пекинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peking/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 15:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пекинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/peking/ 32 32 Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kuleba-pristigna-vo-peking-na-razgovori-za-mir-vo-ukraina/ Tue, 23 Jul 2024 16:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=799597

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина.

Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ.

„Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба

The post Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина. Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ. „Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба

The post Кулеба пристигна во Пекинг на разговори за мир во Украина appeared first on Република.

]]>
ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mmf-tenziite-megu-vashington-i-peking-se-zakana-za-globalnata-ekonomija/ Wed, 08 May 2024 11:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=775472

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

The post ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија appeared first on Република.

]]>

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат. Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина. Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

The post ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија appeared first on Република.

]]>
Затворени училишта и автоппати во северна Кина, во Пекинг измерени најниски температури во последните 70 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvoreni-uchilishta-i-avtoppati-vo-severna-kina-vo-peking-izmereni-najniski-temperaturi-vo-poslednite-70-godini/ Mon, 25 Dec 2023 09:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=726391

Во Пекинг за време на викендот се измерени најниските температури во декември од почетокот на мерењата во 1951 година, објавија локалните медиоуми.

Градот имаше девет последователни денови на температури под минус 10 степени Целзиусови додека студен бран ја зафати северна и централна Кина, со снежни бури и рекордно ниски температури.

Ниските температури и снежното невреме ги затворија училиштата и автопатите во северна и централна Кина овој месец.

Температурите на 78 метеоролошки станици низ земјата достигнаа рекордно ниско ниво во декември, додека просечните температури овој месец во северните и некои централни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво последен пат забележано во 1961 година, според Националниот метеоролошки центар.

 

The post Затворени училишта и автоппати во северна Кина, во Пекинг измерени најниски температури во последните 70 години appeared first on Република.

]]>

Во Пекинг за време на викендот се измерени најниските температури во декември од почетокот на мерењата во 1951 година, објавија локалните медиоуми. Градот имаше девет последователни денови на температури под минус 10 степени Целзиусови додека студен бран ја зафати северна и централна Кина, со снежни бури и рекордно ниски температури. Ниските температури и снежното невреме ги затворија училиштата и автопатите во северна и централна Кина овој месец. Температурите на 78 метеоролошки станици низ земјата достигнаа рекордно ниско ниво во декември, додека просечните температури овој месец во северните и некои централни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво последен пат забележано во 1961 година, според Националниот метеоролошки центар.  

The post Затворени училишта и автоппати во северна Кина, во Пекинг измерени најниски температури во последните 70 години appeared first on Република.

]]>
Најмалку 102 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-102-litsa-povredeni-vo-sudir-na-vagoni-vo-metroto-vo-peking/ Fri, 15 Dec 2023 09:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=723202

Најмалку 102 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг, јавија денеска кинеските државни медиуми.

До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 се здобиле со скршеници“, јави денеска државната телевизија Си-Си-ТВ (CCTV).

До 6 часот утрово, 423 лица беа пуштени од болница,а 67 други се уште добиваат третман, додека 25 лица се под опсервација. Не се регистрирани смртни случаи, објавија државните медиуми.

Несреќата се случила синоќа, за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја.

Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло кочење.

Во Пекинг во изминативе денови падна големо количество снег и сообраќајот се одвива отежнато.

The post Најмалку 102 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Најмалку 102 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг, јавија денеска кинеските државни медиуми. До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 се здобиле со скршеници“, јави денеска државната телевизија Си-Си-ТВ (CCTV). До 6 часот утрово, 423 лица беа пуштени од болница,а 67 други се уште добиваат третман, додека 25 лица се под опсервација. Не се регистрирани смртни случаи, објавија државните медиуми. Несреќата се случила синоќа, за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја. Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло кочење. Во Пекинг во изминативе денови падна големо количество снег и сообраќајот се одвива отежнато.

