пчели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcheli/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 16:02:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пчели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pcheli/ 32 32 Пчеларите да ги заштитат пчелите: В петок во Скопје ќе се прска против комарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pchelarite-da-gi-zashtitat-pchelite-v-petok-vo-skopje-ke-se-prska-protiv-komartsi/ Wed, 20 Sep 2023 17:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=683550

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во петок (22.09.2023 година) на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

The post Пчеларите да ги заштитат пчелите: В петок во Скопје ќе се прска против комарци appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во петок (22.09.2023 година) на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

The post Пчеларите да ги заштитат пчелите: В петок во Скопје ќе се прска против комарци appeared first on Република.

]]>
Пронајдени фосилизирани пчели од пред 3.000 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajdeni-fosilizirani-pcheli-od-pred-3-000-godini/ Tue, 19 Sep 2023 13:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=683082

Нови фосилни наоди на југозападна Португалија даваат поинаков поглед во далечното минато поврзано со пчелите. А, научниците од Универзитетот на Севиља, Шпанија, тврдат дека овие прастари фосилизирани инсекти може да понудат вредни информации и за борбата против климатските промени денес.

Откривање и толкување на еколошките причини за присуството на оваа популација на пчели може да ни помогне да разбереме и да создаваме стратегии за отпорност на климатските
промени, како што е споредбата на еколошката нерамнотежа предизвикана од природните
параметри и како тоа влијае на денешните пчелни видови, заклучува главниот и одговорен истражувач Карлос Нето де Карваљо.

Истражувачите ги пронајдоа неверојатно добро сочуваните пчели сè уште во нивните кожурци, објави „Стади фајндс“ (Study Finds).

Најновиот научен труд објавен и во „Нејчр ворлд њуз“ посочува подробни информации за густо собраните илјадници фосилизирани гнезда во Португалија. Повеќето од овие гнезда му припаѓаат на видот „Palmiraichnus ichnogenus“. Во написот се наведува дека наоѓањето пчели во толку добро сочувана состојба е „исклучително ретко“, особено ако се земе предвид дека скелетите на овие инсекти обично брзо се распаѓаат. Ова неверојатно ниво на зачуваност му овозможи на истражувачкиот тим успешно да го одреди видот пчели, нивниот пол, па дури и нивото на полен што го оставиле нивните мајки за време на создавањето на кожурците.

Пчелите се исклучително важни за екосистемот на Земјата. Поточно, тие се клучната група инсекти што служат за опрашување, којашто опфаќа над 20.000 различни видови. Околу три четвртини од сите видови диви пчели се гнездат во почвата и поголемиот дел од својот животен циклус го минуваат под земја, што помага да се зачуваат нивните гнезда.

Пчелите се опрашувачки инсекти и како такви се неопходни за екосистемите, бидејќи секое намалување на нивниот број директно би влијаело на биодиверзитетот... Поточно на бројните видови растенија и животни кои директно или индиректно зависат од нив, вклучувајќи ги и луѓето. Знаеме, на пр., дека пчелите тие опрашуваат 70 отсто од културите што луѓето ги консумираат и 30 отсто од она сао коешто добитокот се храни. Човечка активност, како што се интензивното земјоделство, употребата на пестициди и инсектицидите, како и климатските промени, создаваат состојба каде што по еден на секој десет видови пчели во Европа им се заканува исчезнување, нагласи Фернандо Муниз, професор од Катедрата за кристалографија, минералогија и земјоделска хемија при Универзитетот.

Но, овој наод неизбежно го поставува и прашање - кои биле можните причини и фактори во природната околина што довеле до угиннување на толку голем број пчели? И, зошто тие примероци останале во така добро сочувана состојба за 3.000 години?

Иако истражувачите сè уште не можат со сигурност да кажат што ја предизвикало смртта на пчелите, се претпоставува дека недостатокот на кислород предизвикан од поплави, како и падот на ноќната температура, можеби биле клучни фактори за тоа. Се смета и дека југозападниот брег на Португалија доживеал малку постудени периоди со повеќе врнежи во текот на неоглацијалната зима, што би создале погодни климатски услови за формирање на такви фосили.

