пејачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pejachka/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 08:17:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пејачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pejachka/ 32 32 А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме: Позната грчка пејачка доживеа мозочен удар на концерт https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/a-ti-bozhe-moj-ne-nauchi-tolku-mnogu-da-sakame-poznata-grchka-pejachka-dozhivea-mozochen-udar-na-kontsert/ Thu, 26 Sep 2024 08:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=819720

Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако синоќа за време на концертот се онесвести на сцената.

Според локалните медиуми, големата дама на грчката народна музика има мозочно крварење и е во критична состојба.

Маринела по падот била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеала рефренот на еден од нејзините најголеми хитови „Јас и ти“.

„А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме“, гласи репликата по која Маринела се струполи и падна.

Музичарите веднаш притрчаа на помош додека публиката немо гледаше што се случува. Концертот веднаш беше прекинат. Еден од очевидците за грчките медиуми изјави дека Маринела не изгледала добро кога застанала на бината и дека имала изгубен поглед.

Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми.

Учествувала на Евровизија во 1974 година.

The post А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме: Позната грчка пејачка доживеа мозочен удар на концерт appeared first on Република.

]]>

Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако синоќа за време на концертот се онесвести на сцената. Според локалните медиуми, големата дама на грчката народна музика има мозочно крварење и е во критична состојба. Маринела по падот била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеала рефренот на еден од нејзините најголеми хитови „Јас и ти“. „А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме“, гласи репликата по која Маринела се струполи и падна. Музичарите веднаш притрчаа на помош додека публиката немо гледаше што се случува. Концертот веднаш беше прекинат. Еден од очевидците за грчките медиуми изјави дека Маринела не изгледала добро кога застанала на бината и дека имала изгубен поглед. Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми. Учествувала на Евровизија во 1974 година.

The post А ти, Боже мој, нè научи толку многу да сакаме: Позната грчка пејачка доживеа мозочен удар на концерт appeared first on Република.

]]>
Позната пејачка пијана ја отпеа американската химна пред полн стадион: Се извини и најави дека оди на рехабилитација https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poznata-pejachka-pijana-ja-otpea-amerikanskata-himna-pred-poln-stadion-se-izvini-i-najavi-deka-odi-na-rehabilitatsija/ Thu, 18 Jul 2024 07:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=797893

Американската кантри пејачка Ингрид Андрес се извини и призна дека била пијана додека ја изведувала американската химна на бејзбол стадион во Tексас, САД пренесува Би-би-си.

Нејзината чудна изведба на „The Star-Spangled Banner“ стана вирален хит на социјалните мрежи по дербито во бејзбол лигата.

„Бев пијана синоќа. Денеска одам во болница за да ја добијам потребната помош. Тоа не бев јас синоќа. Се извинувам на МЛБ, на сите фанови и на оваа земја што толку многу ја сакам за тој настап. Ќе ве известам како оди на рехабилитација, слушам дека е навистина забавно“, напишала Андрес, пејачката која е четирикратно номинирана за Греми.
На социјалните мрежи нејзината акапела верзија на националната химна беше наречена „болна“ и „една од најлошите изведби на националната химна досега“. На социјалната мрежа „Икс“ кружат и снимки од играчот на Филаделфија Филис, Алек Бом кој се смее додека Андрес пее.

За разлика од бројните негативни коментари на социјалните мрежи, колегите од американската сцена ја поддржаа Ингрид Андрес.

„Многу ми е жал што поминуваш низ ова. Внимавај и ќе излезеш од ова многу посилна“, напиша пејачката и актерка Луси Хејл, а кантри ѕвездата Мартина Мекбрајд ѝ испрати слична порака: „Испраќам многу љубов …’

Пејачката и текстописец Џулија Мајклс напиша: „Те сакам, девојче. Жал ми е што минуваш низ ова. И жал ми е што светот може да биде толку суров“. И пејачката Карли Пирс ја пофали Андрес, изјавувајќи дека е потребна голема сила за да се добие такво признание во медиумите.

Еден нејзин обожавател објави постар клип од Андрес на сцената на концерт со едноставен натпис: „Ова е нејзиниот вистински талент“.