The post Најмалку 102 лица повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Нападнат вработен во Амбасадата на Израел во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadnat-vraboten-vo-ambasadata-na-izrael-vo-peking/ Fri, 13 Oct 2023 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=690830

Вработен во израелската амбасада во Пекинг денеска бил нападнат, по што бил хоспитализиран.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Израел, а Кина се уште не се огласила.

Не е познато што го поттикнало нападот, иако тој следеше по критиките на Израел за одговорот на Кина на нападот на Хамас.

Министерството за надворешни работи преку соопштение наведува дека нападот не се случил на територијата на амбасадата.

„Вработениот е префрлен во болница и е во стабилна состојба“, се наведува во соопштението

The post Нападнат вработен во Амбасадата на Израел во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Вработен во израелската амбасада во Пекинг денеска бил нападнат, по што бил хоспитализиран. Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Израел, а Кина се уште не се огласила. Не е познато што го поттикнало нападот, иако тој следеше по критиките на Израел за одговорот на Кина на нападот на Хамас. Министерството за надворешни работи преку соопштение наведува дека нападот не се случил на територијата на амбасадата. „Вработениот е префрлен во болница и е во стабилна состојба“, се наведува во соопштението

The post Нападнат вработен во Амбасадата на Израел во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatvoreni-prodavnicite-teatrite-i-univerzitetot-vo-peking-raste-brojot-na-zarazeni-so-korona-virus/ Sat, 19 Nov 2022 13:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=575835

Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.

Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг.

Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.

Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг.

Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.

 

The post Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус appeared first on Република.

]]>

Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени. Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг. Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби. Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг. Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.  

The post Затворени продавниците, театрите и универзитетот: Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус appeared first on Република.

]]>
Во Пекинг се затвораат парковите поради зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-peking-se-zatvoraat-parkovite-poradi-zgolemuvanje-na-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19/ Fri, 11 Nov 2022 09:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=572665

Во главниот град на Кина, Пекинг од денеска се затворени градските паркови, а воведени се и други ограничувања поради што зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.

Во Кина регистрирани се 10.729 луѓе инфицирани со коронавирусот.

Голем број од 21 милион жители на Пекинг секој ден задолжително се тестираат, при што се регистрирани 118 нови случаи.

Во јужната индустриска област Гуангжу и во градот Чонгкинг денеска над пет милиони луѓе се во изолација.

Во голем број училишта наставата се одвива на далечина, болниците ги ограничија услугите, дел од продавниците и рестораните се затворени, а персоналот е во карантин.

На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа како луѓето протестираат или се судираат со полицијата и здравствените работници.

 

The post Во Пекинг се затвораат парковите поради зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во главниот град на Кина, Пекинг од денеска се затворени градските паркови, а воведени се и други ограничувања поради што зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Во Кина регистрирани се 10.729 луѓе инфицирани со коронавирусот. Голем број од 21 милион жители на Пекинг секој ден задолжително се тестираат, при што се регистрирани 118 нови случаи. Во јужната индустриска област Гуангжу и во градот Чонгкинг денеска над пет милиони луѓе се во изолација. Во голем број училишта наставата се одвива на далечина, болниците ги ограничија услугите, дел од продавниците и рестораните се затворени, а персоналот е во карантин. На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа како луѓето протестираат или се судираат со полицијата и здравствените работници.  

The post Во Пекинг се затвораат парковите поради зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milioni-lugje-okolu-peking-se-vo-karantin-pred-nacionalniot-kongres-na-komunistichkata-partija/ Tue, 30 Aug 2022 08:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=545520

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија.

На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот.

Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај.

Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст.

Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци.

Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан.

Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи.

Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување.

Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.

„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.

Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани.

Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија. На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот. Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај. Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст. Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци. Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан. Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи. Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување. Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.
„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.
Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани. Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>
Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-vovede-novi-restrikcii-poradi-99-novi-zarazeni-so-koronavirus/ Mon, 23 May 2022 09:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=505809

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град.

Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта.

И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.

 

 

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град. Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи. Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта. И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.    

