пченица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pchenica/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 14:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пченица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pchenica/ 32 32 СДСМ: Владата да ја смени одлуката и да издвои пет денари за килограм пченица https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-vladata-da-ja-smeni-odlukata-i-da-izdvoi-pet-denari-za-kilogram-pchenitsa/ Wed, 04 Sep 2024 15:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=813161

Министерот Цветан Трипуновски делува дезориентирано и не знае каде тера. Тоа се одразува негативно врз земјоделците.

Владата ја донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно.

Трипуновски мисли дека иста сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупување за 12 денари а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица.  Значи земјоделците се оштетни и потребни им се барем 5 денари по килограм.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vladata-donese-odluka-da-se-intervenira-i-da-ja-pokrie-zagubata-kaj-proizvoditelite-na-jachmen-i-pchenitsa/

СДСМ е на страна на земјоделците и бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен.

Воедно во низмената бараме да стои прецизно дека со откуп до 30 октомври, бидејки доколку некој ја има складирано да може да ја продаде.

Фактот дека од објавувањето на мерката им се дават на земјоделците само два дена, а тоа е 5-ти септември,  владата на Мицкоски покажува дека сака повторно да ги манипулира земјоделците.

Земјоделците во новата влада и новиот министер немаат партнер ниту поддршка.

The post СДСМ: Владата да ја смени одлуката и да издвои пет денари за килограм пченица appeared first on Република.

]]>

Министерот Цветан Трипуновски делува дезориентирано и не знае каде тера. Тоа се одразува негативно врз земјоделците. Владата ја донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно. Трипуновски мисли дека иста сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупување за 12 денари а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица.  Значи земјоделците се оштетни и потребни им се барем 5 денари по килограм. https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-vladata-donese-odluka-da-se-intervenira-i-da-ja-pokrie-zagubata-kaj-proizvoditelite-na-jachmen-i-pchenitsa/ СДСМ е на страна на земјоделците и бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен. Воедно во низмената бараме да стои прецизно дека со откуп до 30 октомври, бидејки доколку некој ја има складирано да може да ја продаде. Фактот дека од објавувањето на мерката им се дават на земјоделците само два дена, а тоа е 5-ти септември,  владата на Мицкоски покажува дека сака повторно да ги манипулира земјоделците. Земјоделците во новата влада и новиот министер немаат партнер ниту поддршка.

The post СДСМ: Владата да ја смени одлуката и да издвои пет денари за килограм пченица appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-donesovme-odluka-da-ja-zgolemime-dvojno-subventsijata-za-hektar-jachmen-od-6-000-denari-na-12-000-denari/ Wed, 04 Sep 2024 10:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=813022

„Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен“, изјави премиерот на Владата на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот и додаде:

„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада.“

The post Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари appeared first on Република.

Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/subventsii-za-pchenitsa-i-jachmen-izdvoena-dopolnitelna-pomosh-za-zemjodeltsite/ Tue, 03 Sep 2024 20:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=812850

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз.

Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен.

Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз. Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари. Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен. Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toplotniot-bran-povolen-za-zhetvata-na-jachmenot-i-pchenitsata-ostanatite-kulturi-zagrozeni/ Fri, 12 Jul 2024 09:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=796076

Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек.

Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување.

Во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надминува 40 степени. Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура на воздухот ќе се движи во интервал од 14 до 24, а максималната од 34 до 42 степена, потсетуваат агрометеоролозите.

The post Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек. Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување. Во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надминува 40 степени. Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура на воздухот ќе се движи во интервал од 14 до 24, а максималната од 34 до 42 степена, потсетуваат агрометеоролозите.

The post Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени appeared first on Република.

]]>
Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-zgolemi-svojot-udel-na-vrvot-na-svetskiot-pazar-na-pchenitsa/ Thu, 04 Jul 2024 15:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=793448

Уделот на Русија на светскиот пазар на пченица во земјоделската година 2023/24 се зголемил на 28%, соопшти руската логистичка компанија „Русагротранс“.

Русија извезла 55,4 милиони тони пченица, што претставува околу 28% (во споредба со 25% во претходната година) од вкупниот обем на светската трговија од 200 милиони тони, се вели во прелиминарната анализа на Русагротранс.

Со ваквите бројки, Русија значително ја надминуваа ЕУ, чии земји извезле 34 милиони тони пченица на странските пазари, како и Канада со 23,5 милиони тони, Австралија со 20,5 милиони тони и САД со 19,6 милиони тони.

Според извештајот, најголемите три земји купувачи на руска пченица се:

Египет, кој откупил речиси 8,6 милиони тони пченица оваа година;

Турција (7 милиони тони);

Бангладеш (3,8 милиони тони).

The post Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица appeared first on Република.

]]>

Уделот на Русија на светскиот пазар на пченица во земјоделската година 2023/24 се зголемил на 28%, соопшти руската логистичка компанија „Русагротранс“.
Русија извезла 55,4 милиони тони пченица, што претставува околу 28% (во споредба со 25% во претходната година) од вкупниот обем на светската трговија од 200 милиони тони, се вели во прелиминарната анализа на Русагротранс.
Со ваквите бројки, Русија значително ја надминуваа ЕУ, чии земји извезле 34 милиони тони пченица на странските пазари, како и Канада со 23,5 милиони тони, Австралија со 20,5 милиони тони и САД со 19,6 милиони тони. Според извештајот, најголемите три земји купувачи на руска пченица се: Египет, кој откупил речиси 8,6 милиони тони пченица оваа година; Турција (7 милиони тони); Бангладеш (3,8 милиони тони).