Инаку, во 2010 година, Андрес се појави како акапела пејачка на музичкиот натпревар на НБЦ, а откако воспостави соло кариера, таа беше номинирана за наградата Греми во 2021 година за најдобар нов изведувач. Таа е коавтор на хит песната „Boys“ од Чарли Екс-Си-Екс и „Girl in the Mirror“ од Бебе Реџа.

The post Позната пејачка пијана ја отпеа американската химна пред полн стадион: Се извини и најави дека оди на рехабилитација appeared first on Република.

]]>

Американската кантри пејачка Ингрид Андрес се извини и призна дека била пијана додека ја изведувала американската химна на бејзбол стадион во Tексас, САД пренесува Би-би-си. Нејзината чудна изведба на „The Star-Spangled Banner“ стана вирален хит на социјалните мрежи по дербито во бејзбол лигата. „Бев пијана синоќа. Денеска одам во болница за да ја добијам потребната помош. Тоа не бев јас синоќа. Се извинувам на МЛБ, на сите фанови и на оваа земја што толку многу ја сакам за тој настап. Ќе ве известам како оди на рехабилитација, слушам дека е навистина забавно“, напишала Андрес, пејачката која е четирикратно номинирана за Греми. На социјалните мрежи нејзината акапела верзија на националната химна беше наречена „болна“ и „една од најлошите изведби на националната химна досега“. На социјалната мрежа „Икс“ кружат и снимки од играчот на Филаделфија Филис, Алек Бом кој се смее додека Андрес пее. За разлика од бројните негативни коментари на социјалните мрежи, колегите од американската сцена ја поддржаа Ингрид Андрес. „Многу ми е жал што поминуваш низ ова. Внимавај и ќе излезеш од ова многу посилна“, напиша пејачката и актерка Луси Хејл, а кантри ѕвездата Мартина Мекбрајд ѝ испрати слична порака: „Испраќам многу љубов …’ Пејачката и текстописец Џулија Мајклс напиша: „Те сакам, девојче. Жал ми е што минуваш низ ова. И жал ми е што светот може да биде толку суров“. И пејачката Карли Пирс ја пофали Андрес, изјавувајќи дека е потребна голема сила за да се добие такво признание во медиумите. Еден нејзин обожавател објави постар клип од Андрес на сцената на концерт со едноставен натпис: „Ова е нејзиниот вистински талент“. Инаку, во 2010 година, Андрес се појави како акапела пејачка на музичкиот натпревар на НБЦ, а откако воспостави соло кариера, таа беше номинирана за наградата Греми во 2021 година за најдобар нов изведувач. Таа е коавтор на хит песната „Boys“ од Чарли Екс-Си-Екс и „Girl in the Mirror“ од Бебе Реџа.

The post Позната пејачка пијана ја отпеа американската химна пред полн стадион: Се извини и најави дека оди на рехабилитација appeared first on Република.

]]>
Почина фолк пејачката Тања – сопругот се прости од неа со трогателни зборови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-folk-pejachkata-tana-soprugot-se-prosti-od-nea-so-trogatelni-zborovi/ Mon, 17 Jun 2024 19:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=788530

Почина македонската фолк-пејачка Тања Маџунков (33). Познатата интерпретаторка од Кавадарци ја загуби битката со тешката болест со која се бореше изминатиот период, објави Фокус.

Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, музичарот Мики Тралала, со трогателна посвета на социјалните мрежи.

Почивај во мир, принцезо моја, пеј им сега на ангелите, напиша тој.

Музичко-брачната двојка со децении настапуваше заедно, а беше позната и по својата хуманост.

Тања и Мики последните три години настапуваа без хонорар на забави на матуранти од социјално загрозени семејства во нивното Кавадарци. „Поделената радост е зголемена радост“, велеа тие.

The post Почина фолк пејачката Тања – сопругот се прости од неа со трогателни зборови appeared first on Република.

]]>

Почина македонската фолк-пејачка Тања Маџунков (33). Познатата интерпретаторка од Кавадарци ја загуби битката со тешката болест со која се бореше изминатиот период, објави Фокус. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, музичарот Мики Тралала, со трогателна посвета на социјалните мрежи. Почивај во мир, принцезо моја, пеј им сега на ангелите, напиша тој. Музичко-брачната двојка со децении настапуваше заедно, а беше позната и по својата хуманост. Тања и Мики последните три години настапуваа без хонорар на забави на матуранти од социјално загрозени семејства во нивното Кавадарци. „Поделената радост е зголемена радост“, велеа тие.

