ПЕГАЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pegaz/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 08:08:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПЕГАЗ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pegaz/ 32 32 За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи https://arhiva3.republika.mk/vesti/za-nagradata-pegaz-ke-se-natprevaruvaat-56-rakopisi/ Wed, 03 Jul 2024 08:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=792928

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, пристигнаа 56 ракописи. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, беше отворен до 1 јули 2024 година.

Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи, а за победнички беше избран романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова, на која ѝ беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост.

„Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Покрај ланскиот победник „Риба во(н) мрежа“, досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

The post За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи appeared first on Република.

]]>

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, пристигнаа 56 ракописи. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, беше отворен до 1 јули 2024 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи, а за победнички беше избран романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова, на која ѝ беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост. „Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Покрај ланскиот победник „Риба во(н) мрежа“, досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

The post За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи appeared first on Република.

]]>
Јована Матевска Атанасова, добитничката на наградата „Пегаз“ тинејџерскиот роман „Риба во(н) мрежа“ го напишала на мобилен телефон https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jovana-matevska-atanasova-dobitnichkata-na-nagradata-pegaz-tinejdherskiot-roman-riba-vo-n-mrezha-go-napishala-na-mobilen-telefon/ Wed, 17 Apr 2024 11:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=767095

Со свеченост во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (16 април) беше врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година и беше промовиран победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, се обрати жирито во состав: Николина Андова Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и универзитетска професорка, и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“.

Романот за млади „Риба во(н) мрежа“ на хумористичен начин им пристапува на темите што ги допираат современите тинејџери, нивната зависност од мобилните уреди, мултилингвалноста како феномен на Генерацијата З и нивната зачуденост пред реалниот свет. Младата авторка и лауреат на „Пегаз“, Јована Матевска Атанасова изјави дека оваа награда е највисоко достигнување во нејзината досегашна работа.

Секоја добиена награда за мене има посебна вредност, претставува одреден период од моето творештво, а наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд. Инспирацијата за „Риба во(н) мрежа“ ја добив пред три години, откако сестра ми се пресели во Австралија. Во фаза на носталгија постојано шетав со мислите тука и таму, сега и некогаш, и така неслучајно се роди овој ракопис за млади. Сакав да напишам забавна книга што ќе биде еднакво привлечна и за младите, колку и за нивните родители, но во обратен реципроцитет, роман што родителите ќе го истргнат од рацете на децата за да го прочитаат. Знаев дека ликот на Ника треба да биде, пред сѐ, хумористичен, интригантен и доволно возбудлив, а воедно, ракописот да понуди нешто досега невидено во нашата литература за млади – да создадам концепт на интерфејс и графички елементи што „од око“ ќе го натераат читателот, а тука пред сѐ мислам на тинејџерот, да се „фати за книгата“. Не ми е првпат да си поиграм со прозната форма. Напротив, нејзиното обликување, па дури и креативно обезличување, за мене е предизвик. Дејството го сместив во македонскиот Ерусалим, Охрид, градот што дише во тактот на историјата и религијата, во обид да поставам паралела помеѓу сегашниот свет оддалечен од реалноста. Така и би го карактеризирала романот, напишан како билингвален во секоја смисла – на јазикот на возрасните и јазикот на децата, јазикот на невиноста и јазикот на созревањето, јазикот на емотиконите и азбуката... Она што „Риба во(н) мрежа“ се обидува да го разгласи е дека никој од нас не ѝ робува на технологијата, но постојано растеме со новите пронајдоци. Најсилниот алгоритам сепак се љубовта и семејството и тоа го одржувало човештвото низ вековите, не копчето, не електронската команда. Колку поскоро станеме свесни (ние и генерациите кои доаѓаат по нас) која е централната нота на исполнет живот, толку повеќе ќе научиме да уживаме во него – изјави Матевска Атанасова, која откри дека и книгата ја напишала на својот телефон.