The post Пронајдени фосилизирани пчели од пред 3.000 години appeared first on Република.

]]>

Нови фосилни наоди на југозападна Португалија даваат поинаков поглед во далечното минато поврзано со пчелите. А, научниците од Универзитетот на Севиља, Шпанија, тврдат дека овие прастари фосилизирани инсекти може да понудат вредни информации и за борбата против климатските промени денес.
Откривање и толкување на еколошките причини за присуството на оваа популација на пчели може да ни помогне да разбереме и да создаваме стратегии за отпорност на климатските промени, како што е споредбата на еколошката нерамнотежа предизвикана од природните параметри и како тоа влијае на денешните пчелни видови, заклучува главниот и одговорен истражувач Карлос Нето де Карваљо.
Истражувачите ги пронајдоа неверојатно добро сочуваните пчели сè уште во нивните кожурци, објави „Стади фајндс“ (Study Finds). Најновиот научен труд објавен и во „Нејчр ворлд њуз“ посочува подробни информации за густо собраните илјадници фосилизирани гнезда во Португалија. Повеќето од овие гнезда му припаѓаат на видот „Palmiraichnus ichnogenus“. Во написот се наведува дека наоѓањето пчели во толку добро сочувана состојба е „исклучително ретко“, особено ако се земе предвид дека скелетите на овие инсекти обично брзо се распаѓаат. Ова неверојатно ниво на зачуваност му овозможи на истражувачкиот тим успешно да го одреди видот пчели, нивниот пол, па дури и нивото на полен што го оставиле нивните мајки за време на создавањето на кожурците. Пчелите се исклучително важни за екосистемот на Земјата. Поточно, тие се клучната група инсекти што служат за опрашување, којашто опфаќа над 20.000 различни видови. Околу три четвртини од сите видови диви пчели се гнездат во почвата и поголемиот дел од својот животен циклус го минуваат под земја, што помага да се зачуваат нивните гнезда.
Пчелите се опрашувачки инсекти и како такви се неопходни за екосистемите, бидејќи секое намалување на нивниот број директно би влијаело на биодиверзитетот... Поточно на бројните видови растенија и животни кои директно или индиректно зависат од нив, вклучувајќи ги и луѓето. Знаеме, на пр., дека пчелите тие опрашуваат 70 отсто од културите што луѓето ги консумираат и 30 отсто од она сао коешто добитокот се храни. Човечка активност, како што се интензивното земјоделство, употребата на пестициди и инсектицидите, како и климатските промени, создаваат состојба каде што по еден на секој десет видови пчели во Европа им се заканува исчезнување, нагласи Фернандо Муниз, професор од Катедрата за кристалографија, минералогија и земјоделска хемија при Универзитетот.
Но, овој наод неизбежно го поставува и прашање - кои биле можните причини и фактори во природната околина што довеле до угиннување на толку голем број пчели? И, зошто тие примероци останале во така добро сочувана состојба за 3.000 години? Иако истражувачите сè уште не можат со сигурност да кажат што ја предизвикало смртта на пчелите, се претпоставува дека недостатокот на кислород предизвикан од поплави, како и падот на ноќната температура, можеби биле клучни фактори за тоа. Се смета и дека југозападниот брег на Португалија доживеал малку постудени периоди со повеќе врнежи во текот на неоглацијалната зима, што би создале погодни климатски услови за формирање на такви фосили.

The post Пронајдени фосилизирани пчели од пред 3.000 години appeared first on Република.

]]>
Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во „Мачкини дупки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-zafati-vikend-kuka-i-sandatsi-za-pcheli-vo-machkini-dupki/ Thu, 14 Sep 2023 15:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=681990

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во местото наречено „Мачкини дупки“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Во 17:15 часот вчера во Полициската станица Аеродром, пријавено било дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар, при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С., на возраст од 50 години, 15 празни сандаци за пчели, сопственост на Г.А., на возраст од 51 година, како и пет полни сандаци со пчели, сопственост на Б.С., на возраст од 44 години, сите од Скопје, се појаснува во соопштението.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, нема повредени лица.