The post Почина фолк пејачката Тања – сопругот се прости од неа со трогателни зборови appeared first on Република.

]]>
Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-pritvor-za-momcheto-na-pejachkata-toj-e-obvinet-za-vlijanie-vrz-svedok/ Fri, 26 Jan 2024 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=737105

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода.

Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.
Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода. Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>
Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Fri, 26 Jan 2024 09:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=737011

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/

Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети.

Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР. https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/ Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми. Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата. На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>
Албанска пејачка си растела марихуана на балкон https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/albanska-pejachka-si-rastela-marihuana-na-balkon/ Wed, 13 Sep 2023 06:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=681278

Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија.

Финализирана е акцијата „Балкон“, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана, соопшти полицијата.

Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана.

По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.

Таа живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила.

The post Албанска пејачка си растела марихуана на балкон appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија.
Финализирана е акцијата „Балкон“, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана, соопшти полицијата.
Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана. По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба. Таа живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила.

The post Албанска пејачка си растела марихуана на балкон appeared first on Република.

]]>
Позната албанска пејачка одгледувала марихуана на балкон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poznata-albanska-pejachka-odgleduvala-marihuana-na-balkon/ Tue, 12 Sep 2023 11:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=681268

Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија.

Финализирана е акцијата „Балкон“, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана, соопшти полицијата.

Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана.

По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.

Таа живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила.

The post Позната албанска пејачка одгледувала марихуана на балкон appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија. Финализирана е акцијата „Балкон“, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана, соопшти полицијата. Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана. По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба. Таа живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила.

The post Позната албанска пејачка одгледувала марихуана на балкон appeared first on Република.

]]>
Уште еден напад на пејачка со албанско потекло: И удри шлаканица на сред настап https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ushte-eden-napad-na-pejachka-so-albansko-poteklo-i-udri-shlakanitsa-na-sred-nastap/ Wed, 21 Jun 2023 13:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=653748

Албанската пејачка Ава Макс (29) синоќа настапи во Лос Анџелес, кога беше нападната од непознат маж од публиката.

Имено, младиот човек се качил на бината и му удрил шлаканица на пејачката, а обезбедувањето веднаш го отстранило од концертот.

На Твитер се појави видео од инцидентот на кое гледаме како маж ја удира Ава во глава, но таа продолжува да пее, но во еден момент се фаќа главата и паѓа на колена.

По концертот се огласи Ава Макс која откри дека се здобила со повреда на окото од ударот.

Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.

Бебе тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата.

The post Уште еден напад на пејачка со албанско потекло: И удри шлаканица на сред настап appeared first on Република.

]]>

Албанската пејачка Ава Макс (29) синоќа настапи во Лос Анџелес, кога беше нападната од непознат маж од публиката. Имено, младиот човек се качил на бината и му удрил шлаканица на пејачката, а обезбедувањето веднаш го отстранило од концертот. На Твитер се појави видео од инцидентот на кое гледаме како маж ја удира Ава во глава, но таа продолжува да пее, но во еден момент се фаќа главата и паѓа на колена. По концертот се огласи Ава Макс која откри дека се здобила со повреда на окото од ударот. Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија. Бебе тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три конци на главата.

The post Уште еден напад на пејачка со албанско потекло: И удри шлаканица на сред настап appeared first on Република.

]]>
Позната пејачка удрена по глава со телефон за време на настап https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poznata-pejachka-udrena-po-glava-so-telefon-za-vreme-na-nastap/ Mon, 19 Jun 2023 08:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=652993

Пејачката Блета Реџа, попозната по прекарот Бебе Реџа, на концерт во Њујорк ја погодиле со мобилен телефон во главата.

Имено, пејачката играше и пееше на сцената, а во еден момент тргна кон публиката.

Меѓутоа, тогаш кон неа бил фрлен мобилен телефон и ја удрил во главата. Таа се обидела да продолжи да пее, но паднала на колена држејќи се за глава, а соработниците дошле да ѝ помогнат.

Ова налути многу фанови на пејачката кои на социјалните мрежи коментираа дека „нечиј непромислен потег можел да предизвика многу поголеми последици“.

Мајката на пејачката со албанско потекло подоцна за странските медиуми изјави дека нејзината ќерка е добро, но дека поради инцидентот имала три конци на главата.

