педофили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedofili/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 20:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png педофили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedofili/ 32 32 Педофили демнат деца на плажите низ Хрватска, полицијата алармира „Ако го забележите ова, дејствувајте…“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/pedofili-demnat-detsa-na-plazhite-niz-hrvatska-politsijata-alarmira-ako-go-zabelezhite-ova-dejstvuvajte/ Mon, 06 May 2024 15:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=774748

Хрватските плажи наскоро се преполни, а последниве години одредени полициски оддели на крајбрежјето се соочуваат со педофили кои тајно снимаат деца на плажа. Тие користат различни методи, криејќи камери во преносни фрижидери, рачни часовници, очила за сонце, па дури и во пенкала.

Најголем број вакви пријави доаѓаат од полицијата на Истра и во Риека.

Минатата година истарската полиција евидентирала девет случаи на снимање деца на плажи. Сите фатени сторители се средовечни и постари странски државјани, а од истарската полиција нагласуваат дека тоа не ја исклучува можноста и помлади лица да го користат споменатиот начин на извршување на делото. Казните се движат од една до десет години затвор.

Сторителите користат различни методи за снимањето на децата, од мобилни телефони до камери кои често се скриени во други предмети како пенкала, часовници, клучеви од автомобил, преносни фрижидери, термоси и слично.

Покрај репресивните мерки против сторителите, полицијата врши и превентивни активности со цел да ја предупреди јавноста за овој проблем и да го поттикне целото општество заедно да се грижи за безбедноста на децата. Речиси сите кривични дела се евидентирани во кампови и туристички населени места, организирани туристички сместувачки капацитети, така што полицијата пред секоја туристичка сезона врши едукација во туристичките компании со цел да ги сензибилизира вработените за овој проблем и да знаат како да постапат доколку забележат сомнително однесување или ако некој од гостите им се обрати за помош, велат од полицијата за хрватски „Индекс“.

Додаваат дека на вработените им посочуваат да обрнат внимание на она што може да биде сомнително, на пример, ако во кампот има човек кој сам престојува во близина на места каде што се собираат деца, како што се базени, плитки места, песочни површини, лизгалки, игралишта, тоалети и слично, а тој самиот не е родител, ниту пак му е доверено детето на чување.

Доколку таквите лица носат мобилни телефони, фотоапарати или предмети во кои би можеле да се сокријат камери, ако се однесуваат невообичаено, се кријат, се нервираат, остануваат на едно место долго време во несоодветна положба итн., сето тоа се знаци кои повикуваат на претпазливост. Доколку се забележи како такво лице снима деца, веднаш треба да се извести полицијата или вработените во кампот, кои потоа ќе ги повикаат полицајците. Сторителот мора да биде приведен и да му се одземат средствата за снимање и да не му се дозволи натамошен контакт со тие средства за да не се уништат доказите, велат од полицијата.

The post Педофили демнат деца на плажите низ Хрватска, полицијата алармира „Ако го забележите ова, дејствувајте…“ appeared first on Република.

]]>

Хрватските плажи наскоро се преполни, а последниве години одредени полициски оддели на крајбрежјето се соочуваат со педофили кои тајно снимаат деца на плажа. Тие користат различни методи, криејќи камери во преносни фрижидери, рачни часовници, очила за сонце, па дури и во пенкала. Најголем број вакви пријави доаѓаат од полицијата на Истра и во Риека. Минатата година истарската полиција евидентирала девет случаи на снимање деца на плажи. Сите фатени сторители се средовечни и постари странски државјани, а од истарската полиција нагласуваат дека тоа не ја исклучува можноста и помлади лица да го користат споменатиот начин на извршување на делото. Казните се движат од една до десет години затвор. Сторителите користат различни методи за снимањето на децата, од мобилни телефони до камери кои често се скриени во други предмети како пенкала, часовници, клучеви од автомобил, преносни фрижидери, термоси и слично.
Покрај репресивните мерки против сторителите, полицијата врши и превентивни активности со цел да ја предупреди јавноста за овој проблем и да го поттикне целото општество заедно да се грижи за безбедноста на децата. Речиси сите кривични дела се евидентирани во кампови и туристички населени места, организирани туристички сместувачки капацитети, така што полицијата пред секоја туристичка сезона врши едукација во туристичките компании со цел да ги сензибилизира вработените за овој проблем и да знаат како да постапат доколку забележат сомнително однесување или ако некој од гостите им се обрати за помош, велат од полицијата за хрватски „Индекс“.
Додаваат дека на вработените им посочуваат да обрнат внимание на она што може да биде сомнително, на пример, ако во кампот има човек кој сам престојува во близина на места каде што се собираат деца, како што се базени, плитки места, песочни површини, лизгалки, игралишта, тоалети и слично, а тој самиот не е родител, ниту пак му е доверено детето на чување.
Доколку таквите лица носат мобилни телефони, фотоапарати или предмети во кои би можеле да се сокријат камери, ако се однесуваат невообичаено, се кријат, се нервираат, остануваат на едно место долго време во несоодветна положба итн., сето тоа се знаци кои повикуваат на претпазливост. Доколку се забележи како такво лице снима деца, веднаш треба да се извести полицијата или вработените во кампот, кои потоа ќе ги повикаат полицајците. Сторителот мора да биде приведен и да му се одземат средствата за снимање и да не му се дозволи натамошен контакт со тие средства за да не се уништат доказите, велат од полицијата.

