печење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechene/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 09:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png печење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechene/ 32 32 Се ближат славите, се качуваат цените – фурните за печење месо имаат нови ценовници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-blizhat-slavite-se-kachuvaat-tsenite-furnite-za-pechene-meso-imaat-novi-tsenovnitsi/ Tue, 22 Oct 2024 09:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=829664

Со приближувањето на сезоната на слави, голем број скопјани почнуваат да ги планираат традиционалните прослави, кои најчесто вклучуваат и печење месо во фурни.

Сепак, оваа година многумина се соочуваат со значително повисоки цени за оваа услуга.

Според информациите од неколку фурни во Скопје, цените на печењето по килограм месо бележат забележлив пораст, што предизвикува загриженост кај граѓаните кои се подготвуваат за претстојните празници.

Во неколку фурни низ градот, цените за печење свинско месо се движат околу 1.500 денари, додека печеното јагнешко поскапело за околу 300 денари, достигнувајќи високи цени кои надминуваат 2.000 денари.

Овие поскапувања доаѓаат во време кога многумина се жалат на општата скапотија и зголемувањето на животните трошоци.

„Поскапувањето е нормално за овој период“

Според вработен во една од фурните во Карпош, ваквото поскапување не е неочекувано.

Тој објаснува дека во овој период од годината, побарувачката за печење месо традиционално расте, што природно доведува до зголемување на цените.

Секогаш кога се приближуваат празниците и славите, побарувачката за печење се зголемува, а тоа влијае на трошоците на услугите. Нашите фурни работат со зголемени капацитети, и затоа е нормално да има поскапување“, вели вработениот, кој инсистираше да остане анонимен.

Цените на месото, горивото и другите трошоци, како електричната енергија, исто така пораснаа, што придонесе за ваквото покачување, додава нашиот соговорник.

Тој исто така посочува дека фурните вложуваат многу труд во подготовката на квалитетно печење, а зголемените трошоци се неминовни за да се одржи квалитетот на услугата.

„Знаеме дека за многумина ова е скап период, но се трудиме да обезбедиме висок квалитет. Секако, клиентите можат сами да одлучат дали ќе ја користат нашата услуга, но веруваме дека квалитетот е тоа што ги привлекува луѓето да се вратат секоја година“, додава тој.

Граѓаните загрижени за скапотијата

Од друга страна, граѓаните, кои традиционално се потпираат на услугите на фурните за време на празниците, велат дека зголемувањето на цените е дополнителен удар врз нивниот домашен буџет.
Еден скопјанец, кој и годинава планира да прослави слава со семејството, вели дека порастот на цените го става во дилема дали да го користи овој начин на подготовка на јадењето.

„Секоја година печеме месо во фурна за славата, но оваа година цените се навистина високи. За дваесетина гости, кога ќе ги собереш сите трошоци – месо, печење, пиење, храна – сѐ станува многу скапо. Размислувам дали оваа година да се обидам да го печам месото дома, но тоа исто така бара многу време и труд – изјави Милан Драгутиновиќ од Ѓорче Петров.

Тој додава дека покрај скапотијата, забележува и други зголемени трошоци, што дополнително го притиска семејниот буџет.

„Не е само печењето, тука се и другите трошоци кои се покачуваат – струјата, пазарот, секојдневните трошоци. Нема да биде лесно оваа година“, вели тој, додавајќи дека славите, кои некогаш беа симбол на традиција и заедништво, сѐ повеќе стануваат финансиски предизвик за многу семејства.

Целиот текст на Денар.мк

The post Се ближат славите, се качуваат цените – фурните за печење месо имаат нови ценовници appeared first on Република.