The post Русија го зголеми својот удел на врвот на светскиот пазар на пченица appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-agentsijata-za-stokovi-rezervi-ke-nabavi-15-iljadi-toni-pchenitsa-iskluchivo-od-makedonsko-proizvodstvo/ Wed, 03 Jul 2024 18:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=793179

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство, нема да бидат од увозен карактер, најави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по одржаната средба со претставници од здруженија на земјоделци и откупувачи на жито.

Министерот информира дека Владата на вчерашната седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка со цел, како што рече, „да се сменат сите правила на игра за македонската пченица да биде таа што ќе биде откупена“. Дополнително, Трипуновски соопшти дека ќе го продолжат рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите она што ќе го продолжиме како мерка за да излеземе во оваа тешка ситуација е да ја продолжиме мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите земјоделци кои не ќе можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата, да им се овозможи да ја складираат и овој трошок ќе го покрие државата.

Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито. Ситуацијата во моментов која што ја наследува Министерството е релативно тешка, меѓутоа она што е многу битно а тоа е по завршување на оваа жетва ќе работиме на структурни промени со цел идната реколта 2025 да немаме вакви проблеми и секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените. Тоа значи структурни реформи кои што ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, рече Трипуновски.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска нагласи дека како организација ќе лобираат во иднина да се почитува договореното производство, односно Законот за земјоделство и рурален развој. Потенцира дека ќе ја следат целата ситуација при откупот на пченица и согласно анализите од нивните членови ќе донесат препораки во иднина како да се делува стратешки за да се зачуваат пченицата и јачменот кои ни се неопходни.

Сите знаеме дека Македонија може да произведува храна и ние тоа треба да го направиме за сите култури, а особено за лебот. Ќе се залагаме за навремена исплата на субвенциите, ќе лобираме заедно со откупувачите за повисоки цени не само за пченицата туку и за сите земјоделски култури, рече Мојсовска.

Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора рече дека тие како групација откупуваат по пазарни цени и соопшти дека максималната цена на пченицата во моментот што е понудена на пазарот изнесува околу 12 денари. Потенцира дека го поддржуваат Министерството во напорите за во иднина да се направат напори како би се заштитиле земјоделците, да се изнајде најдобар начин, во програмата и која програма ќе донесе поголем род и поголем квалитет во иднина.

The post Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство, нема да бидат од увозен карактер, најави попладнево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по одржаната средба со претставници од здруженија на земјоделци и откупувачи на жито. Министерот информира дека Владата на вчерашната седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка со цел, како што рече, „да се сменат сите правила на игра за македонската пченица да биде таа што ќе биде откупена“. Дополнително, Трипуновски соопшти дека ќе го продолжат рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите она што ќе го продолжиме како мерка за да излеземе во оваа тешка ситуација е да ја продолжиме мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите земјоделци кои не ќе можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата, да им се овозможи да ја складираат и овој трошок ќе го покрие државата.
Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито. Ситуацијата во моментов која што ја наследува Министерството е релативно тешка, меѓутоа она што е многу битно а тоа е по завршување на оваа жетва ќе работиме на структурни промени со цел идната реколта 2025 да немаме вакви проблеми и секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените. Тоа значи структурни реформи кои што ќе бидат на пиедестал земени земјоделците, рече Трипуновски.
Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска нагласи дека како организација ќе лобираат во иднина да се почитува договореното производство, односно Законот за земјоделство и рурален развој. Потенцира дека ќе ја следат целата ситуација при откупот на пченица и согласно анализите од нивните членови ќе донесат препораки во иднина како да се делува стратешки за да се зачуваат пченицата и јачменот кои ни се неопходни.
Сите знаеме дека Македонија може да произведува храна и ние тоа треба да го направиме за сите култури, а особено за лебот. Ќе се залагаме за навремена исплата на субвенциите, ќе лобираме заедно со откупувачите за повисоки цени не само за пченицата туку и за сите земјоделски култури, рече Мојсовска.
Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора рече дека тие како групација откупуваат по пазарни цени и соопшти дека максималната цена на пченицата во моментот што е понудена на пазарот изнесува околу 12 денари. Потенцира дека го поддржуваат Министерството во напорите за во иднина да се направат напори како би се заштитиле земјоделците, да се изнајде најдобар начин, во програмата и која програма ќе донесе поголем род и поголем квалитет во иднина.

The post Трипуновски: Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство appeared first on Република.

]]>
Министерот Трипуновски на средба со земјоделците во Новаци за откупната цена на пченицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-tripunovski-na-sredba-so-zemjodeltsite-vo-novatsi-za-otkupnata-tsena-na-pchenitsata/ Tue, 25 Jun 2024 16:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=790761

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата.

Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам дека и годинава ќе има проблеми како што имаше и минатата година, изјави Трипуновски.