Одлуката да го прогласи за победнички романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова била едногласна, поткрепена со еден силен и издржан аргумент: дека овој роман – кој се приближува до светските трендови за пишување литература за млади – би можел да го поттикне односниот жанр во нашата културна средина и да постави одреден стандард на кој би се надоврзале идните автори на литература за млади.

„Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на младите читатели. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот вовед дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“. Зад оваа своевидна лажна трага се крие посложена и послоевита приказна, во која, освен спротивставувањето на реалниот и виртуелниот свет, пред читателот се открива внатрешниот, емотивен свет на една млада девојка која се соочува со многу предизвици. Она што додава вредност на овој роман е директното реферирање на книжевни класици за деца од македонската книжевна историографија, како што се: „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски, „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски, „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски... суптилно сугерирајќи дека лектирата е неизоставен дел во форматирањето на личноста и воспитувањето на вкусот од најмала возраст, но и дека книгата, како и мобилниот телефон, ја има таа моќ моментно да нè прошета низ времето и да ни врати пријатни спомени, без разлика на „застареноста на моделот“ – се вели во образложението на жирито што го прочита Николина Андова Шопова.

Уредничката на книгата, а воедно и член на жирито, Бисера Бендевска, рече дека „овој роман го проветрува македонскиот книжевен простор, неагресивно внесува модерност во корпусот за млади читатели, а истовремено се поклонува и се надоврзува на поставените темели од претходниците, затоа што само на тој начин се воспоставува континуитет и се постигнува правилен развој во една национална книжевност“.

Ако македонските „зумери“ и читателите од сите генерации кои повремено сакаат да направат мала книжевна екскурзија во други жанрови и возрасни категории, досега се задоволувале со преводите на бестселерите од фикцијата за млади од светот, од денеска ќе имаат можност да прочитаат еден свеж, македонски книжевен производ и да посакаат повеќе вакви домашни книги на читателското мени – рече Бендевска.

Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година е во тек и ќе биде отворен до 1 јули. За наградата може да се конкурира со необјавени романи (ракописи) на македонски јазик, за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2024 година. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

The post Јована Матевска Атанасова, добитничката на наградата „Пегаз“ тинејџерскиот роман „Риба во(н) мрежа“ го напишала на мобилен телефон appeared first on Република.

