печурки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechurki/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 09:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png печурки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechurki/ 32 32 Се трага по стружанец кој тргнал да бере печурки и не се вратил дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-traga-po-struzhanets-koj-trgnal-da-bere-pechurki-i-ne-se-vratil-doma/ Tue, 22 Oct 2024 09:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=829667

Исчезнат е маж од Струга откако пред два дена отишол да бере печурки кон селото Брчево и не се вратил дома. Неговото исчезнување во СВР Струга го пријавил неговиот брат откако никако не можеле да воспостават контакт со него.

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во с.Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М., стои во соопштението на ЦУК

The post Се трага по стружанец кој тргнал да бере печурки и не се вратил дома appeared first on Република.

]]>

Исчезнат е маж од Струга откако пред два дена отишол да бере печурки кон селото Брчево и не се вратил дома. Неговото исчезнување во СВР Струга го пријавил неговиот брат откако никако не можеле да воспостават контакт со него. Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во с.Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М., стои во соопштението на ЦУК

The post Се трага по стружанец кој тргнал да бере печурки и не се вратил дома appeared first on Република.

]]>
Совршена за есен – диета со печурки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sovrshena-za-esen-dieta-so-pechurki/ Tue, 08 Oct 2024 20:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=817487

Поради тоа што печурките содржат хранливи влакна кои ја стимулираат работата на цревата и допринесуваат за чувство на ситост, ова е совршена диета за оние кои не сакаат да се чувствуваат гладни за време на посебниот режим на исхрана со кој би ги изгубиле оние „килограми плус“.

Диетата со печурки трае 5 недели, а за ова време можете да изгубите околу 5 килограми. Не треба да внесувате дневно повеќе од 1.550 калории, а покрај печурките диетата содржи и 5 порции овошје и зеленчук и половина литар млеко за да му обезбедите на организмот доволна количина хранливи материи. Се препорачува за еден оброк да изедете околу 250-300 грама свежи печурки.

Целта на оваа диета е да го замените месото со печурки секогаш кога ќе имате можност за тоа. На пример, подгответе ориз со печурки, испечете печурки на жар како предјадење, наместо мелено месо за шпагети користете исечкани печурки, направете вкусен гулаш со печурки или пита. На Интернет можете да пронајдете многу рецепти за вкусни оброци со печурки.

Печурките уште се нарекуваат „месо за вегетаријанци“ и тие се идеална замена за месото, особено доколку сакате да ослабете на здрав начин. Печурките се состојат од протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а имаат многу малку калории – 150 грама шампињони содржат само 30 калории. Оваа диета ќе ви помогне да го подобрите вашиот изглед, бидејќи печурките содржат витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои се одлични за кожата, косата и ноктите.

The post Совршена за есен – диета со печурки appeared first on Република.

]]>

Поради тоа што печурките содржат хранливи влакна кои ја стимулираат работата на цревата и допринесуваат за чувство на ситост, ова е совршена диета за оние кои не сакаат да се чувствуваат гладни за време на посебниот режим на исхрана со кој би ги изгубиле оние „килограми плус“. Диетата со печурки трае 5 недели, а за ова време можете да изгубите околу 5 килограми. Не треба да внесувате дневно повеќе од 1.550 калории, а покрај печурките диетата содржи и 5 порции овошје и зеленчук и половина литар млеко за да му обезбедите на организмот доволна количина хранливи материи. Се препорачува за еден оброк да изедете околу 250-300 грама свежи печурки. Целта на оваа диета е да го замените месото со печурки секогаш кога ќе имате можност за тоа. На пример, подгответе ориз со печурки, испечете печурки на жар како предјадење, наместо мелено месо за шпагети користете исечкани печурки, направете вкусен гулаш со печурки или пита. На Интернет можете да пронајдете многу рецепти за вкусни оброци со печурки. Печурките уште се нарекуваат „месо за вегетаријанци“ и тие се идеална замена за месото, особено доколку сакате да ослабете на здрав начин. Печурките се состојат од протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а имаат многу малку калории – 150 грама шампињони содржат само 30 калории. Оваа диета ќе ви помогне да го подобрите вашиот изглед, бидејќи печурките содржат витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои се одлични за кожата, косата и ноктите.