Тој информира дека за наредните денови има закажано средби за откупот на пченицата со повеќе земјоделски здруженија, но и со млинарите и откупувачите на пченица во државава.

Во текот на утрешниот ден имам договор за средба со земјоделски здружение од другите делови на Република Македонија на коишто исто ќе сакам да го слушнам нивното размислување, нивниот став и во четврток веќе имам договорено посебна средба со откупувачите, со млинарите коишто откупуваат пченица, да се обидам да ја сублимирам цела оваа ситуација, да извлечеме што е можно повеќе, денар плус за македонскиот земјоделец, којшто знаеме дека изминативе години претрпе многу штета од лошите политики, вели Трупиновски.

Тој посочи дека власта ја преземаат на половина од годината и дека заради лошите политики и непланското водење на секторот земјоделство веќе е направена одредена штета која што ќе влијае на цената на пченицата за оваа реколта. Но, како што нагласи Трипуновски, ќе се преземат сериозни чекори и планирања за идната жетва.

Трипуновски наведува дека позитивните политики на Владата ќе се почувствуваат во тек на наредната жетва, односно, како што вели, кога оваа година ќе го подготвиме теренот и наредната година оние земјоделци коишто навистина произведуваат пченица ќе почувствуваат што значи вистинска грижа за нивното производство.

The post Министерот Трипуновски на средба со земјоделците во Новаци за откупната цена на пченицата appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата.
Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам дека и годинава ќе има проблеми како што имаше и минатата година, изјави Трипуновски.
Тој информира дека за наредните денови има закажано средби за откупот на пченицата со повеќе земјоделски здруженија, но и со млинарите и откупувачите на пченица во државава.
Во текот на утрешниот ден имам договор за средба со земјоделски здружение од другите делови на Република Македонија на коишто исто ќе сакам да го слушнам нивното размислување, нивниот став и во четврток веќе имам договорено посебна средба со откупувачите, со млинарите коишто откупуваат пченица, да се обидам да ја сублимирам цела оваа ситуација, да извлечеме што е можно повеќе, денар плус за македонскиот земјоделец, којшто знаеме дека изминативе години претрпе многу штета од лошите политики, вели Трупиновски.
Тој посочи дека власта ја преземаат на половина од годината и дека заради лошите политики и непланското водење на секторот земјоделство веќе е направена одредена штета која што ќе влијае на цената на пченицата за оваа реколта. Но, како што нагласи Трипуновски, ќе се преземат сериозни чекори и планирања за идната жетва. Трипуновски наведува дека позитивните политики на Владата ќе се почувствуваат во тек на наредната жетва, односно, како што вели, кога оваа година ќе го подготвиме теренот и наредната година оние земјоделци коишто навистина произведуваат пченица ќе почувствуваат што значи вистинска грижа за нивното производство.  

The post Министерот Трипуновски на средба со земјоделците во Новаци за откупната цена на пченицата appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-potsetuvane-do-zemjodeltsite-deka-do-15-dekemvri-e-krajniot-rok-na-aplitsirane-za-finansiskata-poddrshka-za-skladirane-na-pchenitsa-i-jachmen/ Tue, 12 Dec 2023 11:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=722128

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците, производители на пченица и јачмен дека до 15 декември 2023 година е крајниот рок за поднесување на барањата за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.

Финансиската поддршка можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година, го имаат складирано кај регистриран складиштар.

Како прифатливи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство, одделно за пченица и за јачмен, а максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.

Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на рачно пополнет образец. Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен.

Во прилог на барањето се доставува договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицата и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот пак на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.

Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот, во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање на образец кој е утврден од Агенцијата.

Земјоделците, образецот за поднесување на барање, Потврдата и Образецот за достава на податоци од страна на складиштарот, можат да ги превземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот Директни плаќања 2023 – Обрасци.

The post МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен appeared first on Република.

Стар, но најдобар рецепт за сочна пченица за слава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/star-no-najdobar-retsept-za-sochna-pchenitsa-za-slava/ Tue, 07 Nov 2023 20:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=699307

Нашите баби имаа многу ефикасни трикови за готвење пченица, кои гарантираа дека секое зрно ќе биде сварено. Да учиме од нив!

Состојки:

500 грама пченица
400 грама шеќер
400 грама мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
1/2 морско оревче

Подготовка:

Истребете ја пченицата, измијте ја и ставете ја во тенџере. Прелијте ја со вода, па оставете ја да преноќи. Следниот ден зрната измијте ги во неколку води за да се отстрани целата нечистотија и оставете ја пченицата да вари.

Откако ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете ја на ладно и суво место. На масата ставете чаршав, а врз него преклопено ќебе на два дела. Топлата тава со пченицата ставете ја врз ќебето, без да ја исцедите водата и добро завиткајте ја со ќебето.

Можеби е најдобро да го направите ова пред спиење, па да ја оставите пченицата да се „готви“ во ќебето цела ноќ, а кога ќе станете наутро, ќе имате совршено сварени житарки! Секое зрно ќе биде сварено, а нема да има ниту грам од оние белузлави наслаги кои секогаш се појавуваат кога со часови готвите пченица на шпорет.

