педијатри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedijatri/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 08:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png педијатри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pedijatri/ 32 32 Светски педијатри откриваат која храна е забранета за нивните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/svetski-pedijatri-otkrivaat-koja-hrana-e-zabraneta-za-nivnite-detsa/ Sun, 25 Feb 2024 08:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=748012

Пред да се одлучат за имањето деца, идните родители вообичаено замислуваат како да ги воспитуваат во однос на здравата храна и оброци, т.е. како да се избегнува лоша исхрана. Сепак, реалноста обично е далеку од тие првични пресметки. Скоро ништо не треба да биде 100 отсто забрането. Умереноста и разновидноста се клучот за целокупното здравје, па и за здравата исхрана.

Елизабет Дејвис, педијатар и лекар по спортска медицина во Детската болница во Орландо, САД, вели дека тоа не треба да биде главоболка и оптоварување за родителот.

Општо, нека тоа не Ви биде стрес. Јас сум педијатарка, па бев „понизна“ кога станав родител на пребирливо дете. Мојата петгодишничка никогаш не пробала чипс или слатки што таа не ги сака, додека овошјето и зеленчукот се сосем друга приказна, вели педијатарката.

Докторката нагласува дека родителите не може целосно да им го ограничат на своите деца сѐ она што тие не треба да го консумираат. Нејзината ќерка, на пр., дома пие само вода и млеко, а на родендени пие и сок. Сепак, Дејвис препорачува да се избегнува одредена храна, колку што е можно повеќе. Таа наведува неколку од овие штетни намирници.

Тврди бонбони

Тука е, пред сѐ, опасноста од гушење што може да го предизвика бонбона. Тврдите бонбони се нешто што навистина треба да се забрани кај малите деца. Тие имаат и големо количество шеќер којшто придонесува за расипување на забите - особено детските.

Обработени прехранбени производи

Педијатарката Кендис Џонс вели дека не им дава на своите деца храна којашто е премногу обработена, бидејќи тоа содржи премногу сол и нездрави масти.

Засладени и газирани напитоци

Соковите и безалкохолните напивки содржат многу концентриран шеќер, а имаат многу малку влакна... Наместо тоа, на бебињата, особено од шестмесечна возраст натаму, би им годело овошје со поголема количина вода во него и коешто е богато со влакна.

Енергетски пијалаци

Авторката на книгата „Водич за родители и интуитивно јадење: Како да се одгледуваат деца кои сакаат да се хранат здраво“, Јами Казорла-Ланкастер се залага за тоа „да не се осудува“ ниту една храна. Сепак, енергетските пијалаци се забранети.

Тие се опасни и имаат особено лоши влијанија кај децата. Оваа педијатарка, воопшто, препорачува децата да не консумираат кофеин бидејќи тоа може да доведе до зависност.

Риба со високо ниво на жива

Меѓу видовите риби богати со жива, се скуша, марлин, сабјарка и туна. А, пак, живата може да биде исклучителчно штетна за нервниот систем при висока изложеност, па затоа најдобро е целосно да се избегнува кај малите деца и младите во развој.

Непастеризирано млеко

Елизабет Дејвис наведува дека нејзините деца не внесуваат ниту непастеризирани или сирови млечни производи поради опасноста од гастроинтестинални инфекции и потешка дијареа.

Опасности од засркнување и гушење

Конечно, најважно е да се избегнува храна којашто секогаш претставува опасност за гушење кај малите деца - пуканки, виршли, грозје, домати, бонбони, гуми за џвакање, моркови, парчиња варено месо и слична храна. Овие секојдневни намирници треба да се сечат на многу мали парчиња или целосно да се избегнува додека децата не пораснат доволно за самите да ги внесуваат.

The post Светски педијатри откриваат која храна е забранета за нивните деца appeared first on Република.

