пехчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pehchevo/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 13:41:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пехчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pehchevo/ 32 32 Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/drzhaven-natprevar-za-mladi-inovatori-i-tehnichari-vo-pehchevo/ Sat, 26 Oct 2024 13:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=831270

Во Пехчево денеска се одржа државен натпревар на млади истражувачи од Македонија - Наука на млади и државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТП.

Домаќин на настанот е Општинското основно училиште „Ванчо Китанов" од Пехчево, во чии простории учениците од основните и средните училишта и нивните ментори изработуваа истражувачки и иновативни проекти во 25 области од применети природни и технички науки.

Настанот го отвори градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека организирањето на натпревари од ваков тип на државно ниво е посебно значајно за младите кои со учество на овие натпревари имаат можност да разменат искуствата, да се запознаат со нови методи и технологии на работење.

- Ова претставува еден патоказ на младите кон освојувањето на техничките знаења со значајни стручно-технички содржини. За поздравување е организацијата на Народна техника на РМ каде следејќи го научно- техничкиот прогрес, успеа да развие една широка лепеза на активности чии резултати се очигледни во образованието, науката, одбраната, во откривањето и стимулирањето на надарени млади во стопанството. Голем број на млади аматери што поминале низ бројни организации на Народна техника денес се респектирани научни и истражувачки работници, академци, универзитетски професори, конструктори, фотографи, филмски дејци и други, рече Китански.

Директорката на училиштето Добрила Јовевска им се заблагодари на организаторите за укажаната чест и им посака успех на учесниците во натпреварите.

- На натпреварувачите им порачувам да дадат се од себе и да бидат најдобри, да се стремат и денес и во иднина да го развиваат својот детски ум, да бидат љубопитни, иновативни и креативни, а пред се да се потрудат да си ги реализираат своите креативни, научни, технички имагинации, рече Јовевска.

На штандовите забележливи беа повеќе иновации карактеристични за модерното време, но и практични елаборации за производи кои учесниците сами ги создале, а имаат за цел заштита на човековото здравје, еколошки пронајдоци и иновации за заштита на климата со акцент на прочистување на воздухот по опожарување.

По прегледувањето на сите изуми на кандидатите, комисијата ќе ги прогласи победниците кои се распределени во повеќе категории. Најдобрите ќе учествуваат во понатамошни домашни и меѓународни натпревари.

The post Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Во Пехчево денеска се одржа државен натпревар на млади истражувачи од Македонија - Наука на млади и државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија-СКМТП. Домаќин на настанот е Општинското основно училиште „Ванчо Китанов" од Пехчево, во чии простории учениците од основните и средните училишта и нивните ментори изработуваа истражувачки и иновативни проекти во 25 области од применети природни и технички науки. Настанот го отвори градоначалникот на Пехчево, Александар Китански кој истакна дека организирањето на натпревари од ваков тип на државно ниво е посебно значајно за младите кои со учество на овие натпревари имаат можност да разменат искуствата, да се запознаат со нови методи и технологии на работење.
- Ова претставува еден патоказ на младите кон освојувањето на техничките знаења со значајни стручно-технички содржини. За поздравување е организацијата на Народна техника на РМ каде следејќи го научно- техничкиот прогрес, успеа да развие една широка лепеза на активности чии резултати се очигледни во образованието, науката, одбраната, во откривањето и стимулирањето на надарени млади во стопанството. Голем број на млади аматери што поминале низ бројни организации на Народна техника денес се респектирани научни и истражувачки работници, академци, универзитетски професори, конструктори, фотографи, филмски дејци и други, рече Китански.
Директорката на училиштето Добрила Јовевска им се заблагодари на организаторите за укажаната чест и им посака успех на учесниците во натпреварите.
- На натпреварувачите им порачувам да дадат се од себе и да бидат најдобри, да се стремат и денес и во иднина да го развиваат својот детски ум, да бидат љубопитни, иновативни и креативни, а пред се да се потрудат да си ги реализираат своите креативни, научни, технички имагинации, рече Јовевска.
На штандовите забележливи беа повеќе иновации карактеристични за модерното време, но и практични елаборации за производи кои учесниците сами ги создале, а имаат за цел заштита на човековото здравје, еколошки пронајдоци и иновации за заштита на климата со акцент на прочистување на воздухот по опожарување. По прегледувањето на сите изуми на кандидатите, комисијата ќе ги прогласи победниците кои се распределени во повеќе категории. Најдобрите ќе учествуваат во понатамошни домашни и меѓународни натпревари.