Процедете ја пченицата, но не плакнете ја! Тоа е една од тајните, пченичниот скроб треба да остане со зрното. Кога ќе ја исцедите, измелете ја во блендер, но не ситно, туку нека биде покрупно мелена. Ова е втората тајна на најдобриот рецепт за славска пченица.

Измешајте ја мелената пченица со шеќер и ореви, додадете две кесички ванилин шеќер и по желба половина ситно мелено морско оревче. Мешањето на пченицата, оревите и шеќерот се прави со раце. Тоа е третата тајна!

The post Стар, но најдобар рецепт за сочна пченица за слава appeared first on Република.

]]>

Нашите баби имаа многу ефикасни трикови за готвење пченица, кои гарантираа дека секое зрно ќе биде сварено. Да учиме од нив!

Состојки:

500 грама пченица 400 грама шеќер 400 грама мелени ореви 2 кесички ванилин шеќер 1/2 морско оревче

Подготовка:

Истребете ја пченицата, измијте ја и ставете ја во тенџере. Прелијте ја со вода, па оставете ја да преноќи. Следниот ден зрната измијте ги во неколку води за да се отстрани целата нечистотија и оставете ја пченицата да вари. Откако ќе зоврие, тргнете ја од оган и оставете ја на ладно и суво место. На масата ставете чаршав, а врз него преклопено ќебе на два дела. Топлата тава со пченицата ставете ја врз ќебето, без да ја исцедите водата и добро завиткајте ја со ќебето. Можеби е најдобро да го направите ова пред спиење, па да ја оставите пченицата да се „готви“ во ќебето цела ноќ, а кога ќе станете наутро, ќе имате совршено сварени житарки! Секое зрно ќе биде сварено, а нема да има ниту грам од оние белузлави наслаги кои секогаш се појавуваат кога со часови готвите пченица на шпорет. Процедете ја пченицата, но не плакнете ја! Тоа е една од тајните, пченичниот скроб треба да остане со зрното. Кога ќе ја исцедите, измелете ја во блендер, но не ситно, туку нека биде покрупно мелена. Ова е втората тајна на најдобриот рецепт за славска пченица. Измешајте ја мелената пченица со шеќер и ореви, додадете две кесички ванилин шеќер и по желба половина ситно мелено морско оревче. Мешањето на пченицата, оревите и шеќерот се прави со раце. Тоа е третата тајна!

The post Стар, но најдобар рецепт за сочна пченица за слава appeared first on Република.

]]>
Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-vishok-pchenitsa-pchenka-i-sonchogled-no-izvozot-e-otezhnat-poradi-problemi-so-logistikata/ Tue, 19 Sep 2023 12:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=683177

Србија годинава по жетвата на пченката ќе има вишок од околу 2,5 милиони тони, исто толку пченица и околу 100 илјади тони сончоглед, а извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски.

Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата - рече Савовиќ.

Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија.

Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници.

Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија.

Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок.

The post Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката appeared first on Република.

]]>

Србија годинава по жетвата на пченката ќе има вишок од околу 2,5 милиони тони, исто толку пченица и околу 100 илјади тони сончоглед, а извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград. Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски.
Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата - рече Савовиќ.
Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија. Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници. Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија. Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок.

The post Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, но извозот е отежнат поради проблеми со логистиката appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен Y https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-interventna-merka-od-3-denari-po-kilogram-za-proizveden-domashen-sertifitsiran-semenski-materijal-od-prva-i-vtora-generatsija-na-pchenitsa-i-jachmen-y/ Thu, 24 Aug 2023 08:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=675194

Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен е втората нова мерка во Интервентната програма за 2023 година.

Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15. „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“ од Програмата за финансиска поддршка  во земјоделство за 2023 година. Запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација на пченица и јачмен. 

Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година.

Интервентната програма за 2023 година е дополнета со нови три мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови.

Покрај оваа интервентна мерка, земјоделците ќе можат да аплицираат и за мерката од 3 денари по килограм финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, како и интервентната мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.

Оваа година креиравме отворена Интервентната програма со буџет од 317 милиони денари, преку која навремено излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец.

Претходно, во месец април оваа година МЗШВ преку Интервентната програма на располагање стави 500.000 евра поддршка за производителите на зимска зелка на отворено.

МЗШВ се грижи за секој еден земјоделец. Како министерство сме тука секогаш да им помогнеме на сите земјоделци, вложувајќи реални напори да го одржиме и зголемиме домашното производство на храна.

The post МЗШВ: Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен Y appeared first on Република.

МЗШВ: Обезбедуваме 3 денари по килограм за остварено, предадено, или складирано производство на пченица https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-obezbeduvame-3-denari-po-kilogram-za-ostvareno-predadeno-ili-skladirano-proizvodstvo-na-pchenitsa/ Wed, 23 Aug 2023 12:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=674989

На вчерашната седница Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои новата мерка преку Интервентната програма за поддршка на производителите на пченица под контролирани услови.

Со буџет од 317 милиони денари оваа година креиравме отворена Интервентната програма, преку која излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец, креирајќи навремено мерки за поддршка.