The post Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во „Мачкини дупки“ appeared first on Република.

]]>

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во местото наречено „Мачкини дупки“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Во 17:15 часот вчера во Полициската станица Аеродром, пријавено било дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар, при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С., на возраст од 50 години, 15 празни сандаци за пчели, сопственост на Г.А., на возраст од 51 година, како и пет полни сандаци со пчели, сопственост на Б.С., на возраст од 44 години, сите од Скопје, се појаснува во соопштението. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, нема повредени лица.

The post Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во „Мачкини дупки“ appeared first on Република.

]]>
Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichkoto-jo-naredi-istraga-protiv-13-litsa-poradi-napad-na-politsaets/ Thu, 24 Aug 2023 10:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=675316

Струмичкото Јавно обвинителство нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец.

За овие лица постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – кои биле пријавени како украдени.

Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети прво почнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ги одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото.

Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земја и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка.

Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

The post Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец appeared first on Република.

]]>

Струмичкото Јавно обвинителство нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец. За овие лица постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – кои биле пријавени како украдени.
Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети прво почнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ги одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земја и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

The post Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец appeared first on Република.

]]>
Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechki-unishtile-okolu-200-pchelni-sandatsi-vo-debarsko/ Sun, 06 Aug 2023 15:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=669273

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.

Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек.

Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“  главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници.

На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

The post Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско appeared first on Република.

]]>

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.
Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек. Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“  главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници. На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

The post Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско appeared first on Република.

]]>
Лекари предупредуваат: Поленот од пчели не ги зголемува градите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lekari-predupreduvaat-polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite/ Sun, 30 Jul 2023 08:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=666820

Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. „Лекот“, наводно, чини пет фунти и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист.

Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија.

Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени - соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект.

И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“.

Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД.

Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност.

Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додава д-р Мецхер.

Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности.

Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции... Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакнува д-р Мецхер.

Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.

The post Лекари предупредуваат: Поленот од пчели не ги зголемува градите appeared first on Република.

]]>

Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. „Лекот“, наводно, чини пет фунти и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист. Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија. Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени - соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект. И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“. Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД. Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност.
Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додава д-р Мецхер.
Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности.
Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции... Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакнува д-р Мецхер.
Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.

The post Лекари предупредуваат: Поленот од пчели не ги зголемува градите appeared first on Република.

]]>
Хрватските пчели се збунија: Се разбудиле порано поради екстремно топлата зима https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskite-pcheli-se-zbunija-se-razbudile-porano-poradi-ekstremno-toplata-zima/ Wed, 04 Jan 2023 13:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=593605

Поради екстремно топлата зима, природата во Хрватска почна да се буди од почетокот на јануари, а со неа се разбудија и хрватските пчели, јави хрватската национална телевизија HRT.

Пролетните температури среде зима ги доведоа во заблуда пчелите во Хрватска, кои предвреме почнаа да ги напуштаат кошниците. Лешниците цветаат, пчелите веќе го собираат поленот, а матиците почнаа да снесуваат јајца. Но, тие би биле во опасност доколку дојде до долготрајна студена зима.

Кога ќе залади и ако трае студот, пчелите се собираат околу леглото. Потоа, ако студот продолжи, пчелите можат да се оддалечат од храната, доволно е да се оддалечат два сантиметра за да умрат од глад, иако гледаме дека има доволно храна - објаснува пчеларот Златко Миловац.

Ако во март многу залади, главното пасиште на пчелите - багремот - ќе биде уништено. Ова се случи и пред две години, кога студот уништи и плодови на многу овошни дрвја.

The post Хрватските пчели се збунија: Се разбудиле порано поради екстремно топлата зима appeared first on Република.

