пченка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pchenka/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 17:41:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пченка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pchenka/ 32 32 Супер салата од пченка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/super-salata-od-pchenka/ Thu, 16 Nov 2023 17:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=702291

Рецепт за супер салата од пченка.

СОСТОЈКИ:

 

500 гр пченка

200 гр павлака

100 гр мајонзе

1 лажичка сол

копар

1/2 лимон

1 главица кромид

Пченката згответе ја, процедете и измијте со ладна вода. Измешајте павлака, мајонзез, исечкан кромид и копар, цеден лимон или половина лажица оцет. Додајте пченка, измешајте и салатата е готова.

https://www.youtube.com/watch?v=ZNDZB8zNABo

The post Супер салата од пченка appeared first on Република.

]]>

Рецепт за супер салата од пченка.

СОСТОЈКИ:

  500 гр пченка 200 гр павлака 100 гр мајонзе 1 лажичка сол копар 1/2 лимон 1 главица кромид Пченката згответе ја, процедете и измијте со ладна вода. Измешајте павлака, мајонзез, исечкан кромид и копар, цеден лимон или половина лажица оцет. Додајте пченка, измешајте и салатата е готова. https://www.youtube.com/watch?v=ZNDZB8zNABo

The post Супер салата од пченка appeared first on Република.

]]>
Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-vishok-pchenitsa-pchenka-i-sonchogled-no-izvozot-e-otezhnat-poradi-problemi-so-logistikata/ Tue, 19 Sep 2023 12:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=683177

Србија годинава по жетвата на пченката ќе има вишок од околу 2,5 милиони тони, исто толку пченица и околу 100 илјади тони сончоглед, а извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски.

Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата - рече Савовиќ.

Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија.

Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници.

Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија.

Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок.

The post Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката appeared first on Република.

]]>

Србија годинава по жетвата на пченката ќе има вишок од околу 2,5 милиони тони, исто толку пченица и околу 100 илјади тони сончоглед, а извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград. Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски.
Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата - рече Савовиќ.
Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија. Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници. Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија. Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок.

The post Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката appeared first on Република.

]]>
Со фалсификувани евра купил пченка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-falsifikuvani-evra-kupil-pchenka/ Tue, 23 May 2023 18:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=644085

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него, му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Со фалсификувани евра купил пченка appeared first on Република.

]]>

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него, му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Со фалсификувани евра купил пченка appeared first on Република.

]]>
Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/ Mon, 31 Oct 2022 16:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=567898

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море.

Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја.

Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим.

Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје.

Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица.

Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел.

Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел.

Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата.

Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа.

Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.

The post Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море appeared first on Република.

]]>

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море. Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја. Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим. Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје. Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица. Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел. Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел. Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата. Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа. Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.

The post Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море appeared first on Република.

]]>
Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/srpskata-vlada-odobri-izvoz-na-pchenica-i-pchenka-vo-severna-makedonija/ Thu, 07 Apr 2022 15:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=484890

Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделско-прехранбени производи“, се наведува во соопштенито на српската Влада по одржување на денешната седница.

Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Република Србија и регионот.

Во соопштенеито се наведува и дека „тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената сигурност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“.

Меѓу останатите одлуки, српската Влада на денешната седница ја усвои и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, која ќе биде во сила до 30 април 2022 година.

The post Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија appeared first on Република.

]]>

Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
„Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Македонија врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделско-прехранбени производи“, се наведува во соопштенито на српската Влада по одржување на денешната седница.
Овој заклучок овозможува реализација на веќе договорени деловни аранжмани меѓу компании од Република Србија и регионот. Во соопштенеито се наведува и дека „тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената сигурност на населението и ќе придонесе за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“. Меѓу останатите одлуки, српската Влада на денешната седница ја усвои и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, која ќе биде во сила до 30 април 2022 година.

The post Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија appeared first on Република.

]]>
Прво тврдеа дека не сме барале пченица, а сега велат српската забрана за извоз не важи за нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvo-tvrdea-deka-ne-sme-barale-pchenica-a-sega-velat-srpskata-zabrana-ne-vazi-za-nas/ Wed, 09 Mar 2022 14:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=470165

Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски на прес-конференција во Владата, откако премиерот Димитар Ковачевски ги соопшти новите мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на компаниите, истакна дека интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се на праските, јаболката, тутунот и грозјето.

Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството кои секако, подвлече Николовски, ќе се донесат навреме.