The post Совршена за есен – диета со печурки appeared first on Република.

]]>
Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pechurkite-imale-magichno-svojstvo-ja-podobruvaat-memorijata-i-ja-namaluvaat-anksioznosta/ Mon, 30 Sep 2024 20:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=821180

Резултатите покажале дека по само 8-10 недели јадење печурки може да се забележи подобрување во рамнотежата, координацијата, мускулната сила, учењето и меморијата.

За среќа, тие се навистина лесни да се вклучат во менито, бидејќи не само што се лесно достапни туку се и многу економична алтернатива на изворите на животински протеини во исхраната.

Печурките се сметаат за здрава намирница поради тоа што не содржат холестерол и глутен и имаат малку масти, шеќери, натриум и калории.

Компонентите од екстрактите од печурки може да ги стимулираат растот и поправката на нервните клетки, познати како неврони. Тие можат да штитат од деменција, да ја ублажат слабата депресија, анксиозноста и да го забрзаат закрепнувањето од повредите на нервниот систем.

The post Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста appeared first on Република.

]]>

Резултатите покажале дека по само 8-10 недели јадење печурки може да се забележи подобрување во рамнотежата, координацијата, мускулната сила, учењето и меморијата. За среќа, тие се навистина лесни да се вклучат во менито, бидејќи не само што се лесно достапни туку се и многу економична алтернатива на изворите на животински протеини во исхраната. Печурките се сметаат за здрава намирница поради тоа што не содржат холестерол и глутен и имаат малку масти, шеќери, натриум и калории. Компонентите од екстрактите од печурки може да ги стимулираат растот и поправката на нервните клетки, познати како неврони. Тие можат да штитат од деменција, да ја ублажат слабата депресија, анксиозноста и да го забрзаат закрепнувањето од повредите на нервниот систем.

The post Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста appeared first on Република.

]]>
Буковки со путер и лук https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/bukovki-so-puter-i-luk/ Fri, 09 Aug 2024 08:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=804843

Потребни состојки:
  • 300 гр буковки
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 1 чешне лук
Подготовка:

Измијте ги буковките и потоа со хартиена крпа нежно тапкајте ги за да се апсорбира вишокот на влага. Исечете го тврдото стебло во основата на секоја печурка. Одвоите големи парчиња со големина на залак. Ставете голема тава на средно-силен оган. Кога добро ќе се загрее додадете го маслото. Наредете ги печурките во еден слој. Пржете, без вртење, додека едната страна не стане златно кафеава и крцкава.

Посипете со сол и бибер по вкус и промешајте. Префрлете ги печурките во чинија за сервирање. Без да ја вратите тавата на оган, во топлата тава додадете ги путерот, ситно сечканиот лук и магдоносот, мешајте додека путерот не се растопи и лукот не замириса. Прелијте ги печурките со путерот од лук и послужете.

The post Буковки со путер и лук appeared first on Република.

]]>

Потребни состојки:
  • 300 гр буковки
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 1 чешне лук
Подготовка:
Измијте ги буковките и потоа со хартиена крпа нежно тапкајте ги за да се апсорбира вишокот на влага. Исечете го тврдото стебло во основата на секоја печурка. Одвоите големи парчиња со големина на залак. Ставете голема тава на средно-силен оган. Кога добро ќе се загрее додадете го маслото. Наредете ги печурките во еден слој. Пржете, без вртење, додека едната страна не стане златно кафеава и крцкава. Посипете со сол и бибер по вкус и промешајте. Префрлете ги печурките во чинија за сервирање. Без да ја вратите тавата на оган, во топлата тава додадете ги путерот, ситно сечканиот лук и магдоносот, мешајте додека путерот не се растопи и лукот не замириса. Прелијте ги печурките со путерот од лук и послужете.

