пекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pekari/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 14:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pekari/ 32 32 Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-15-000-evra-ke-platat-trgovtsite-koi-ne-ja-zamrznale-tsenata-na-lebot/ Sat, 11 Mar 2023 14:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=618509

Дирекоторот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски излезе со официјални информации за извршени инспекциски надзори после одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.

По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари (околу 15.595 евра), информира Трајковски.

Директорот на ДПИ исто така посочи во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори на цела територија на Македонија и издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари.

Со одлуката на Владата од 2-ри март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

The post Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот appeared first on Република.

]]>

Дирекоторот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски излезе со официјални информации за извршени инспекциски надзори после одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот.
По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари (околу 15.595 евра), информира Трајковски.
Директорот на ДПИ исто така посочи во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори на цела територија на Македонија и издадени се над 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари. Со одлуката на Владата од 2-ри март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).  

The post Над 15.000 евра ќе платат трговците кои не ја замрзнале цената на лебот appeared first on Република.

]]>
Трговците на мало нè уценуваат, велат пекарите и бараат Владата да испрати инспекции на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-na-malo-ne-utsenuvaat-velat-pekarite-i-baraat-vladata-da-isprati-inspektsii-na-teren/ Fri, 03 Mar 2023 17:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=615684

Пекарската индустрија попладнево соопшти дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа бара од Владата да ги активира инспекциските служби.

Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена. Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите.

Пекарската индустрија денеска на прес-конференција соопшти дека ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но и дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

The post Трговците на мало нè уценуваат, велат пекарите и бараат Владата да испрати инспекции на терен appeared first on Република.

Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-ke-ima-bel-i-polubel-leb-od-33-denari-odlukite-na-vladata-mesechno-ni-pravat-shteta-preku-1-5-milioni-evra-ke-se-zhalime-velat-pekarite/ Fri, 03 Mar 2023 12:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=615571

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра.

Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, потенцира Малишиќ.

Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

The post Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите appeared first on Република.

]]>

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра.
Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, потенцира Малишиќ.
Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

The post Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите appeared first on Република.

]]>
Пекарите на прес-конференција ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pekarite-na-pres-konferentsija-ke-go-soopshtat-stavot-po-odlukata-deka-se-obvrzani-da-proizveduvaat-i-isporachuvaat-leb/ Fri, 03 Mar 2023 08:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=615379

Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил, а, меѓу другото, предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-fb-proizvoditelite-na-leb-imaat-obvrska-da-go-proizveduvaat-i-da-go-stavat-vo-promet-lebot-so-zamrznata-tsena/

Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат за МИА утрово претставници од пекарската индустрија.

Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.

Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.

The post Пекарите на прес-конференција ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб appeared first on Република.

]]>

Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година. Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил, а, меѓу другото, предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена. https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-fb-proizvoditelite-na-leb-imaat-obvrska-da-go-proizveduvaat-i-da-go-stavat-vo-promet-lebot-so-zamrznata-tsena/
Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат за МИА утрово претставници од пекарската индустрија.
Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците. Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.

The post Пекарите на прес-конференција ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб appeared first on Република.

]]>
Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-fb-proizvoditelite-na-leb-imaat-obvrska-da-go-proizveduvaat-i-da-go-stavat-vo-promet-lebot-so-zamrznata-tsena/ Thu, 02 Mar 2023 20:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=615281

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

The post Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

The post Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена appeared first on Република.

]]>
Ќе се прави „социјален леб“ со помала грамажа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-pravi-sotsijalen-leb-so-pomala-gramazha/ Thu, 02 Mar 2023 19:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=615258

Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија чекаат повик од Владата за да се изнајде заедничко решение околу кризата која настана со немањето бел и полубел леб, откако беше донесена одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

Се уште очекуваме Владата да не повика за да изнајдеме заедничко решение кое ќе биде за доброто на сите, како на компаниите, така и за граѓаните. Загубите се огромни со таквата одлука каде се ограничува цената на лебот. Треба да се изнајде еден леб кој ќе биде со одредена грамажа, тој ќе биде социјална категорија и ќе се продава несечен и во хартија. За да може да се запази тој социјален аспект за населението и да го има тој леб како варијанта на најевтин леб на пазарот и да се ослободат другите лебови за да можат компаниите да функционираат, изјави за телевизија Телма, Горан Малишиќ претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

За тоа дали до 31 мај ќе нема бел и полубел леб, затоа што до тогаш трае замрзнатата цена што ја донесе Владата, Малишиќ вели дека членството треба да донесе поинаква одлука и тој да ја соопшти во јавноста.