Мерка за поддршка на производителите на пченица  се однесува на 3 денари по килограм финансиска поддршка до земјоделците, за остварено и продадено или складирано производство на пченица.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат поднесено барање за подмерката директни плаќања по обработливa  земјоделска површина за сите поледелски култури од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, имаат засеани и ожнеани површини со пченица, а оствареното производство го имаат прoдадено или складирано кај регистриран откупувач или за потребите на сопствениот преработувачки капацитет во период од 15 јуни до 31 август 2023 година, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната прифатлива количина на пченица е 5.000 килограми по пријавен хектар.

Како министерство остануваме посветени во креирање на мерки за секој еден  земјоделец и  за поддршка и развој на домашното производство.

The post МЗШВ: Обезбедуваме 3 денари по килограм за остварено, предадено, или складирано производство на пченица appeared first on Република.

Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-poddrshkata-za-skladirane-na-pchenitsa-i-jachmen-od-60-denari-na-120-denari-po-ton-za-mesets/ Tue, 25 Jul 2023 20:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=665291

На седница на Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е донесена одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки.

Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопштија од владината прес-служба.

Владата донесе и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ.

На владината седница е усвоена и Информација и е усвоена Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во државава.

Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија, информираат од Владата.

The post Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец appeared first on Република.

]]>

На седница на Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е донесена одлука за определување на јачменот како земјоделски производ, за којшто се однесуваат интервенциски мерки.
Со одлуката се овозможува поддршка за складирање од родот од 2023 година, заради нарушување на односот помеѓу понудата и побарувачката и стабилизација на пазарот со јачмен, што значи обезбедување пониска цена за складирање или покривање на трошоците за складирање на јачменот, соопштија од владината прес-служба.
Владата донесе и Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за постапката за доделување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи, а со којашто покрај пченицата, се додава и јачменот како земјоделски производ за којшто ќе се овозможи да се добие финансиска поддршка за складирање. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ. На владината седница е усвоена и Информација и е усвоена Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во државава.
Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија, информираат од Владата.

The post Се зголемува поддршката за складирање на пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец appeared first on Република.

]]>
Николовски најави мерка за складирање на житото во рок од девет месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-najavi-merka-za-skladirane-na-zhitoto-vo-rok-od-devet-mesetsi/ Tue, 25 Jul 2023 18:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=665232

На седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава.

Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца.

Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци, вели Николовски.

Тој посочи дека оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени.

The post Николовски најави мерка за складирање на житото во рок од девет месеци appeared first on Република.

]]>

На седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава. Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца.
Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци, вели Николовски.
Тој посочи дека оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени.

The post Николовски најави мерка за складирање на житото во рок од девет месеци appeared first on Република.

]]>
Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/domashnata-pchenitsa-ke-se-otkupi-za-stokovi-rezervi/ Wed, 19 Jul 2023 11:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=663109

Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година.

Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито, која министерството ја поддржа и достави информација до Владата, а Владата го прифати барањето и на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за стокови резерви да постапи согласно барањето, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена.

Исто така, за поддршка за производителите на јачмен и пченица министерството веќе креираше две нови мерки кои се предложени до Владата и очекуваме нивно усвојување на некоја од следните владини седници.

Преку Интервентната програма креиравме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година.

Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

The post Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви appeared first on Република.

]]>

Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година. Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја подели во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица. Ова беше барање на подсекторската група за жито, која министерството ја поддржа и достави информација до Владата, а Владата го прифати барањето и на вчерашната седница ја задолжи Агенцијата за стокови резерви да постапи согласно барањето, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена. Исто така, за поддршка за производителите на јачмен и пченица министерството веќе креираше две нови мерки кои се предложени до Владата и очекуваме нивно усвојување на некоја од следните владини седници. Преку Интервентната програма креиравме нова мерка со која даваме поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година. Преку измена на Уредбата за директни плаќања креираме мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.    

The post Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви appeared first on Република.

]]>
Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/domashnata-pchenitsa-e-19-denari-a-drzhavata-uvezuva-po-tsena-od-28-denari-za-stokovi-rezervi/ Mon, 24 Apr 2023 11:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=633531

Домашното жито скапува додека државата увезува од странство. Станува збор за околу десет илјади тони кои иако по намалена цена, не се откупуваат.

Од Националната федерација на фармери побараа забрана за увоз на пченица, за да може да се откупи нашата.

На сметка на домашното жито, од странство се увезува и за десет денари поскапо.

Ние уште лани и во годините пред тоа побаравме откупот на пченица за стоковните резерви да почне од денот кога почнува жетвата во Македонија и да се откупи од нашите производители, а не од странство. Кај нас е по 19 денари, а јас имам информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стоковни резерви. И сега, Директоријатот за стоковни резерви ќе почне да дава на млинарите за една ептен ниска цена и тогаш ќе падне и цената за нашата држава. Бараме помош од Министерството за земјоделство, а тоа значи да се забрани увоз на пченица и да може да се откупи нашата пченица - вели Мемет Синани, член на Управниот одбор на Националната федерација на фармери.

Од каде и колку се увезува, нема конкретни информации. Македонија најмногу работи со Србија, но можеби се увезува пченица и од Украина коментираат земјоделците.

Министерот за земјоделство Николовски ги удостои фармерите со присуство на годишното Собрание на Националната федерација, но не и медиумите со изјава пред камера.