The post Буковки со путер и лук appeared first on Република.

]]>
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanets-sobiral-pechurki-vo-kolenoto-mu-vlegol-proektil-od-ogneno-oruzhje/ Sun, 19 May 2024 14:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=779851

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

– Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

 

The post Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје appeared first on Република.

]]>

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје. – Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес. Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.  

The post Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје appeared first on Република.

]]>
Дали се печурките јаглехидрати или протеини? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dali-se-pechurkite-jaglehidrati-ili-proteini/ Sat, 06 Jan 2024 11:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=730360

Печурките содржат екстремно ниски вредности на шеќери. Една порција печурки (околу 1 шолја, 70 g) сурови бели печурки содржи само 2 g јагленхидрати, од кои 1 грам се влакна (14).

Од друга страна, истата порција варени печурки содржи 4 грама протеини, што ги прави одличен додаток за секој оброк или ужина. Освен протеини, печурките содржат и витамини од групата Б, витамин Д, калиум, фосфор, железо, цинк и манган.

Придонесот на витамините од групата Б е важен: меѓу нив витаминот Б3, кој служи за одржување на здрав нервен систем и оксигенација на крвта, и витамин Б2, кој е неопходен за производство на црвени крвни зрнца и добар метаболизам.

Витаминот Д, кој исто така го има во изобилство, е регулатор на метаболизмот на калциумот и затоа е корисен при калцификацијата на коските.

Во последниве години, многу истражувачи ја проучувале можноста печурките да имаат одредено влијание врз имунолошкиот систем.

Специфичните метаболити се чини дека можат да ги потиснат имунолошките одговори, потенцијално да станат корисни за ублажување на автоимуни болести или некои гастроинтестинални заболувања.

Постојат најмалку 651 вид кои припаѓаат на 182 родови на габи кои содржат имуностимулирачки метаболити.

Благодарение на витамините Б и железото, печурките се борат против анемија, па затоа е корисно да ги вклучите во вашата исхрана кога страдате од недостаток на железо или имате симптоми како што се замор, физички или ментален стрес, исцрпеност.

 

The post Дали се печурките јаглехидрати или протеини? appeared first on Република.

]]>

Печурките содржат екстремно ниски вредности на шеќери. Една порција печурки (околу 1 шолја, 70 g) сурови бели печурки содржи само 2 g јагленхидрати, од кои 1 грам се влакна (14). Од друга страна, истата порција варени печурки содржи 4 грама протеини, што ги прави одличен додаток за секој оброк или ужина. Освен протеини, печурките содржат и витамини од групата Б, витамин Д, калиум, фосфор, железо, цинк и манган. Придонесот на витамините од групата Б е важен: меѓу нив витаминот Б3, кој служи за одржување на здрав нервен систем и оксигенација на крвта, и витамин Б2, кој е неопходен за производство на црвени крвни зрнца и добар метаболизам. Витаминот Д, кој исто така го има во изобилство, е регулатор на метаболизмот на калциумот и затоа е корисен при калцификацијата на коските. Во последниве години, многу истражувачи ја проучувале можноста печурките да имаат одредено влијание врз имунолошкиот систем. Специфичните метаболити се чини дека можат да ги потиснат имунолошките одговори, потенцијално да станат корисни за ублажување на автоимуни болести или некои гастроинтестинални заболувања. Постојат најмалку 651 вид кои припаѓаат на 182 родови на габи кои содржат имуностимулирачки метаболити. Благодарение на витамините Б и железото, печурките се борат против анемија, па затоа е корисно да ги вклучите во вашата исхрана кога страдате од недостаток на железо или имате симптоми како што се замор, физички или ментален стрес, исцрпеност.  

The post Дали се печурките јаглехидрати или протеини? appeared first on Република.

