печат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechat/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 17:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png печат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pechat/ 32 32 Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-tvrdi-deka-gi-dobil-pechatite-od-aa-taravari-najavuva-zhalba-dokolku-e-donesena-vakva-odluka/ Tue, 02 Apr 2024 17:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=761427

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба.

- Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

- Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден.

Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба. - Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села. Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села. - Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук. МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден. Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>
Печатите се кај Таравари: Алијанса за Албанците укажа на прекршување на партискиот статут https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pechatite-se-kaj-taravari-alijansa-za-albantsite-ukazha-na-prekrshuvane-na-partiskiot-statut/ Fri, 16 Feb 2024 14:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=744906

Во седиштето на партијата Алијанса за Албанците во Тетово прес-конференција одржаа тројца членови кои во име на претседателот Арбен Таравари, образложија дека се направени повеќе повреди на статутот од страна на луѓето кои учествувале на Собранието на партијата на 10 февруари. Адвокатот Абидин Абдули рече дека тоа Собрание е нелегитимно и оти се направени низа прекршоци кои содржат и елементи на кривични дела.

На тоа Собрание се фалсификувани потписи на дел од членовите на Собранието-советниците и исто така и изменети со имиња на други членови кои воопшто не се советници. На Конгресот на 27.03.2022 и на одржаните собранија на 17.09.2022 и 21.1.2023 избрани се советници со вкупен број 137. Од тие јас имам изјави од 70 советници кои не присуствувале на Собранието и коишто дале изјави на нотар дека не биле на тоа Собрание на 10 февруари. Затоа тој собир го нема потребното мнозинство да се одржи, затоа што не биле присутни ни половина од легитимни советници и не може да се свика Конгрес зошто нема двотретинско мнозинство, истакна Абидин Абдули.

Членот на партијата и поранешен министер, Азиу Алиу образложи како се направени повеќето прекршувања на статутот. Според него, записникот и списокот на присутните членови на т.н. седница на Собранието не се доставени во архивата партијата во седиштето во Тетово.

Од изјавите дадени во јавноста и други проверки констатираме низа статутарни прекршоци и тоа повреда во свикување на собранието каде е повреден член 71. ц, прекршен член е 49, иницијатива за разрешување на претседател треба да се базира на принципи од член 50 од статутот на нашата партија, но е прекршен од страна на претседател на Собранието, без да се констатира причина, иницијатива за прекин на мандат на претседателот не е донесена со двотретинско гласање од состав на партиско собрание и друго, образложи Алиу.

Според Азир Алиу, печатите на партијата се кај претседателот Арбен Таравари.

Ако имате претседател со мнозинство членови не треба да се дискутира кое собрание е легитимно. Не е свикано Собранието од Таравари и не е свикано од 2/3 од составот на партиското Собрание. Не гласале 2/3 од легитимните членови на партиско Собрание и ова е тешка статутарна повреда и кривично дело бидејќи се манипулира со списокот на членови на собранието. Ако е битно, печатите се кај претседателот Таравари. Но нашата поврзаност, комуникација со народот и бројот на присутни на страна на претседателот ние е многу побитно од печатите, изјави Азир Алиу.

На вонреден конгрес денеска, петок, 16 февруари 2024 година, претседателот на партијата Арбен Таравари повика врз основа на член 31, точка 1 од Статутот.

The post Печатите се кај Таравари: Алијанса за Албанците укажа на прекршување на партискиот статут appeared first on Република.