пејпер мил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pejper-mil/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Mar 2022 16:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пејпер мил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pejper-mil/ 32 32 „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“- и денеска протест пред фабриката „Пејпер мил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kochani-saka-chist-vozduh-pridruzi-se-i-ti-i-deneska-protest-pred-fabrikata-pejper-mil/ Sat, 05 Mar 2022 16:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=468259

Граѓански протест пред компанијата „Пејпр мил“ денеска организираше Одборот за здрав живот во Кочани, како реакција и незадоволство од неколкугодишното загадување на воздухот од фабричкиот оџак и индолентниот однос на надлежните институции во државата.

Под мотото „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“, на протестот беше побарано да се направи ревизија на А интегрираната еколошка дозвола што фабриката ја има добиено од Министерството за животна средина, а како енергенс во иднина да се користи исклучиво метан, наместо пелети.

- Уставно право на секој човек е да дише чист воздух, но за жал, ние во Кочани тоа право го немаме. Државата направила голем пропуст со тоа што издала еколошка дозвола според која максималната граница за испуштање штетни честички е 150 милиграми на кубен метар, а знаеме дека според сите светски стандарди таа не смее да биде над 50 милиграми. Дополнително, ниту тие параметри не се почитуваат, а според нашите сознанија се испуштаат количини и до 400 милиграми. Затоа, бараме да се направи целосна ревизија на дозволата, а „Пејпр мил“ во иднина исклучиво да користи метан, ако сака да продолжи со работа, истакна Орце Николов, граѓански екоактивист.

Присутните на протестот нагласија дека веќе не им веруваат на податоците од надлежните институции за загаденоста на воздухот во Кочани, а побараа да се направи контрола и на испуштањето на отпадната технолошка вода од „Пејпр мил“.

- Инспекциските мерења на испуштањето штетни честички во воздухот се прави според однапред договорени термини со фабриката, за да се добијат поволни резултати. Почнавме судска постапка пред две години, но и таа заглави во правните лавиринти. Проблем е и отпадната вода што се испушта во реките и ја загадува почвата и земјоделските површини. Суштината на проблемот со загадувањето не е во „Пејпр мил“, туку кај надлежните инстанци, а таму е и неговото решение. Затоа се сомневањата во јавноста дека институциите не работат како што треба, а на штета на здравјето на сите граѓани. Не може фабрика што се нарекува еколошка, затоа што рециклира суровини, во своето работење да работи според нееколошки стандарди, истакна Ефтимиј Атанасовски, граѓански екоактивист.

Поддршка на протестот дадоа и екоактивсти од Велес, кои порачаа дека по петнаесетгодишни истрајни и упорни барање тие го решија загадувањето од Топилницата, поради што и граѓаните на Кочани треба да ги следат нивните постапки.

Од Одборот за здрав живот во Кочани порачаа дека денешниот протест ќе биде само почеток на подолготрајна и поупорна борба против сите загадувачи на животната средина, а проблемите треба да ги решаваат институциите на системот. Во спротивно, помош за добивање на своите права, граѓаните ќе бараат од странски амбасади и институции, но и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за што почнуваат постапка за собирање потписи.

The post „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“- и денеска протест пред фабриката „Пејпер мил“ appeared first on Република.

]]>

Граѓански протест пред компанијата „Пејпр мил“ денеска организираше Одборот за здрав живот во Кочани, како реакција и незадоволство од неколкугодишното загадување на воздухот од фабричкиот оџак и индолентниот однос на надлежните институции во државата. Под мотото „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“, на протестот беше побарано да се направи ревизија на А интегрираната еколошка дозвола што фабриката ја има добиено од Министерството за животна средина, а како енергенс во иднина да се користи исклучиво метан, наместо пелети. - Уставно право на секој човек е да дише чист воздух, но за жал, ние во Кочани тоа право го немаме. Државата направила голем пропуст со тоа што издала еколошка дозвола според која максималната граница за испуштање штетни честички е 150 милиграми на кубен метар, а знаеме дека според сите светски стандарди таа не смее да биде над 50 милиграми. Дополнително, ниту тие параметри не се почитуваат, а според нашите сознанија се испуштаат количини и до 400 милиграми. Затоа, бараме да се направи целосна ревизија на дозволата, а „Пејпр мил“ во иднина исклучиво да користи метан, ако сака да продолжи со работа, истакна Орце Николов, граѓански екоактивист. Присутните на протестот нагласија дека веќе не им веруваат на податоците од надлежните институции за загаденоста на воздухот во Кочани, а побараа да се направи контрола и на испуштањето на отпадната технолошка вода од „Пејпр мил“. - Инспекциските мерења на испуштањето штетни честички во воздухот се прави според однапред договорени термини со фабриката, за да се добијат поволни резултати. Почнавме судска постапка пред две години, но и таа заглави во правните лавиринти. Проблем е и отпадната вода што се испушта во реките и ја загадува почвата и земјоделските површини. Суштината на проблемот со загадувањето не е во „Пејпр мил“, туку кај надлежните инстанци, а таму е и неговото решение. Затоа се сомневањата во јавноста дека институциите не работат како што треба, а на штета на здравјето на сите граѓани. Не може фабрика што се нарекува еколошка, затоа што рециклира суровини, во своето работење да работи според нееколошки стандарди, истакна Ефтимиј Атанасовски, граѓански екоактивист. Поддршка на протестот дадоа и екоактивсти од Велес, кои порачаа дека по петнаесетгодишни истрајни и упорни барање тие го решија загадувањето од Топилницата, поради што и граѓаните на Кочани треба да ги следат нивните постапки. Од Одборот за здрав живот во Кочани порачаа дека денешниот протест ќе биде само почеток на подолготрајна и поупорна борба против сите загадувачи на животната средина, а проблемите треба да ги решаваат институциите на системот. Во спротивно, помош за добивање на своите права, граѓаните ќе бараат од странски амбасади и институции, но и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за што почнуваат постапка за собирање потписи.

