педофилија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedofilija/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 17:44:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png педофилија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedofilija/ 32 32 Малолетничка била допирана по телото од пријател на нејзината мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-bila-dopirana-po-teloto-od-prijatel-na-nejzinata-majka/ Thu, 14 Nov 2024 17:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=837809

На 13.11.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје, 44-годишник од Скопје пријавил дека во домот на неговата поранешна сопруга, нејзиниот пријател М.И. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетничка била допирана по телото од пријател на нејзината мајка appeared first on Република.

]]>

На 13.11.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје, 44-годишник од Скопје пријавил дека во домот на неговата поранешна сопруга, нејзиниот пријател М.И. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетничка била допирана по телото од пријател на нејзината мајка appeared first on Република.

]]>
Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akterot-moamer-kasumovik-od-lud-zbunet-normalen-osuden-za-pedofilija/ Sat, 21 Sep 2024 12:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=818500

Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда.

Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи.

Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.

Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево – изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.

Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник.

Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.

 

The post Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија appeared first on Република.

]]>

Откако беше обелоденето дека познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ во 2021 година бил осуден за блуд со малолетничка, јавноста реагираше со големо изненадување и осуда. Многумина се прашуваа како е можно толку тешко кривично дело да добие толку ниска казна, а уште повеќе беа шокирани од информацијата дека казната може да се откупи. Обвинителството на кантонот Сараево потврди дека поднеле жалба на висината на казната, но нивната жалба била одбиена.
Обвинителството на кантонот Сараево поднесе жалба на висината на санкцијата, но Кантоналниот суд во Сараево ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената казна на Општинскиот суд во Сараево – изјави портпаролката на Обвинителство КС, Азра Бавчиќ.
Ѕвездата од серијата „Луд, збунет, нормален“, е осуден на една година затвор за кривично дело блудство врз малолетник. Во меѓувреме, се појави и шокантна изјава во еден босански медиум, во која се тврди дека Касумовиќ си го подмирил, односно откупил, затворскиот долг.  

The post Актерот Моамер Касумовиќ од „Луд, збунет, нормален“ осуден за педофилија appeared first on Република.

]]>
Маж допирал девојче во училиштен двор во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-dopiral-devojche-vo-uchilishten-dvor-vo-veles/ Sun, 01 Sep 2024 14:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=812022

Во Секторот за внатрешни работи – Велес синоќа, околу 22 часот, бил пријавен случај во кој маж допирал малолетничка од Велес.

Како што информира портпаролотот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, настанот се случил во двор на средно училиште во градот. Според пријавата, се случило едно лице да допира по телото малолетничка од Велес.

The post Маж допирал девојче во училиштен двор во Велес appeared first on Република.

]]>

Во Секторот за внатрешни работи – Велес синоќа, околу 22 часот, бил пријавен случај во кој маж допирал малолетничка од Велес. Како што информира портпаролотот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, настанот се случил во двор на средно училиште во градот. Според пријавата, се случило едно лице да допира по телото малолетничка од Велес.

The post Маж допирал девојче во училиштен двор во Велес appeared first on Република.

]]>
Авионот „Лолита експрес“ на Џефри Епстајн ќе биде растуен на парчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionot-lolita-ekspres-na-dhefri-epstajn-ke-bide-rastuen-na-parchina/ Sun, 07 Jan 2024 18:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=730340

Озлогласениот Боинг 727 на Џефри Епстајн треба да биде растурен во парчиња и уништен откако од 2016 година е паркиран покрај писта во Џорџија, пишува „Дејли мејл“.

За време на истрагата против Епстајн во 2020 година, внатрешноста на млазниот авион беше опишана како полна со меки перници, луксузен плишан црвен кауч и огледални ѕидови.

Во бањата било пронајдено и шишенце лосион за бебиња.

https://republika.mk/vesti/svet/klinton-saka-koga-se-mladi-objaveni-tajni-dokumenti-otkrieni-sorabotnitsite-na-epstajn-spomenat-e-i-printsot-endru/

The post Авионот „Лолита експрес“ на Џефри Епстајн ќе биде растуен на парчиња appeared first on Република.