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>
Се нормализира животот во Шангај и Пекинг по ковид карантинот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-normalizira-zivotot-vo-shangaj-i-peking-po-kovid-karantinot/ Sat, 21 May 2022 10:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=505118

Шангај денеска внимателно продолжи со спроведување на плановите за реактивирање на дел од мрежата на јавен превоз како голем исчекор кон надминување на повеќенеделниот локдаун на градот, воведен поради брзото ширење на коронавирусот, додека во Пекинг е продолжена жестоката борба против ширењето на вирусот, што трае веќе еден месец.

Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе тежок економски удар на овој најнаселен кинески град, ја почна дебатата за одржливост на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и нарушувања, пренесуваат британските медиуми.

За разлика од финансискиот центар Шангај, во Пекинг, пак, локалните власти се воздржаа од воведување карантин низ градот, забележувајќи десетици нови случаи дневно во споредба со десетици илјади потврдени во Шангај во екот на епидемискиот бран.

Меѓутоа, затворањата и бескрајните масовни тестирања наметнати во Пекинг лошо влијаеја врз економијата и ги променија животите на граѓаните на главниот град.

The post Се нормализира животот во Шангај и Пекинг по ковид карантинот appeared first on Република.

]]>

Шангај денеска внимателно продолжи со спроведување на плановите за реактивирање на дел од мрежата на јавен превоз како голем исчекор кон надминување на повеќенеделниот локдаун на градот, воведен поради брзото ширење на коронавирусот, додека во Пекинг е продолжена жестоката борба против ширењето на вирусот, што трае веќе еден месец. Затворањето во Шангај од почетокот на април му зададе тежок економски удар на овој најнаселен кинески град, ја почна дебатата за одржливост на националната политика на нулта толеранција кон Ковид-19 и ги поттикна стравувањата од идни затворања и нарушувања, пренесуваат британските медиуми. За разлика од финансискиот центар Шангај, во Пекинг, пак, локалните власти се воздржаа од воведување карантин низ градот, забележувајќи десетици нови случаи дневно во споредба со десетици илјади потврдени во Шангај во екот на епидемискиот бран. Меѓутоа, затворањата и бескрајните масовни тестирања наметнати во Пекинг лошо влијаеја врз економијата и ги променија животите на граѓаните на главниот град.

The post Се нормализира животот во Шангај и Пекинг по ковид карантинот appeared first on Република.

]]>
Пекинг затвори 10 отсто од градските станици на метрото поради короната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-zatvori-10-otsto-od-gradskite-stanici-na-metroto-poradi-koronata/ Wed, 04 May 2022 10:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=497393

Пекинг затвори околу 10 отсто од станиците во своето големо метро како дополнителна мерка против ширењето на коронавирусот, јавува „Асошиејтед прес“.

Управата на метрото во кратка порака само соопшти дека мерката за затворање на 40 станици, главно во центарот на градот, се презема во рамки на мерките за контрола на епидемијата.

Пекинг е во состојба на зголемена готовност поради ширењето на инфекцијата – со ресторани и барови ограничени на храна што може да се носи, затворени спортски сали и суспендирани часови на неодредено време.

Главните туристички места во градот, вклучувајќи ги Забранетиот град и Зоолошката градина во Пекинг, ги затворија своите изложбени салони и се само делумно оперативни.

Неколку заедници каде што се откриени случаи на коронавирус се изолирани, а на луѓето што живеат во „контролирани“ области им е кажано да останат во границите на градот, вклучително и 12 области кои се сметаат за високоризични и други 35 за среден ризик.

Од жителите на градот се бара да се тестираат три пати неделно, бидејќи властите се обидуваат да откријат и изолираат случаи без да наметнат тип на сеопфатен карантин што се гледа во Шангај и на други места.

Негативен резултат од тестот добиен во претходните 48 часа е неопходен за влез во повеќето јавни простори.

Пекинг во средата забележа само 51 нов случај, од кои пет беа асимптоматски.