]]>

Пред да се одлучат за имањето деца, идните родители вообичаено замислуваат како да ги воспитуваат во однос на здравата храна и оброци, т.е. како да се избегнува лоша исхрана. Сепак, реалноста обично е далеку од тие првични пресметки. Скоро ништо не треба да биде 100 отсто забрането. Умереноста и разновидноста се клучот за целокупното здравје, па и за здравата исхрана. Елизабет Дејвис, педијатар и лекар по спортска медицина во Детската болница во Орландо, САД, вели дека тоа не треба да биде главоболка и оптоварување за родителот.
Општо, нека тоа не Ви биде стрес. Јас сум педијатарка, па бев „понизна“ кога станав родител на пребирливо дете. Мојата петгодишничка никогаш не пробала чипс или слатки што таа не ги сака, додека овошјето и зеленчукот се сосем друга приказна, вели педијатарката.
Докторката нагласува дека родителите не може целосно да им го ограничат на своите деца сѐ она што тие не треба да го консумираат. Нејзината ќерка, на пр., дома пие само вода и млеко, а на родендени пие и сок. Сепак, Дејвис препорачува да се избегнува одредена храна, колку што е можно повеќе. Таа наведува неколку од овие штетни намирници.

Тврди бонбони

Тука е, пред сѐ, опасноста од гушење што може да го предизвика бонбона. Тврдите бонбони се нешто што навистина треба да се забрани кај малите деца. Тие имаат и големо количество шеќер којшто придонесува за расипување на забите - особено детските.

Обработени прехранбени производи

Педијатарката Кендис Џонс вели дека не им дава на своите деца храна којашто е премногу обработена, бидејќи тоа содржи премногу сол и нездрави масти.

Засладени и газирани напитоци

Соковите и безалкохолните напивки содржат многу концентриран шеќер, а имаат многу малку влакна... Наместо тоа, на бебињата, особено од шестмесечна возраст натаму, би им годело овошје со поголема количина вода во него и коешто е богато со влакна.

Енергетски пијалаци

Авторката на книгата „Водич за родители и интуитивно јадење: Како да се одгледуваат деца кои сакаат да се хранат здраво“, Јами Казорла-Ланкастер се залага за тоа „да не се осудува“ ниту една храна. Сепак, енергетските пијалаци се забранети. Тие се опасни и имаат особено лоши влијанија кај децата. Оваа педијатарка, воопшто, препорачува децата да не консумираат кофеин бидејќи тоа може да доведе до зависност.

Риба со високо ниво на жива

Меѓу видовите риби богати со жива, се скуша, марлин, сабјарка и туна. А, пак, живата може да биде исклучителчно штетна за нервниот систем при висока изложеност, па затоа најдобро е целосно да се избегнува кај малите деца и младите во развој.

Непастеризирано млеко

Елизабет Дејвис наведува дека нејзините деца не внесуваат ниту непастеризирани или сирови млечни производи поради опасноста од гастроинтестинални инфекции и потешка дијареа.

Опасности од засркнување и гушење

Конечно, најважно е да се избегнува храна којашто секогаш претставува опасност за гушење кај малите деца - пуканки, виршли, грозје, домати, бонбони, гуми за џвакање, моркови, парчиња варено месо и слична храна. Овие секојдневни намирници треба да се сечат на многу мали парчиња или целосно да се избегнува додека децата не пораснат доволно за самите да ги внесуваат.

The post Светски педијатри откриваат која храна е забранета за нивните деца appeared first on Република.

]]>
Во ек на сезoната на респираторни инфекции: Проблемот со недостиг на педијатри во Охрид цела година не е решен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ek-na-sezonata-na-respiratorni-infekcii-problemot-so-nedostig-na-pedijatri-vo-ohrid-cela-godina-ne-e-reshen/ Thu, 15 Dec 2022 13:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=586000

Проблемот со недостиг на педијатри во Болницата во Охрид цела година не е решен ниту со ротација на педијатри од други установи, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ.
🔴Апелираме на итно решавање на овој проблем од страна на Министерството за здравство, наместо дадените празни ветувања.
👉 Со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал, оваа Влада свесно учествува во егзодусот на доктори и друг медицински кадар, а доказ за тоа е што во изминатиот период нема вработено ниту еден доктор во јавните здравствени установи низ државата
❓Прашуваме - Дали блокираната сметка на охридската болница е причината за нерешавање на проблемот со ротации на педијатри во болницата?
👩‍⚕️👨‍⚕️Господ нека ни е на помош, реагираат педијатрите од струшката болница.
Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари - се работи за здравјето на најмалите и најмилите, велат тие.
↘️Во струшкото педијатриско одделение, покрај од Струга се лечат и деца од Охрид, Ресен, Дебар, Ресен.
‼Педијатриското одделение во Охрид фунционира веќе една година само како дневна амбуланта и тоа во сезона кога респираторни инфекции заземаат замав кај најмладите.

