пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazar/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazar/ 32 32 „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koka-kola-fanta-i-sprajt-povlecheni-od-pazarot-vo-bih/ Fri, 01 Nov 2024 10:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=833053

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.

Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliх.ba.

Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.

Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.

The post „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ја извести јавноста дека безалкохолните пијалаци од Австрија се испорачани на пазарот во БиХ и се повлекуваат поради сомневање дека содржат парчиња метал.

Станува збор за производите „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, а сите производи се во пластична амбалажа од 0,5 литри, објави Kliх.ba.

Предупредувањето се однесува на пратките помеѓу 4 февруари 2025 година и 4 декември 2025 година, со шифра „ВП“ под датумот.

Увозници во Босна и Херцеговина се COSMO Celic d.o.o. и Pam Consulting d.o.o.

The post „Кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“ повлечени од пазарот во БиХ appeared first on Република.

]]>
Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-na-sdsm-mu-treba-lider-ne-pazar/ Sun, 02 Jun 2024 11:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=784133

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела.

Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски:

Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање.

Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови.

Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите.

Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.

Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ.

Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.

 

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела. Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски: Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање. Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови. Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите. Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат. Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ. Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.  

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>
Лемпи од Финска и Влатко од Македонска Каменица пеат по пазари и ги забавуваат луѓето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lempi-od-finska-i-vlatko-od-makedonska-kamenitsa-peat-po-pazari-i-gi-zabavuvaat-lugeto/ Sat, 16 Mar 2024 19:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=755483

Изворниот македонски мелос продолжува да се слуша ширум пазарите во земјава, претежно во источниот дел. Сето тоа благодарение на двајцата ентузијасти и вљубеници во музиката, Лемпи и Влатко, кои изведувајќи ги песните карактеристични за Александар Сариевски и останатите бардови на народната песна, предизвикуваат воздишки меѓу граѓаните.

The post Лемпи од Финска и Влатко од Македонска Каменица пеат по пазари и ги забавуваат луѓето appeared first on Република.

]]>

Изворниот македонски мелос продолжува да се слуша ширум пазарите во земјава, претежно во источниот дел. Сето тоа благодарение на двајцата ентузијасти и вљубеници во музиката, Лемпи и Влатко, кои изведувајќи ги песните карактеристични за Александар Сариевски и останатите бардови на народната песна, предизвикуваат воздишки меѓу граѓаните.

The post Лемпи од Финска и Влатко од Македонска Каменица пеат по пазари и ги забавуваат луѓето appeared first on Република.

]]>
Само 20 отсто од европските и американските компании официјално го напуштиле рускиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/samo-20-otsto-od-evropskite-i-amerikanskite-kompanii-ofitsijalno-go-napushtile-ruskiot-pazar/ Thu, 15 Feb 2024 09:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=744300

Само 100 од 500 европски компании официјално го напуштија рускиот пазар, а повеќето од нив го задржаа правото на откуп, изјави рускиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија Денис Мантуров на пленарната седница по повод Денот на индустријата.

Тоа е податок на Асоцијацијата на европските компании. Од 500 големи компании (не ги вклучувам оние со обрт помал од половина милијарда рубљи годишно) од различни европски земји, само 100 официјално го напуштиле рускиот пазар, што е 20 отсто, рече Мантуров.

Од 350 големи американски компании застапени на рускиот пазар, 66 или околу 19 отсто ја напуштиле Русија, додаде Мантуров.

Тоа сугерира дека нашиот пазар е интересен и дека нашиот потенцијал е исто така интересен, вклучувајќи ги и трошоците за енергенси. Погледнете што се случува во Европа. Таму компаниите навистина постепено се намалуваат, рече тој.

Мантуров додаде дека Русија не планира да престане да привлекува странски инвестиции и оти ќе создаде соодветни услови „и за поединци и за инвеститорите и сопствениците на бизниси кои се подготвени да дојдат од странство“.

The post Само 20 отсто од европските и американските компании официјално го напуштиле рускиот пазар appeared first on Република.