]]>

Со свеченост во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (16 април) беше врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година и беше промовиран победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, се обрати жирито во состав: Николина Андова Шопова, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, Ивана Трајаноска, писателка и универзитетска професорка, и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Романот за млади „Риба во(н) мрежа“ на хумористичен начин им пристапува на темите што ги допираат современите тинејџери, нивната зависност од мобилните уреди, мултилингвалноста како феномен на Генерацијата З и нивната зачуденост пред реалниот свет. Младата авторка и лауреат на „Пегаз“, Јована Матевска Атанасова изјави дека оваа награда е највисоко достигнување во нејзината досегашна работа. Секоја добиена награда за мене има посебна вредност, претставува одреден период од моето творештво, а наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд. Инспирацијата за „Риба во(н) мрежа“ ја добив пред три години, откако сестра ми се пресели во Австралија. Во фаза на носталгија постојано шетав со мислите тука и таму, сега и некогаш, и така неслучајно се роди овој ракопис за млади. Сакав да напишам забавна книга што ќе биде еднакво привлечна и за младите, колку и за нивните родители, но во обратен реципроцитет, роман што родителите ќе го истргнат од рацете на децата за да го прочитаат. Знаев дека ликот на Ника треба да биде, пред сѐ, хумористичен, интригантен и доволно возбудлив, а воедно, ракописот да понуди нешто досега невидено во нашата литература за млади – да создадам концепт на интерфејс и графички елементи што „од око“ ќе го натераат читателот, а тука пред сѐ мислам на тинејџерот, да се „фати за книгата“. Не ми е првпат да си поиграм со прозната форма. Напротив, нејзиното обликување, па дури и креативно обезличување, за мене е предизвик. Дејството го сместив во македонскиот Ерусалим, Охрид, градот што дише во тактот на историјата и религијата, во обид да поставам паралела помеѓу сегашниот свет оддалечен од реалноста. Така и би го карактеризирала романот, напишан како билингвален во секоја смисла – на јазикот на возрасните и јазикот на децата, јазикот на невиноста и јазикот на созревањето, јазикот на емотиконите и азбуката... Она што „Риба во(н) мрежа“ се обидува да го разгласи е дека никој од нас не ѝ робува на технологијата, но постојано растеме со новите пронајдоци. Најсилниот алгоритам сепак се љубовта и семејството и тоа го одржувало човештвото низ вековите, не копчето, не електронската команда. Колку поскоро станеме свесни (ние и генерациите кои доаѓаат по нас) која е централната нота на исполнет живот, толку повеќе ќе научиме да уживаме во него – изјави Матевска Атанасова, која откри дека и книгата ја напишала на својот телефон. Одлуката да го прогласи за победнички романот „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова била едногласна, поткрепена со еден силен и издржан аргумент: дека овој роман – кој се приближува до светските трендови за пишување литература за млади – би можел да го поттикне односниот жанр во нашата културна средина и да постави одреден стандард на кој би се надоврзале идните автори на литература за млади.
„Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на младите читатели. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот вовед дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“. Зад оваа своевидна лажна трага се крие посложена и послоевита приказна, во која, освен спротивставувањето на реалниот и виртуелниот свет, пред читателот се открива внатрешниот, емотивен свет на една млада девојка која се соочува со многу предизвици. Она што додава вредност на овој роман е директното реферирање на книжевни класици за деца од македонската книжевна историографија, како што се: „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски, „Касни порасни“ од Петре М. Андреевски, „Шеќерна приказна“ од Славко Јаневски... суптилно сугерирајќи дека лектирата е неизоставен дел во форматирањето на личноста и воспитувањето на вкусот од најмала возраст, но и дека книгата, како и мобилниот телефон, ја има таа моќ моментно да нè прошета низ времето и да ни врати пријатни спомени, без разлика на „застареноста на моделот“ – се вели во образложението на жирито што го прочита Николина Андова Шопова.
Уредничката на книгата, а воедно и член на жирито, Бисера Бендевска, рече дека „овој роман го проветрува македонскиот книжевен простор, неагресивно внесува модерност во корпусот за млади читатели, а истовремено се поклонува и се надоврзува на поставените темели од претходниците, затоа што само на тој начин се воспоставува континуитет и се постигнува правилен развој во една национална книжевност“.
Ако македонските „зумери“ и читателите од сите генерации кои повремено сакаат да направат мала книжевна екскурзија во други жанрови и возрасни категории, досега се задоволувале со преводите на бестселерите од фикцијата за млади од светот, од денеска ќе имаат можност да прочитаат еден свеж, македонски книжевен производ и да посакаат повеќе вакви домашни книги на читателското мени – рече Бендевска.
Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година е во тек и ќе биде отворен до 1 јули. За наградата може да се конкурира со необјавени романи (ракописи) на македонски јазик, за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2024 година. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

The post Јована Матевска Атанасова, добитничката на наградата „Пегаз“ тинејџерскиот роман „Риба во(н) мрежа“ го напишала на мобилен телефон appeared first on Република.

]]>
На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи https://arhiva3.republika.mk/vesti/na-pettiot-konkurs-za-nagradata-pegaz-pristignaa-36-rakopisi/ Thu, 12 Oct 2023 11:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=690486

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи. Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година.

Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември 2023 година.

На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 38 ракописи, а за победнички беше избран романот „Зелениот дворец“ од писателот Сибо, кому му беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата е востановена и се доделува од 2019 година.

 

The post На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи appeared first on Република.