The post Во ек на сезoната на респираторни инфекции: Проблемот со недостиг на педијатри во Охрид цела година не е решен appeared first on Република.

]]>

Проблемот со недостиг на педијатри во Болницата во Охрид цела година не е решен ниту со ротација на педијатри од други установи, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО - ДПМНЕ. 🔴Апелираме на итно решавање на овој проблем од страна на Министерството за здравство, наместо дадените празни ветувања. 👉 Со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал, оваа Влада свесно учествува во егзодусот на доктори и друг медицински кадар, а доказ за тоа е што во изминатиот период нема вработено ниту еден доктор во јавните здравствени установи низ државата ❓Прашуваме - Дали блокираната сметка на охридската болница е причината за нерешавање на проблемот со ротации на педијатри во болницата? 👩‍⚕️👨‍⚕️Господ нека ни е на помош, реагираат педијатрите од струшката болница. Секој ден се повеќе пациенти, се помалку лекари - се работи за здравјето на најмалите и најмилите, велат тие. ↘️Во струшкото педијатриско одделение, покрај од Струга се лечат и деца од Охрид, Ресен, Дебар, Ресен. ‼Педијатриското одделение во Охрид фунционира веќе една година само како дневна амбуланта и тоа во сезона кога респираторни инфекции заземаат замав кај најмладите.

The post Во ек на сезoната на респираторни инфекции: Проблемот со недостиг на педијатри во Охрид цела година не е решен appeared first on Република.

]]>
Ниту еден лекар на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагира Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nitu-eden-lekar-na-klinikata-za-detski-bolesti-ne-dobil-dodatok-za-dezurstvo-vo-poslednata-plata-reagira-komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne/ Wed, 16 Nov 2022 11:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=574458

Ниту еден лекар кој работи на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Тие велат дека е исплатена минимална сума само за ноќен труд, кој е понижувачки за лекарите кои деноноќно работат на Клиниката и ги хоспитализираат и третираат најтешките пациенти од целата држава.

Ова е направено под изговор дека се работи за технички пропуст на администрацијата, која наводно не пријавила дежурства од клиниката во последните две години до ФЗОМ, а што било утврдено по спроведената, иако јавни необјавена ревизија од ФЗО, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Лекарите бараат веднаш да се отстранат тие т.н “административни пречки” и да им се исплатат дежурствата од последните два месеци (делови од месец септември и октомври). Ревизијата може да трае со месеци, а тие за тоа време нема да го добиваат никакви финансиски средства за заслужениот и совесно изработен труд.

Лекарите специјалисти и супспецијалисти педијатри, дополнително наназад повеќе од три години не биле адекватно исплаќани за своите дежурства, односно за деновите сабота, недела и празник биле исто исплаќани, а не како на сите останати клиники во кампусот клиники „Мајка Тереза”.

На останатите клиники биле исплаќани различни проценти за сабота, недела и празник, согласно Колективниот договор. Со тоа е направена голема дискрепанца помеѓу педијатрите и нивните колеги од останатите клиники.
Овие средства на докторите на Клиниката за детски болести треба ретоактивно да им бидат исплатени, за што постојат докази, без да навлегуваат во разни шпекулации дали и каде завршиле нивните чесно одрабитени финансиски средства, додаваат од Комисијата на ВМРО ДПМНЕ.

Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека неправилности и нерегуларности во однос на дежурствата на лекарите ќе придонесат само на нивно заминување од јавното здравство. Заради тоа тие апелираат овој проблем сериозно да се сфати за да се заштити одливот на лекарите од јавно во приватно здравство.

Последниов месец сме сведоци на заминување на колеги кои што се круцијалини за функционирањето на системот и така сега ФЗОМ заради нивното заминување потребно е да исплаќа дополнителни средства на приватните болници во земјава. Доколку не се сопре овој тренд ризикуваме да останеме само со приватно здравство во земјава, велат од Комисијата.