The post Државен натпревар за млади иноватори и техничари во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-gasne-pozharot-kaj-mesnosta-vrtena-skala-pehchevsko-vklucheni-helikopteri-na-arm/ Mon, 12 Aug 2024 11:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=805796

Пехчево денеска е завиено во чад, по пожарот кој вчера околу пладне повторно избувна над градот. Во пожарот изгоре единственото противпожарно возило сопственост на Доброволното противпожарно друштво „Пехчево", а припадници на друштвото се здобија со помали изгореници, откако беа извлечени и спасени од вработените на подружницата на ЈП Национални шуми од Пехчево.

Од утрово пожарот се гаси од земја и воздух со хеликоптерска поддршка на АРМ, додека на терен покрај ДПД „Пехчево" се наоѓа поголем екипаж луѓе од Пехчево и околните места.

Хеликоптерите коишто учествуваат во гаснењето црпат вода од импровизираниот базен на Градскиот стадион.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански апелира и понатаму кој е во можност да се приклучи на екипите со збирно место на градскиот плоштад. Во меѓувреме, на отворениот штанд се доставуваат продукти и вода за учесниците во гаснењето на пожарот.

Моментално ТППЕ Берово заедно со Шумската полиција, претставници од ЈП Национални шуми од Берово и Пехчево, како и припадници на ТППЕ Кавадарци, заеднички го гаснат пожарот над Пехчево на месноста Вртена скала.

The post Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ appeared first on Република.

]]>

Пехчево денеска е завиено во чад, по пожарот кој вчера околу пладне повторно избувна над градот. Во пожарот изгоре единственото противпожарно возило сопственост на Доброволното противпожарно друштво „Пехчево", а припадници на друштвото се здобија со помали изгореници, откако беа извлечени и спасени од вработените на подружницата на ЈП Национални шуми од Пехчево. Од утрово пожарот се гаси од земја и воздух со хеликоптерска поддршка на АРМ, додека на терен покрај ДПД „Пехчево" се наоѓа поголем екипаж луѓе од Пехчево и околните места. Хеликоптерите коишто учествуваат во гаснењето црпат вода од импровизираниот базен на Градскиот стадион. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански апелира и понатаму кој е во можност да се приклучи на екипите со збирно место на градскиот плоштад. Во меѓувреме, на отворениот штанд се доставуваат продукти и вода за учесниците во гаснењето на пожарот. Моментално ТППЕ Берово заедно со Шумската полиција, претставници од ЈП Национални шуми од Берово и Пехчево, како и припадници на ТППЕ Кавадарци, заеднички го гаснат пожарот над Пехчево на месноста Вртена скала.

The post Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ appeared first on Република.

]]>
При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pri-gasnene-na-pozhar-izgore-edinstvenoto-vozilo-na-pozharnata-od-pehchevo/ Mon, 12 Aug 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=805631

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов. Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.

За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.

The post При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево appeared first on Република.

]]>

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов. Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.
За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.

The post При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево appeared first on Република.

]]>
Пожарите во Пехчево се уште активни- градоначалникот со апел https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pozharite-vo-pehchevo-se-ushte-aktivni-gradonachalnikot-so-apel/ Sun, 11 Aug 2024 19:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=805592

По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.

-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб.

Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Пожарот денеска попладне избувна кај месноста Јудови Ливади, а истиот како што информираа медиумите е забележлив и од бугарска страна. На терен попладнето излегоа екипи на ДПД „Пехчево“, вработени во ТППЕ Берово, ЈПШС „Равна Река” Пехчево.