]]>

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи. Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември 2023 година. На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 38 ракописи, а за победнички беше избран романот „Зелениот дворец“ од писателот Сибо, кому му беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост. Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата е востановена и се доделува од 2019 година.  

The post На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи appeared first on Република.

]]>
Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pettiot-konkurs-za-knizhevnata-nagrada-pegaz-otvoren-do-30-septemvri/ Mon, 21 Aug 2023 10:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=674150

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до 30 септември 2023 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.
Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година.
Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.
Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.
Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022).
.

The post Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември appeared first on Република.

]]>

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до 30 септември 2023 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Наградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021) и „Зелениот дворец“ од Сибо (2022). .

The post Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември appeared first on Република.

]]>
Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-zloupotrebata-na-tajnite-sluzbi-vo-izveshtaj-na-sovet-na-evropa/ Fri, 16 Dec 2022 17:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=586636

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако  книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ  е под постојано незаконско следење и физичко и електронско.

Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби.

Збор два за „Пегазус“, тој  претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот.

Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот.

Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји.

Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа.


Колумна на Александар Николоски

The post Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>

Месециве наназад Европа повторно ја тресат скандали поврзани со злоупотреба на тајни служби, нелегално следење и прислушување. Изгледаше како тоа време да е позади нас но со развојот на технологијата како повторно да се враќа и засилува. Ако  книгата “1984” на Орвел во одреден период изгледаше како надминат страв пред се заради силната контрола и добрата законска регулатива, во последниов период силите кои сакаат да ги злоупотребат службите повторно наоѓаат начин. Од тоа имун не е ни Македонија. Во Македонија службите се постојано злоупотребувани и нема власт која не е опиена од моќта на службите, по правило таа опиеност води до пропаст на секоја власт. Актуелната Влада на СДСМ и ДУИ иако имаше златна шанса еднаш за секогаш да стави крај на злоупотребите, особено имајќи предвид како дојде на власт сепак отиде можеби и најдалеку во злоупотребата. Така раководството на ВМРО ДПМНЕ  е под постојано незаконско следење и физичко и електронско. Имајќи ги предвид овие загрижувачки појави Советот на Европа преку својата Комисија за правни прашања и човекови права одржана сесија посветена на злоупотребата на системот за нелегално следење “Пегасуз”. На сесијата беа поканети жртви на незаконското следење од Шпанија, Полска и Грција, како резултат на тоа на пленарната сесија во Јануари ќе се усвои извештај со препораки од кој дел ќе бидат и македонските злоупотреби. Збор два за „Пегазус“, тој  претставува разузнавачки софтвер развиен и промовиран од израелската компанија НСО Груп, тој може прикриено да се инсталира на мобилни телефони кои работат на повеќето верзии на ИОС и Андроид. Најпрвата верзија на Пегазус, која што беше откриена од производителите во 2016 навлезе во телефоните преку таканареченото spear phishing , текстуални пораки или емеилови кои можат да ја намамат целта да кликне на лажен линк. Доколку ниту со едно таканаречено spear-phishing или пак со zero attack не успеале, “Пегазуз” сепак може да биде инсталиран преку безжичен трансресивер поставен во близина на таргетираниот телефон, или со физички пристап до уредот. Откако еднаш ќе се инсталира на телефон, забележано е дека Пегазуз може да работи и да прави произволен код, да извлекува контакти, листа на повици, пораки, фотографии, веб пребарувања, подесувања, како и да прибира информации од апликации вклучително и апликација за комуникација како IMessage, Gmail, Viber, Facebook, WhatsApp, Telegram и Skype. Може прикриено да го направи мобилниот да е уред за 24 часовно надгледување и следење бидејќи добива целосен пристап до сите информации од телефонот. Може да чита пораки или да праќа и прима пораки за кои се претпоставува дека се криптирани, може да зачувува слики, да слуша и снима звучни или видео разговори. Има целосен пристап до камерата на телефонот, микрофонот и локацијата. Всушност прислушувачите може да знаат повеќе од сопственикот на телефонот. Во 2020 години список со повеќе од 50000 телефонски броеви за кои се претпоставува дека припаѓале на индивидуалци како „личности од интерес“ за клиентите на НСО Груп беше протечен до “Амнести Интернешнл” и непрофитната организација „Забранети Приказни“ од Париз, потенцијално користен против борци за човековите права, политички противници, адвокати, дипломати, шефови на држави и речиси 200 новинари од 24 земји. Случајот со оваа европска злоупотреба треба да е уште еден сигнал за темелна реформа во македонските служби која може да се случи само по предвремени парламентарни избори затоа што оваа власт целосно го изгуби својот кредибилитет за било каква реформа.
Колумна на Александар Николоски

