со тимот од јавното претпријатие и со општината успеавме инсталираме подземна инфраструктура од околу еден километар водоводи и канализации, атмосферска и фекална. Продолжуваме понатаму, во тој дел ја имаме и веќе завршена физибилити студијата за води заедно со професорите од Градежен факултет која што во иднина многу ќе ни олесни да можеме да ги реализираме проектите за водоснабдувањето. Бевме ангажирани да постигнеме во сите полиња, така да во образование ја реконструиравме старата детска градинка „11-ти Септември“, а исто така реконструиравме и три кабинети, инсталација на водоводна и канализациона мрежа и електрична инсталација во училиштето во Подмочани, продолжуваме во истото училиште и веќе склучуваме договори УСАИД за да продолжиме да го средуваме. Во делот на социјалната заштита, поделивме на 105 првачиња по 2 илјади денари парична помош, поделивме на 100 социјално загрозени лица 3 илјади денари и на 60 новородени бебиња од 5 илјади зголемивме на 7 илјади денари. Помагаме на секое поле колку што можеме, но морам да напоменам дека исклучително е важна соработката на Преспа како регион со свои специфики, бидејќи имаме два гранични премини, национални паркови, езерото и слично, затоа имаме многу соработници од Европската Унија и од соседството. Така со нашата партнер општина Преспа од Грција ги завршивме два големи проекти, а тоа е поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда со моќност од 20 киловати, две возила за потребите на општината“, истакна Тозиевски и додаде:

„Друг многу важен проект кој го промовиравме со претседателот се патеките на светите води кои ги поврзуваат манастирите, под пелистерските манастири во должина од 12 километри и двата проекти се во вредност од по 8 милиони денари. Продолжуваме и понатаму со соработката и за наредната година веќе сме во преговори за тоа кои нови проекти би ги аплицирале“.

The post Се градат улици, канализации, се инвестира во спортот и во културата во сите општини од Пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>

Во лоши политички услови, економски и енергетски кризи Општина Прилеп видно напредува и отскокнува од досегашните години и се промени во сите сфери на општественото живеење. Прилеп од град на сивило и безнадежност премина веќе во град каде самодовербата и надежта дека за негова иднина граѓаните ја увидоа уште во првата година, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот отчет даден на Саемот на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека се вложиле максимално, со активна работа во реализирање на проектите и подобрувањето на квалитетот кој дојде до израз во општината. Сето ова ни беше наш поттик и мотив да водиме секојдневна борба, сите препреки со кои се соочивме не да ги прескокнеме, туку да ги решиме и да ги минимализираме. Со тоа докажавме во што се разликуваме од претходната локална власт. Во таа насока со голема упорност и многу работа ги направивме потребните чекори за изнаоѓање на решение кои нашите граѓани го увидоа, рече Јовчески. Јовчески посочи дека за прв пат е доведено во завршна фаза и водоснабдувањето во нашиот град со проектот Пашовски ливади каде реконструиран е огромен дел од незавршените траси и приклучоци. Потоа самата реконструкција и уредување на нов плоштад е во висина од 3,500м квадратни со нов инфраструктурен изглед на плоштадот. Како и за прв пат се одвоени средства во висина од околу 30 милиони денари за подобрување на условите во сите училишта. Реализиравме многу проекти од витално значење на градот и населените места. Од општинскиот буџет асфалтиравме голем број на улици, реконструиравме, саниравме оштетувања. Создадовме услови за почиста животна средина, исчистивме огромен број на депонии, потенцираше Јовчески. Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола нагласи дека за 365 дена се сработи многу. Тој нагласи дека кога се кандидирал за градоначалник на граѓаните на општина Битола им ветил транспарентност, отчетност и континуитет во работењето.
Во делот на инфраструктурата би почнал со можеби најкапиталниот дел , проект кој што го нарековме „23 улици“ од кои 19 се веќе завршени, со должина над 10 километри. Тоа се работи за реконструкција, обнова, нови улици, зависи во која фаза и според планската документација секој од овие проекти е засебно значаен. Да кажам дека Битола е градилиште оваа цела година, заклучи Коњановски.