Мемет Синани од Федерацијата на фармери ги анализира и цените на производите кои се пласираат на пазарот. За јавноста прескапо е да се пазари по сѐ повисоките цени, а фармерите велат дека нема друг избор.

Земјоделците алармираат и дека ниту половина од авансот за субвенции не им е исплатен, иако годинава беше промовиран новиот модел на субвенционирање.

The post Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви appeared first on Република.

]]>

Домашното жито скапува додека државата увезува од странство. Станува збор за околу десет илјади тони кои иако по намалена цена, не се откупуваат. Од Националната федерација на фармери побараа забрана за увоз на пченица, за да може да се откупи нашата. На сметка на домашното жито, од странство се увезува и за десет денари поскапо.
Ние уште лани и во годините пред тоа побаравме откупот на пченица за стоковните резерви да почне од денот кога почнува жетвата во Македонија и да се откупи од нашите производители, а не од странство. Кај нас е по 19 денари, а јас имам информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стоковни резерви. И сега, Директоријатот за стоковни резерви ќе почне да дава на млинарите за една ептен ниска цена и тогаш ќе падне и цената за нашата држава. Бараме помош од Министерството за земјоделство, а тоа значи да се забрани увоз на пченица и да може да се откупи нашата пченица - вели Мемет Синани, член на Управниот одбор на Националната федерација на фармери.
Од каде и колку се увезува, нема конкретни информации. Македонија најмногу работи со Србија, но можеби се увезува пченица и од Украина коментираат земјоделците. Министерот за земјоделство Николовски ги удостои фармерите со присуство на годишното Собрание на Националната федерација, но не и медиумите со изјава пред камера. Мемет Синани од Федерацијата на фармери ги анализира и цените на производите кои се пласираат на пазарот. За јавноста прескапо е да се пазари по сѐ повисоките цени, а фармерите велат дека нема друг избор. Земјоделците алармираат и дека ниту половина од авансот за субвенции не им е исплатен, иако годинава беше промовиран новиот модел на субвенционирање.

The post Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви appeared first on Република.

]]>
Полска ќе го тестира квалитетот на украинското жито што го добива поради протестите на земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-ke-go-testira-kvalitetot-na-ukrainskoto-zhito-shto-go-dobiva-poradi-protestite-na-zemjodeltsite/ Wed, 12 Apr 2023 15:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=630285

Новиот полски министер за земјоделство, Роберт Телус вети дека ќе воведе детални контроли на квалитетот на житарките што пристигнуваат во земјата од Украина на пат кон Африка.

Овој потег уследи по протестите на полските земјоделци кои тврдат дека ги губат приходите бидејќи на пазарот се појави евтино украинско жито.

Телус се соочи со остри критики од членовите на полскиот парламент кои тврдат дека трговските компании поврзани со владата остваруваат огромни профити од продажба на евтини, непроверени украински производи во Полска, наместо да го олеснат нивниот трансфер во Африка.

Претходниот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка минатата недела неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Полска.

Полскиот и украинскиот лидер за време на посетата најавија дека нашле брзо решение за проблемот со житото без да дадат дополнителни детали.

Бидејќи руската инвазија на Уркаина ги блокираше претходно користените патишта за извоз на жито, Европската унија ги укина тарифите за житото од Киев за да го помогне нејзиниот транзит во Африка и Блискиот Исток.

Меѓутоа, наместо житото да се извезува во странство, ги преплави пазарите во Полска, Романија и други земји од ЕУ.

Полските земјоделци денеска организираа протести на граничните премини со Украина, но полицијата ги спречи да ги блокираат пругите.

Синдикатот на земјоделците „Солидарност“ најави дека во Африка требало да пристигнат околу три милиони тони жито, но дека го презеле трговците на границата со Полска.

Обвинителите во регионот на источна Полска, кој се граничи со Украина, ги истражуваат наводите дека десетици тони украинско жито во транзит биле продадени на полски фабрики за храна.

Полскиот заменик – министер за земјоделство, Јануш Ковалски пред неколку дена изјави дека е суспендиран увозот на украинско жито во земјата и ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“.

Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.

- Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

The post Полска ќе го тестира квалитетот на украинското жито што го добива поради протестите на земјоделците appeared first on Република.

]]>

Новиот полски министер за земјоделство, Роберт Телус вети дека ќе воведе детални контроли на квалитетот на житарките што пристигнуваат во земјата од Украина на пат кон Африка. Овој потег уследи по протестите на полските земјоделци кои тврдат дека ги губат приходите бидејќи на пазарот се појави евтино украинско жито. Телус се соочи со остри критики од членовите на полскиот парламент кои тврдат дека трговските компании поврзани со владата остваруваат огромни профити од продажба на евтини, непроверени украински производи во Полска, наместо да го олеснат нивниот трансфер во Африка. Претходниот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик поднесе оставка минатата недела неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Полска. Полскиот и украинскиот лидер за време на посетата најавија дека нашле брзо решение за проблемот со житото без да дадат дополнителни детали. Бидејќи руската инвазија на Уркаина ги блокираше претходно користените патишта за извоз на жито, Европската унија ги укина тарифите за житото од Киев за да го помогне нејзиниот транзит во Африка и Блискиот Исток. Меѓутоа, наместо житото да се извезува во странство, ги преплави пазарите во Полска, Романија и други земји од ЕУ. Полските земјоделци денеска организираа протести на граничните премини со Украина, но полицијата ги спречи да ги блокираат пругите. Синдикатот на земјоделците „Солидарност“ најави дека во Африка требало да пристигнат околу три милиони тони жито, но дека го презеле трговците на границата со Полска. Обвинителите во регионот на источна Полска, кој се граничи со Украина, ги истражуваат наводите дека десетици тони украинско жито во транзит биле продадени на полски фабрики за храна. Полскиот заменик – министер за земјоделство, Јануш Ковалски пред неколку дена изјави дека е суспендиран увозот на украинско жито во земјата и ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“. Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски. - Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