]]>

Со приближувањето на сезоната на слави, голем број скопјани почнуваат да ги планираат традиционалните прослави, кои најчесто вклучуваат и печење месо во фурни. Сепак, оваа година многумина се соочуваат со значително повисоки цени за оваа услуга. Според информациите од неколку фурни во Скопје, цените на печењето по килограм месо бележат забележлив пораст, што предизвикува загриженост кај граѓаните кои се подготвуваат за претстојните празници. Во неколку фурни низ градот, цените за печење свинско месо се движат околу 1.500 денари, додека печеното јагнешко поскапело за околу 300 денари, достигнувајќи високи цени кои надминуваат 2.000 денари. Овие поскапувања доаѓаат во време кога многумина се жалат на општата скапотија и зголемувањето на животните трошоци. „Поскапувањето е нормално за овој период“ Според вработен во една од фурните во Карпош, ваквото поскапување не е неочекувано. Тој објаснува дека во овој период од годината, побарувачката за печење месо традиционално расте, што природно доведува до зголемување на цените.
Секогаш кога се приближуваат празниците и славите, побарувачката за печење се зголемува, а тоа влијае на трошоците на услугите. Нашите фурни работат со зголемени капацитети, и затоа е нормално да има поскапување“, вели вработениот, кој инсистираше да остане анонимен.
Цените на месото, горивото и другите трошоци, како електричната енергија, исто така пораснаа, што придонесе за ваквото покачување, додава нашиот соговорник. Тој исто така посочува дека фурните вложуваат многу труд во подготовката на квалитетно печење, а зголемените трошоци се неминовни за да се одржи квалитетот на услугата.
„Знаеме дека за многумина ова е скап период, но се трудиме да обезбедиме висок квалитет. Секако, клиентите можат сами да одлучат дали ќе ја користат нашата услуга, но веруваме дека квалитетот е тоа што ги привлекува луѓето да се вратат секоја година“, додава тој.
Граѓаните загрижени за скапотијата
Од друга страна, граѓаните, кои традиционално се потпираат на услугите на фурните за време на празниците, велат дека зголемувањето на цените е дополнителен удар врз нивниот домашен буџет. Еден скопјанец, кој и годинава планира да прослави слава со семејството, вели дека порастот на цените го става во дилема дали да го користи овој начин на подготовка на јадењето.
„Секоја година печеме месо во фурна за славата, но оваа година цените се навистина високи. За дваесетина гости, кога ќе ги собереш сите трошоци – месо, печење, пиење, храна – сѐ станува многу скапо. Размислувам дали оваа година да се обидам да го печам месото дома, но тоа исто така бара многу време и труд – изјави Милан Драгутиновиќ од Ѓорче Петров.
Тој додава дека покрај скапотијата, забележува и други зголемени трошоци, што дополнително го притиска семејниот буџет.
„Не е само печењето, тука се и другите трошоци кои се покачуваат – струјата, пазарот, секојдневните трошоци. Нема да биде лесно оваа година“, вели тој, додавајќи дека славите, кои некогаш беа симбол на традиција и заедништво, сѐ повеќе стануваат финансиски предизвик за многу семејства.
Целиот текст на Денар.мк

The post Се ближат славите, се качуваат цените – фурните за печење месо имаат нови ценовници appeared first on Република.

]]>
Прасечко во рерна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/prasechko-vo-rerna/ Thu, 09 Nov 2023 13:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=699930

Доколку подготвувате празнична трпеза или имате гости, тогаш можете да направите свинско месо од рерна.

Свинското месо добро измијте го и исушете го со хартиени крпи. Добро истријте ја солта, на месото направете процепи за солта подобро да навлезе. Ставете на решетка на плех за печење.

Ставете го месото на скара, а во тавата истурете голема чаша вода.

Се пече на 190 степени. На секои 30 минути свинското месо премачкајте го со четка со исцедениот дел во тавите.

Свртете повремено. Потребни се најмалку 3 часа за печење, во зависност од рерната.

Кон крајот на половина час можете да истурете шолја пиво. Подигнете ја тавата поблиску до врвот и зголемете ја температурата на 210 - 220 степени за кората да стане крцкава.

https://www.youtube.com/watch?v=owkPRQuux5M

The post Прасечко во рерна appeared first on Република.

]]>

Доколку подготвувате празнична трпеза или имате гости, тогаш можете да направите свинско месо од рерна.

Свинското месо добро измијте го и исушете го со хартиени крпи. Добро истријте ја солта, на месото направете процепи за солта подобро да навлезе. Ставете на решетка на плех за печење.

Ставете го месото на скара, а во тавата истурете голема чаша вода. Се пече на 190 степени. На секои 30 минути свинското месо премачкајте го со четка со исцедениот дел во тавите. Свртете повремено. Потребни се најмалку 3 часа за печење, во зависност од рерната. Кон крајот на половина час можете да истурете шолја пиво. Подигнете ја тавата поблиску до врвот и зголемете ја температурата на 210 - 220 степени за кората да стане крцкава. https://www.youtube.com/watch?v=owkPRQuux5M

The post Прасечко во рерна appeared first on Република.

]]>
Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/edni-si-donesoa-pecheno-a-drugi-jagneto-si-go-stavija-na-razhen-srede-plazha/ Sun, 09 Jul 2023 15:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=659416

Откако на социјалните мрежи стана вирална фотографијата од српските туристи кои си донесоа цело печено јагне со себе на одмор во Грција, сега се појави нова снимка, но овојпат со подготовка на јагне на плажа.

На Инстаграм страницата „podgorički.vremeplov“ се појави видео плажата Јаз кај Будва во Црна Гора, на кое се гледаат туристи кои вртат јагне на ражен на сред плажа:

The post Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа appeared first on Република.

]]>

Откако на социјалните мрежи стана вирална фотографијата од српските туристи кои си донесоа цело печено јагне со себе на одмор во Грција, сега се појави нова снимка, но овојпат со подготовка на јагне на плажа. На Инстаграм страницата „podgorički.vremeplov“ се појави видео плажата Јаз кај Будва во Црна Гора, на кое се гледаат туристи кои вртат јагне на ражен на сред плажа:

The post Едни си донесоа печено, а други јагнето си го ставија на ражен среде плажа appeared first on Република.

]]>