]]>
Жена од Oхридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-od-ohridsko-shto-se-izgubila-berejki-pechurki-e-pronajdena-vo-ranite-utrinski-chasovi/ Tue, 20 Jun 2023 07:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=653263

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови.

Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба.

Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила.

Во потрагата била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини. 

The post Жена од Oхридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови appeared first on Република.

]]>

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови. Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба. Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила. Во потрагата била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини. 

The post Жена од Oхридско што се изгубила берејќи печурки, е пронајдена во раните утрински часови appeared first on Република.

]]>
Во сезоната на берење печурки, расте бројот на затруени пациенти на токсикологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-sezonata-na-berenje-pechurki-raste-brojot-na-zatrueni-pacienti-na-toksikologija/ Fri, 07 Oct 2022 13:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=558459

Во овој период сонце дожд е одличен за отровната печурка аманита фалоидес кој е смртоносна печурка и расте во Македонија. Др. Чибишев  за Канал 5 вели дека токму од оваа печурка се затруле граѓаните од соседна Србија кои се во тешка состојба во болница.

Последните двајца пациенти кои заминаа од клиниката се брачен пар од Кочани кои имале полесни знаци на труење но морале да бидат хоспитализирани заради по ручек од печурки.

The post Во сезоната на берење печурки, расте бројот на затруени пациенти на токсикологија appeared first on Република.

]]>

Во овој период сонце дожд е одличен за отровната печурка аманита фалоидес кој е смртоносна печурка и расте во Македонија. Др. Чибишев  за Канал 5 вели дека токму од оваа печурка се затруле граѓаните од соседна Србија кои се во тешка состојба во болница. Последните двајца пациенти кои заминаа од клиниката се брачен пар од Кочани кои имале полесни знаци на труење но морале да бидат хоспитализирани заради по ручек од печурки.

The post Во сезоната на берење печурки, расте бројот на затруени пациенти на токсикологија appeared first on Република.

]]>
Јадењето печурки нуди повеќекратна делотворност за здравјето и телото https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jadenjeto-pechurki-nudi-povekjekratna-delotvornost-za-zdravjeto-i-teloto/ Mon, 03 Oct 2022 07:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=556681

Печурките се многу корисни за човековото тело, бидејќи дејствуваат делотворно на здравјето поради нивната хранлива вредност.

Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемена подложност на хронични болести, вклучително и одредени видови рак… Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија коишто предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично како „група војници кои водат неколку битки истовремено во седум војни“. Печурките се познати и по својот широк спектар биоактивни состојки, пред сè по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот - објаснува нутриционистката Никол Стефанов.

Истражување објавено во стручното списание „Фуд сајенс енд нутришн“ (Food Science & Nutrition) покажува дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во телото без зголемување на нивото калории, масти и натриум. Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.

Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетката на панкреасот - додава Стефанов.

Луѓето кои јадат печурки имаат и помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витаминот Б-12 и антиоксидансите.

The post Јадењето печурки нуди повеќекратна делотворност за здравјето и телото appeared first on Република.

]]>

Печурките се многу корисни за човековото тело, бидејќи дејствуваат делотворно на здравјето поради нивната хранлива вредност.
Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемена подложност на хронични болести, вклучително и одредени видови рак… Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија коишто предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично како „група војници кои водат неколку битки истовремено во седум војни“. Печурките се познати и по својот широк спектар биоактивни состојки, пред сè по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот - објаснува нутриционистката Никол Стефанов.
Истражување објавено во стручното списание „Фуд сајенс енд нутришн“ (Food Science & Nutrition) покажува дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во телото без зголемување на нивото калории, масти и натриум. Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.
Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетката на панкреасот - додава Стефанов.
Луѓето кои јадат печурки имаат и помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витаминот Б-12 и антиоксидансите.

The post Јадењето печурки нуди повеќекратна делотворност за здравјето и телото appeared first on Република.

]]>