ПЦР тест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcr-test/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 13:30:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПЦР тест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcr-test/ 32 32 Кривична за поткуп за полицаец кој пуштил маж без ПЦР да влезе во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-potkup-za-policaec-koj-pushtil-maz-bez-pcr-da-vleze-vo-makedonija/ Mon, 23 May 2022 13:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=506018

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информираат од МВР.

The post Кривична за поткуп за полицаец кој пуштил маж без ПЦР да влезе во Македонија appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информираат од МВР.

The post Кривична за поткуп за полицаец кој пуштил маж без ПЦР да влезе во Македонија appeared first on Република.

]]>
Со лажни ПЦР тестови сакале преку ГП Делчево да заминат во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-lazni-pcr-testovi-sakale-preku-gp-delchevo-da-zaminat-vo-bugarija/ Tue, 12 Apr 2022 15:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=487464

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против двајца беровчани поради приложување фалсификуван негативен ПЦР тест на Граничниот премин Делчево на 28 февруари годинава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека се поднесени кривична пријава против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“..

The post Со лажни ПЦР тестови сакале преку ГП Делчево да заминат во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднел кривична пријава против двајца беровчани поради приложување фалсификуван негативен ПЦР тест на Граничниот премин Делчево на 28 февруари годинава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека се поднесени кривична пријава против М.Д.(23) и Б.Б.(22), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“..

The post Со лажни ПЦР тестови сакале преку ГП Делчево да заминат во Бугарија appeared first on Република.

]]>
За да излеземе од Македонија веќе нема да ни треба ПЦР тест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-izlezeme-od-makedonija-vekje-nema-da-ni-treba-pcr-test/ Wed, 23 Feb 2022 07:17:03 +0000 http://republika.mk/?p=462230

Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, д-р Мехмедовиќ рече дека тоа не значи дека во земјите каде ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат.

При излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.

 

The post За да излеземе од Македонија веќе нема да ни треба ПЦР тест appeared first on Република.

]]>

Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, д-р Мехмедовиќ рече дека тоа не значи дека во земјите каде ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат. При излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.  

The post За да излеземе од Македонија веќе нема да ни треба ПЦР тест appeared first on Република.

]]>
Голема акција против изрaботувачи на лажни ПЦР тестови https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-akcija-protiv-izrbotuvachi-na-lazni-pcr-testovi/ Sun, 06 Feb 2022 14:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=454753

СВР Куманово поднесе кривични пријави против В. М. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С. Ј. (25) од Радовиш, Р. М. (24) од Струмица, О. Ј. (23) од Радовиш, Џ. С. (43) од Радовиш, М. Р. (25) од Радовиш, С. С. (18) од Радовиш, Е. С. (47) од Радовиш, Е. Д. (65) од Радовиш, К. Р. (23) од Радовиш, С. Д. (67) од Радовиш и А. М. (24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, информираат од МВР.

– Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“, велат од МВР

The post Голема акција против изрaботувачи на лажни ПЦР тестови appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово поднесе кривични пријави против В. М. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С. Ј. (25) од Радовиш, Р. М. (24) од Струмица, О. Ј. (23) од Радовиш, Џ. С. (43) од Радовиш, М. Р. (25) од Радовиш, С. С. (18) од Радовиш, Е. С. (47) од Радовиш, Е. Д. (65) од Радовиш, К. Р. (23) од Радовиш, С. Д. (67) од Радовиш и А. М. (24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, информираат од МВР. – Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Ковид-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји. Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 09.10.2021 ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“, велат од МВР

The post Голема акција против изрaботувачи на лажни ПЦР тестови appeared first on Република.

]]>
Грција го укинува задолжителниот тест за Македонците за влез во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcija-go-ukinuva-zadolzitelniot-test-za-makedoncite-za-vlez-vo-zemjata/ Fri, 04 Feb 2022 11:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=454087

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис.

Како што е пракса во Грција и како што редовно информира МИА, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

The post Грција го укинува задолжителниот тест за Македонците за влез во земјата appeared first on Република.

]]>

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.
Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис.
Како што е пракса во Грција и како што редовно информира МИА, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник. Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

The post Грција го укинува задолжителниот тест за Македонците за влез во земјата appeared first on Република.