Одлуките се менуваат во ден. Членството може да се собере во секој момент, секогаш да донесе одлука како што мисли. Јас ова не можам да го одговорам додека членството не даде одговор, рече тој.

Малишиќ додаде дека досега одлуката на Групацијата не е променета и тие нема да испорачуваат леб и утре.

The post Ќе се прави „социјален леб“ со помала грамажа? appeared first on Република.

Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/subventsiite-za-struja-ne-se-dovolni-za-poevtin-leb-velat-od-zanaetchiskata-komora-skopje/ Thu, 02 Mar 2023 16:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=615216

Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи, а формирањето на цената на лебот не треба и не може да зависи само од цената на електричната енергија, сметаат пекарите при Занаетчиска комора Скопје.

-Впрочем, поголем дел од производителите на леб и бели печива не печат на струја. Некои користат печки на гас, други имаат поставено фотоволтаици, а пак трети користат печки на дрва. Цената на лебот не се формира само во зависност од цената на брашното, бидејќи за да произведе леб потребни се и други репроматеријали, чија што цена сведоци сме дека во континуитет постојано е во пораст, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиска комора Скопје.

Врз цената на лебот секако влијаат и човечките ресурси кои се вклучени во производството, односно во вкупните пресметки треба да се земе во предвид и покачувањето на минималната плата на вработените, а со тоа порастот на придонесите, како значаен фактор за утврдување на цената на лебот. Ваквата мерка на државата за ограничување на цената на лебот може само негативно да се одрази со намалена понуда на пазарот и појава на дефицит на основни пекарски производи, како што е лебот, а тоа да доведе и до намалување на бројот на вработените и затворање на дел од бизнисите, посочи Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.

Според неа, пекарите, секојдневно се соочуваат со нови предизвици за опстанок и се уште се опоравуваат од последиците од покачувањето на цените на репроматеријалите, покачувањето на енергентите, големиот процент на миграција на работната сила од овој сектор во странство, огромниот дефицит на пекари, како и потешкотиите навремено да ги исполнат обврските по основ плата и придонеси.

The post Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје appeared first on Република.

]]>

Субвенционираната цена на струјата не е доволна за да ги намали цените на пекарските производи, а формирањето на цената на лебот не треба и не може да зависи само од цената на електричната енергија, сметаат пекарите при Занаетчиска комора Скопје. -Впрочем, поголем дел од производителите на леб и бели печива не печат на струја. Некои користат печки на гас, други имаат поставено фотоволтаици, а пак трети користат печки на дрва. Цената на лебот не се формира само во зависност од цената на брашното, бидејќи за да произведе леб потребни се и други репроматеријали, чија што цена сведоци сме дека во континуитет постојано е во пораст, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиска комора Скопје.
Врз цената на лебот секако влијаат и човечките ресурси кои се вклучени во производството, односно во вкупните пресметки треба да се земе во предвид и покачувањето на минималната плата на вработените, а со тоа порастот на придонесите, како значаен фактор за утврдување на цената на лебот. Ваквата мерка на државата за ограничување на цената на лебот може само негативно да се одрази со намалена понуда на пазарот и појава на дефицит на основни пекарски производи, како што е лебот, а тоа да доведе и до намалување на бројот на вработените и затворање на дел од бизнисите, посочи Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.
Според неа, пекарите, секојдневно се соочуваат со нови предизвици за опстанок и се уште се опоравуваат од последиците од покачувањето на цените на репроматеријалите, покачувањето на енергентите, големиот процент на миграција на работната сила од овој сектор во странство, огромниот дефицит на пекари, како и потешкотиите навремено да ги исполнат обврските по основ плата и придонеси.

The post Субвенциите за струја не се доволни за поевтин леб, велат од Занаетчиската комора Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Штип втор ден се продава леб од 30 до 33 денари, пекарите сметаат дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-shtip-vtor-den-se-prodava-leb-od-30-do-33-denari-pekarite-smetaat-deka-treba-da-im-se-izleze-vo-presret-na-graganite/ Thu, 02 Mar 2023 14:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=615158

Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.

Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.

Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки, вели Малинов.

Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци, а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот.

Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб. МИА вчера прва објави дека нема проблем со производството и снабдувањето со леб и пецива низ штипските пекари и дека цената е намалена за пет денари.