The post „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“- и денеска протест пред фабриката „Пејпер мил“ appeared first on Република.

]]>
„Кочани сака чист воздух, придружи се и ти”: Граѓани го блокираа влезот во фабриката „Пејпер мил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kochani-saka-chist-vozduh-pridruzi-se-i-ti-gragjani-go-blokiraa-vlezot-vo-fabrikata-pejper-mil/ Thu, 03 Mar 2022 18:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=467312

Претставници од граѓанскиот Одбор за заштита на животна средина во Кочани доцна попладнево организираа блокада со возила пред влезот на компанијата „Пејпер мил”.

На тој начин ги продолжуваат секојдневните двочасовни протести за да го свртат вниманието на пошироката јавност поради нерешавањето на проблемот со загадувањето на воздухот, а за што меѓу причинителите ја посочија фабриката за хартија.

– Во изминатите три недели секојдневно го блокиравме влезот на „Пејпер мил”, а сега протестите ги прошируваме и на улицата што води кон фабриката, затоа што гледаме дека надлежните институции воопшто не се обѕираат на нашите барања. За нас, единствен начин производниот процес да продолжи според еколошки стандарди е да се користи метан како енергенс. Откако фабриката го прекина производството поради некаква реконструкција, веќе втор ден параметрите што се јавно достапни покажуваат драстично намалување на загаденоста на воздухот во Кочани. Тоа е доказ дека чадот од фабричкиот оџак има огромно влијание врз нарушувањето на нашата животна средина, истакна Воислав Пејов од граѓанскиот одбор.

Присутните на протестот најавија дека блокирање со возила на улицата пред „Пејпер мил” ќе организираат и утре. За в сабота напладне е закажан голем граѓански протест под мотото „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти”, на кој ќе упатат уште еден повик до надлежните за конкретни мерки за заштита на здравјето на над 40 илјади жители.

The post „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти”: Граѓани го блокираа влезот во фабриката „Пејпер мил“ appeared first on Република.

]]>

Претставници од граѓанскиот Одбор за заштита на животна средина во Кочани доцна попладнево организираа блокада со возила пред влезот на компанијата „Пејпер мил”. На тој начин ги продолжуваат секојдневните двочасовни протести за да го свртат вниманието на пошироката јавност поради нерешавањето на проблемот со загадувањето на воздухот, а за што меѓу причинителите ја посочија фабриката за хартија.
– Во изминатите три недели секојдневно го блокиравме влезот на „Пејпер мил”, а сега протестите ги прошируваме и на улицата што води кон фабриката, затоа што гледаме дека надлежните институции воопшто не се обѕираат на нашите барања. За нас, единствен начин производниот процес да продолжи според еколошки стандарди е да се користи метан како енергенс. Откако фабриката го прекина производството поради некаква реконструкција, веќе втор ден параметрите што се јавно достапни покажуваат драстично намалување на загаденоста на воздухот во Кочани. Тоа е доказ дека чадот од фабричкиот оџак има огромно влијание врз нарушувањето на нашата животна средина, истакна Воислав Пејов од граѓанскиот одбор.
Присутните на протестот најавија дека блокирање со возила на улицата пред „Пејпер мил” ќе организираат и утре. За в сабота напладне е закажан голем граѓански протест под мотото „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти”, на кој ќе упатат уште еден повик до надлежните за конкретни мерки за заштита на здравјето на над 40 илјади жители.

The post „Кочани сака чист воздух, придружи се и ти”: Граѓани го блокираа влезот во фабриката „Пејпер мил“ appeared first on Република.

]]>