пазарен инспекторат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazaren-inspektorat/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Feb 2022 13:09:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пазарен инспекторат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazaren-inspektorat/ 32 32 Затекнати луѓе без сертификати: Затворени четири угостителски објекти во Тетовско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zateknati-lugje-bez-sertifikati-zatvoreni-chetiri-ugostitelski-objekti-vo-tetovsko/ Sat, 12 Feb 2022 13:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=457558

Привремено се затворени четири угостителски објекти во Тетово и околни населени места во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои извршиле инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетовско.

Од МВР соопштија дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а нивното привремено затворање е по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните Ковид-сертификати, а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци кои вршеле работа како обезбедување на објектите.

Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата - информираат од МВР.

Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на Управата за јавни приходи по основ на неиздавање фискални сметки.

The post Затекнати луѓе без сертификати: Затворени четири угостителски објекти во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Привремено се затворени четири угостителски објекти во Тетово и околни населени места во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои извршиле инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетовско. Од МВР соопштија дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а нивното привремено затворање е по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните Ковид-сертификати, а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци кои вршеле работа како обезбедување на објектите.
Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата - информираат од МВР.
Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на Управата за јавни приходи по основ на неиздавање фискални сметки.

The post Затекнати луѓе без сертификати: Затворени четири угостителски објекти во Тетовско appeared first on Република.

]]>
Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojca-uapseni-i-fateni-56-maloletni-vo-ugostitelski-objekti-masovna-akcija-na-pazarniot-inspektorat-i-mvr/ Sat, 29 Jan 2022 11:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=451133

Полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат од полнок до 4 часот изутрината спровеле акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.

При контролата во повеќе угостителски објекти по полноќ, констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.

 

На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се три лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

 

Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.

 

При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се три прекршоци од Законот за заштита од пушење, три по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци. Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.

The post Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат од полнок до 4 часот изутрината спровеле акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.
При контролата во повеќе угостителски објекти по полноќ, констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.   На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се три лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.   Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.   При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се три прекршоци од Законот за заштита од пушење, три по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци. Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.

The post Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР appeared first on Република.

]]>