The post Во Штип втор ден се продава леб од 30 до 33 денари, пекарите сметаат дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб. Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните. Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.
Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки, вели Малинов.
Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци, а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот. Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб. МИА вчера прва објави дека нема проблем со производството и снабдувањето со леб и пецива низ штипските пекари и дека цената е намалена за пет денари.  

The post Во Штип втор ден се продава леб од 30 до 33 денари, пекарите сметаат дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pomalite-shtipski-pekari-ja-namalija-tsenata-na-lebot-i-do-pet-denari/ Wed, 01 Mar 2023 13:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=614726

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.

The post Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари appeared first on Република.

]]>

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари. Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.
Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.
Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.  

The post Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари appeared first on Република.

]]>
Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/leb-nema-zashto-si-ja-pochituvame-odlukata-velat-pekarite/ Wed, 01 Mar 2023 12:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=614663

оа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија.

Според нив, засега промена на ваквата одлука нема.

Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.

Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов.

Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

The post Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите appeared first on Република.

]]>

оа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот на состанокот во Стопанската комора, изјавија за МИА претставници од пекарската индустрија. Според нив, засега промена на ваквата одлука нема. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли - дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, донесена вчера.
Пекарите едноставно си ја почитуваат одлуката. Одлуката е донесена во понеделникот и промена на одлуката засега нема. Уште еднаш ќе повторам, тоа што нема леб на полиците во маркетите значи дека пекарите си ја почитуваат одлуката, истакна за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.
Државниот пазарен инспекторат, како што информираат од таму за МИА, со сите капацитети е на терен и врши контроли на почитувањето на владината одлука. Од ДПИ најавуваат дека јавно ќе ги соопштат податоците од теренските инспекции кон крајот на денов. Владата вчера донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши соопштија дека одлуката ќе важи заклучно со 31 мај годинава. Причина за замрзнување на цената е непочитувањето на договорот да се намалат цените на основните прехранбени производи согласно субвенционираната струја што ја добиваа компаниите.

The post Леб нема зашто си ја почитуваме одлуката, велат пекарите appeared first on Република.

]]>
Нема леб по продавниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-leb-po-prodavnitsite/ Wed, 01 Mar 2023 07:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=614434

Нема леб по продавниците во Скопје, рафтовите се празни. Пекарите, иако најавија дека ќе дистрибуираат леб додека во Службен весник не излезе одлуката за замрзнување на цената на 33 денари, денеска не донесоа леб.

Во дел од маркетите, на поголемите трговски синџири, денеска пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.

Според раководителите на маркетите, тие не знаат како денеска ќе го поминат денот, ниту пак знаат дали треба да прават нарачка за утре.

Во маркетите иако се залепени новите замрзнати цени од 33 денари, полиците се празни.

The post Нема леб по продавниците appeared first on Република.

]]>

Нема леб по продавниците во Скопје, рафтовите се празни. Пекарите, иако најавија дека ќе дистрибуираат леб додека во Службен весник не излезе одлуката за замрзнување на цената на 33 денари, денеска не донесоа леб. Во дел од маркетите, на поголемите трговски синџири, денеска пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи. Според раководителите на маркетите, тие не знаат како денеска ќе го поминат денот, ниту пак знаат дали треба да прават нарачка за утре. Во маркетите иако се залепени новите замрзнати цени од 33 денари, полиците се празни.  

The post Нема леб по продавниците appeared first on Република.

]]>
Пекарите ќе ja чекаат одлуката за замрзнување на цената на лебот, па ќе престанат со производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pekarite-ke-ja-chekaat-odlukata-za-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-pa-ke-prestanat-so-proizvodstvo/ Tue, 28 Feb 2023 17:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=614345

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

Потоа, како што изјавија нејзини претставници за МИА, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко - пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираата струја за компаниите од прехранбениот сектор.

The post Пекарите ќе ja чекаат одлуката за замрзнување на цената на лебот, па ќе престанат со производство appeared first on Република.

]]>

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска. Потоа, како што изјавија нејзини претставници за МИА, ќе се реализира најавата за прекин на производството. -Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите. Според претседателот на Групацијата на мелничко - пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно. -Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираата струја за компаниите од прехранбениот сектор.

The post Пекарите ќе ja чекаат одлуката за замрзнување на цената на лебот, па ќе престанат со производство appeared first on Република.