The post Педофили демнат деца на плажите низ Хрватска, полицијата алармира „Ако го забележите ова, дејствувајте…“ appeared first on Република.

]]>
Педофили од Македонија идентификувани во голема акција на Еврoпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pedofili-od-makedonija-identifikuvani-vo-golema-aktsija-na-evropol/ Mon, 20 Nov 2023 16:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=714500

Голема заедничка операција против сексуалната злоупотреба на деца во Западен Балкан доведе до идентификување на 39 осомничени педофоили во осум земји, објави Европол, истакнувајќи дека две жртви се ставени под системот за заштита.

Во соопштението се прецизира дека акцијата „Мозаик 2023“ ја водела словенечката полиција, а била координирана од Европол во рамките на европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани. Целта на операцијата беше да се идентификуваат и уапсат луѓе кои користат онлајн форуми и апликации за размена и дистрибуција на материјали со сексуална злоупотреба на деца.

Во текот на акцијата „Мозаик 2023“ во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска и во Унгарија беа спроведени низа акции во периодот од 6 до 17 ноември. Полицијата изврши 41 претрес во земјите по истрагата за споделување слики и видеа со сексуална злоупотреба на деца.

За време на акциите беа одземени повеќе од 200 предмети со слики или видеоматеријали со сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони, серверска опрема и мемориски картички.

Улогата на Европол беше да ја олесни размената на информации меѓу вклучените земји и дополнително да го подобри разбирањето на ситуацијата во Западен Балкан преку проверка на запленетите информации и обезбедување разузнавачки пакети за поддршка на тековните истраги во регионот и пошироко.

Во рамките на европската мултидисциплинарна платформа, Словенија, Хрватска, Унгарија и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол ги здружија силите за да формираат експертска мрежа на Западен Балкан со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против сексуалната злоупотреба на деца.

The post Педофили од Македонија идентификувани во голема акција на Еврoпол appeared first on Република.

]]>

Голема заедничка операција против сексуалната злоупотреба на деца во Западен Балкан доведе до идентификување на 39 осомничени педофоили во осум земји, објави Европол, истакнувајќи дека две жртви се ставени под системот за заштита. Во соопштението се прецизира дека акцијата „Мозаик 2023“ ја водела словенечката полиција, а била координирана од Европол во рамките на европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани. Целта на операцијата беше да се идентификуваат и уапсат луѓе кои користат онлајн форуми и апликации за размена и дистрибуција на материјали со сексуална злоупотреба на деца. Во текот на акцијата „Мозаик 2023“ во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска и во Унгарија беа спроведени низа акции во периодот од 6 до 17 ноември. Полицијата изврши 41 претрес во земјите по истрагата за споделување слики и видеа со сексуална злоупотреба на деца. За време на акциите беа одземени повеќе од 200 предмети со слики или видеоматеријали со сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони, серверска опрема и мемориски картички. Улогата на Европол беше да ја олесни размената на информации меѓу вклучените земји и дополнително да го подобри разбирањето на ситуацијата во Западен Балкан преку проверка на запленетите информации и обезбедување разузнавачки пакети за поддршка на тековните истраги во регионот и пошироко. Во рамките на европската мултидисциплинарна платформа, Словенија, Хрватска, Унгарија и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол ги здружија силите за да формираат експертска мрежа на Западен Балкан со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против сексуалната злоупотреба на деца.

The post Педофили од Македонија идентификувани во голема акција на Еврoпол appeared first on Република.

]]>
Шпанската полиција уапси 121 педофили, меѓу приведените и жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-politsija-uapsi-121-pedofili-megu-privedenite-i-zheni/ Sun, 12 Nov 2023 18:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=700659

Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија.

Во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и запленети се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници.