The post Полска ќе го тестира квалитетот на украинското жито што го добива поради протестите на земјоделците appeared first on Република.

]]>
Што ли ќе јадеме во иднина: Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-li-ke-jademe-vo-idnina-brazil-odobri-odgleduvane-i-prodazhba-na-gmo-pchenitsa-otporna-na-susha/ Sat, 04 Mar 2023 14:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=615856

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша.

Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс.

ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи.

ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.

The post Што ли ќе јадеме во иднина: Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша appeared first on Република.

]]>

Поради закана од можна глобална криза за снабдување со храна, Бразил одобри одгледување и продажба на генетски модифицирани (ГМО) сорти пченица отпорни на суша. Со издавањето на официјалното одобрение објавено од агенцијата за биосигурност CTNbio, Бразил стана втората латиноамериканска земја по Аргентина која одобри одгледување на ГМО сортата HB4, пренесува Ројтерс. ГМО пченицата никогаш досега не била комерцијално одгледувана во Бразил поради стравот на потрошувачите од алергени или токсичност на пченицата, која инаку се користи ширум светот за правење леб, тестенини и колачи. ГМО сорти на пченка и соја се користат за добиточна храна, биогорива и производство на прехранбени производи како што е масло за јадење.

The post Што ли ќе јадеме во иднина: Бразил одобри одгледување и продажба на ГМО пченица отпорна на суша appeared first on Република.

]]>
Со потпис на Артан Груби се отпишани 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра, дали истите завршиле на црниот пазар? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-artan-grubi-se-otpishani-1-500-toni-pchenitsa-i-500-toni-jachmen-od-drzhavnite-rezervi-vredni-650-000-evra-dali-istite-zavrshile-na-tsrniot-pazar/ Fri, 24 Feb 2023 11:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=612741

Артан Груби е магнет за скандали и сомнителни зделки на државен грб. Откако претходно обелоденивме како шалтерски работник вработен кај брат му доби акредитација за баждарење на инструменти за точење на нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија, чија директорка има непријавена хациенда за која постои сомнеж како е стекната. А потоа и како Ветон Груби, брат на Артан купил дуќан од 127м2 на улица Македонија во Скопје по цена од 100.000 евра, односно 700 евра по  квадрат, во услови кога станбениот квадрат е и по 2000 евра и посочивме за можно тргување со влијание. Денеска ќе обелодениме нови сомненија за милионска проневера со потпис на Груби, обвини Наум Стоиловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втората страница од Службен весник од 2022 година со датум 14.06.2022 година каде е објавена Одлука на Влада потпишана од Артан Груби за отпис на 1500 тони пченица и 500 тони јачмен за сточна храна под превезот заради загуби при складирање и одржување на квалитетот на пченицата и на јачменот.

Никогаш до сега не се правел отпис на пченица и јачмен во толкава количина. Тоа отвора сомнежи дека можеби пченицата и јачменот завршиле на црниот пазар, а парите во нечиј приватен џеб, и сето тоа го дозволува Груби со негов потпис.

Тоа се пченица и јачмен купени со народни пари и отпишани од Артан Груби.
Според моменталните цени на пченицата на новосадска берза, 1500 тони пченица чинат 500.000 евра, а 500 тони јачмен 150.000 евра. Буквално кажано со потпис на Груби, тој отпишал 650.000 евра како загуби при складирање, ова до сега не било случај, не се памети отпис на име загуби вреден половина милион евра.

Оттука се поставуваат две дилеми:

1. Доколку навистина станува збор за загуби. Што чекала владата, т.е. Агенцијата за стоковни резерви која стопанисува со стоковните резерви и зошто порано пченицата и јачменот не ги понудиле на продажба, па дури и со намален квалитет, државата нема да била во апсолутна загуба од 650.000 евра, туку во најмала рака ќе инкасирала 70 до 80% од таа цена?

2. Доколку се точни основаните соменија дека се работи за продажба на црно, тогаш постои ли милионски криминал со потпис на Груби.
Груби треба да престане да бега од одговори, како што бега за дуќанот на брат му и бизнисите кои се вртат околу него, туку да каже, дали државата ја оштетил заради неспособност или криминал?

ЈО да не чека и да отвори истрага. 650.000 евра се отпишани со потпис на Артан Груби, одговорност мора да има.

https://www.youtube.com/watch?v=JaQMN-lw4jo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Со потпис на Артан Груби се отпишани 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра, дали истите завршиле на црниот пазар? appeared first on Република.