The post Пожарите во Пехчево се уште активни- градоначалникот со апел appeared first on Република.

]]>

По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.
-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб.
Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот. Пожарот денеска попладне избувна кај месноста Јудови Ливади, а истиот како што информираа медиумите е забележлив и од бугарска страна. На терен попладнето излегоа екипи на ДПД „Пехчево“, вработени во ТППЕ Берово, ЈПШС „Равна Река” Пехчево.

The post Пожарите во Пехчево се уште активни- градоначалникот со апел appeared first on Република.

]]>
Голем пожар над Пехчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-nad-pehchevo/ Sun, 11 Aug 2024 15:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=805510

Нов голем пожар денеска повторно избувна во Пехчево. Според информациите на Прес 24, повторно се мобилизира населението за гаснење на оваа голема стихија. Локалците оттаму јавуваат дека овој е многу полош од претходниот.

Гори местото викано Буковиќ, на три километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата.

Алармираат дека покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време. Позитивно е тоа што веќе во овој регион има подготвени служби за гаснење.

Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови.

На терен во гаснењето се противпожарните екипи и локалното население. Повеќе информации се очекуваат наскоро.

The post Голем пожар над Пехчево appeared first on Република.

]]>

Нов голем пожар денеска повторно избувна во Пехчево. Според информациите на Прес 24, повторно се мобилизира населението за гаснење на оваа голема стихија. Локалците оттаму јавуваат дека овој е многу полош од претходниот. Гори местото викано Буковиќ, на три километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата. Алармираат дека покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време. Позитивно е тоа што веќе во овој регион има подготвени служби за гаснење. Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови. На терен во гаснењето се противпожарните екипи и локалното население. Повеќе информации се очекуваат наскоро.

The post Голем пожар над Пехчево appeared first on Република.

]]>
Пехчево спасено, пожарот локализиран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pehchevo-spaseno-pozharot-lokaliziran/ Wed, 31 Jul 2024 19:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=802097

Локализиран големиот пожар кој во вторникот избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.

Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.

 Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција - Пехчево, вработени во МВР,  Армијата на РСМ, вработени во Општина Пехчево,  пожарникари од цела Македонија. Исто така благодарност до хеликоптерите на МВР,  ер тракторите на ЦУК, вработени во Центар за управување со кризи, месното население од село Негрево и Пехчево, механизација на повеќе општествено одговорни фирми, доброволци од соседните градови. Добивме и  безрезервна помош од општествено одговорни компании и фирми, истакнаа од Општината.

Оттаму апелираат до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат бидејќи при постоечките високи температури може да настане повторно пожар од големи размери.

Претходно во текот на денот беше отворен пункт за донации каде граѓани од Малешевијата и Пијанец донираа продукти за учесниците во гаснењето на пожарот.

Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува.

The post Пехчево спасено, пожарот локализиран appeared first on Република.

]]>

Локализиран големиот пожар кој во вторникот избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.
 Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција - Пехчево, вработени во МВР,  Армијата на РСМ, вработени во Општина Пехчево,  пожарникари од цела Македонија. Исто така благодарност до хеликоптерите на МВР,  ер тракторите на ЦУК, вработени во Центар за управување со кризи, месното население од село Негрево и Пехчево, механизација на повеќе општествено одговорни фирми, доброволци од соседните градови. Добивме и  безрезервна помош од општествено одговорни компании и фирми, истакнаа од Општината.
Оттаму апелираат до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат бидејќи при постоечките високи температури може да настане повторно пожар од големи размери. Претходно во текот на денот беше отворен пункт за донации каде граѓани од Малешевијата и Пијанец донираа продукти за учесниците во гаснењето на пожарот. Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува.

The post Пехчево спасено, пожарот локализиран appeared first on Република.