]]>

Озлогласениот Боинг 727 на Џефри Епстајн треба да биде растурен во парчиња и уништен откако од 2016 година е паркиран покрај писта во Џорџија, пишува „Дејли мејл“. За време на истрагата против Епстајн во 2020 година, внатрешноста на млазниот авион беше опишана како полна со меки перници, луксузен плишан црвен кауч и огледални ѕидови. Во бањата било пронајдено и шишенце лосион за бебиња. https://republika.mk/vesti/svet/klinton-saka-koga-se-mladi-objaveni-tajni-dokumenti-otkrieni-sorabotnitsite-na-epstajn-spomenat-e-i-printsot-endru/

The post Авионот „Лолита експрес“ на Џефри Епстајн ќе биде растуен на парчиња appeared first on Република.

]]>
Нов случај на педофилија во Скопје: 78-годишен сосед обљубил малолетно момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-sluchaj-na-pedofilija-vo-skopje-78-godishen-sosed-oblubil-maloletno-momche/ Sun, 08 Oct 2023 15:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=689262

Скопјанец пријавил обљуба врз неговиот малолетен син од страна на сосед, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 56-годишник пријавил дека на 25 и на 30 септември, врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед со иницијали Д.П., на возраст од 78 години, се појаснува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Нов случај на педофилија во Скопје: 78-годишен сосед обљубил малолетно момче appeared first on Република.

]]>

Скопјанец пријавил обљуба врз неговиот малолетен син од страна на сосед, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, 56-годишник пријавил дека на 25 и на 30 септември, врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед со иницијали Д.П., на возраст од 78 години, се појаснува во соопштението.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Нов случај на педофилија во Скопје: 78-годишен сосед обљубил малолетно момче appeared first on Република.

]]>
Злоставувал две расплакани деца: Братот на британскиот крал обвинет за педофилија за време на посета на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zlostavuval-dve-rasplakani-detsa-bratot-na-britanskiot-kral-obvinet-za-pedofilija-za-vreme-na-poseta-na-ukraina/ Wed, 06 Sep 2023 17:27:37 +0000 https://republika.mk/?p=679411

Братот на кралот на Велика Британија Чарлс трети, принцот Ендрју, повторно е обвинет за педофилија, односно дека злоставувал две деца во еден познат ноќен клуб во Киев. Кралското семејство ја посети Украина во јуни како дел од британската делегација само за да најде забава. Обвинувањата ги изнесува Нигериецот Џејмс Обаси, кој имал задача да обезбеди забава за британските гости.

Тој снимил видео на кое принцот Ендрју бара од него да подготви храна и пијалоци за двете деца. Кога Џејмс се вратил со храната, видел дека братот на кралот се однесува непристојно и ја напуштил просторијата. Некое време подоцна, Обаси се вратил и видел расплакани, речиси голи деца. Според зборовите на Нигериецот, тој се обидел да ги спаси, но припадници на обезбедувањето ги зеле децата со себе. Два дена подоцна, британска делегација ги однела децата во Париз со специјален авион.

Репутација на принцот

Во октомври 2019 година, Американката Вирџинија Џуфре обвини дека принцот Ендру ја силувал неколку пати во 2001 година. Тогаш Џуфре имала 17 години. Бакингемската палата ги негираше обвинувањата.

Тогаш светските медиуми објавија фотографии кои го докажуваат пријателството на принцот со озлогласениот финансиер, Џефри Епштајн. Потоа, Ендрју даде интервју во кое изјави дека не жали за неговата многу корисна врска со Епштајн.

На крајот, принцот Ендрју склучил договор за вонсудска спогодба со Вирџинија, според кој жената доби огромна компензација. Таквиот скандал доведе до тоа тој да се повлече од кралските должности и повеќе не ги исполнува условите да го претставува семејството на патувања или јавни настани.

The post Злоставувал две расплакани деца: Братот на британскиот крал обвинет за педофилија за време на посета на Украина appeared first on Република.