]]>

Само 100 од 500 европски компании официјално го напуштија рускиот пазар, а повеќето од нив го задржаа правото на откуп, изјави рускиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија Денис Мантуров на пленарната седница по повод Денот на индустријата. Тоа е податок на Асоцијацијата на европските компании. Од 500 големи компании (не ги вклучувам оние со обрт помал од половина милијарда рубљи годишно) од различни европски земји, само 100 официјално го напуштиле рускиот пазар, што е 20 отсто, рече Мантуров. Од 350 големи американски компании застапени на рускиот пазар, 66 или околу 19 отсто ја напуштиле Русија, додаде Мантуров. Тоа сугерира дека нашиот пазар е интересен и дека нашиот потенцијал е исто така интересен, вклучувајќи ги и трошоците за енергенси. Погледнете што се случува во Европа. Таму компаниите навистина постепено се намалуваат, рече тој. Мантуров додаде дека Русија не планира да престане да привлекува странски инвестиции и оти ќе создаде соодветни услови „и за поединци и за инвеститорите и сопствениците на бизниси кои се подготвени да дојдат од странство“.

The post Само 20 отсто од европските и американските компании официјално го напуштиле рускиот пазар appeared first on Република.

]]>
Бугари по овошје и зеленчук на пазар во Делчево оти било поевтино од кај нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugari-po-ovoshje-i-zelenchuk-na-pazar-vo-delchevo-oti-bilo-poevtino-od-kaj-niv/ Sat, 21 Oct 2023 13:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=693638

Поголема група на бугарски државјани и денеска го посетија градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави.

Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук...тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград.

Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.

На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар.

Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата.

Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир, вели производител од Тработивиште.

Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.

The post Бугари по овошје и зеленчук на пазар во Делчево оти било поевтино од кај нив appeared first on Република.

]]>

Поголема група на бугарски државјани и денеска го посетија градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави.
Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук...тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград.
Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.
На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар.
Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата.
Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир, вели производител од Тработивиште.
Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.

The post Бугари по овошје и зеленчук на пазар во Делчево оти било поевтино од кај нив appeared first on Република.

]]>
Паѓаат цените на зеленчукот на пазарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pagaat-tsenite-na-zelenchukot-na-pazarite/ Fri, 05 May 2023 14:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=637374

Домашното производство ги намали цените на заленчукот на Градските пазари. На штипскиот Градски пазар денеска земјоделците своите производи ги продаваат по пониска цена, во спореба од минатиот петок. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев, вели дека краставицата се продава од 30 до 50 денари, доматот е со различна цена во зависност дали е увозен или пак домашно производство, оние од увоз се по цена од 80 денари.

Како што вели Колев тие се со пониска цена, бидејќи станува збор за втора класа, додека домашното производство на домат е далеку поквалитетно и цената е од 120 до 140 денари. Тој забележува дека на пазарите се појави и благата пиперка, која може да се купи од 120 до 140 денари за килограм.

Прашан дали цените на зелечукот и наредниот период ќе бележат пад, Колев со одговор дека пазарот не може да се предвиди, варира, во зависност од понудата и побарувачката и дали македонскиот зеленчук ќе се извезува на некои од странските пазари.

The post Паѓаат цените на зеленчукот на пазарите appeared first on Република.

]]>

Домашното производство ги намали цените на заленчукот на Градските пазари. На штипскиот Градски пазар денеска земјоделците своите производи ги продаваат по пониска цена, во спореба од минатиот петок. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев, вели дека краставицата се продава од 30 до 50 денари, доматот е со различна цена во зависност дали е увозен или пак домашно производство, оние од увоз се по цена од 80 денари. Како што вели Колев тие се со пониска цена, бидејќи станува збор за втора класа, додека домашното производство на домат е далеку поквалитетно и цената е од 120 до 140 денари. Тој забележува дека на пазарите се појави и благата пиперка, која може да се купи од 120 до 140 денари за килограм. Прашан дали цените на зелечукот и наредниот период ќе бележат пад, Колев со одговор дека пазарот не може да се предвиди, варира, во зависност од понудата и побарувачката и дали македонскиот зеленчук ќе се извезува на некои од странските пазари.

The post Паѓаат цените на зеленчукот на пазарите appeared first on Република.