Сите бизниси се затворени, освен супермаркетите и продавниците за овошје и зеленчук, пренесува Н1.

The post Пекинг затвори 10 отсто од градските станици на метрото поради короната appeared first on Република.

]]>

Пекинг затвори околу 10 отсто од станиците во своето големо метро како дополнителна мерка против ширењето на коронавирусот, јавува „Асошиејтед прес“. Управата на метрото во кратка порака само соопшти дека мерката за затворање на 40 станици, главно во центарот на градот, се презема во рамки на мерките за контрола на епидемијата. Пекинг е во состојба на зголемена готовност поради ширењето на инфекцијата – со ресторани и барови ограничени на храна што може да се носи, затворени спортски сали и суспендирани часови на неодредено време. Главните туристички места во градот, вклучувајќи ги Забранетиот град и Зоолошката градина во Пекинг, ги затворија своите изложбени салони и се само делумно оперативни. Неколку заедници каде што се откриени случаи на коронавирус се изолирани, а на луѓето што живеат во „контролирани“ области им е кажано да останат во границите на градот, вклучително и 12 области кои се сметаат за високоризични и други 35 за среден ризик. Од жителите на градот се бара да се тестираат три пати неделно, бидејќи властите се обидуваат да откријат и изолираат случаи без да наметнат тип на сеопфатен карантин што се гледа во Шангај и на други места. Негативен резултат од тестот добиен во претходните 48 часа е неопходен за влез во повеќето јавни простори. Пекинг во средата забележа само 51 нов случај, од кои пет беа асимптоматски. Сите бизниси се затворени, освен супермаркетите и продавниците за овошје и зеленчук, пренесува Н1.

The post Пекинг затвори 10 отсто од градските станици на метрото поради короната appeared first on Република.

]]>
Пекинг ги заострува мерките против Ковид https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-gi-zaostruva-merkite-protiv-kovid/ Sun, 01 May 2022 08:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=495919

Кинеската престолнина Пекинг денеска ги заостри мерките против Ковид, обидувајќи се да го потисне новиот бран на короната.

Градот десет дена се бори против ширењето на епидемијата, а секојдневно се евидентираат десетици нови случаи, објави Ројтерс.

Мерката за заклучување во Пекинг се уште не е воведена, но од денеска важат построги правила за социјална дистанца, а во најзагрозените населби е воведена нова рунда масовно тестирање.

The post Пекинг ги заострува мерките против Ковид appeared first on Република.

]]>

Кинеската престолнина Пекинг денеска ги заостри мерките против Ковид, обидувајќи се да го потисне новиот бран на короната. Градот десет дена се бори против ширењето на епидемијата, а секојдневно се евидентираат десетици нови случаи, објави Ројтерс. Мерката за заклучување во Пекинг се уште не е воведена, но од денеска важат построги правила за социјална дистанца, а во најзагрозените населби е воведена нова рунда масовно тестирање.

The post Пекинг ги заострува мерките против Ковид appeared first on Република.

]]>
Пекинг се затвора поради Ковид-19, потврдени 49 нови случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-se-zatvora-poradi-kovid-19-potvrdeni-49-novi-sluchai/ Fri, 29 Apr 2022 07:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=495059

Во Пекинг денеска се затворени дополнителен број продавници и објекти поради ширењето на Ковид-19, станбените блокови се под строги мерки за изолација, а властите се обидуваат да откријат што е можно повеќе контакти на заразените, додека во Шангај, каде веќе еден месец се во сила строги рестриктивни мерки, незадоволството се повеќе расте.

Градските власти во главниот град на Кина се во трка со времето и се обидуваат да откријат што е можно повеќе случаи на коронавирусот и да ги изолираат луѓето кои биле во контакт со заразените.

Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која започна масовно тестирање. Во меѓувреме, цели станбени блокови се „заклучени“ и станарите не можат да ги напуштат своите домови.