]]>
Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, велат од пекарската индустрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-se-zamrzne-tsenata-na-lebot-ke-go-prekineme-proizvodstvoto-velat-od-pekarskata-industrija/ Mon, 27 Feb 2023 12:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=613734

Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.

Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Македонија.

Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци.

The post Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, велат од пекарската индустрија appeared first on Република.

Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-poevtina-struja-za-200-kompanii-od-prehranbenata-industrija-i-600-pekarnici/ Wed, 02 Nov 2022 14:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=568857

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.

Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.

Просечната потрошувачка на основните и средните училишта, како што прецизира, од 1 декември до крајот на април изнесува околу 10,7 гигават часови или 10.700 мегават часови електрична енергија поради што фискалните импликации не би требало да бидат повисоки од 2 милиони евра.

Кај јавните водоводни претпријатија потрошувачката од 1 декември до крајот на април е околу 30 гигават часови електрична енергија што значи дека се потребни од 3 до 3,5 милиони евра за нивно покривање, рече Бектеши и нагласи дека повеќе општини веќе почнаа да доставуваат барања за зголемување на цената на водата за пиење што ја нудат за потребите на граѓаните.

Ние, потенцира, тоа нема да го дозволиме и како Влада целосно ќе ја покриеме разликата во делот на зголемените трошоци за електрична енергија кои ги имаат јавните комунални претпријатија во делот на водоснабдувањето.

Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи Бектеши.

Нагласи дека веќе е донесена одлука од 1 декември тие да бидат вратени на слободен пазар, а оние што навистина имаат потреба ќе бидат поддржани од Владата преку ЕСМ за што веќе се обезбедени средства, а има и грант од Европската комисија во вредност од 80 милиони евра кои кон крајот на јануари се очекува да легнат во Буџетот.

The post Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници appeared first on Република.

]]>

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.
Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.
Просечната потрошувачка на основните и средните училишта, како што прецизира, од 1 декември до крајот на април изнесува околу 10,7 гигават часови или 10.700 мегават часови електрична енергија поради што фискалните импликации не би требало да бидат повисоки од 2 милиони евра.
Кај јавните водоводни претпријатија потрошувачката од 1 декември до крајот на април е околу 30 гигават часови електрична енергија што значи дека се потребни од 3 до 3,5 милиони евра за нивно покривање, рече Бектеши и нагласи дека повеќе општини веќе почнаа да доставуваат барања за зголемување на цената на водата за пиење што ја нудат за потребите на граѓаните.
Ние, потенцира, тоа нема да го дозволиме и како Влада целосно ќе ја покриеме разликата во делот на зголемените трошоци за електрична енергија кои ги имаат јавните комунални претпријатија во делот на водоснабдувањето.
Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи Бектеши.
Нагласи дека веќе е донесена одлука од 1 декември тие да бидат вратени на слободен пазар, а оние што навистина имаат потреба ќе бидат поддржани од Владата преку ЕСМ за што веќе се обезбедени средства, а има и грант од Европската комисија во вредност од 80 милиони евра кои кон крајот на јануари се очекува да легнат во Буџетот.

The post Бектеши: Поевтина струја за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници appeared first on Република.

]]>
Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtipskite-pekarnici-nema-da-ja-namalat-cenata-na-lebot-do-nova-godina/ Mon, 31 Oct 2022 14:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=567875

Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година. Производителите на леб и бели пецива велат дека се додека не се намали цената на струјата и на суровините, нема да ја намалат цената на нивниот производ.

Според Николче Малинов, сопственик на штипска пекарница, во моментов се трошат последните залихи за производство на леб.

Намалување ќе има секако, доколку ни се намалат струјата, нафтата и брашното. Ние сѐ уште немаме намалување, а имаме залихи на брашно. Од први декември ќе видеме колкава ќе биде цената на брашното, на струјата, на нафтата и ќе има два до три денари намалување. По наши пресметки не би требало да има до Нова година, секако по Нова година ако нема ново поскапување на струјата, ќе нема намалување ни на лебот, оти ние очекуваме да се намали цената на струјата, вели Малинов.

Владата на последната седница најави поевтина струја за компаниите, а со тоа и стабилизирање на цените на храната.

The post Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година appeared first on Република.

]]>

Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година. Производителите на леб и бели пецива велат дека се додека не се намали цената на струјата и на суровините, нема да ја намалат цената на нивниот производ. Според Николче Малинов, сопственик на штипска пекарница, во моментов се трошат последните залихи за производство на леб.