The post Ниту еден лекар на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагира Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Ниту еден лекар кој работи на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Тие велат дека е исплатена минимална сума само за ноќен труд, кој е понижувачки за лекарите кои деноноќно работат на Клиниката и ги хоспитализираат и третираат најтешките пациенти од целата држава.
Ова е направено под изговор дека се работи за технички пропуст на администрацијата, која наводно не пријавила дежурства од клиниката во последните две години до ФЗОМ, а што било утврдено по спроведената, иако јавни необјавена ревизија од ФЗО, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Лекарите бараат веднаш да се отстранат тие т.н “административни пречки” и да им се исплатат дежурствата од последните два месеци (делови од месец септември и октомври). Ревизијата може да трае со месеци, а тие за тоа време нема да го добиваат никакви финансиски средства за заслужениот и совесно изработен труд. Лекарите специјалисти и супспецијалисти педијатри, дополнително наназад повеќе од три години не биле адекватно исплаќани за своите дежурства, односно за деновите сабота, недела и празник биле исто исплаќани, а не како на сите останати клиники во кампусот клиники „Мајка Тереза”.
На останатите клиники биле исплаќани различни проценти за сабота, недела и празник, согласно Колективниот договор. Со тоа е направена голема дискрепанца помеѓу педијатрите и нивните колеги од останатите клиники. Овие средства на докторите на Клиниката за детски болести треба ретоактивно да им бидат исплатени, за што постојат докази, без да навлегуваат во разни шпекулации дали и каде завршиле нивните чесно одрабитени финансиски средства, додаваат од Комисијата на ВМРО ДПМНЕ.
Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека неправилности и нерегуларности во однос на дежурствата на лекарите ќе придонесат само на нивно заминување од јавното здравство. Заради тоа тие апелираат овој проблем сериозно да се сфати за да се заштити одливот на лекарите од јавно во приватно здравство.
Последниов месец сме сведоци на заминување на колеги кои што се круцијалини за функционирањето на системот и така сега ФЗОМ заради нивното заминување потребно е да исплаќа дополнителни средства на приватните болници во земјава. Доколку не се сопре овој тренд ризикуваме да останеме само со приватно здравство во земјава, велат од Комисијата.

The post Ниту еден лекар на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагира Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Шпанија се соочува со сериозен недостиг од педијатри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-se-soochuva-so-seriozen-nedostig-od-pedijatri/ Fri, 23 Sep 2022 07:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=553376

Речиси 600.000 деца и адолесценти во Шпанија немаат педијатар или друг лекар кој ќе се грижи за нив, покажуваат податоците на Шпанското здружение на педијатри од примарната здравствена заштита.

Главниот град Мадрид и областа Навара се заедниците со најголем недостиг од овие професионалци. Потоа следат Андалузија и Каталонија. Се проценува дека за пополнување на ваквите позиции се потребни барем 600 лекари. Речиси половина од оваа работна сила е на возраст над 55 години и ќе се пензионира за неколку години, пренесува шпанската Радиотелевизија – РТВЕ.

Со оглед на состојбата на сѐ помал број педијатри, и консултациите по дете траат покусо…

Има многу фактори коишто доведоа до оваа состојба – небезбедни услови за работа на лекарите, преполни чекалници каде што има само еден професионалец, големи рурални области што треба покривање, како и недостиг од медицински сестри.

Педијатрите избираат поинаков тип работа, бидејќи често работат прекувремено со силен притисок. Од друга страна, значителен дел од нас педијатрите се пред пензионирање и наскоро ќе се пензионираме, изјави Дора Бехарано, педијатарка.

Познавачите предупредуваат дека доколку децата не се згрижуваат навреме, ќе се има пораст во нарушувањата во исхраната и психолошки проблеми, како и бројот на деца со тешкотии во невролошкиот или говорниот развој.

The post Шпанија се соочува со сериозен недостиг од педијатри appeared first on Република.