Затворени се и теретани, трговски центри, кина, базени и велнес центри, како и библиотеки, а на доставувачите на пошта и храна им е забранет влез во некои населби и станбени области.

Жителите се предупредуваат дека ќе одговараат законски доколку не ги почитуваат рестриктивните мерки и придонесат за ширење на епидемијата.

Во Пекинг вчера се регистрирани 49 случаи на инфекција, во споредба со 50 претходниот ден.

Во меѓувреме, во Шангај, кој веќе еден месец е во строг „локдаун“, се зголемува гневот и незадоволството. Секоја вечер жителите на оваа финансиска престолнина своето незадоволство го изразуваат со удирање по тави и тенџериња.

Поради строгите мерки за изолација, странците масовно го напуштаат овој најкосмополитски град во Кина.

The post Пекинг се затвора поради Ковид-19, потврдени 49 нови случаи appeared first on Република.

]]>

Во Пекинг денеска се затворени дополнителен број продавници и објекти поради ширењето на Ковид-19, станбените блокови се под строги мерки за изолација, а властите се обидуваат да откријат што е можно повеќе контакти на заразените, додека во Шангај, каде веќе еден месец се во сила строги рестриктивни мерки, незадоволството се повеќе расте. Градските власти во главниот град на Кина се во трка со времето и се обидуваат да откријат што е можно повеќе случаи на коронавирусот и да ги изолираат луѓето кои биле во контакт со заразените. Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која започна масовно тестирање. Во меѓувреме, цели станбени блокови се „заклучени“ и станарите не можат да ги напуштат своите домови. Затворени се и теретани, трговски центри, кина, базени и велнес центри, како и библиотеки, а на доставувачите на пошта и храна им е забранет влез во некои населби и станбени области. Жителите се предупредуваат дека ќе одговараат законски доколку не ги почитуваат рестриктивните мерки и придонесат за ширење на епидемијата. Во Пекинг вчера се регистрирани 49 случаи на инфекција, во споредба со 50 претходниот ден. Во меѓувреме, во Шангај, кој веќе еден месец е во строг „локдаун“, се зголемува гневот и незадоволството. Секоја вечер жителите на оваа финансиска престолнина своето незадоволство го изразуваат со удирање по тави и тенџериња. Поради строгите мерки за изолација, странците масовно го напуштаат овој најкосмополитски град во Кина.

The post Пекинг се затвора поради Ковид-19, потврдени 49 нови случаи appeared first on Република.

]]>
Пекинг се подготвува за нови случаи на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/peking-se-podgotvuva-za-novi-sluchai-na-kovid-19/ Sat, 23 Apr 2022 15:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=492767

Пекинг е во состојба на готовност, а властите во кинескиот главен град најавија поинтензивно тестирање откако 10 средношколци беа позитивни на тест за Ковид-19.

По вчерашните позитивни тестови и откривањето на уште четири случаи на инфекција со коронавирус, независно од тестирањето, градските власти одлучија да ја прекинат наставата во училиштата на една недела.

Во континентална Кина денеска се потврдени 24.326 новозаразени, од кои повеќето се асимптоматски случаи во Шангај, каде се најавени строги рестриктивни мерки.

Кинеската политика на нулта толеранција за Ковид-19, масовно тестирање и строга блокада што ги спречи граѓаните да ги напуштат своите домови, спречи ширење на епидемијата и висока смртност кај заразените со коронавирусот, сметаат дел од експертите.

Сепак, последните настани во Шангај, кој е под строги мерки, го наметнаа прашањето дали таквата стратегија е добра. Многу жители на Шангај имаа тешкотии да се снабдат со храна за време на карантинот овој месец, а некои немаа ниту пристап до лекови или медицинска помош.