Градоначалникот на општина Битола посочи дека се започна и со еден процес на одглавување на делот на легализација. Една просторија во локалната самоуправа беше затрупана со пакети, таму имаше илјадници нерешени предмети на граѓаните, а за нив живот значат. Во првите денови стотина веднаш се решија, односно се одговори на барањата на граѓаните. Досега околу 1.700 предмети на легализации се завршени.
Сакам да кажам дека веќе се спремни за идната година 65 проекти кои што се во завршна фаза, дали со проектна документација или со дозвола за градење, одобрение за градба. Значи идната година ќе биде уште пожестока тоа им го ветувам на граѓаните, вети тој.
Тој рече дека од средствата за подобрување на животна средина преку 26 милиони се реализирани од развојната програма уште седум милиони. Инвестицијата за „23 улици“ чини преку 265 милиони денари.
Во делот на капиталните инвестиции годинава ќе ја завршиме со над 75% реализација и над 85% реализиран извршен буџет. Оваа ситуација никогаш досега не била во Битола. Од многуте проекти се и колекторот до село Брутник, колектор и пречистителна станица за националниот парк Пелистер. Еден од поголемите проекти кој идната година ќе го реализираме и во соработка со Светска Банка тоа е индустриската улица, тоа е улица од 2.4 километри која фактички е нова заобиколница, која ќе реши многу проблеми од сообраќајот во градот, денешна улица „Бурса“ таму егзистираат преку 50-тина субјекти од стопански на чие задоволство навистина ќе се направи оваа заобиколница. Исто така комплетиран е потегот на пристапот од Ресен, улицата „Довлеџик“ и пред реализација сме на мостот кој што треба да се направи. Бевме затекнати со ситуацијата, па правиме уште еден мост, уште една девијација која некој за жал не ја предвидел. Од делот на влезот што се однесува до – од Скопје, едната од болни точки на Битола, изготвуваме проектна документација, тоа е огромен проект за кој што ќе почекаме нашата централна власт да учествува во делот до влезот на таблата за Битола, а она што е другото наше ние ќе си го сработиме, појасни градоначалникот на општина Битола.
„А, во делот на проектите поголеми, готов е проектот за нова единица на зградата за територијална противпожарна единица, имаме стар објект, кој веќе е руиниран и не ги исполнува стандардите за еден град како што е Битола, така да ќе направиме нова зграда, а во текот на идната година тоа го отпочнуваме. А, во меѓувреме со нашите пријатели од странство набавивме три теренски возила и уште едно ново, значи четири теренски возила, со комплетна опрема за спасување од големи елементарни непогоди“, заклучи тој. Тој го посочи и новиот парк во Битола кој го вети на граѓаните, со огромна површина над 25.000 квадратни метри е во реализација. Тука се вклучени сите претпријатија како што се ЈП „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“. Зелените површини се приоритет на градот Битола.
Во индустриската зона „Жабени“ се продадени 13 парцели, после еден застој од цели четири години. Тоа е една голема површина, заклучи Коњановски.