The post Николоски: Злоупотребата на тајните служби во извештај на Совет на Европа appeared first on Република.

]]>
Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-na-ep-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/ Wed, 09 Nov 2022 08:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=571720

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент.

„Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“.

Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ.

Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер.

DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули.

„Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.

Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.

Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.

Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.

Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд.

Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент. „Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија. Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“. Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ. Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер. DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули. „Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.
Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.
Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа.
Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа.
Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд. Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.

The post Извештај на ЕП: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани appeared first on Република.

]]>
Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkursot-za-knizevnata-nagradata-pegaz-e-otvoren-do-prvi-septemvri/ Thu, 28 Jul 2022 09:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=534156

  1. 8Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „Word“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на оваа година.
Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата се доделува од 2019 година.

На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември appeared first on Република.

]]>

  1. 8Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „Word“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.
Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на оваа година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи. Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата се доделува од 2019 година. На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември appeared first on Република.

]]>
Распишан четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-chetvrtiot-konkurs-za-knizevnata-nagrada-pegaz/ Wed, 18 May 2022 08:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=503694

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година.

На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во „Word“ или во ПДФ-формат) на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Конкурсот ќе биде отворен до први септември 2022 година.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на 2022 година.

The post Распишан четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во „Word“ или во ПДФ-формат) на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Конкурсот ќе биде отворен до први септември 2022 година. Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на 2022 година.

The post Распишан четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>
Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeluvanje-na-nagradata-pegaz-za-romanot-hotel-megju-dve-vojni-od-aleksandar-rusjakov/ Wed, 06 Apr 2022 09:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=483971

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков.

На доделувањето на наградата ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, а првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“ ќе го промовира Оливера Ќорвезироска.

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа, пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век, судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“ која го организира конкусрот за наградата „Пегаз“.

На конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2021 година пристигнале 44 ракописи, а во најтесниот избор биле и „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. „Арс Ламина“ го организира во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, а првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“ ќе го промовира Оливера Ќорвезироска.
„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа, пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век, судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“ која го организира конкусрот за наградата „Пегаз“.
На конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2021 година пристигнале 44 ракописи, а во најтесниот избор биле и „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. „Арс Ламина“ го организира во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>
„Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gardijan-izrael-ja-sprechil-ukraina-da-go-kupi-shpionskiot-softver-pegaz/ Wed, 23 Mar 2022 19:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=477339

Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ од израелската компанија „НСО Груп“, поради страв дека продажбата на ваква софистицирана хакерска алатка би го предизвикала гневот на Русија, пишува лондонски, „Гардијан“.

Заедничкото истражување на британскиот весник и американскиот „Вашингтон пост“ го покажале тоа и дава нов увид во начинот на кој односите на Израел со Русија повремено се спротивставуваат на приоритетите на САД.

The post „Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>

Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ од израелската компанија „НСО Груп“, поради страв дека продажбата на ваква софистицирана хакерска алатка би го предизвикала гневот на Русија, пишува лондонски, „Гардијан“. Заедничкото истражување на британскиот весник и американскиот „Вашингтон пост“ го покажале тоа и дава нов увид во начинот на кој односите на Израел со Русија повремено се спротивставуваат на приоритетите на САД.

The post „Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>