]]>

Поради екстремно топлата зима, природата во Хрватска почна да се буди од почетокот на јануари, а со неа се разбудија и хрватските пчели, јави хрватската национална телевизија HRT. Пролетните температури среде зима ги доведоа во заблуда пчелите во Хрватска, кои предвреме почнаа да ги напуштаат кошниците. Лешниците цветаат, пчелите веќе го собираат поленот, а матиците почнаа да снесуваат јајца. Но, тие би биле во опасност доколку дојде до долготрајна студена зима.
Кога ќе залади и ако трае студот, пчелите се собираат околу леглото. Потоа, ако студот продолжи, пчелите можат да се оддалечат од храната, доволно е да се оддалечат два сантиметра за да умрат од глад, иако гледаме дека има доволно храна - објаснува пчеларот Златко Миловац.
Ако во март многу залади, главното пасиште на пчелите - багремот - ќе биде уништено. Ова се случи и пред две години, кога студот уништи и плодови на многу овошни дрвја.

The post Хрватските пчели се збунија: Се разбудиле порано поради екстремно топлата зима appeared first on Република.

]]>
Пет милиони пчели угинале во САД откако кошниците биле оставени на жежок асфалт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-milioni-pcheli-uginale-vo-sad-otkako-koshnicite-bile-ostaveni-na-zezok-asfalt/ Mon, 02 May 2022 18:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=496375

Речиси пет милиони пчели умреле откако биле оставени на жешкиот асфалт во Атланта, а требало да бидат испратени до Алјаска.

Пчеларите на кои требало да им бидат доставени инсектите истакнуваат дека станува збор за огромна загуба. Меѓу нив е и пчеларката Сара МекЕлреа, која изјавила дека бил сменет летот на кој „Делта ерлајнс“ требало да превезува пчели.

Тие биле пренесени во Атланта, а потоа требало да бидат пренесени во Анкгориџ, Алјаска. МекЕлреа била информирана ден по пратката дека дел од пчелите избегале од кошниците. Тогаш сите кошници биле оставени надвор.

Навистина ме фати паника кога ме известија дека се оставени надвор бидејќи пчелните феромони привлекуваат други пчели кои се веќе во областа - вели МекЕлреа, додавајќи дека авиокомпанијата одбила да ги стави кошниците во авионот.

Таа стапила во контакт со пчеларот Едвард Морган од Атланта кој отишол на аеродромот за да провери во каква состојба се пчелите. Морган ја известил дека починале поради високата температура на асфалтот.

„Делта“ соопшти дека контактирале со клиентите и им се извиниле, пишува „Индипендент“.

The post Пет милиони пчели угинале во САД откако кошниците биле оставени на жежок асфалт appeared first on Република.

]]>

Речиси пет милиони пчели умреле откако биле оставени на жешкиот асфалт во Атланта, а требало да бидат испратени до Алјаска. Пчеларите на кои требало да им бидат доставени инсектите истакнуваат дека станува збор за огромна загуба. Меѓу нив е и пчеларката Сара МекЕлреа, која изјавила дека бил сменет летот на кој „Делта ерлајнс“ требало да превезува пчели. Тие биле пренесени во Атланта, а потоа требало да бидат пренесени во Анкгориџ, Алјаска. МекЕлреа била информирана ден по пратката дека дел од пчелите избегале од кошниците. Тогаш сите кошници биле оставени надвор.
Навистина ме фати паника кога ме известија дека се оставени надвор бидејќи пчелните феромони привлекуваат други пчели кои се веќе во областа - вели МекЕлреа, додавајќи дека авиокомпанијата одбила да ги стави кошниците во авионот.
Таа стапила во контакт со пчеларот Едвард Морган од Атланта кој отишол на аеродромот за да провери во каква состојба се пчелите. Морган ја известил дека починале поради високата температура на асфалтот. „Делта“ соопшти дека контактирале со клиентите и им се извиниле, пишува „Индипендент“.

The post Пет милиони пчели угинале во САД откако кошниците биле оставени на жежок асфалт appeared first on Република.

]]>