пециво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pecivo/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Aug 2022 12:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пециво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pecivo/ 32 32 Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум https://arhiva3.republika.mk/vesti/mnogu-sol-go-skratuva-zivotot-pechivata-konzerviraniot-zelenchuk-i-gotovite-pileshki-obroci-se-vinovnici-za-prekumerniot-vnes-na-natrium/ Mon, 29 Aug 2022 12:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=545262

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.

Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.

Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal).

Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот.

Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести.

Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.

Потребни се повеќе докази, особено од клиничките испитувања, пред јавноста да може да преземе какви било мерки. Сепак, нашите наоди се во согласност со претходните истражувања што постојано укажуваат дека високиот внес на сол е негативно поврзан со различни здравствени исходи како хипертензија и кардиоваскуларни болести, додаде д-р Чи.

Готовата и преработената храна често содржи сол за вкус или за конзервирање. Според Управата за храна и лекови на САД, на пр., повеќе од 70 отсто од солта што Американците ја внесуваат, е додадена сол во преработената храна.

Иако повеќето мои пациенти не додаваат сол во храната, не сфаќаат дека печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се меѓу најлошите виновници за прекумерниот внес на натриум, вели д-р Стивен Јурашек, од Харвард.

Карли Ноулс, регистрирана диететичарка, препорачува да се готви дома, каде што се има поголема контрола врз соленоста и подготовката на оброците, читањето состојки на купените производи, како и околу зачините со можност без сол. Според неа, така има поголема можност за подобро обработена и поздрава храна.

The post Многу сол го скратува животот: Печивата, конзервираниот зеленчук и готовите пилешки оброци се виновници за прекумерниот внес на натриум appeared first on Република.

]]>

Додавањето сол во храната може да придонесе до пократок животен век и поголема можност од рана смрт, потврди ново истражување на британски и американски научници, што опфатило повеќе од 500.000 луѓе во Обединетото Кралство.
Националната здравствена служба на Обединетото Кралство препорачува возрасните да го ограничат внесот на околу една лажица сол дневно. Постои долга евиденција на научни истражувања што покажуваат дека исхраната богата со сол е штетна, но овој труд ја нагласува потребата за дополнително ниво на претпазливост, рече водечкиот автор на испитувањата Лу Чи, инаку професор по епидемиологија на Универзитетот „Тулан“ во Њу Орлеанс, САД.
Испитаниците одговарале на прашалник меѓу 2006 и 2010 година за нивните навики за јадење сол и колку често го додаваат овој секојдневен зачин во храната. Истражувањето е објавено во журналот „Јуропиан харт“ (European Heart Journal). Солта ја зголемува опасноста од рана смрт, а овошјето и зеленчукот го намалуваат, тврдат стучњаците. Истражувачите ја анализирале здравствената состојба околу девет години и откриле дека колку повеќе луѓето додаваат сол во оброците, толку се поголеми нивните шанси за рана смрт. Сепак, оние луѓе кои консумираат големи количини на сол би можеле да ја намалат опасноста со јадење повеќе овошје и зеленчук, се вели во трудот. Американското здружение за срце препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми сол дневно – но забележува дека идеалната граница е 1.500 милиграми дневно. Јадењето премногу сол може да го покачи крвниот притисок, што пак, може да предизвика срцеви заболувања, мозочен удар и бубрежни болести. Но, дури и ако не се додава премногу сол во оброците, може да дојде до прекумерна консумација на натриум.