]]>
Пожарот над Пехчево се поблиску до првите куќи, Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozharot-nad-pehchevo-se-poblisku-do-prvite-kuki-kitanski-apelira-naselenieto-da-se-vkluchi-vo-gasneneto/ Tue, 30 Jul 2024 16:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=801795

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот.

Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него, сепак се потребни  многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.

-Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот, апелира градоначалникот.

На терен веќе се наоѓаат екипи на Добдоволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“.

Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните за подготвеност за евакуација.

The post Пожарот над Пехчево се поблиску до првите куќи, Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански денеска, преку својот фејсбук профил, апелира населението да се вклучи во гаснењето на пожарот кој стигна над градот Пехчево. Пожарот денеска повторно избувна над селото Негрево и носен од ветрот се шири во правец на градот. Во моментот, како што информира Китански од терен, сите инволвирани во гаснењето на пожарот имаат и авионска поддршка, но, според него, сепак се потребни  многу луѓе и ресурси за сузбивање на пожарот кој потпомогнат од ветрот, засега е надвор од контрола.
-Почитувани граѓани, сите кои можат нека се приклучат во гаснењето на пожарот, апелира градоначалникот.
На терен веќе се наоѓаат екипи на Добдоволното противпожарно друштво од Пехчево, пожарникари од Берово и месно население, вработени во Јавното комунално претпријатие и подружницата на „Национални шуми“. Предупредување до жителите упатија и од црковното свештенство кои со биење на црковните ѕвона ги информираат граѓаните за подготвеност за евакуација.

The post Пожарот над Пехчево се поблиску до првите куќи, Китански апелира населението да се вклучи во гаснењето appeared first on Република.

]]>
Фестивал на дувачки оркестри на плоштадот „Св. Петар и Павле” во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/scena/festival-na-duvachki-orkestri-na-ploshtadot-sv-petar-i-pavle-vo-pehchevo/ Fri, 12 Jul 2024 08:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=796068

Фестивалот на Дувачки оркестри во Пехчево, годинава традиционално по повод празникот Павловден, ќе се одржи на 12 и 13 јули 2024 година, а плоштадот “Св. Петар и Павле” во Пехчево ќе биде место за уживање на двете фестивалски вечери.

Програма:

12.07.2024 (Петок)

21:00 – 23:00 – Љубојна – концерт
23:00 – 01:00 – Дувачки оркестар „Bojan Ristic Brass Band“ – Република Србија
01:00 – 03:00 – Brass Brothers

13.07.2024 (Сабота)

12:00 – 12:15 – Отварање на Етно саемот – „Пехчевски Павловден“
12:15 – 12:30 – Здружение на пензионери – „Малешевска китка“ – Пехчево
13:00 – 13:30 – КУД „Димитар Беровски – Берово“
13:30 – 14:00 – Руско културно уметничко друштво „Славјанка“
14:00 – Црковен ручек
14:00 – 14:15 – Културно уметничко друштво „Искрици“ – Благоевград – Република Бугарија
14:30 – 16:00 – „Штекици“ – Берово
20:00 – 21:00 – Фестивал на детски песни „Поточиња“
21:00 – 23:00 – Дувачки оркестар „Dejan Petrovic Big Band“ – Република Србија
23:00 – 01:00 – Милица Тодорович – концерт
01:00 – 03:00 – Dj Doomloaf

Бидете дел од овој интересен фестивал!