На моја иницијатива, денеска се одржа онлајн состанок со министрите за земјоделство од регионот. Министерот на Србија не присуствуваше, но беа претставници на Владата и на неговиот Кабинет. Србија утре ќе донесе соодветна одлука, денеска таа одлука ќе биде испратена до сите нас, министрите од регионот. Се потврди дека одлуката нема да важи за договорените количини пченица, потребни за нашата мелничка индустрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот. Се испрати повторно порака на смиреност, дека имаме доволно залихи, 45.000 тони пченица, над 10 000 тони пченка, околу 9 000 тони јачмен. Добивме уверување од Србија дека ќе се грижат за снабдување со неопходните продукти, пченица и останати житни култури за целиот регион, одлуката нема да важи за земјите регионот - нагласи Николовски.

Во врска со извозот во Русија и Украина, тој повтори дека на него отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава.

Ги правиме сите анализи, утврдуваме кои се бројките и производите што се извезуваат во Русија и Украина. Се работи за извоз од мал обем, 0,6 отсто во Украина и околу еден процент во Русија од вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи. Имаме контакти со коморите и со дипломатските претставништва, траат разговорите и верувам дека ќе вродат со плод. Навреме, заедно со сите останати пакети, ќе излеземе со мерки за сите категории земјоделски производители за да обезбедиме сигурен пласман - истакна Николовски.

The post Прво тврдеа дека не сме барале пченица, а сега велат српската забрана за извоз не важи за нас appeared first on Република.

]]>

Забраната за извоз на пченица и пченка од Србија што стапува во сила утре, нема да важи за земјава. Нашите мелничари ќе може да ги обезбедат веќе договорените количини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Николовски на прес-конференција во Владата, откако премиерот Димитар Ковачевски ги соопшти новите мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на компаниите, истакна дека интензивно се прават напори и за изнаоѓање пласман на овошјето и зеленчукот, пред се на праските, јаболката, тутунот и грозјето. Владата во наредниот период ќе размислува и за други интервентни мерки во земјоделството кои секако, подвлече Николовски, ќе се донесат навреме.
На моја иницијатива, денеска се одржа онлајн состанок со министрите за земјоделство од регионот. Министерот на Србија не присуствуваше, но беа претставници на Владата и на неговиот Кабинет. Србија утре ќе донесе соодветна одлука, денеска таа одлука ќе биде испратена до сите нас, министрите од регионот. Се потврди дека одлуката нема да важи за договорените количини пченица, потребни за нашата мелничка индустрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот. Се испрати повторно порака на смиреност, дека имаме доволно залихи, 45.000 тони пченица, над 10 000 тони пченка, околу 9 000 тони јачмен. Добивме уверување од Србија дека ќе се грижат за снабдување со неопходните продукти, пченица и останати житни култури за целиот регион, одлуката нема да важи за земјите регионот - нагласи Николовски.
Во врска со извозот во Русија и Украина, тој повтори дека на него отпаѓа многу мал процент од вкупниот извоз на земјава.
Ги правиме сите анализи, утврдуваме кои се бројките и производите што се извезуваат во Русија и Украина. Се работи за извоз од мал обем, 0,6 отсто во Украина и околу еден процент во Русија од вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи. Имаме контакти со коморите и со дипломатските претставништва, траат разговорите и верувам дека ќе вродат со плод. Навреме, заедно со сите останати пакети, ќе излеземе со мерки за сите категории земјоделски производители за да обезбедиме сигурен пласман - истакна Николовски.

The post Прво тврдеа дека не сме барале пченица, а сега велат српската забрана за извоз не важи за нас appeared first on Република.

]]>
Дали Македонија ќе остане без леб? Србија од утре забранува извоз на пченица и пченка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-makedonija-kje-ostane-bez-leb-srbija-od-utre-zabranuva-izvoz-na-pchenica-i-pchenka/ Wed, 09 Mar 2022 09:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=469946

Претседателот на Србија Aлександар Вучиќ најави дека од утре ќе забрани извоз на пченка и пченица поради кризата предизвикана од војната меѓу Русија и Украина.

За нас оваа информација е особено важна бидејќи Вучиќ пред неколку дена најави дека и покрај кризата ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на Македонија.Но, во вчерашната изјава тој Македонија не ја спомена па граѓаните со право се исплашени дали можеби ќе имаме криза со леб и брашно бидејќи ние сме директно зависни од увозот од Србија.

Вучиќ објани дека ова му наликува на економски крај на светот и оти затоа ќе мора да го забрани извозот на пченица, брашно, масло и пченка.

Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата.  Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка, нафта исто така бидејќи извозот скокнал за 109 отсто. Ќе имаме доволно -рече Вучиќ.

