Педро Санчез Перез-Кастехон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedro-sanchez-perez-kastehon/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Jul 2022 15:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Педро Санчез Перез-Кастехон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedro-sanchez-perez-kastehon/ 32 32 Маричиќ го пречека шпанскиот премиер Педро Санчез https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-go-precheka-shpanskiot-premier-pedro-sanchez/ Sun, 31 Jul 2022 15:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=535391

Вицеперемиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека во недеката попладнето шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, на Меѓународниот аеродром Скопје.

Вицепремиерот Маричиќ му посака топло добредојде на шпанскиот премиер, Педро Санчез, и изрази големо задоволство од неговата посета, која е уште една потврда дека нашата земја има вистински пријатели во Европската Унија.

„По историскиот чекор кој го направивме кон ЕУ и отворањето на преговорите, нашиот традиционален и верен пријател на европскиот пат, претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Педро Санчез Перез-Кастехон, пристигна во Скопје, со што уште еднаш се потврдува позицијата и заложбата на Кралството Шпанија за интеграција на регионот во Унијата“, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.

Домаќин на шпанскиот премиер Санчез ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а организирана е и свечена церемонија на пречек пред платото на Владата, со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи тет-а-тет средба на премиерите, како и пленарна средба на делегациите на двете земји.

Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

The post Маричиќ го пречека шпанскиот премиер Педро Санчез appeared first on Република.

]]>

Вицеперемиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека во недеката попладнето шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, на Меѓународниот аеродром Скопје. Вицепремиерот Маричиќ му посака топло добредојде на шпанскиот премиер, Педро Санчез, и изрази големо задоволство од неговата посета, која е уште една потврда дека нашата земја има вистински пријатели во Европската Унија.
„По историскиот чекор кој го направивме кон ЕУ и отворањето на преговорите, нашиот традиционален и верен пријател на европскиот пат, претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Педро Санчез Перез-Кастехон, пристигна во Скопје, со што уште еднаш се потврдува позицијата и заложбата на Кралството Шпанија за интеграција на регионот во Унијата“, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Домаќин на шпанскиот премиер Санчез ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а организирана е и свечена церемонија на пречек пред платото на Владата, со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи тет-а-тет средба на премиерите, како и пленарна средба на делегациите на двете земји. Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

The post Маричиќ го пречека шпанскиот премиер Педро Санчез appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот премиер на враќање од Србија накратко ќе помине и во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shpanskiot-premier-na-vrakjanje-od-srbija-nakratko-kje-pomine-i-vo-skopje/ Fri, 29 Jul 2022 06:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=534503

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон в недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.

Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.

Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ.

Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Македонија и Албанија и давање статус кандидат за чченство на Босна и Херцеговина

The post Шпанскиот премиер на враќање од Србија накратко ќе помине и во Скопје appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон в недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски. Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година. Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ. Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Македонија и Албанија и давање статус кандидат за чченство на Босна и Херцеговина

The post Шпанскиот премиер на враќање од Србија накратко ќе помине и во Скопје appeared first on Република.

]]>