The post Фестивал на дувачки оркестри на плоштадот „Св. Петар и Павле” во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на Дувачки оркестри во Пехчево, годинава традиционално по повод празникот Павловден, ќе се одржи на 12 и 13 јули 2024 година, а плоштадот “Св. Петар и Павле” во Пехчево ќе биде место за уживање на двете фестивалски вечери. Програма: 12.07.2024 (Петок) 21:00 – 23:00 – Љубојна – концерт 23:00 – 01:00 – Дувачки оркестар „Bojan Ristic Brass Band“ – Република Србија 01:00 – 03:00 – Brass Brothers 13.07.2024 (Сабота) 12:00 – 12:15 – Отварање на Етно саемот – „Пехчевски Павловден“ 12:15 – 12:30 – Здружение на пензионери – „Малешевска китка“ – Пехчево 13:00 – 13:30 – КУД „Димитар Беровски – Берово“ 13:30 – 14:00 – Руско културно уметничко друштво „Славјанка“ 14:00 – Црковен ручек 14:00 – 14:15 – Културно уметничко друштво „Искрици“ – Благоевград – Република Бугарија 14:30 – 16:00 – „Штекици“ – Берово 20:00 – 21:00 – Фестивал на детски песни „Поточиња“ 21:00 – 23:00 – Дувачки оркестар „Dejan Petrovic Big Band“ – Република Србија 23:00 – 01:00 – Милица Тодорович – концерт 01:00 – 03:00 – Dj Doomloaf Бидете дел од овој интересен фестивал!

The post Фестивал на дувачки оркестри на плоштадот „Св. Петар и Павле” во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Создаден е артаноиден режим кој ја уништува Македонија, затоа е важно да ја вратиме државата на народот, а потоа и да ја трансформираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sozdaden-e-artanoiden-rezhim-koj-ja-unishtuva-makedonija-zatoa-e-vazhno-da-ja-vratime-drzhavata-na-narodot-a-potoa-i-da-ja-transformirame/ Sat, 20 Apr 2024 17:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=768565

Луѓето се обединуваат околу промените, а потоа сето она кое го изгубивме во изминативе 6 и половина години ќе треба да го надоместиме, да го исправиме, да ја трансформираме Македонија, да ја направиме повторно горда и повторно твоја. За тоа да се случи потребна е поддршка од граѓаните, победата треба да е историска со 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пехчево.

Мицкоски посочи дека некои овие зборови за 61 пратеник ги извртуваат за да го направат анти Албанец, но им порача дека не е анти Албанец, туку анти криминалците од ДУИ како Али Ахмети, Артан Груби и сличните.

-Кога велиме 61 пратеник мислиме да имаме стабилна влада која ќе ја трансформира Македонија, влада која ќе ги исправи сите погрешни политики од изминативе 6 и половина година. Планираме да ја развиваме државата. Мора да ја вратиме надежта кај граѓаните. Затоа е важно оваа порака на национално единство да ја рашириме низ Македонија. За национално обединување, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на претседателските избори има две опции, од една страна Стево Пендаровски кој е претставник на артаноидидниот режим, измеќар на Али Ахмети и 5 години никаде го нема и ги ужива сите привилегии на Водно од каде најубаво му е да каже дека Гоце Делчев е Бугарин и дека ако не бил претседател ќе се отселел.

-Од другата страна е професорката Гордана Силјановска Давкова која е жена борец, патриот, и изминативе 4 години во Парламентот покажа дека се бори за своите принципи и со аргументи ги брани македонскиот национален интерес и идентитет. И не само од Македонија туку и надвор таа е борец за македонскиот народ и Македонија, изјави Мицкоски.

Мицкоски воедно истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е направена преку консултации со граѓаните и таму има за секого и за сите општини.

-Од вас зависи каква ќе биде иднината, да се обединиме и мобилизираме и да ја рашириме пораката за горда и твоја Македонија да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова, и за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да може да ја трансформираме Македонија, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Создаден е артаноиден режим кој ја уништува Македонија, затоа е важно да ја вратиме државата на народот, а потоа и да ја трансформираме appeared first on Република.