 

The post Дали Македонија ќе остане без леб? Србија од утре забранува извоз на пченица и пченка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Aлександар Вучиќ најави дека од утре ќе забрани извоз на пченка и пченица поради кризата предизвикана од војната меѓу Русија и Украина. За нас оваа информација е особено важна бидејќи Вучиќ пред неколку дена најави дека и покрај кризата ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на Македонија.Но, во вчерашната изјава тој Македонија не ја спомена па граѓаните со право се исплашени дали можеби ќе имаме криза со леб и брашно бидејќи ние сме директно зависни од увозот од Србија. Вучиќ објани дека ова му наликува на економски крај на светот и оти затоа ќе мора да го забрани извозот на пченица, брашно, масло и пченка.
Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата.  Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка, нафта исто така бидејќи извозот скокнал за 109 отсто. Ќе имаме доволно -рече Вучиќ.
 

The post Дали Македонија ќе остане без леб? Србија од утре забранува извоз на пченица и пченка appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ќе го ограничи извозот на пченица, но вети дека нема да ја остави Македонија без леб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-kje-go-ogranichi-izvozot-na-pchenica-no-veti-deka-nema-da-ja-ostavi-makedonija-bez-leb/ Sat, 05 Mar 2022 20:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=468338

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва најави дека е можно да го ограничи извозот на пленица но оти тоа нема да важи за соседните земји меѓу кои и Македонија.

За нас е важно да кажеме дека ќе има доволно леб и пченица за целиот регион, тоа е наше, тоа ни го дава Војводина. Луѓето не треба да се грижат. Се погриживме да се грижиме за сите потреби на луѓето - рече претседателот и додаде дека ни недостига млеко во прав и дека се работи на негова набавка.

Кога станува збор за пченицата Србија  по примерот на Унгарија ќе донесе одлука за делумна забрана на извозот.

 Ќе ги обезбедиме не само потребите на Србија, туку и на Албанија,  Македонија и  Црна Гора-рече претседателот.

Тој пред неколку дена најави дека на Македонија ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. На тоа министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека тоа не било за државата туку за приватни фирми.

 

The post Вучиќ ќе го ограничи извозот на пченица, но вети дека нема да ја остави Македонија без леб appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва најави дека е можно да го ограничи извозот на пленица но оти тоа нема да важи за соседните земји меѓу кои и Македонија. За нас е важно да кажеме дека ќе има доволно леб и пченица за целиот регион, тоа е наше, тоа ни го дава Војводина. Луѓето не треба да се грижат. Се погриживме да се грижиме за сите потреби на луѓето - рече претседателот и додаде дека ни недостига млеко во прав и дека се работи на негова набавка. Кога станува збор за пченицата Србија  по примерот на Унгарија ќе донесе одлука за делумна забрана на извозот.
 Ќе ги обезбедиме не само потребите на Србија, туку и на Албанија,  Македонија и  Црна Гора-рече претседателот.
Тој пред неколку дена најави дека на Македонија ќе и даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. На тоа министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека тоа не било за државата туку за приватни фирми.  

The post Вучиќ ќе го ограничи извозот на пченица, но вети дека нема да ја остави Македонија без леб appeared first on Република.

]]>
Николовски не признава дека барал: Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-ne-priznava-deka-baral-pchenicata-i-pchenkata-od-srbija-se-za-stopanskite-subjekti-a-ne-za-drzavata-ili-za-stokovnite-rezervi/ Thu, 03 Mar 2022 13:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=467110

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви.

Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Министерствата за земјоделство на Република  Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и увезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви - објаснува Николовски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ - изјави Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира.

Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.

The post Николовски не признава дека барал: Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45 000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.
Министерствата за земјоделство на Република  Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и увезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви - објаснува Николовски.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање за полититичката и економската криза, како и околу воениот руско-украински конфликт, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.
Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ - изјави Вучиќ.
ВМРО-ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Битиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, наведе ВМРО-ДПМНЕ. Претходните денови Владата и надлежните министерства неколку пати апелираа – граѓаните да не стравуваат, зашто прехранбени производи и државни резерви има, а не се очекуваат ниту ценовни шокови. Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, ќе се интервенира. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, тврдат од Владата.

The post Николовски не признава дека барал: Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви appeared first on Република.

]]>
Скокаат цените на пченицата, пченката и сојата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skokaat-cenite-na-pchenicata-pchenkata-i-sojata/ Fri, 25 Feb 2022 07:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=463555

Ескалацијата на тензиите меѓу главните светски снабдувачи со храна Русија и Украина веројатно ќе ги принуди купувачите на пченица, пченка и сончогледово масло да бараат алтернативни залихи.