]]>

Артан Груби е магнет за скандали и сомнителни зделки на државен грб. Откако претходно обелоденивме како шалтерски работник вработен кај брат му доби акредитација за баждарење на инструменти за точење на нафтени деривати и течен нафтен гас, процес во кој учествува Бирото за метрологија, чија директорка има непријавена хациенда за која постои сомнеж како е стекната. А потоа и како Ветон Груби, брат на Артан купил дуќан од 127м2 на улица Македонија во Скопје по цена од 100.000 евра, односно 700 евра по  квадрат, во услови кога станбениот квадрат е и по 2000 евра и посочивме за можно тргување со влијание. Денеска ќе обелодениме нови сомненија за милионска проневера со потпис на Груби, обвини Наум Стоиловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втората страница од Службен весник од 2022 година со датум 14.06.2022 година каде е објавена Одлука на Влада потпишана од Артан Груби за отпис на 1500 тони пченица и 500 тони јачмен за сточна храна под превезот заради загуби при складирање и одржување на квалитетот на пченицата и на јачменот.
Никогаш до сега не се правел отпис на пченица и јачмен во толкава количина. Тоа отвора сомнежи дека можеби пченицата и јачменот завршиле на црниот пазар, а парите во нечиј приватен џеб, и сето тоа го дозволува Груби со негов потпис. Тоа се пченица и јачмен купени со народни пари и отпишани од Артан Груби. Според моменталните цени на пченицата на новосадска берза, 1500 тони пченица чинат 500.000 евра, а 500 тони јачмен 150.000 евра. Буквално кажано со потпис на Груби, тој отпишал 650.000 евра како загуби при складирање, ова до сега не било случај, не се памети отпис на име загуби вреден половина милион евра. Оттука се поставуваат две дилеми: 1. Доколку навистина станува збор за загуби. Што чекала владата, т.е. Агенцијата за стоковни резерви која стопанисува со стоковните резерви и зошто порано пченицата и јачменот не ги понудиле на продажба, па дури и со намален квалитет, државата нема да била во апсолутна загуба од 650.000 евра, туку во најмала рака ќе инкасирала 70 до 80% од таа цена? 2. Доколку се точни основаните соменија дека се работи за продажба на црно, тогаш постои ли милионски криминал со потпис на Груби. Груби треба да престане да бега од одговори, како што бега за дуќанот на брат му и бизнисите кои се вртат околу него, туку да каже, дали државата ја оштетил заради неспособност или криминал?
ЈО да не чека и да отвори истрага. 650.000 евра се отпишани со потпис на Артан Груби, одговорност мора да има.
https://www.youtube.com/watch?v=JaQMN-lw4jo&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Со потпис на Артан Груби се отпишани 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен од државните резерви вредни 650.000 евра, дали истите завршиле на црниот пазар? appeared first on Република.

]]>
Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pchenicata-i-pchenkata-poskapea-po-ruskoto-povlekuvanje-od-dogovorot-za-izvoz-preku-crnoto-more/ Mon, 31 Oct 2022 16:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=567898

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море.

Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја.

Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим.

Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје.

Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица.

Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел.

Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел.

Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата.

Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа.

Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.

The post Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море appeared first on Република.

]]>

Цените на пченицата и на пченката денеска се покачија на светските берзи, поттикнати од загриженоста на пазарот околу снабдувањето откако Русија го суспендираше учеството во договорот со кој се гарантира извозот на жито од регионот на Црното Море. Договорот беше постигнат со посредство на ОН, при што претставници на Украина, Русија, Турција и на ОН се согласија Заеднички координативен центар да уреди пловидба на бродови со жито преку Црното Море и нивна верификација. Преку Договорот од јули од Украина беа изнесени повеќе од 9,5 милиони тони пченка, пченица, производи од сончоглед, јачмен, семе од репка и соја. Москва во саботата го суспендираше учеството во Договорот поради, како што соопшти, украински напади со беспилотни летала врз руската флота на Крим. Киев на тоа одговари дека Русија бара изговор да се повлече од Договорот, а Вашингтон дека Москва ја користи храната како оружје. Светските пазари на жито се чувствителни на развојот на настаните во осуммесечната руска инвазија на Украина, бидејќи двете земји се меѓу најголемите светски снабдувачи на пченица. Во утринското тргување со фјучерси на Берзата во Чикаго, цената на пченицата се зголеми за 5,7 проценти на 8,77 долари за три четвртини бушел (26,49 литри). Во март, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, цената на пченицата достигнаа рекордни 13,64 долари за бушел. Цените на пченката утринава се зголемија за 2,6 отсто на 6,98 долари за четвртина бушел (8,75 литри), а сојата за 0,6 отсто на 14,09 долари за четвртина бушел. Трговците со жито посочуваат дека инфлаторните промени во цената најмногу ќе зависат од развојот на ситуацијата. Потегот на Русија ја доведе во прашање испораката на стотици илјади тони пченица за Африка и Блискиот Исток. Во прашање е доведен и извозот на украинска пченка за Европа. Обединетите нации, Турција и Украина соопштија дека работат на договор за извоз на жито, според кој денеска би транзитирале 16 бродови.

The post Пченицата и пченката поскапеа по руското повлекување од Договорот за извоз преку Црното Море appeared first on Република.

]]>