При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди.

Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на сајбер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет.

Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал.

Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина – се додава во соопштението.

Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки. Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и беа распространети на 10 хард дискови со голем капацитет.

Во еден од претресите, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот.

The post Шпанската полиција уапси 121 педофили, меѓу приведените и жени appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција уапси 121 лице, меѓу кои 118 мажи и три жени, во една од најголемите операции спроведени во таа земја против детска порнографија. Во рамки на акцијата извршени се 125 претреси и запленети се 946 уреди со 500 терабајти порнографска содржина со малолетници. При претрес на домовите и работните места на уапсените, одземени се 368 хард дискови, 427 ЦД-а и ДВД-а, 114 УСБ флеш драјвови, 37 мемориски картички, 60 компјутери, 47 мобилни телефони, шест таблети, видео камери и други електронски уреди. Истрагата ја покренаа агенти на Централната единица за компјутерски криминал како дел од превентивната работа на сајбер патролата во борбата против педофилските мрежи кои споделуваат досиеја со материјали за сексуална злоупотреба на деца преку Интернет. Во операцијата учествуваа 46 територијални единици специјализирани за компјутерски криминал. Сите уапсени ја користеле истата дигитална платформа за добивање и споделување нелегална содржина – се додава во соопштението. Во Мадрид е уапсен маж кој поседувал два милиони досиеја со снимки од сериозно сексуално злоставување на многу млади девојки. Многу од видеата прикажуваа висок степен на насилство врз жртвите и беа распространети на 10 хард дискови со голем капацитет. Во еден од претресите, инспекторите уапсиле маж кој поседувал голем број мултимедијални датотеки со експлицитни сексуални слики на двајца малолетни мажи, снимени во домот на уапсениот.

The post Шпанската полиција уапси 121 педофили, меѓу приведените и жени appeared first on Република.

]]>
Во Србија уапсена поголема група педофили https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-uapsena-pogolema-grupa-pedofili/ Wed, 20 Sep 2023 07:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=683325

Во Србија е уапсена поголема група педофили, сексуални предатори кои злоупотребувале интернет и вршеле криминални дејствија врз девојчиња и момчиња, јавија белградските медиуми.

Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години.

Акцијата ја спроведоа припадници на МВР, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.

The post Во Србија уапсена поголема група педофили appeared first on Република.

]]>

Во Србија е уапсена поголема група педофили, сексуални предатори кои злоупотребувале интернет и вршеле криминални дејствија врз девојчиња и момчиња, јавија белградските медиуми. Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години. Акцијата ја спроведоа припадници на МВР, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.

The post Во Србија уапсена поголема група педофили appeared first on Република.

]]>
Мајки и татковци кои ги пуштате децата голи на плажа и на базен, ова е текст за вас! https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/majki-i-tatkovtsi-koi-gi-pushtate-detsata-goli-na-plazha-i-na-bazen-ova-e-tekst-za-vas/ Mon, 14 Aug 2023 17:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=670822

Вашите коментари „Педофили секогаш имало и секогаш ќе има“ не држат вода. Педофилите отсекогаш постоеле, но сега со помош на мобилните телефони и интернетот ги има многу повеќе и никогаш не им било полесно да ги фатат вашите голи деца.

Коментарите „Педофили има насекаде, не само на плажите“ се исто така глупави. Децата не се голи „секаде“ туку на плажите.

Вашите голи деца на плажите не ги фотографираат само педофилите - ги фотографираат и оние кои продаваат детски фотографии на педофили и го развиваат тој бизнис.

Коментарот „Педофилите ќе ги сликаат и децата во костими за капење“ - Фотографијата од вашето дете многу полесно и побрзо ќе се продава и користи на Интернет доколку детето е без облека. Никој не обрнува посебно внимание на фотографии од дете во костим за капење.

Коментарот „Јас секогаш сум до моето дете на плажа, би го убил ако ми го допре“ – дали навистина мислите дека педофилите допираат деца на плажите?

Коментарот „Децата не можат да бидат голи, а девојките можат во танга???“ - No comment!

Дали е понеприродно децата од 2-3 години да се капат голи или на девојчиња од 2-3 години да им се тупа горен дел од костимите за капење???“ - И повторно No comment!

Ова се само дел од коментарите на мојот претходен пост во кој прашувам за вашиот став на оваа тема. Овие коментари покажуваат колку сме необразовани, неинформирани и колку малку знаеме дури и кога се во прашање нашите деца.