Нарушувањето може да ги зголеми светските цени на храната, кои веќе се блиску до повеќегодишните највисоки нивоа, предупредуваат експертите.

Според моментално достапните податоци, овие две земји учествуваат со околу 29% од светскиот извоз на пченица, 19% од светските резерви на пченка и 80% од светскиот извоз на сончогледово масло. Трговците се загрижени дека оваа ситуација може да влијае на движењето на посевите и може да ги натера увозниците да ги заменат залихите од регионот.

„Прекини во снабдувањето од регионот на Црното Море ќе влијае на севкупната глобална достапност. Купувачите од Блискиот Исток и Африка ќе бараат алтернативни извори“, рече Фин Зибел, економист за агробизнис.

Транспортните податоци на „Refinitiv“ покажаа дека околу 70 отсто од извозот на пченица на Русија отишол кај купувачите од Блискиот Исток и Африка во 2021-ва година.

Трговците велат дека некои купувачи веќе ги пренасочиле бродовите кон други добавувачи поради загриженоста дека избувнувањето на војната ќе доведе до долго одложување на товарењето.

„Бродовите избегнуваат да влезат во Црното Море поради ризикот од војна“, изјави трговец во Сингапур, додавајќи дека „веќе има прекини во снабдувањето“.

Аналитичарите предупредија дека недостигот на залихи од регионот на Црното Море може да ја зголеми побарувачката за главната состојка во лебот од Соединетите Американски Држави и Канада.

Светските цени на храната се движат на највисоко ниво во последната деценија, поттикнати од силната побарувачка за пченица и млечни производи.

Фјучерсите на пченицата во Чикаго се зголемија за повеќе од 2% во средата, при што пченката достигна највисоко ниво во последните седум месеци, а сојата исто така поскапе. Сите три клучни состојки за храна и добиточна храна се зголемија за околу 40% во однос на најниските нивоа во 2021-ва година, поттикнати од опаѓањето на производството и силната побарувачка.

Цената на пченицата во Европа штотуку скокна на рекордно ниво. Покрај тоа, Русија го суспендираше сообраќајот на трговските бродови во Азовското Море до понатамошно известување.

The post Скокаат цените на пченицата, пченката и сојата appeared first on Република.

]]>

Ескалацијата на тензиите меѓу главните светски снабдувачи со храна Русија и Украина веројатно ќе ги принуди купувачите на пченица, пченка и сончогледово масло да бараат алтернативни залихи. Нарушувањето може да ги зголеми светските цени на храната, кои веќе се блиску до повеќегодишните највисоки нивоа, предупредуваат експертите. Според моментално достапните податоци, овие две земји учествуваат со околу 29% од светскиот извоз на пченица, 19% од светските резерви на пченка и 80% од светскиот извоз на сончогледово масло. Трговците се загрижени дека оваа ситуација може да влијае на движењето на посевите и може да ги натера увозниците да ги заменат залихите од регионот. „Прекини во снабдувањето од регионот на Црното Море ќе влијае на севкупната глобална достапност. Купувачите од Блискиот Исток и Африка ќе бараат алтернативни извори“, рече Фин Зибел, економист за агробизнис. Транспортните податоци на „Refinitiv“ покажаа дека околу 70 отсто од извозот на пченица на Русија отишол кај купувачите од Блискиот Исток и Африка во 2021-ва година. Трговците велат дека некои купувачи веќе ги пренасочиле бродовите кон други добавувачи поради загриженоста дека избувнувањето на војната ќе доведе до долго одложување на товарењето. „Бродовите избегнуваат да влезат во Црното Море поради ризикот од војна“, изјави трговец во Сингапур, додавајќи дека „веќе има прекини во снабдувањето“. Аналитичарите предупредија дека недостигот на залихи од регионот на Црното Море може да ја зголеми побарувачката за главната состојка во лебот од Соединетите Американски Држави и Канада. Светските цени на храната се движат на највисоко ниво во последната деценија, поттикнати од силната побарувачка за пченица и млечни производи. Фјучерсите на пченицата во Чикаго се зголемија за повеќе од 2% во средата, при што пченката достигна највисоко ниво во последните седум месеци, а сојата исто така поскапе. Сите три клучни состојки за храна и добиточна храна се зголемија за околу 40% во однос на најниските нивоа во 2021-ва година, поттикнати од опаѓањето на производството и силната побарувачка. Цената на пченицата во Европа штотуку скокна на рекордно ниво. Покрај тоа, Русија го суспендираше сообраќајот на трговските бродови во Азовското Море до понатамошно известување.

The post Скокаат цените на пченицата, пченката и сојата appeared first on Република.

]]>