]]>

Луѓето се обединуваат околу промените, а потоа сето она кое го изгубивме во изминативе 6 и половина години ќе треба да го надоместиме, да го исправиме, да ја трансформираме Македонија, да ја направиме повторно горда и повторно твоја. За тоа да се случи потребна е поддршка од граѓаните, победата треба да е историска со 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пехчево. Мицкоски посочи дека некои овие зборови за 61 пратеник ги извртуваат за да го направат анти Албанец, но им порача дека не е анти Албанец, туку анти криминалците од ДУИ како Али Ахмети, Артан Груби и сличните. -Кога велиме 61 пратеник мислиме да имаме стабилна влада која ќе ја трансформира Македонија, влада која ќе ги исправи сите погрешни политики од изминативе 6 и половина година. Планираме да ја развиваме државата. Мора да ја вратиме надежта кај граѓаните. Затоа е важно оваа порака на национално единство да ја рашириме низ Македонија. За национално обединување, изјави Мицкоски. Мицкоски посочи дека на претседателските избори има две опции, од една страна Стево Пендаровски кој е претставник на артаноидидниот режим, измеќар на Али Ахмети и 5 години никаде го нема и ги ужива сите привилегии на Водно од каде најубаво му е да каже дека Гоце Делчев е Бугарин и дека ако не бил претседател ќе се отселел. -Од другата страна е професорката Гордана Силјановска Давкова која е жена борец, патриот, и изминативе 4 години во Парламентот покажа дека се бори за своите принципи и со аргументи ги брани македонскиот национален интерес и идентитет. И не само од Македонија туку и надвор таа е борец за македонскиот народ и Македонија, изјави Мицкоски. Мицкоски воедно истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е направена преку консултации со граѓаните и таму има за секого и за сите општини. -Од вас зависи каква ќе биде иднината, да се обединиме и мобилизираме и да ја рашириме пораката за горда и твоја Македонија да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова, и за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да може да ја трансформираме Македонија, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Создаден е артаноиден режим кој ја уништува Македонија, затоа е важно да ја вратиме државата на народот, а потоа и да ја трансформираме appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево, изградба на капела, нов пат до село Панчарево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vo-platforma-1198-predviduvame-tselosna-rekonstruktsija-na-patot-pehchevo-delchevo-izgradba-na-kapela-nov-pat-do-selo-pancharevo/ Sat, 20 Apr 2024 16:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=768546

На митингот во Пехчево пред присутните зборуваше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица при што посочи на важноста на изградба на клиничката болница во Штип, посочувајќи дека таа треба да биде регионална клиничка болна која што ќе опслужува граѓаните од источниот дел на Македонија и која ќе овозможи граѓаните да се лекуваат таму, место по здравствени услуги да патуваат до Скопје.

Ковачки зборуваше и земјоделието, во која прилика истакна дека, влада на СДСМ и ДУИ од Македонија земјоделска држава, направија земја која увезува земјоделски производи како што се на пример, доматите и краставиците, кои во последно време се увезуваат од Косово.

Тој, исто така, се осврна и на иселувањето, не само на младите туку и на цели семејства, кои од Македонија си заминуваат освен поради економски причини, туку и поради нефункционирањето на системот. Ако порано, додаде Ковачки, македонските граѓани се иселуваа само поради што во Македонија не можеа економски да опстанат, сега имаме ситуации каде што се иселуваат и добро ситуирани граѓани.

За да му се стави крај на сето ова, Ковачки повика да се излезе масовно на избори, прво на 24 април да се забележи огромна победа, а потоа и на 8 мај големата победа да биде верификувана и Македонија повторно да биде вратена во рацете на граѓаните.

Ковачки се осврна и на проектите за овој регион кои се вклучени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Платформа 1198“ при што ги наброја следните инфраструктурни проекти:

– Предвидуваме целосна реконструкција на патот од Делчево до Пехчево;

– Предвидуваме целосна реконструкција на влезот на Пехчево од Делчево;

– Предвидуваме изградба на нов пат до село Панчарево;

– Ќе го завршиме патот Умлена – Робово – Чифлик;

– За граѓаните на Пехчево ќе изградиме градска капела;

– Нашата влада планира да делегира два милиони евра во четири годишен мандат само за општина Пехчево“, наброја Ковачки, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има проект за целосна децентрализација на општините, со цел граѓаните да живеат подобро и подостоинствено.

 

The post Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево, изградба на капела, нов пат до село Панчарево appeared first on Република.