 

The post Позната пејачка удрена по глава со телефон за време на настап appeared first on Република.

]]>

Пејачката Блета Реџа, попозната по прекарот Бебе Реџа, на концерт во Њујорк ја погодиле со мобилен телефон во главата. Имено, пејачката играше и пееше на сцената, а во еден момент тргна кон публиката. Меѓутоа, тогаш кон неа бил фрлен мобилен телефон и ја удрил во главата. Таа се обидела да продолжи да пее, но паднала на колена држејќи се за глава, а соработниците дошле да ѝ помогнат. Ова налути многу фанови на пејачката кои на социјалните мрежи коментираа дека „нечиј непромислен потег можел да предизвика многу поголеми последици“. Мајката на пејачката со албанско потекло подоцна за странските медиуми изјави дека нејзината ќерка е добро, но дека поради инцидентот имала три конци на главата.  

The post Позната пејачка удрена по глава со телефон за време на настап appeared first on Република.

]]>
Почина пејачката којa го испеа овој култен хит https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-pejachkata-koja-go-ispea-ovoj-kulten-hit/ Tue, 06 Jun 2023 12:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=648469

Пејачката немала претходно искуство со снимање кога ја испеа песната што ја дефинираше бразилската култура во 1963 година.

Аструд Жилберто, чијашто сонлива интерпретација на „The Girl from Ipanema“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83 години.

Пол Ричи, соработник на Жилберто, ја потврди веста на социјалните мрежи, пишувајќи дека од него побарал да ја објави синот на Жилберто, Марсело.

„Таа беше важен дел од целата бразилска музика во светот и промени многу животи со својата енергија“, додаде тој.

Родена во 1940 година во бразилската држава Баија и израсната во Рио де Жанеиро, Аструд Вејнерт се омажи за музичарот Жоао Жилберто во 1959 година.

Во 1963 година, таа го придружуваше на патување во Њујорк, каде што ќе снимаше со џез-уметникот Стен Гец и колегата од бразилската нова ѕвезда Антонио Карлос Жобим. Продуцентот на сесијата сакаше пејач на англиски јазик да и помогне на девојката од Ипанема да премине кај американската публика, а Аструд - која немаше претходно искуство со снимање - беше единствената личност што можеше да го направи тоа.

Оригиналната верзија беше дует со нејзиниот сопруг - Аструд не беше ни наведена на снимката, таа беше исклучена од хонорарите и добиваше само мал хонорар за музичарите. Но, откако The Girl from Ipanema беше реаранжирана без вокалот на Жоао на бразилски како соло сингл, таа стана огромен хит во 1964 година, достигнувајќи ги првите 5 во САД и првите 30 во ОК.

Ја освои наградата Греми за песна на годината, а Жилберто беше номинирана и за најдобра женска вокална изведба. Таа година, таа и Жоао се разведоа, а таа беше на турнеја низ САД со Гец и неговиот бенд, искуство кое подоцна го опиша како:

„многу тешки времиња... да се биде среде разделба и да се справи со одговорностите да се биде самохрана мајка и сосема нова кариера која бара многу“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=c5QfXjsoNe4[/embed]

 

The post Почина пејачката којa го испеа овој култен хит appeared first on Република.

]]>

Пејачката немала претходно искуство со снимање кога ја испеа песната што ја дефинираше бразилската култура во 1963 година. Аструд Жилберто, чијашто сонлива интерпретација на „The Girl from Ipanema“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83 години. Пол Ричи, соработник на Жилберто, ја потврди веста на социјалните мрежи, пишувајќи дека од него побарал да ја објави синот на Жилберто, Марсело.
„Таа беше важен дел од целата бразилска музика во светот и промени многу животи со својата енергија“, додаде тој.
Родена во 1940 година во бразилската држава Баија и израсната во Рио де Жанеиро, Аструд Вејнерт се омажи за музичарот Жоао Жилберто во 1959 година. Во 1963 година, таа го придружуваше на патување во Њујорк, каде што ќе снимаше со џез-уметникот Стен Гец и колегата од бразилската нова ѕвезда Антонио Карлос Жобим. Продуцентот на сесијата сакаше пејач на англиски јазик да и помогне на девојката од Ипанема да премине кај американската публика, а Аструд - која немаше претходно искуство со снимање - беше единствената личност што можеше да го направи тоа. Оригиналната верзија беше дует со нејзиниот сопруг - Аструд не беше ни наведена на снимката, таа беше исклучена од хонорарите и добиваше само мал хонорар за музичарите. Но, откако The Girl from Ipanema беше реаранжирана без вокалот на Жоао на бразилски како соло сингл, таа стана огромен хит во 1964 година, достигнувајќи ги првите 5 во САД и првите 30 во ОК. Ја освои наградата Греми за песна на годината, а Жилберто беше номинирана и за најдобра женска вокална изведба. Таа година, таа и Жоао се разведоа, а таа беше на турнеја низ САД со Гец и неговиот бенд, искуство кое подоцна го опиша како:
„многу тешки времиња... да се биде среде разделба и да се справи со одговорностите да се биде самохрана мајка и сосема нова кариера која бара многу“.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=c5QfXjsoNe4[/embed]  