]]>

Речиси 600.000 деца и адолесценти во Шпанија немаат педијатар или друг лекар кој ќе се грижи за нив, покажуваат податоците на Шпанското здружение на педијатри од примарната здравствена заштита. Главниот град Мадрид и областа Навара се заедниците со најголем недостиг од овие професионалци. Потоа следат Андалузија и Каталонија. Се проценува дека за пополнување на ваквите позиции се потребни барем 600 лекари. Речиси половина од оваа работна сила е на возраст над 55 години и ќе се пензионира за неколку години, пренесува шпанската Радиотелевизија – РТВЕ. Со оглед на состојбата на сѐ помал број педијатри, и консултациите по дете траат покусо… Има многу фактори коишто доведоа до оваа состојба – небезбедни услови за работа на лекарите, преполни чекалници каде што има само еден професионалец, големи рурални области што треба покривање, како и недостиг од медицински сестри. Педијатрите избираат поинаков тип работа, бидејќи често работат прекувремено со силен притисок. Од друга страна, значителен дел од нас педијатрите се пред пензионирање и наскоро ќе се пензионираме, изјави Дора Бехарано, педијатарка. Познавачите предупредуваат дека доколку децата не се згрижуваат навреме, ќе се има пораст во нарушувањата во исхраната и психолошки проблеми, како и бројот на деца со тешкотии во невролошкиот или говорниот развој.

The post Шпанија се соочува со сериозен недостиг од педијатри appeared first on Република.

]]>
Десет месеци охриѓани и туристите ги носат болните деца на дежурен педијатар во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deset-meseci-ohrigjani-i-turistite-gi-nosat-bolnite-deca-na-dezuren-pedijatar-vo-struga/ Sun, 07 Aug 2022 18:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=537745

Безмалку една година во Охрид не работи Детското одделение поради недостиг на педијатри. Револтирани се охриѓани, но и туриститешто во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга.

Новиот директор на Охридската болница Асен Шајн за Телма кусо вели дека се бара решение.

Во болницата има само двајца педијатри, а на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската  амбуланта  во две смени од 8 до 20 часот.  И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат  дека се бара начин за надминување на предизвикот.

Најголемиот туристички центар  во земјава, остана без болничко лекување за најмладите пациенти лани во ноември.

The post Десет месеци охриѓани и туристите ги носат болните деца на дежурен педијатар во Струга appeared first on Република.

]]>

Безмалку една година во Охрид не работи Детското одделение поради недостиг на педијатри. Револтирани се охриѓани, но и туриститешто во ноќните часови, во викендите и празниците, болните дечиња на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат до Струга. Новиот директор на Охридската болница Асен Шајн за Телма кусо вели дека се бара решение. Во болницата има само двајца педијатри, а на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската  амбуланта  во две смени од 8 до 20 часот.  И од Министерството за здравство немаат конкретен одговор, велат  дека се бара начин за надминување на предизвикот. Најголемиот туристички центар  во земјава, остана без болничко лекување за најмладите пациенти лани во ноември.

The post Десет месеци охриѓани и туристите ги носат болните деца на дежурен педијатар во Струга appeared first on Република.

]]>
Педијатрите во Србија препорачуваат да се одложи поаѓањето во училиште за две недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pedijatrite-vo-srbija-preporachuvaat-da-se-odlozi-poagjanjeto-vo-uchilishte-za-dve-nedeli/ Mon, 17 Jan 2022 10:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=445701

Здружението на педијатри на Србија издаде соопштение во кое препорачува да се одложи поаѓањето на училиште на класичен начин или наставата да се организира онлајн.

Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во нашата земја и карактеристиките на сојот омикрон, кој се шири многу побрзо и во поголема мера од претходните соеви ги зафаќа и децата, Здружението на педијатри на Србија препорачува да се одложи наставата на класичен начин или да се организира онлајн настава“, се наведува во соопштението.

Од здружението на педијатри потсетуваат дека опфатот со вакцинација на оние групи во кои е одобрена и препорачана вакцината (деца постари од 12 години) е само симболична, а вакцината за деца до 12 години се уште не е регистрирана во Србија, па се смета дека учениците моментално се најранливата група.

Децата помлади од 12 години не се вакцинирани, а сојот омикрон кај оваа популација се шири исто толку брзо како и кај возрасните. Во овие околности – одлуката да им се наметне и обврската да одат во колектив и да посетуваат настава во класичен начин претставува голема опасност од заразување со ковид, грип или обем на инфекции на оваа чувствителна популација. Според Здружението на педијатри на Србија, ваквата одлука е медицински проблематична“, велат педијатрите на Србија.

Сметаат дека враќањето на училиште, на класичен начин, треба да се одложи за следните две недели додека не се добие подобар увид во текот на двете актуелни епидемии.

The post Педијатрите во Србија препорачуваат да се одложи поаѓањето во училиште за две недели appeared first on Република.