„Туризмот, културата тоа се една сфера која заедно оди сама по себе. Огромна поддршка имаме за спортот, не само професионалниот, туку и училишниот. И сите оние спортски друштва кои ја имаат огромната поддршка на Општина Битола. Можам да кажам дека општина Битола можеби најмногу од сите издвојува и тоа над еден милион евра за спорт, како поддршка за спортот“, укажа градоначалникот на општина Битола. Тој додаде дека во делот на социјалната заштита, реконструирана е салата во Центарот за социјална заштита, тука е поддршката за над 800 првоодделенци за кои се издвои по 3.000 денари. Значајна е поддршката која ќе се даде и на сите наградени на средношколски, регионални и државни првенства и манифестации во делот на чествувањето на Св. Нектариј празникот на Битола. Драганчо Саботковски, градоначалник на општина Могила на денешната трибина „Промени што носат иднина во пелагонискиот регион“ на политичкиот саем кој го организира ВМРО-ДПМНЕ зборуваше како ја затекнал општина Могила каде ги посочи долгот од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата и така натаму. За прв пат во општина Могила ќе се изгради детска градинка со капацитет од 40 дечиња, долгоочекуван проект за жителите на општина Могила, каде ќе се реши проблемот на родителите кои имаат таква потреба .Општина Могила ја преземав со преголем долг каде и денес ја отежнува нормалната работа на општината. Општинскиот буџет го наследив со 600 илјади денари на сметка и со долг од 30 милиони денари, исклучена електрична енергија, задоцнети плати во јавното комунално претпријатие, блокирани сметки во училиштата. Но сепак еве по една година успеавме да ја одблокираме сметките на училиштата, да ги исплатиме задоцнетите плати во јавното комунално претпријатие и да одобриме средства за нови мерки, тоа беше еднократна парична помош за првачињата. Освен првачињата парична помош добија и социјално загрозените семејства и дечињата со попреченост. Саботковски во текот на своето обраќање се осврна и на проектите кој тој ги има спроведено откако е градоначалник каде ги спомена проектите во културата, спортот како и во инфраструктурата.
Имавме богати културно лето „Могила 2022“, многу настани кои ги поддржавме финансиски. Исто така и спортот и културата, каде за спортот зголемивме финансиската помош кон сите спортски клубови каде имавме и меѓународен турнир во јуниори кој доста добро одекна во Пелагонискиот регион и ќе се потрудиме да стане традиционален. Имавме 45 години од традиционалниот мал фудбал кој е бренд на општината. Исто така изградивме фитнес зона во склоп на фудбалското игралиште во Могила, кој е проект поттикнат од младите. Изградена е главната улица во Могила, изградивме тротоари, кружен тек и со тоа општина Могила ќе добие ден модерен, урбан лик. Морам да ја споменам индустриска зона, тоа е зона која се планира десетина години, и за прв пат во оваа зона изградивме водовод, наредниот период ќе ја доопремиме и следната година ќе ја имаме првата инвестиција во индустриска зона, додаде Саботковски.
Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски пред присутните потенцираше дека ако се направи анализа и ретроспектива на програмата со која што настапил на локалните избори од 130 проекти, за само една година реализирал 58 проекти. Ако направиме една ретроспектива и анализа на програмата која што ја ветивме пред граѓаните пред точно една година, во програмата имавме 130 проекти, и од нив реализиравме 58 проекти. Значи може да се пофалиме дека го исполнуваме ветеното пред нашите жители, рече Стеваноски.
Реализиравме еден крупен инфраструктурен проект оваа година во село Зовиќ асфалтиравме улица од околу 6 милиони денари, во Мариовскиот дел асфалтиравме улица до манастирот Св. Илија, таму ќе се вложат 5 милиони денари, од инфраструктурните проекти можам да се пофалам дека оваа година асфалтиравме улици во скоро сите села. Исто така изградба на водовод за три населени места Бач, Живојно и Добровени кои што до сега се снабдуваа со приватни извори на водоснабдување кои што не ги задоволуваа основните услови на квалитетна вода за пиење, сега со вредност на проектот од околу 27 милиони денари овие три населени места во општината ќе добијат квалитетна вода за пиење, изјави тој.
Градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски се осврна пред се проекти од патната инфраструктура.
Изграден е пат до манастирот Свети Том кој е одличен потенцијал за развој на туризмот скоро 11 милиони денари чини овој проект, пат до село Слоештица во должина од 2 километри во висина од 15 милиони денари, се реконструира крак од улицата 11 Октомври во должина од 300 метри“, рече Најдовски.
Најдовски истакна дека преку Пелагонискиот плански регион има два проекти важни за градот изградба на 1600 метри тротоари и целосна реконструкција на улицата 11 Октомври. Тој информираше дека општината има подготвено два капитални проекти со кои ќе аплицира за средства за комплетно нов парк во Демир Хисар и реконструкција на шеталиштето во градот. Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски истакна дека општината со сопствени средства успеа да реализира премногу, затоа што најголемиот дел од проектите беа финансирани од сопствениот буџет.