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНОТО:

• Педофилите деца на плажите најчесто снимаат со мобилни телефони. Сепак, тие користат и други уреди. На пример, едноставен клуч од автомобил со мала камера интегрирана во него, рачни часовници со камера, книги. Дури и камери кои се во рамката на најобични очила за сонце.

• Користат и пенкала со вградена силна камера кои имаат и USB и микро картичка.

• Минатото лето во соседна земја беа уапсени двајца странски државјани кои снимале голи деца со камера што ја чувале во фрижидерче за на плажа!

• Тешко е да ги препознаете бидејќи тоа често се мажи (па дури и жени) кои доаѓаат на плажа со своите семејства, од кои ги кријат своите болни нагони.

• Експертите велат дека плажите со голи деца се „шведска маса“ за манијаци

• Овие содржини или се разменуваат или се продаваат, а најбарани се снимките од мали деца бидејќи имаат повисока цена на пазарот

• Нема да ја објавам статистиката на криминалци фатени додека снимале голи деца на плажите, бидејќи бројот не е мал

• „Со слободното изложување на гениталиите на вашите деца, вие им овозможувате на педофилите да ги продаваат видеата, со што заработуваат огромни суми кои дополнително ги вложуваат во проширување на мрежата. Не се работи само за директна заштита на децата кои се на фотографиите и на видеата, овие материјали претставуваат огромен пазар, на кој мора да му се секне приливот на „свежа крв“. Родителите мора да придонесат кон ова, но затоа и мора да бидат добро информирани на темата!“

• Минатото лето во Неа Каликратија наш турист, со помош на други, фати манијак кој со подводна камера снимаше момчиња и девојчиња. Помеѓу другите снимки пронашол и видео од неговата ќерка и сопругата. За тоа пишувавме минатата сезона.

..............

И за крај... не знам како да го омекнам, затоа просто отворено ќе пишам. Читајте, размислувајте, не гледајте само слики, вклучете логика, бидете отворени за учење нешто ново, едуцирајте се, информирајте се, прашајте ако не разбирате...

Сега веројатно ви е јасно зошто прашав вчера каков е вашиот став за голите деца на плажите и веројатно сфативте дека сте направиле некоја глупост кога напишавте „Досадно ви е штом  прашувате за ова“, „Што има врска ова со групата??“, „Што те интересира што носат децата?“, „Страшно е за што пишуваш!!“ итн...

Искористете го интернетот за да се едуцирате малку, а не само да оставате грди и зајадливи коментари. Искористете го потенцијалот на ваквите корисни групи за да научите нешто можеби не сте го знаеле, наместо настанот на годината да бидат „безобранизте Грци“ кои „ги направија кацигите задолжителни“.

Извор: Грчка инфо

The post Мајки и татковци кои ги пуштате децата голи на плажа и на базен, ова е текст за вас! appeared first on Република.

]]>

Вашите коментари „Педофили секогаш имало и секогаш ќе има“ не држат вода. Педофилите отсекогаш постоеле, но сега со помош на мобилните телефони и интернетот ги има многу повеќе и никогаш не им било полесно да ги фатат вашите голи деца. Коментарите „Педофили има насекаде, не само на плажите“ се исто така глупави. Децата не се голи „секаде“ туку на плажите. Вашите голи деца на плажите не ги фотографираат само педофилите - ги фотографираат и оние кои продаваат детски фотографии на педофили и го развиваат тој бизнис. Коментарот „Педофилите ќе ги сликаат и децата во костими за капење“ - Фотографијата од вашето дете многу полесно и побрзо ќе се продава и користи на Интернет доколку детето е без облека. Никој не обрнува посебно внимание на фотографии од дете во костим за капење. Коментарот „Јас секогаш сум до моето дете на плажа, би го убил ако ми го допре“ – дали навистина мислите дека педофилите допираат деца на плажите? Коментарот „Децата не можат да бидат голи, а девојките можат во танга???“ - No comment! „Дали е понеприродно децата од 2-3 години да се капат голи или на девојчиња од 2-3 години да им се тупа горен дел од костимите за капење???“ - И повторно No comment! Ова се само дел од коментарите на мојот претходен пост во кој прашувам за вашиот став на оваа тема. Овие коментари покажуваат колку сме необразовани, неинформирани и колку малку знаеме дури и кога се во прашање нашите деца.