]]>
За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-pcr-testovi-na-privatno-gragjanite-deneska-platile-100-000-evra/ Sun, 09 Jan 2022 19:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=442255

Граѓаните денеска само за ПЦР тестови платиле над 95.000 евра во приватните лаборатории. Од спроведените 11479 тестови, дури 4771 граѓаните си ги платиле сами во приватните лаборатории. Имајќи предвид дека еден ПЦР тест чини околу 20 евра, пресметките покажуваат дека само за ПЦР тестови се потрошени близу 100.000 евра само во последните 24 часа.
Најголем дел од овие близу 11500 спроведени тестови или над една третина од нив се брзи антигенски тестови кои се правеле во приватните и јавните здравствени установи. И тука има дел кој граѓаните си го платиле сами.

Останува нејасно, зошто граѓаните плаќаат здравствено осигурување кога мораат целиот товар на пандемијата да го поднесат сами.
Од почетокот на пандемијата само за тестови во приватните лаборатории граѓаните имаат потрошено десетици милиони евра.

The post За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра appeared first on Република.

]]>

Граѓаните денеска само за ПЦР тестови платиле над 95.000 евра во приватните лаборатории. Од спроведените 11479 тестови, дури 4771 граѓаните си ги платиле сами во приватните лаборатории. Имајќи предвид дека еден ПЦР тест чини околу 20 евра, пресметките покажуваат дека само за ПЦР тестови се потрошени близу 100.000 евра само во последните 24 часа. Најголем дел од овие близу 11500 спроведени тестови или над една третина од нив се брзи антигенски тестови кои се правеле во приватните и јавните здравствени установи. И тука има дел кој граѓаните си го платиле сами. Останува нејасно, зошто граѓаните плаќаат здравствено осигурување кога мораат целиот товар на пандемијата да го поднесат сами. Од почетокот на пандемијата само за тестови во приватните лаборатории граѓаните имаат потрошено десетици милиони евра.

The post За ПЦР тестови на приватно граѓаните денеска платиле 100.000 евра appeared first on Република.

]]>
Во Дојран за 10 евра се добива лажен негативен ПЦР тест и жетон за коцкање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-dojran-za-10-evra-se-dobiva-lazen-negativen-pcr-test-i-zeton-za-kockanje/ Sat, 08 Jan 2022 16:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=441980

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран, со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивало и жетон за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис, автор на видеосторијата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/akcija-vo-kazinata-vo-dojran-po-prilogot-na-grchkata-televizija-za-laznite-kovid-sertifikati/

Николаидис, озвучен и со мала видеокамера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkite-mediumi-otkrija-deka-vo-dojran-se-izdavaat-lazni-sertifikati-od-mvr-velat-kje-proverat-dali-e-vistina/

The post Во Дојран за 10 евра се добива лажен негативен ПЦР тест и жетон за коцкање appeared first on Република.

]]>

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран, со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивало и жетон за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис, автор на видеосторијата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/akcija-vo-kazinata-vo-dojran-po-prilogot-na-grchkata-televizija-za-laznite-kovid-sertifikati/ Николаидис, озвучен и со мала видеокамера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно. Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grchkite-mediumi-otkrija-deka-vo-dojran-se-izdavaat-lazni-sertifikati-od-mvr-velat-kje-proverat-dali-e-vistina/

The post Во Дојран за 10 евра се добива лажен негативен ПЦР тест и жетон за коцкање appeared first on Република.

]]>
ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pcr-testot-vo-grcija-ne-smee-da-bide-poskap-od-47-evra/ Tue, 04 Jan 2022 14:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=440532

Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.

Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра.

Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон клиниките.

Со зголемениот број нови случаи на Ковид-19, пред државните болници и јавни установи што вршат бесплатни тестирања веќе неколку дена има редици од граѓани, но и во приватните лаборатории сликата не е поразлична, иако таму, ПЦР тестот чини 60 евра, нешто што од четврток ќе се промени.

Од друга страна, плафонот за рапид тестовите е десет евра, како во приватните болници, приватните лаборатории и слично, така и во аптеките.

 

The post ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина. Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра. Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон клиниките. Со зголемениот број нови случаи на Ковид-19, пред државните болници и јавни установи што вршат бесплатни тестирања веќе неколку дена има редици од граѓани, но и во приватните лаборатории сликата не е поразлична, иако таму, ПЦР тестот чини 60 евра, нешто што од четврток ќе се промени. Од друга страна, плафонот за рапид тестовите е десет евра, како во приватните болници, приватните лаборатории и слично, така и во аптеките.  

The post ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра appeared first on Република.

]]>