пцр тестови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcr-testovi/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 10:05:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пцр тестови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcr-testovi/ 32 32 Само за ПЦР-тестови од граѓаните во приватното здравство се прелеани најмалку 19,9 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/samo-za-ptsr-testovi-od-graganite-vo-privatnoto-zdravstvo-se-preleani-najmalku-19-9-milioni-evra/ Fri, 10 Feb 2023 10:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=607284

За три години од граѓаните во Македонија во приватното здравство, само за ПЦР-тестоови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, покажа ревизијата на Државниот завод.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2021 година.

Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.

Ова се клучни системски слабости кои ги воочува ДЗР.

Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.

Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.

Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.

Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.

Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби, се наведува во соопштението.

ДЗР изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

 

The post Само за ПЦР-тестови од граѓаните во приватното здравство се прелеани најмалку 19,9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

За три години од граѓаните во Македонија во приватното здравство, само за ПЦР-тестоови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, покажа ревизијата на Државниот завод. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2021 година.
Не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 ЈЗУ имаат добиено статус на неодржливи, се наведува во соопштението од Државниот завод за ревизија.
Ова се клучни системски слабости кои ги воочува ДЗР. Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива. Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.
Ревизорите во извршената ревизија констатираат слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат од Државниот завод за ревизија.
Како клучни препораки ДЗР ги посочува воспоставувањето систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти. Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.
Добиено е Известување на Нацрт извештајот при што е констатирано дека претставува известување/објаснување во однос на утврдените состојби, се наведува во соопштението.
ДЗР изразува мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.  

The post Само за ПЦР-тестови од граѓаните во приватното здравство се прелеани најмалку 19,9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Препорака на КЗБ: Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за КОВИД-19 при дијагностички процедури https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/preporaka-na-kzb-brzi-antigenski-namesto-pcr-testovi-za-kovid-19-pri-dijagnostichki-proceduri/ Wed, 25 May 2022 14:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=506785

Стабилна е состојбата со КОВИД-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести по денешниот состанок.

Комисијата на состанокот денеска одлучила да препорача при дијагностички процедури да се користат брзи антигенски тестови наместо ПЦР-тестовите кои сега се бараат, за пациентите да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Брзите тестови се и поедноставни и според Министерството за здравство, како што рече д-р Мехмедовиќ, на секоја јавна здравствена установа ѝ се достапни на користење околу илјада антигенски тестови за детекција на коронавирусот.

The post Препорака на КЗБ: Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за КОВИД-19 при дијагностички процедури appeared first on Република.

]]>

Стабилна е состојбата со КОВИД-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести по денешниот состанок. Комисијата на состанокот денеска одлучила да препорача при дијагностички процедури да се користат брзи антигенски тестови наместо ПЦР-тестовите кои сега се бараат, за пациентите да не се изложуваат на дополнителни трошоци. Брзите тестови се и поедноставни и според Министерството за здравство, како што рече д-р Мехмедовиќ, на секоја јавна здравствена установа ѝ се достапни на користење околу илјада антигенски тестови за детекција на коронавирусот.

The post Препорака на КЗБ: Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за КОВИД-19 при дијагностички процедури appeared first on Република.

]]>
Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/policijaci-od-tetovo-strumica-i-granichni-policajci-kje-odat-na-sistematski-kaj-eli-medika-koja-izdavashe-lazni-pcr-testovi-za-kazana/ Mon, 16 May 2022 16:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=503016

Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци на западната граница ќе одат на систематски преглед кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана, објави „Телма“.

Како што објави телевизијата „Телма“ вкупната сума на договорот меѓу фирмата „Ели медика“ чија лабораторија е осомничена дека издала лажни ПЦР тестови и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец.

Случајот со лажните ПЦР тестови го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви уверенија на грчки казино туристи.

Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dojran-za-10-evra-se-dobiva-lazen-negativen-pcr-test-i-zeton-za-kockanje/

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани.

На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус.

Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.

 

The post Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана appeared first on Република.

]]>

Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци на западната граница ќе одат на систематски преглед кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана, објави „Телма“. Како што објави телевизијата „Телма“ вкупната сума на договорот меѓу фирмата „Ели медика“ чија лабораторија е осомничена дека издала лажни ПЦР тестови и МВР изнесува 16,75 милиони денари, или околу 272 илјади евра односно 800 денари за еден систематски преглед за полицаец. Случајот со лажните ПЦР тестови го обелодени грчки новинар кој покажа како се делат такви уверенија на грчки казино туристи. Обвинителството потврди дека истрагата се уште е активна, а била отворена и пред објавата на грчката телевизија. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dojran-za-10-evra-se-dobiva-lazen-negativen-pcr-test-i-zeton-za-kockanje/ Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија дека се откриени пунктови за тестирање во казина кои тогаш се затворени и пломбирани. На 11-ти јануари е испратено известување до министерот за здравство за натамошно одлучување, но досега здравствениот инспекторат не бил известен за никаква одлука од министерот поврзан со издадената дозвола за Ели Медика плус. Во меѓувреме, на крајот на март другата фирма со иста сопственост Ели Медика се пријавила и добила повеќе од половина тендер за систематски прегледи на полицајци и на полициските тигри.  