]]>

На митингот во Пехчево пред присутните зборуваше Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица при што посочи на важноста на изградба на клиничката болница во Штип, посочувајќи дека таа треба да биде регионална клиничка болна која што ќе опслужува граѓаните од источниот дел на Македонија и која ќе овозможи граѓаните да се лекуваат таму, место по здравствени услуги да патуваат до Скопје. Ковачки зборуваше и земјоделието, во која прилика истакна дека, влада на СДСМ и ДУИ од Македонија земјоделска држава, направија земја која увезува земјоделски производи како што се на пример, доматите и краставиците, кои во последно време се увезуваат од Косово. Тој, исто така, се осврна и на иселувањето, не само на младите туку и на цели семејства, кои од Македонија си заминуваат освен поради економски причини, туку и поради нефункционирањето на системот. Ако порано, додаде Ковачки, македонските граѓани се иселуваа само поради што во Македонија не можеа економски да опстанат, сега имаме ситуации каде што се иселуваат и добро ситуирани граѓани. За да му се стави крај на сето ова, Ковачки повика да се излезе масовно на избори, прво на 24 април да се забележи огромна победа, а потоа и на 8 мај големата победа да биде верификувана и Македонија повторно да биде вратена во рацете на граѓаните. Ковачки се осврна и на проектите за овој регион кои се вклучени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Платформа 1198“ при што ги наброја следните инфраструктурни проекти: – Предвидуваме целосна реконструкција на патот од Делчево до Пехчево; – Предвидуваме целосна реконструкција на влезот на Пехчево од Делчево; – Предвидуваме изградба на нов пат до село Панчарево; – Ќе го завршиме патот Умлена – Робово – Чифлик; – За граѓаните на Пехчево ќе изградиме градска капела; – Нашата влада планира да делегира два милиони евра во четири годишен мандат само за општина Пехчево“, наброја Ковачки, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има проект за целосна децентрализација на општините, со цел граѓаните да живеат подобро и подостоинствено.  

The post Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево, изградба на капела, нов пат до село Панчарево appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-pehchevo/ Sat, 20 Apr 2024 15:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=768526

Во тек е народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево кој може да го следите во живо:

https://www.youtube.com/live/93SMkDv8b1w?si=sKsUEpSQ6c1pwPj-

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Во тек е народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево кој може да го следите во живо: https://www.youtube.com/live/93SMkDv8b1w?si=sKsUEpSQ6c1pwPj-

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/peshevska-demografskiot-alarm-e-vkluchen-na-pat-sme-da-staneme-drzhava-bez-narod/ Sun, 22 Oct 2023 13:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=693899

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија” во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”

Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд.

– Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, има криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат – рече Пешевска.

На пат сме да станеме држава без народ рече Пешевска, истакнувајќи дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини има целосно иселување, градовите се празнат.

– Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан” кои ја користеа млади – истакна Пешевска.

Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството, посочи таа.

-Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме е да креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата. Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право – рече Пешевска.

The post Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ appeared first on Република.

