Пеќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pekj/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 16:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пеќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pekj/ 32 32 Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazh-si-ja-ubi-soprugata-prethodno-nekolku-pati-bil-prijavuvan-za-semejno-nasilstvo/ Tue, 16 Apr 2024 11:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=766709

Женско лице е убиено во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.

Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.

[caption id="attachment_766711" align="aligncenter" width="696"] фото: Дукаѓини[/caption]

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца.  Мотивите за убиството се уште не се познати.

Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.

Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

The post Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Женско лице е убиено во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.
Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.
[caption id="attachment_766711" align="aligncenter" width="696"] фото: Дукаѓини[/caption] Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.
Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.
Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца.  Мотивите за убиството се уште не се познати. Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово. Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата. Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство. Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

The post Маж си ја уби сопругата, претходно неколку пати бил пријавуван за семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/denot-koga-maskirani-teroristi-na-ovk-zverski-ubija-shest-srpski-momchina-vo-panda-kafe-vo-pek/ Thu, 14 Dec 2023 07:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=721951

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца.

Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност.

На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и
Трифовиќ Драган (17).

Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ.

Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.

 

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>

На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца. Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност. На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и Трифовиќ Драган (17). Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ. Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.  

The post Денот кога маскирани терористи на ОВК ѕверски убија шест српски момчиња во „Панда“ кафе во Пеќ appeared first on Република.

]]>
Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-poplavite-vo-pek-zaginaa-majka-i-dete-kurti-veti-poddrshka-za-spravuvane-so-posleditsite/ Sun, 25 Jun 2023 13:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=654949

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ.

Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“.

Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.

„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук.

Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите.

Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување.

Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби.

Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка.

Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.

The post Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците appeared first on Република.

]]>

Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ. Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“. Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете.
„Ова е сериозна и горчлива ситуација за нашиот град. Во ова тешко време, изразувам сочувство и целосна солидарност. Се надевам дека ќе имаат сила да ја надминат оваа ситуација“, порача Мухаџери на Фејсбук.
Тој додаде дека општинските екипи се на терен и ја следат состојбата предизвикана од поплавите. Премиерот на Република Косово Албин Курти, реагираше на немилиот настан во Пеќ и преку социјалната мрежа Фејсбук ја изрази својата длабока тага поради оваа трагедија. Тој посочи дека загубата на животи е голем удар за Косово и изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите. На повредените им посака брзо закрепнување. Курти истакна дека Владата на Косово е ангажирана за справување со последиците од поплавите и дека ги мобилизирала своите капацитети во соработка со Косовските безбедносни сили и Агенцијата за вонредни состојби. Министерот за одбрана Арменд Мехај, министерот за внатрешни работи Џелал Свечља и министерот за локална самоуправа Ељберт Красниќи се во контакт со општина Пеќ со цел да се координираат активностите и да се обезбеди потребната поддршка. Курти истакна дека Владата ќе вложи напори за разрешување на ситуацијата и ќе ја даде сета потребна поддршка за граѓаните погодени од поплавите. Тој вети дека Владата и надлежните институции ќе се ангажираат на терен за да им се пружи помош и поддршка на ранливите подрачја.

The post Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете, Курти вети поддршка за справување со последиците appeared first on Република.

]]>
Се тресеше Косово: Земјотрес во Пеќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-treseshe-kosovo-zemjotres-vo-pek/ Mon, 20 Mar 2023 07:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=621362

Земјотрес утрово го погоди Косов.Епицентарот бил во градот Пеќ. Потресот бил во 4 часот и десет минити а силината 2,3 степени по Рихтер.Предизвика вознемиреност кај жителите а се уште нема информации за предизвикани штети

The post Се тресеше Косово: Земјотрес во Пеќ appeared first on Република.

]]>

Земјотрес утрово го погоди Косов.Епицентарот бил во градот Пеќ. Потресот бил во 4 часот и десет минити а силината 2,3 степени по Рихтер.Предизвика вознемиреност кај жителите а се уште нема информации за предизвикани штети

The post Се тресеше Косово: Земјотрес во Пеќ appeared first on Република.

]]>
На Порфириј не му дозволуваат да одржи божиќна служба на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-porfirij-ne-mu-dozvoluvaat-da-odrzi-bozikjna-sluzba-na-kosovo/ Sun, 25 Dec 2022 17:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=589781

Српската православна црква соопшти дека властите во Приштина му забраниле на патријархот на СПЦ Порфириј да дојде во Пеќската патријаршија во пресрет на Божик, јавува Н1. Српскиот патријарх со чудење ја примил веста дека пред големиот празник Рождество Христово што го празнува целиот христијански свет нема да пристигне во Патријаршијата во Пеќ.

Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби ко

Патријархот Порфирије не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќската патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот кабинет.

Патријархот додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.

 

The post На Порфириј не му дозволуваат да одржи божиќна служба на Косово appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква соопшти дека властите во Приштина му забраниле на патријархот на СПЦ Порфириј да дојде во Пеќската патријаршија во пресрет на Божик, јавува Н1. Српскиот патријарх со чудење ја примил веста дека пред големиот празник Рождество Христово што го празнува целиот христијански свет нема да пристигне во Патријаршијата во Пеќ. Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби ко
Патријархот Порфирије не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќската патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот кабинет.
Патријархот додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.  

The post На Порфириј не му дозволуваат да одржи божиќна служба на Косово appeared first on Република.

]]>
Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/telo-na-mrtvo-bebe-po-greshka-staveno-vo-mashina-za-perenje-doktorite-kriele/ Thu, 22 Dec 2022 09:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=588700

Гинеколошкото одделение и општата болница во Пеќ се под истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од каде е извадено на парчиња, пренесува Индекс онлајн.

И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се сокрие, членовите на семејството ја известиле полицијата.

Таткото на бебето рекол дека случајот го шокирал неговото семејство и целата работа излегла на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на мртвороденото бебе. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки, откако го извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите.

Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ е известена полицијата и веднаш излегла на лице место, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствените инспектори. Во тек е истрага од страна на државен обвинител и здравствени инспектори, се наведува во соопштението на полицијата.

Извори од болницата во Пеќ пак велат дека болницата по секоја цена се обидувала да го сокрие случајот, вршејќи притисок врз персоналот да не даваат информации од болницата. Дури се обидувале целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија.

Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка.

Според Основното обвинителство во Пеќ, случајот се случил минатата недела и истрагата е во почетна фаза.

The post Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле appeared first on Република.

]]>

Гинеколошкото одделение и општата болница во Пеќ се под истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од каде е извадено на парчиња, пренесува Индекс онлајн. И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се сокрие, членовите на семејството ја известиле полицијата. Таткото на бебето рекол дека случајот го шокирал неговото семејство и целата работа излегла на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на мртвороденото бебе. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки, откако го извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите. Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.
За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ е известена полицијата и веднаш излегла на лице место, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствените инспектори. Во тек е истрага од страна на државен обвинител и здравствени инспектори, се наведува во соопштението на полицијата.
Извори од болницата во Пеќ пак велат дека болницата по секоја цена се обидувала да го сокрие случајот, вршејќи притисок врз персоналот да не даваат информации од болницата. Дури се обидувале целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија. Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка. Според Основното обвинителство во Пеќ, случајот се случил минатата недела и истрагата е во почетна фаза.

The post Тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење, докторите криеле appeared first on Република.

]]>