The post Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци ќе одат на систематски кај „Ели медика“ која издаваше лажни ПЦР тестови за казана appeared first on Република.

]]>
Граѓаните потрошиле 21 милион евра само во 4 лаборатории во 2021 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gragjanite-potroshile-21-milion-evra-samo-vo-4-laboratorii-vo-2021/ Sat, 16 Apr 2022 07:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=489191

Според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, минатата година во приватните лаборатории граѓаните оставиле најмалку 21 милион евра. Толкав бил вкупниот приход во Авицена, Биотек, Никоб Лаб и Синлаб, додека нивната вкупна нето-добивка е околу 7,8 милиони евра, што покажува висока профитабилност на лабораториите.

Анализа за 2020 година:

https://republika.mk/vesti/makedonija/milionski-profiti-za-privatnite-laboratorii-del-imaat-i-za-77-pati-povisoka-dobivka-od-2019-godina/

Препораката на лекарите беше почесто контролирање на дидимери, а тоа значеше дека болните од Ковид-19 неколку пати мораа да посетат приватна лабораторија. Сепак, приватните лаборатории ја пополнија „дупката“ во државниот здравствен систем, обезбедувајќи ги здравствените услуги, поврзани не само со вирусот, туку и со другите здравствени проблеми.

Секако, во минатата година, голем дел од заработката на лабораториите се должеше и на ПЦР тестовите и на брзите антигени тестови, што граѓаните ги правеа поради патувања.

Целата анализа на порталот „Пари

The post Граѓаните потрошиле 21 милион евра само во 4 лаборатории во 2021 appeared first on Република.

]]>

Според податоците од платформата БизнисМрежа.мк, минатата година во приватните лаборатории граѓаните оставиле најмалку 21 милион евра. Толкав бил вкупниот приход во Авицена, Биотек, Никоб Лаб и Синлаб, додека нивната вкупна нето-добивка е околу 7,8 милиони евра, што покажува висока профитабилност на лабораториите.
Анализа за 2020 година:
https://republika.mk/vesti/makedonija/milionski-profiti-za-privatnite-laboratorii-del-imaat-i-za-77-pati-povisoka-dobivka-od-2019-godina/ Препораката на лекарите беше почесто контролирање на дидимери, а тоа значеше дека болните од Ковид-19 неколку пати мораа да посетат приватна лабораторија. Сепак, приватните лаборатории ја пополнија „дупката“ во државниот здравствен систем, обезбедувајќи ги здравствените услуги, поврзани не само со вирусот, туку и со другите здравствени проблеми. Секако, во минатата година, голем дел од заработката на лабораториите се должеше и на ПЦР тестовите и на брзите антигени тестови, што граѓаните ги правеа поради патувања. Целата анализа на порталот „Пари

The post Граѓаните потрошиле 21 милион евра само во 4 лаборатории во 2021 appeared first on Република.

]]>
Откриени фалсификувани ПЦР тестови и возила што вршеле меѓународен превоз без соодветна документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrieni-falsifikuvani-pcr-testovi-i-vozila-shto-vrshele-megjunaroden-prevoz-bez-soodvetna-dokumentacija/ Mon, 14 Feb 2022 13:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=458380

На граничниот премин Табановце откриени се пет фалсификувани ПЦР тестови и три возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.
Како што информира МВР, фалсификуваните тестови и возилата се откриени на 11 и 12 февруари 2022 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север.
При пасошка контрола на 12 февруари 2022 година било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, Кумановско, Д.Г.(56) од Кочани и М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 11 и 12 февруари 2022 година, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши“, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Откриени фалсификувани ПЦР тестови и возила што вршеле меѓународен превоз без соодветна документација appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Табановце откриени се пет фалсификувани ПЦР тестови и три возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација. Како што информира МВР, фалсификуваните тестови и возилата се откриени на 11 и 12 февруари 2022 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север. При пасошка контрола на 12 февруари 2022 година било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, Кумановско, Д.Г.(56) од Кочани и М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 11 и 12 февруари 2022 година, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши“, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

The post Откриени фалсификувани ПЦР тестови и возила што вршеле меѓународен превоз без соодветна документација appeared first on Република.

]]>