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНОТО:

• Педофилите деца на плажите најчесто снимаат со мобилни телефони. Сепак, тие користат и други уреди. На пример, едноставен клуч од автомобил со мала камера интегрирана во него, рачни часовници со камера, книги. Дури и камери кои се во рамката на најобични очила за сонце. • Користат и пенкала со вградена силна камера кои имаат и USB и микро картичка. • Минатото лето во соседна земја беа уапсени двајца странски државјани кои снимале голи деца со камера што ја чувале во фрижидерче за на плажа! • Тешко е да ги препознаете бидејќи тоа често се мажи (па дури и жени) кои доаѓаат на плажа со своите семејства, од кои ги кријат своите болни нагони. • Експертите велат дека плажите со голи деца се „шведска маса“ за манијаци • Овие содржини или се разменуваат или се продаваат, а најбарани се снимките од мали деца бидејќи имаат повисока цена на пазарот • Нема да ја објавам статистиката на криминалци фатени додека снимале голи деца на плажите, бидејќи бројот не е мал • „Со слободното изложување на гениталиите на вашите деца, вие им овозможувате на педофилите да ги продаваат видеата, со што заработуваат огромни суми кои дополнително ги вложуваат во проширување на мрежата. Не се работи само за директна заштита на децата кои се на фотографиите и на видеата, овие материјали претставуваат огромен пазар, на кој мора да му се секне приливот на „свежа крв“. Родителите мора да придонесат кон ова, но затоа и мора да бидат добро информирани на темата!“ • Минатото лето во Неа Каликратија наш турист, со помош на други, фати манијак кој со подводна камера снимаше момчиња и девојчиња. Помеѓу другите снимки пронашол и видео од неговата ќерка и сопругата. За тоа пишувавме минатата сезона. .............. И за крај... не знам како да го омекнам, затоа просто отворено ќе пишам. Читајте, размислувајте, не гледајте само слики, вклучете логика, бидете отворени за учење нешто ново, едуцирајте се, информирајте се, прашајте ако не разбирате... Сега веројатно ви е јасно зошто прашав вчера каков е вашиот став за голите деца на плажите и веројатно сфативте дека сте направиле некоја глупост кога напишавте „Досадно ви е штом  прашувате за ова“, „Што има врска ова со групата??“, „Што те интересира што носат децата?“, „Страшно е за што пишуваш!!“ итн... Искористете го интернетот за да се едуцирате малку, а не само да оставате грди и зајадливи коментари. Искористете го потенцијалот на ваквите корисни групи за да научите нешто можеби не сте го знаеле, наместо настанот на годината да бидат „безобранизте Грци“ кои „ги направија кацигите задолжителни“. Извор: Грчка инфо

The post Мајки и татковци кои ги пуштате децата голи на плажа и на базен, ова е текст за вас! appeared first on Република.

]]>
Голема акција „Нинџа желка“: Oткриени 2200 педофили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golema-aktsija-nindha-zhelka-otkrieni-2200-pedofili/ Wed, 31 May 2023 06:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=646313

Повеќе од 2.200 педофили се разоткриени ширум светот во текот на неколку години благодарение на операцијата „Нинџа желка“. Швајцарската полиција вчера објави дека тајно ја започнала операцијата на Интернет во 2012 година.

Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформата GigaTribe, која овозможува анонимна размена на податоци.

Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“. Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау.

Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили.

„Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех“, разоткриени се повеќе од 2.200 педофили, соопшти полицијата во Аргау.

Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението.

The post Голема акција „Нинџа желка“: Oткриени 2200 педофили appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 2.200 педофили се разоткриени ширум светот во текот на неколку години благодарение на операцијата „Нинџа желка“. Швајцарската полиција вчера објави дека тајно ја започнала операцијата на Интернет во 2012 година. Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформата GigaTribe, која овозможува анонимна размена на податоци. Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“. Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау. Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили. „Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех“, разоткриени се повеќе од 2.200 педофили, соопшти полицијата во Аргау. Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението.

The post Голема акција „Нинџа желка“: Oткриени 2200 педофили appeared first on Република.

]]>
Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-14-pedofili-vo-belgrad-preku-socijalnite-mrezi-razmenuvale-eksplicitni-fotografii-od-deca/ Wed, 02 Mar 2022 09:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=466330

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување.

Во операцијата „Армагедон“ уапсени се повеќе лица.

Тие се товарат за преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење на прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата.

Се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници.

При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија.

The post Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца appeared first on Република.

]]>

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување. Во операцијата „Армагедон“ уапсени се повеќе лица. Тие се товарат за преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење на прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата. Се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници. При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија.

The post Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца appeared first on Република.

]]>
Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-usvoi-zakon-za-dozivoten-zatvor-za-pedofili/ Tue, 18 Jan 2022 14:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=446424

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.

Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија

The post Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили appeared first on Република.

]]>

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години. Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело. Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега. Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија

The post Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили appeared first on Република.

]]>