пцуе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcue/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Sep 2022 18:02:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пцуе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcue/ 32 32 Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-juzna-koreja-snimen-kako-pcue-po-sredbata-so-bajden/ Sat, 24 Sep 2022 18:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=553881

Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата.

Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“.

Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот.

Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер.

Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон.

Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај.

На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

The post Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден appeared first on Република.

]]>

Јун Сук Јеол бил снимен како пцуе по средбата со американскиот претседател Џо Бајден на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк во средата. Во видеото кое го објави јужнокорејската телевизија Ем-би-си на својот канал на Јутјуб може да се види Јун како оди по бината по разговорот со Бајден пред да се сврти кон своите помошници и да каже: „Би било срамота за Бајден ако тие скотови во собранието не го одобрат овој закон“. Глобалниот фонд е организација која се обидува да ги победи ХИВ, туберкулозата и маларијата во земјите во развој и забелешката на Јун најверојатно се однесува на ветувањето на Бајден дека ќе придонесе со 6 милијарди долари, што би барало одобрување од Конгресот. Многу корисници на социјалните мрежи го исмеваат Јун, додека пцовката која ја употребил стана популарен збор за пребарување на јужнокорејскиот портал Навер. Критичарите велат дека ова е најновата во низата дипломатски утки на Јун, кој неделава стигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН откако присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета Втора во Лондон. Додека беше во Лондон, неговите противници го обвинија за непочитување бидејќи пропушти да го види ковчегот на кралицата, за што тој се правдаше со густиот сообраќај. На краткиот брифинг со новинарите, претставник на кабинетот на јужнокорејскиот кабинет кажа дека забелешката е „приватен коментар“ и дека е „непримерно да се поврзува приватен коментар со дипломатскиот исход“.

The post Претседателот на Јужна Кореја снимен како пцуе по средбата со Бајден appeared first on Република.

]]>
Нефи Усеини пцуе новинари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nefi-useini-pcue-novinari/ Tue, 28 Jun 2022 14:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=520827

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини со погрдни зборови им се обраќа на новинари кои го прашуваат дали смета дека има судир на интереси околу тендерите кои ги добива фирмата во негова сопственост, а тој е е советник од ДУИ во општинскиот Совет на Охрид.

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави „Телма“.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.

Во ноември лани, неговата градежна механизација беше ангажирана во ЈП Нискоградба Охрид за 1 милион и 350 илјади денари.

Во јануари пак, има склучен догвор со Охридски Комуналец за набавка на градежен материјал во вредност од 1 милион денари, а во март добил тендер со Градски гробишта Охрид, тежок 9,5 милиони денари.

Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Усеини.

 

The post Нефи Усеини пцуе новинари appeared first on Република.

]]>

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини со погрдни зборови им се обраќа на новинари кои го прашуваат дали смета дека има судир на интереси околу тендерите кои ги добива фирмата во негова сопственост, а тој е е советник од ДУИ во општинскиот Совет на Охрид. Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави „Телма“.
„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.
Во ноември лани, неговата градежна механизација беше ангажирана во ЈП Нискоградба Охрид за 1 милион и 350 илјади денари. Во јануари пак, има склучен догвор со Охридски Комуналец за набавка на градежен материјал во вредност од 1 милион денари, а во март добил тендер со Градски гробишта Охрид, тежок 9,5 милиони денари. Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината. Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Усеини.  

The post Нефи Усеини пцуе новинари appeared first on Република.

]]>
„Глупав ку*кин син“: Претседателот Бајден опцу новинар кој го прашуваше за инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glupav-ku-kin-sin-pretsedatelot-bajden-opcu-novinar-koj-go-prashuvashe-za-inflacijata/ Tue, 25 Jan 2022 08:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=449019

Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз“, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори.

На крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс“ од Белата куќа, Питер Дуси праша „дали инфлацијата е политичка одговорност?“.

Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син“!

https://youtu.be/EFuNPbFTTmM

Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично“.

Бајден положи заклетва пред една година со ветување дека ќе заземе цврст став против секој и најмал знак на грубост меѓу членовите на неговата Администрација.

Ако некогаш работите со мене и се однесувате со своите колеги со непочитување и понижување, ветувам дека веднаш ќе бидете отпуштени, без никакво „ако“, или „но“. Секој има право на почит и достоинство, рече тој во една прилика.

 

The post „Глупав ку*кин син“: Претседателот Бајден опцу новинар кој го прашуваше за инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз“, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори. На крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс“ од Белата куќа, Питер Дуси праша „дали инфлацијата е политичка одговорност?“.
Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син“!
https://youtu.be/EFuNPbFTTmM Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично“. Бајден положи заклетва пред една година со ветување дека ќе заземе цврст став против секој и најмал знак на грубост меѓу членовите на неговата Администрација.
Ако некогаш работите со мене и се однесувате со своите колеги со непочитување и понижување, ветувам дека веднаш ќе бидете отпуштени, без никакво „ако“, или „но“. Секој има право на почит и достоинство, рече тој во една прилика.
 

The post „Глупав ку*кин син“: Претседателот Бајден опцу новинар кој го прашуваше за инфлацијата appeared first on Република.

]]>