]]>
Пазар на органска храна во „Јавна сооба“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pazar-na-organska-hrana-vo-javna-sooba/ Fri, 05 May 2023 08:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=637280

Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот.

В сабота, на 6 мај, со почеток во 10 часот, на зелената тераса во Јавна соба повторно се отвора Пазарче.орг (орг = органска храна). Посетителите, покрај дегустацијата која е карактерситична за овој органски пазар, ќе имаат можност да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади и сл., призводи кои се произведени од поединци или од семејни производители. Вината и ракиите од мали семејни винарии и дестилерии, се автентични и неповторливи, а од причина што се произведуваат во мали количини може да се купат само на овој настан.

Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга, кои решија сите овие вкусови од Македонија да ги доближат до пошироката јавноста со цел да се разбие стигмата дека органското е скапо, неубаво на изглед и тешко достапно кај нас.

Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во цела Македонија и пошироко.

The post Пазар на органска храна во „Јавна сооба“ appeared first on Република.

]]>

Започнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во Македонија. Овој настан е исклучително битен како поддршка за макотрпната работа на земјоделците кои произведуваат малку, внимателно и природно и секако заради потрошувачите кои сè повеќе се едуцираат и се насочуваат кон здрава и природна исхрана како превенција од штетните, синтетички состојки кои ги внесуваме поради начинот на живот. В сабота, на 6 мај, со почеток во 10 часот, на зелената тераса во Јавна соба повторно се отвора Пазарче.орг (орг = органска храна). Посетителите, покрај дегустацијата која е карактерситична за овој органски пазар, ќе имаат можност да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, зачини, јаболков оцет од диви јаболки, маџун, јаткасти плодови, компоти, сирења и кашкавали, сувомеснати производи, медови, производи со тартуфи, мармалади и сл., призводи кои се произведени од поединци или од семејни производители. Вината и ракиите од мали семејни винарии и дестилерии, се автентични и неповторливи, а од причина што се произведуваат во мали количини може да се купат само на овој настан. Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга, кои решија сите овие вкусови од Македонија да ги доближат до пошироката јавноста со цел да се разбие стигмата дека органското е скапо, неубаво на изглед и тешко достапно кај нас. Пазар.орг ќе се одржува секоја сабота на зелената тераса во Јавна соба со цел да се креира поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите македонски производители и да се помогне секој еден органски продукт полесно да го најде местото до трпезите во цела Македонија и пошироко.

The post Пазар на органска храна во „Јавна сооба“ appeared first on Република.

]]>
Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ogromen-pozhar-na-pazar-za-obleka-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/ Tue, 04 Apr 2023 06:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=626924

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака.

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.

 

The post Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари appeared first on Република.

]]>

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака. Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот. Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш. Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.  

The post Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари appeared first on Република.

]]>
Пожар во Париз, гори најголемиот пазар во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozar-vo-pariz-gori-najgolemiot-pazar-vo-svetot/ Sun, 25 Sep 2022 15:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=554080

Голем пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз, пишува „Ле фигаро“.

Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува медиумот.Пазарот, според написите е многу привлечно место за посета на љубителите на храна кои патуваат.

Се протега на површина од 234 хектари.

Пожарникарите се на местото на настанот и апелираат да не се оди во тој дел од градот.

The post Пожар во Париз, гори најголемиот пазар во светот appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз, пишува „Ле фигаро“. Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува медиумот.Пазарот, според написите е многу привлечно место за посета на љубителите на храна кои патуваат. Се протега на површина од 234 хектари. Пожарникарите се на местото на настанот и апелираат да не се оди во тој дел од градот.

The post Пожар во Париз, гори најголемиот пазар во светот appeared first on Република.

]]>
Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pykanje-i-apcenje-srede-bel-den-pred-gradskiot-pazar-vo-prilep/ Sat, 25 Jun 2022 12:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=519614

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп. Имено како што дознаваме додека комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе.

На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja.

Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот.

Извор: Маркукуле

The post Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп. Имено како што дознаваме додека комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе. На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja. Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот. Извор: Маркукуле

The post Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп appeared first on Република.

]]>