]]>

Братот на кралот на Велика Британија Чарлс трети, принцот Ендрју, повторно е обвинет за педофилија, односно дека злоставувал две деца во еден познат ноќен клуб во Киев. Кралското семејство ја посети Украина во јуни како дел од британската делегација само за да најде забава. Обвинувањата ги изнесува Нигериецот Џејмс Обаси, кој имал задача да обезбеди забава за британските гости. Тој снимил видео на кое принцот Ендрју бара од него да подготви храна и пијалоци за двете деца. Кога Џејмс се вратил со храната, видел дека братот на кралот се однесува непристојно и ја напуштил просторијата. Некое време подоцна, Обаси се вратил и видел расплакани, речиси голи деца. Според зборовите на Нигериецот, тој се обидел да ги спаси, но припадници на обезбедувањето ги зеле децата со себе. Два дена подоцна, британска делегација ги однела децата во Париз со специјален авион.

Репутација на принцот

Во октомври 2019 година, Американката Вирџинија Џуфре обвини дека принцот Ендру ја силувал неколку пати во 2001 година. Тогаш Џуфре имала 17 години. Бакингемската палата ги негираше обвинувањата. Тогаш светските медиуми објавија фотографии кои го докажуваат пријателството на принцот со озлогласениот финансиер, Џефри Епштајн. Потоа, Ендрју даде интервју во кое изјави дека не жали за неговата многу корисна врска со Епштајн. На крајот, принцот Ендрју склучил договор за вонсудска спогодба со Вирџинија, според кој жената доби огромна компензација. Таквиот скандал доведе до тоа тој да се повлече од кралските должности и повеќе не ги исполнува условите да го претставува семејството на патувања или јавни настани.

The post Злоставувал две расплакани деца: Братот на британскиот крал обвинет за педофилија за време на посета на Украина appeared first on Република.

]]>
Папата Франциск: Сите случаи поврзани со сексуална злоупотреба ќе бидат решени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-francisk-site-sluchai-povrzani-so-seksualna-zloupotreba-kje-bidat-resheni/ Sat, 22 Jan 2022 17:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=448165

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, вети правда за жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква, а германските власти размислуваат да започнат дополнителна истрага откако независната истрага покажа дека пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти не одговорил на четири случаи на злоупотреба што ја знаел како архиепископ во Минхен.

Во долгоочекуваниот извештај за сексуалното насилство во Минхенската надбискупија, беа упатени обвинувања против поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој беше надбискуп на Минхен од 1977 до 1982 година.

Се наведува дека знаел за свештениците кои ги малтретирале децата и кои сепак останале на своите позиции, а црквата молчела за тие обвинувања.

Адвокатската канцеларија Вестпфал Спилкер Вастл, која го подготви извештајот, рече дека поранешниот папа продолжил да негира дека сторил или знаел за какво било кривично дело.

Еден ден по објавувањето на извештајот, папата Франциск се сретна со официјални лица од Ватикан кои се занимаваат со случаи на сексуална злоупотреба.

Во својот говор, папата не се повика на извештајот, туку изјави дека црквата и понатаму забележува случаи на сексуални престапници во таа институција.

– Со божја помош, црквата со цврста решеност ја исполнува својата обврска да обезбеди правда за жртвите на злоупотреба од страна на нејзините членови, применувајќи го канонското законодавство предвидено со посебна грижа и строгост – рече папата.

Тој додаде дека нормите се подобрени за да се направи поефикасно управувањето со случаите на злоупотреба. Обвинителите во Минхен соопштија дека истражуваат 42 случаи на можни прекршувања од страна на црковните службеници кои произлегуваат од извештајот.

Портпаролката Ен Лејдинг за германската новинска агенција ДПА изјави дека случаите им биле упатени од адвокатската канцеларија што го подготвила извештајот.

Адвокатската канцеларија соопшти дека во случаите станува збор за живи луѓе кои сè уште се на функција во црквата.

Портпаролката на германскиот канцелар Олаф Шолц, Кристијана Хофман, рече дека овие наводи треба итно да се истражат.