]]>

Не случајно денеска сме во Пехчево, тоа е еден од првите градови со најголем јаз, најголемо иселување, околу 30% се имаат иселено, демографскиот аларм одамна е вклучен. Бројките се немилосрдни. Не само што се намалува вкупното население за околу 200 илјади за 20 години, фрапантен е податокот дека имаме намалување на возрасната категорија од 15 до 64 години, а тоа е работоспособното население, изјави Жаклина Пешевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија” во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” Пешевска нагласи дека овие фактори влијаат на помал број запишани ученици, студенти, намалување на пазарот на труд. – Причините за иселување велат дека се за подобри економски состојби, но тие се од различна природа, во државата нема ефикасна здравствена заштита, немаме добра социјална заштита, нема владеење на право, има криминал и корупција на секој чекор. Граѓаните во таква атмосфера го гледаат излезот надвор. Големи стопанственици заминуваат и не размислуваат да се вратат – рече Пешевска. На пат сме да станеме држава без народ рече Пешевска, истакнувајќи дека во последниве години учениците немаат книги, во руралните средини има целосно иселување, градовите се празнат. – Имаме национална стратегија за демографија која не е функционална, важно е да размислуваме за функционална национална стратегија, сите мерки кои ќе ги имаме како идна власт да бидат применливи. На оваа власт не и е во фокус да го крева човечкиот капитал и низа мерки од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги укинаа како мерката за трето дете, „купи куќа купи стан” кои ја користеа млади – истакна Пешевска. Важно е да работиме со ресурсите кои ги имаме, и во фокус треба да ни биде семејството како столб на општеството, посочи таа. -Сите проекти кои ќе ни бидат во таа национална стратегија треба да ги опфатат сите целни групи и возрасти во државата. За младите се знае, квалитетно образование, вработување, високи плати. За жените можам многу да говорам, многу податоци кажуваат за родовата димензија, немаме економски силни жени и првата работа која треба да ја таргетираме е да креираме повеќе мерки за економско јакнење на жените, немаме жени сега на раководни позиции, 220 илјади жени се домаќинки. Ни требаат изградба на нови градинки, проширување на постоечките, ни треба владеење на право, заштита на децата. Понатаму даночни бенефиции за многудетни семејства, намалување на ДДВ за бебешка облека, пелени, менструални производи. Треба да размислуваме и за старосна пензија за мајки на повеќе од 3 деца кои не успеале да остварат право – рече Пешевска.

The post Пешевска: Демографскиот аларм е вклучен, на пат сме да станеме држава без народ appeared first on Република.

]]>
Родено првото бебе во 2023 во Пехчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rodeno-prvoto-bebe-vo-2023-vo-pehchevo/ Tue, 21 Feb 2023 10:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=611444

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево.

Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете.

Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.

Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.

 

The post Родено првото бебе во 2023 во Пехчево appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево. Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете. Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански. Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојот син. Сепак мојот новороден син ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави мајката Шарбина.  

The post Родено првото бебе во 2023 во Пехчево appeared first on Република.

]]>
Во дом во Пехчево 59-годишен човек си одгледувал растенија канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dom-vo-pehchevo-59-godishen-chovek-si-odgleduval-rastenija-kanabis/ Tue, 16 Aug 2022 10:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=540869

МВР информира дека вчера полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија канабис сатива, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.

По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик - информираат од МВР.

The post Во дом во Пехчево 59-годишен човек си одгледувал растенија канабис appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека вчера полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода З.М.(59) од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија канабис сатива, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства.
По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик - информираат од МВР.

The post Во дом во Пехчево 59-годишен човек си одгледувал растенија канабис appeared first on Република.

]]>
Самостојно заминал од Клиничкиот центар во Скопје по што исчезнал: Се трага по 74-годишник од Пехчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/samostojno-zaminal-od-klinichkiot-centar-vo-skopje-po-shto-ischeznal-se-traga-po-74-godishnik-od-pehchevo/ Mon, 07 Mar 2022 07:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=468737

Полицијата се уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село.

Исчезнувањето го пријавила неговата сестра од Делчево.

Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од с.Црник, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец - велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека до моментот К.Д. се уште се нема вратено во неговиот дом во Црник.

Во меѓувреме се преземаат мерки за пронаоѓање на 74-годишникот.

The post Самостојно заминал од Клиничкиот центар во Скопје по што исчезнал: Се трага по 74-годишник од Пехчево appeared first on Република.

]]>

Полицијата се уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето го пријавила неговата сестра од Делчево.
Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од с.Црник, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец - велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека до моментот К.Д. се уште се нема вратено во неговиот дом во Црник. Во меѓувреме се преземаат мерки за пронаоѓање на 74-годишникот.

The post Самостојно заминал од Клиничкиот центар во Скопје по што исчезнал: Се трага по 74-годишник од Пехчево appeared first on Република.

]]>