 

The post Пекинг се подготвува за нови случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Пекинг е во состојба на готовност, а властите во кинескиот главен град најавија поинтензивно тестирање откако 10 средношколци беа позитивни на тест за Ковид-19. По вчерашните позитивни тестови и откривањето на уште четири случаи на инфекција со коронавирус, независно од тестирањето, градските власти одлучија да ја прекинат наставата во училиштата на една недела. Во континентална Кина денеска се потврдени 24.326 новозаразени, од кои повеќето се асимптоматски случаи во Шангај, каде се најавени строги рестриктивни мерки. Кинеската политика на нулта толеранција за Ковид-19, масовно тестирање и строга блокада што ги спречи граѓаните да ги напуштат своите домови, спречи ширење на епидемијата и висока смртност кај заразените со коронавирусот, сметаат дел од експертите. Сепак, последните настани во Шангај, кој е под строги мерки, го наметнаа прашањето дали таквата стратегија е добра. Многу жители на Шангај имаа тешкотии да се снабдат со храна за време на карантинот овој месец, а некои немаа ниту пристап до лекови или медицинска помош.  

The post Пекинг се подготвува за нови случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-tvrdi-rusija-ne-moze-da-bide-iskluchena-od-g20/ Wed, 23 Mar 2022 10:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=477061

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.

Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина. Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>
Авионот со кој Лавров тргнал кон Пекинг е вратен назад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionot-so-koj-lavrov-trgnal-kon-peking-e-vraten-nazad/ Thu, 17 Mar 2022 10:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=474188

Авионот во кој се наоѓал министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, се вратил во Москва, од патот за Кина.

„Билд“ пишува дека Лавров синоќа заминал за Пекинг, се качил во авион, но некаде на половина пат над Сибир неговиот авион се вратил во Москва.

Германскиот весник додава дека авионот во кој патувал Лавров поминал околу 2.800 километри кога го променил курсот и се вратил на аеродромот.

Се наведува и дека не е јасно што се случило, односно дали Пекинг одбил да го прими Лавров или Путин му наредил да се врати.

The post Авионот со кој Лавров тргнал кон Пекинг е вратен назад appeared first on Република.

]]>

Авионот во кој се наоѓал министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, се вратил во Москва, од патот за Кина. „Билд“ пишува дека Лавров синоќа заминал за Пекинг, се качил во авион, но некаде на половина пат над Сибир неговиот авион се вратил во Москва. Германскиот весник додава дека авионот во кој патувал Лавров поминал околу 2.800 километри кога го променил курсот и се вратил на аеродромот. Се наведува и дека не е јасно што се случило, односно дали Пекинг одбил да го прими Лавров или Путин му наредил да се врати.

The post Авионот со кој Лавров тргнал кон Пекинг е вратен назад appeared first on Република.

]]>
Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/holangjankite-vo-solzi-osvoenoto-zlato-go-posvetija-na-pochinatata-koleshka/ Tue, 15 Feb 2022 09:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=458737

Најемотивниот момент во досегашниот дел од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг беше кога штафетата на Холандија во женска конкуренција во трката на 3.000 метри во брзо лизгање освоениот медал го посвети на прерано починатата колешка од тимот.

Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.

Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија, изјавија холандските скијачки.

Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.

The post Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка appeared first on Република.

]]>

Најемотивниот момент во досегашниот дел од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг беше кога штафетата на Холандија во женска конкуренција во трката на 3.000 метри во брзо лизгање освоениот медал го посвети на прерано починатата колешка од тимот. Станува збор за Лара вон Лујвен (27 години), која почина пред 18 месеци, откако ѝ беше откриена автоимуна болест за време на тренинг-кампот во Франција. Таа во тој момент беше актуелна светска шампионка на 500 метри и дел го холандската штафета на 3.000 метри, која дојде до бронзата на Игрите во Пјонгчанг пред четири години. Денеска, нејзините две тогашни колешки, Сузан Шултинг и Јара вон Керкоф, заедно со Сара Путсма и Ксандра Велцебер, го подобри ова остварување и се искачија на највисокото место на пиедесталот.
Лара денеска гордо нѐ гледаше од горе. Таа има специјално место во нашите срца. Ни недостасува секој ден, но и ни дава сила. Ние сме со златото само поради неа. Постојано го чувствуваме нејзиното присуство и енергија, изјавија холандските скијачки.
Четирите лизгачки по добивањето на медалите емотивно ги кренаа главите и покажаа кон небото, потсетувајќи на својата почината другарка, а потоа ги извадија телефоните на чии екрани беше исцртано срце во спомен на Вон Лујвен.