The post Почина пејачката којa го испеа овој култен хит appeared first on Република.

]]>
Млада пејачка убиена од нејзиниот 79-годишен сопруг https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mlada-pejachka-ubiena-od-nejziniot-79-godishen-soprug/ Sun, 26 Jun 2022 07:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=519797

Мексиканската пејачка Ирма Лидиа (21) ја убил нејзиниот сопруг во ресторан во Мексико Сити, известија локалните медиуми.

Ирма Лидија која само што ја почна нејзината музичка кариера трагично го загуби животот откако во неа пукал нејзиниот сопруг, 79-годишниот Хесус Ернандес Алкочер.

Човекот три пати пукал во својата сопруга. Приведен е заедно со друга жена која го придружувала – изјави Омар Гарсија Харфуч, секретар за безбедност на Мексико Сити.

Според сведоците на настанот, по расправијата мажот пукал во пејачката, а потоа се обидел да ја поткупи полицијата да го пуштат да побегне.

Покрај за убиството, Алкочер добил пријава и за подмитување.

The post Млада пејачка убиена од нејзиниот 79-годишен сопруг appeared first on Република.

]]>

Мексиканската пејачка Ирма Лидиа (21) ја убил нејзиниот сопруг во ресторан во Мексико Сити, известија локалните медиуми. Ирма Лидија која само што ја почна нејзината музичка кариера трагично го загуби животот откако во неа пукал нејзиниот сопруг, 79-годишниот Хесус Ернандес Алкочер. Човекот три пати пукал во својата сопруга. Приведен е заедно со друга жена која го придружувала – изјави Омар Гарсија Харфуч, секретар за безбедност на Мексико Сити. Според сведоците на настанот, по расправијата мажот пукал во пејачката, а потоа се обидел да ја поткупи полицијата да го пуштат да побегне. Покрај за убиството, Алкочер добил пријава и за подмитување.

The post Млада пејачка убиена од нејзиниот 79-годишен сопруг appeared first on Република.

]]>
„Повеќе им веруваше на непознати отколку нас“: Од ковид почина пејачката што намерно се зарази само за да добие сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-im-veruvashe-na-nepoznati-otkolku-nas-od-kovid-pochina-pejachkata-shto-namerno-se-zarazi-samo-za-da-dobie-sertifikat/ Tue, 18 Jan 2022 15:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=446442

Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство.

Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.

Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира, рече Рек.

Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето“.

Во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан Ковид-19 за присуство на социјални настани.

Нејзиниот син ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на неговата мајка и рече дека „ја имаат нејзината крв на своите раце“.

Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста, рече Јан Рек.

Во земјата во ек е нов бран на пандемијата, при што вчера беа евидентирани околу 20.000 новозаразени со коронавирус.

The post „Повеќе им веруваше на непознати отколку нас“: Од ковид почина пејачката што намерно се зарази само за да добие сертификат appeared first on Република.

]]>

Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.
Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира, рече Рек.
Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето“. Во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан Ковид-19 за присуство на социјални настани. Нејзиниот син ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на неговата мајка и рече дека „ја имаат нејзината крв на своите раце“.
Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста, рече Јан Рек.
Во земјата во ек е нов бран на пандемијата, при што вчера беа евидентирани околу 20.000 новозаразени со коронавирус.

The post „Повеќе им веруваше на непознати отколку нас“: Од ковид почина пејачката што намерно се зарази само за да добие сертификат appeared first on Република.

]]>