пазарна инспекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazarna-inspekcija/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 18:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пазарна инспекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazarna-inspekcija/ 32 32 Битиќи бара казнување на трговците за нереално поскапените цени, додека Инспекторатот тврди дека е ненадлежен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-bara-kaznuvanje-na-trgovcite-za-nerealno-poskapenite-ceni-dodeka-inspektoratot-tvrdi-deka-e-nenadlezen/ Fri, 03 Jun 2022 18:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=510801

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја повика Пазарната инспекција да ги контролира трговците коишто продаваат производи со нереално висока маржа. Од Пазарна, пак, велат дека не се надлежни.

Битиќи смета дека трговците се служат со манипулации и за три дена ги зголемиле цените за 20%, што според него е некоректно, затоа што производствена цена им била драстично пониска.

Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 посто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај - наведе Битиќи.

Од Инспекторатот одговараат дека во пазарна економија трговците сами ја одредуваат маржата и кога заработката не е ограничена од страна на владата, тогаш моќта на пазарната инспекција е ограничена.

Државниот Пазарен Инспекторат, соглaсно законот, не е недлежен да ги контролира маржите. Во пазарна економија трговците слободно си ги формираат цените. Ние сме надлежни во делот на евиденција, односно дали изложените цени се во согласност со Правилникот, односно со евидентираните во книговодствената евиденција - вели директорката на Државниот Пазарен Инспекторат, Анета Симеска.

Откако престанаа да важат антикрзините мерки, граѓаните се сведоци на енормни зголемувања на цените на основните прехранбени прозводи. Млекото, оризот, лебот, јајцата, брашното и маслото за јадење се продаваат по повиски цени од три до 20 денари, во зависност од производот и маркетот.  Владата најави нов пакет мерки, но по усвојување на ребалансот на буџетот.

The post Битиќи бара казнување на трговците за нереално поскапените цени, додека Инспекторатот тврди дека е ненадлежен appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја повика Пазарната инспекција да ги контролира трговците коишто продаваат производи со нереално висока маржа. Од Пазарна, пак, велат дека не се надлежни. Битиќи смета дека трговците се служат со манипулации и за три дена ги зголемиле цените за 20%, што според него е некоректно, затоа што производствена цена им била драстично пониска.