The post Холанѓанките во солзи: Освоеното злато го посветија на починатата колешка appeared first on Република.

]]>
Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerot-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-pretsedatelot-na-skijachkata-federacija-ognjan-cigovski-go-prashuva-zoshto-ne-e-na-rabota/ Wed, 09 Feb 2022 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=456240

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа.

Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација.

Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.

Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, напиша Антонио Ристевски на социјалните мрежи.

The post Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот македонски олимпиец, алпскиот скијач Антонио Ристевски како тренер на Дардан Дехари, македонскиот претставник на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои се одржуваат во Пекинг, добил порака од претседателот на Скијачката федерација, Огњан Циговски во која тој го прашува зошто не се појавил на работа. Антонио Ристевски е револтиран од односот на претседателот на Скијачката федерација, кој го прашува зошто не се појавил на работа, а целата јавност знае дека е во Пекинг како дел од македонската репрезентација. Тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до јавноста, а ја покажа и пораката која ја добил од Циговски.
Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, напиша Антонио Ристевски на социјалните мрежи.

The post Тренерот Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а претседателот на Скијачката федерација Огњан Циговски го прашува зошто не е на работа? appeared first on Република.

]]>
Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shvajcarecot-fojc-najbrz-na-olimpiskiot-spust-vo-peking/ Mon, 07 Feb 2022 08:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=454943

Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото во спуст на зимските Олимписки игри во Пекинг. Тоа е прв златен медал за Швајцарија на ЗОИ во Пекинг.

Второто место го освои Французинот Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер.

Трката во спуст требаше да се одржи ден претходно, но беше одложена поради лошите временски услови.

 

The post Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото во спуст на зимските Олимписки игри во Пекинг. Тоа е прв златен медал за Швајцарија на ЗОИ во Пекинг. Второто место го освои Французинот Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер. Трката во спуст требаше да се одржи ден претходно, но беше одложена поради лошите временски услови.  

The post Швајцарецот Фојц најбрз на олимпискиот спуст во Пекинг appeared first on Република.

]]>
Тргна женскиот хокеј во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trgna-zenskiot-hokej-vo-peking/ Thu, 03 Feb 2022 14:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=453694

Иако Олимпијадата не е официјално започната, некои од натреварите во хокеј веќе се играaт.

Во женска конкуренција Чешка ја совлада Кина со 3-1, Канада ја декласираше Швајцарија со 12-1, Јапонија ја победи Швајцарија со 3-1, а САД беа убедливи против Финска

За медали во Пекинг ќе се борат вкупно 2900 спортисти од над 90 национални олимписки сојузи. Само во германскиот тим има 149 спортисти, меѓу кои и најстарата учесничка на Олимпијадата, 49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање Клаудија Пехштајн, 

The post Тргна женскиот хокеј во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Иако Олимпијадата не е официјално започната, некои од натреварите во хокеј веќе се играaт. Во женска конкуренција Чешка ја совлада Кина со 3-1, Канада ја декласираше Швајцарија со 12-1, Јапонија ја победи Швајцарија со 3-1, а САД беа убедливи против Финска
За медали во Пекинг ќе се борат вкупно 2900 спортисти од над 90 национални олимписки сојузи. Само во германскиот тим има 149 спортисти, меѓу кои и најстарата учесничка на Олимпијадата, 49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање Клаудија Пехштајн, 

The post Тргна женскиот хокеј во Пекинг appeared first on Република.

]]>