педијатрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedijatrija/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 14:57:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png педијатрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedijatrija/ 32 32 Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-meditsinski-aparati-donirani-za-shtipska-pedijatrija/ Tue, 20 Aug 2024 15:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=808372

Монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови, се апарите кои ги добија вработените на Педијатрија во Клиничка болница (КБ)-Штип, од страна на Здружението „Поради живот“ од Шпанија.

Директорот на КБ-Штип, Владко Захариев и медицинскиот персонал на денешното предање на донацијата упатија голема благодарност на претставникот на здружението, Берарди Вебија.

Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал, исто така, на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет, вели Захариев.

Берарди Вебија од Здружението „Подари живот“ во Шпанија вели дека неговото мото е да помага на сите.

Мене ми е чест што сум во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со цел, за сите деца да можат да добијат вистинска дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои се потребни, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција, рече Вебија.

The post Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија appeared first on Република.

]]>

Монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови, се апарите кои ги добија вработените на Педијатрија во Клиничка болница (КБ)-Штип, од страна на Здружението „Поради живот“ од Шпанија. Директорот на КБ-Штип, Владко Захариев и медицинскиот персонал на денешното предање на донацијата упатија голема благодарност на претставникот на здружението, Берарди Вебија.
Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал, исто така, на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет, вели Захариев.
Берарди Вебија од Здружението „Подари живот“ во Шпанија вели дека неговото мото е да помага на сите.
Мене ми е чест што сум во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со цел, за сите деца да можат да добијат вистинска дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои се потребни, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција, рече Вебија.

The post Нови медицински апарати донирани за штипска Педијатрија appeared first on Република.

]]>
Првпат по 50 години реконструираното детско одделение во гостиварката болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-po-50-godini-rekonstruiranoto-detsko-oddelenie-vo-gostivarkata-bolnitsa/ Thu, 01 Jun 2023 16:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=646922

Министерот за здравство, Фатмир Меџити на пригодна церемонија и во присуство на првиот заменик на претседателот на Владата, Фатон Амети, дирекотр на ФЗОМ и други личности од јавниот живот го предаде во употреба целосно реконструираното детско одделение во гостиварката болница.

Тој во обраќањето напомена дека овој зафат претставува капитално вложување и дека болничката управа заедно со општествено-одговорни чинители целосно го реконструираа и опремија делот во кој се лекуваат најмладите пациенти.

Со задоволство можам да констатирам дека гостиварската болница претставува успешен пример како може да се подобрат условите за третман со заеднички заложби и на болницата и на општествено одговорни компании. Посебна благодарност изразувам за сите општествено-одговорни компании кои учествуваа во подобрување на условите за третман на децата, рече министерот Меџити.

Илбер Адеми, директорот на општата болница „Ферид Мурад“, напомена дека во изминативе педесет години ова е прво посериозно вложување за подобрување на условите во детското одделение. Пуштањето во работа, како што напомена, е избрано токму на меѓународниот ден на детето.

За опремување и уредување на просторот од 700 квадратни метри, кое започна лани вложени се над 14 милиони денари со што се обезбедени најмодерни услови за престој и лекување, рече Адеми.

Одделот за педијатрија со реконструкцијата доби целосно нови тоалети на одделот, нова електрична инсталација, под и столарија. Дополнителното опремување со немедицинска опрема: работни маси, инвентар, работни маси, нови детски кревети и климатизери го овозможија неколку компании и организации.

Министерот за здравство Меџити напомена дека се води сметка и за зајакнување на кадарот на овој оддел во гостиварската болница и како што кажа, во моментов има 3 доктори на специјализација, од кои два се враќаат за една година.

Гостиварската општа болница со околу 520 вработени пружа здравствени услуги на секундарно ниво на жителите од три општини.

 

The post Првпат по 50 години реконструираното детско одделение во гостиварката болница appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Фатмир Меџити на пригодна церемонија и во присуство на првиот заменик на претседателот на Владата, Фатон Амети, дирекотр на ФЗОМ и други личности од јавниот живот го предаде во употреба целосно реконструираното детско одделение во гостиварката болница. Тој во обраќањето напомена дека овој зафат претставува капитално вложување и дека болничката управа заедно со општествено-одговорни чинители целосно го реконструираа и опремија делот во кој се лекуваат најмладите пациенти.
Со задоволство можам да констатирам дека гостиварската болница претставува успешен пример како може да се подобрат условите за третман со заеднички заложби и на болницата и на општествено одговорни компании. Посебна благодарност изразувам за сите општествено-одговорни компании кои учествуваа во подобрување на условите за третман на децата, рече министерот Меџити.
Илбер Адеми, директорот на општата болница „Ферид Мурад“, напомена дека во изминативе педесет години ова е прво посериозно вложување за подобрување на условите во детското одделение. Пуштањето во работа, како што напомена, е избрано токму на меѓународниот ден на детето.
За опремување и уредување на просторот од 700 квадратни метри, кое започна лани вложени се над 14 милиони денари со што се обезбедени најмодерни услови за престој и лекување, рече Адеми.
Одделот за педијатрија со реконструкцијата доби целосно нови тоалети на одделот, нова електрична инсталација, под и столарија. Дополнителното опремување со немедицинска опрема: работни маси, инвентар, работни маси, нови детски кревети и климатизери го овозможија неколку компании и организации. Министерот за здравство Меџити напомена дека се води сметка и за зајакнување на кадарот на овој оддел во гостиварската болница и како што кажа, во моментов има 3 доктори на специјализација, од кои два се враќаат за една година. Гостиварската општа болница со околу 520 вработени пружа здравствени услуги на секундарно ниво на жителите од три општини.  

The post Првпат по 50 години реконструираното детско одделение во гостиварката болница appeared first on Република.

]]>
По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pauza-od-25-godini-oddelot-za-pedijatrija-vo-bitolskata-bolnica-dobi-nov-eho-aparat-donacija-od-japonskata-ambasada/ Mon, 21 Nov 2022 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=576528

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра.

Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.

Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.

Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>

Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра. Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на болницата Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.
Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата, изјави Обедниковски.
Амбасадорот Савада истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства. Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со Коњановски и Обедниковски, на која тие разговараа за можностите за идна соработка. Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa, се наведува во соопштението на Амбасадата на Јапонија.

The post По пауза од 25 години, Одделот за педијатрија во битолската болница доби нов ехо апарат, донација од јапонската амбасада appeared first on Република.

]]>