Ватикан сè уште не реагирал на извештајот, а најавено е дека внимателно ќе го прочита во наредните денови.

Секретарот на Бенедикт, монсињор Георг Генсвејн изјави дека ниту поранешниот папа не го прочитал извештајот, но дека ќе го стори тоа.

Тој додаде дека Бенедикт, кој им дал информации и на авторите на извештајот, бил вознемирен и засрамен од скандалот.

За време на службата на Бенедикт на чело на Католичката црква во 2010 година, се иницира прашањето за сексуална злоупотреба во редовите на црквата, што предизвика голем скандал.

Меѓутоа, претходно, во 2001 година, тој ја донесе тогашната револуционерна одлука да преземе одговорност за гонење случаи на злоупотреба, откако сфати дека епископите ширум светот не ги казнуваат сторителите, туку само ги преместуваат од парохија во парохија и им дозволуваат повторно да вршат злосторства.

The post Папата Франциск: Сите случаи поврзани со сексуална злоупотреба ќе бидат решени appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, вети правда за жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква, а германските власти размислуваат да започнат дополнителна истрага откако независната истрага покажа дека пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти не одговорил на четири случаи на злоупотреба што ја знаел како архиепископ во Минхен. Во долгоочекуваниот извештај за сексуалното насилство во Минхенската надбискупија, беа упатени обвинувања против поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој беше надбискуп на Минхен од 1977 до 1982 година. Се наведува дека знаел за свештениците кои ги малтретирале децата и кои сепак останале на своите позиции, а црквата молчела за тие обвинувања. Адвокатската канцеларија Вестпфал Спилкер Вастл, која го подготви извештајот, рече дека поранешниот папа продолжил да негира дека сторил или знаел за какво било кривично дело. Еден ден по објавувањето на извештајот, папата Франциск се сретна со официјални лица од Ватикан кои се занимаваат со случаи на сексуална злоупотреба. Во својот говор, папата не се повика на извештајот, туку изјави дека црквата и понатаму забележува случаи на сексуални престапници во таа институција.
– Со божја помош, црквата со цврста решеност ја исполнува својата обврска да обезбеди правда за жртвите на злоупотреба од страна на нејзините членови, применувајќи го канонското законодавство предвидено со посебна грижа и строгост – рече папата.
Тој додаде дека нормите се подобрени за да се направи поефикасно управувањето со случаите на злоупотреба. Обвинителите во Минхен соопштија дека истражуваат 42 случаи на можни прекршувања од страна на црковните службеници кои произлегуваат од извештајот. Портпаролката Ен Лејдинг за германската новинска агенција ДПА изјави дека случаите им биле упатени од адвокатската канцеларија што го подготвила извештајот. Адвокатската канцеларија соопшти дека во случаите станува збор за живи луѓе кои сè уште се на функција во црквата. Портпаролката на германскиот канцелар Олаф Шолц, Кристијана Хофман, рече дека овие наводи треба итно да се истражат. Ватикан сè уште не реагирал на извештајот, а најавено е дека внимателно ќе го прочита во наредните денови. Секретарот на Бенедикт, монсињор Георг Генсвејн изјави дека ниту поранешниот папа не го прочитал извештајот, но дека ќе го стори тоа. Тој додаде дека Бенедикт, кој им дал информации и на авторите на извештајот, бил вознемирен и засрамен од скандалот. За време на службата на Бенедикт на чело на Католичката црква во 2010 година, се иницира прашањето за сексуална злоупотреба во редовите на црквата, што предизвика голем скандал. Меѓутоа, претходно, во 2001 година, тој ја донесе тогашната револуционерна одлука да преземе одговорност за гонење случаи на злоупотреба, откако сфати дека епископите ширум светот не ги казнуваат сторителите, туку само ги преместуваат од парохија во парохија и им дозволуваат повторно да вршат злосторства.

The post Папата Франциск: Сите случаи поврзани со сексуална злоупотреба ќе бидат решени appeared first on Република.

]]>