пазар на труд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazar-na-trud/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 15:27:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пазар на труд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pazar-na-trud/ 32 32 Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-pochnuva-edinstveniot-pazar-na-trud-na-otvoren-balkan/ Thu, 29 Feb 2024 15:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=749733

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.- Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги, рече Чадеж.

Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или  Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар.

До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан.

Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата.

Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот.

Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB).

После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

The post Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

Единствениот пазар на труд на Отворен Балкан, чии членки се Македонија, Србија и Албанија, започнува утре, 1 март, што значи дека сите граѓани на овие држави со наједноставна процедура ќе можат да се вработат во која било од земјите од оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград. Како што информира Стопанската комора на Србија (ПКС), еден од првите што доби Oтврен Балкан ИД, електронски сертификат кој му овозможува да работи во која било земја на Отворен Балкан, е претседателот на ПКС Марко Чадеж.- Од 1 март оваа година, граѓаните на Србија, Албанија и Македонија конечно ќе можат да живеат и работат во која било од трите земји како во својата. За овие наши простори каде првото правило на јавната администрација беше „не може“, 1 март е револуција. Пред точно три години и три месеци, лидерите на земјите од Отворен Балкан одлучија и потпишаа визионерска одлука за воспоставување слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан. Три години и три месеци лидерите и неколку вредни луѓе од управите ги убедуваа со логични аргументи своите „не може“ колеги, рече Чадеж. Тој оцени дека до пред само три години не нè интересирало кој во Албанија или  Македонија ја работи истата работа како и ние, обидувајќи се да им го направи животот на граѓаните подобар. До пред само три години верувавме дека ако сакаме да биде подобро за нас, мора да биде полошо за нив. Три години се запознававме, сфативме дека ги имаме истите проблеми, изјави претседателот на ПКС и првиот работник на слободниот пазар на Отворен Балкан. Предностите од слободното движење на работниците во регионот, без никакви административни бариери се повеќекратни, почнувајќи од можноста за вршење сезонски работни места, преку намалувањето на дефицитарните занимања и зајакнувањето на довербата на инвеститорите до растот на клучните сектори во економијата. Слободниот пристап до пазарот на трудот од околу 11 милиони жители се очекува да го спречи понатамошниот одлив на мозоци и младите од регионот преку нудење можности за вработување, но и да одговори на зголемените барања за квалитетен кадар, како на локални така и на меѓународни компании кои работат во регионот. Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат матичен број за кој ќе можат електронски да се регистрираат во неколку чекори. Ова значи дека треба да пополнат формулар на платформата (eУправа) и да приложат валиден биометриски документ. Врз основа на доставените податоци, надлежните органи преку платфотмата еУправа генерираат единствен идентификациски број на Отворен Балкан (IDOB). После тоа, заинтересираната страна може да пристапи до порталот за еУправа на одредена земја и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредената земја по проверка ја донесува конечната одлука. По добивањето на одобрението, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој периодот може да се продолжи престојот т.е. рокот на работната дозвола.

The post Од утре почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-se-grizhime-nevrabotenite-gragani-da-bidat-konkurentni-na-pazarot-na-trud/ Tue, 14 Feb 2023 12:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=608841

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека домашните компании имааат ист третман од државата како и директните странски инвестиции.

И домашните компании ги имаат истите олеснувања. Ние имавме закон за зголемување на плати каде 99% од компаниите кои ги користеа поволностите за три години беа домашни. За секое зголемување до 6 илјади денари ние плаќавме 100% од придонесите на компаниите и тоа го користеа 20 илјади компании секоја година наназад три години. Во овој момент имаме по законот за зголемување на минимална плата имаме подршка на компании кои што ја зголемиле минималната плата, изјави вицепремиерот Битиќи, според кој тврдењата за поволностите на странските компании се еден мит, а реалноста е сосема друга.

Вицепремиерот Битиќи најави за оваа недела отворање на една цела дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори со цел да се утврди дали и кои сектори од економијата се најповеќе погодени од недостатокот на работна сила.

Ќе отвориме цела една дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори да видиме дали и кои сектори се најмногу погодени и како треба тоа да го насочиме, за недостигот на работна сила и справувањето со истиот, да биде контролирано ако веќе треба да имаме увоз на работна сила и да видиме дали може да се олеснат одредени процедури, затоа што сметам дека само така економијата во одредени сектори можеме да ја задржиме во конкурентна, изјави Битиќи.

Потпретседателот на Владата, Битиќи нагласи дека дека нашите граѓани секогаш треба да бидат на прво место.

Фактот говори дека барателите на работа кои се регистрирани во Агенцијата за вработување се со вештини и знаења кои не секогаш содејствуваат со работните места кои се креираат и ако тоа успееме да го надокнадиме со увоз на работна сила, а овие наши граѓани да ги доквалификуваме и преквалификуваме за да бидат повисоко платени, зошто тоа да не го направиме, тоа е нашата цел, изјави вицепремиерот Битиќи.

The post Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека домашните компании имааат ист третман од државата како и директните странски инвестиции.
И домашните компании ги имаат истите олеснувања. Ние имавме закон за зголемување на плати каде 99% од компаниите кои ги користеа поволностите за три години беа домашни. За секое зголемување до 6 илјади денари ние плаќавме 100% од придонесите на компаниите и тоа го користеа 20 илјади компании секоја година наназад три години. Во овој момент имаме по законот за зголемување на минимална плата имаме подршка на компании кои што ја зголемиле минималната плата, изјави вицепремиерот Битиќи, според кој тврдењата за поволностите на странските компании се еден мит, а реалноста е сосема друга.
Вицепремиерот Битиќи најави за оваа недела отворање на една цела дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори со цел да се утврди дали и кои сектори од економијата се најповеќе погодени од недостатокот на работна сила.
Ќе отвориме цела една дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори да видиме дали и кои сектори се најмногу погодени и како треба тоа да го насочиме, за недостигот на работна сила и справувањето со истиот, да биде контролирано ако веќе треба да имаме увоз на работна сила и да видиме дали може да се олеснат одредени процедури, затоа што сметам дека само така економијата во одредени сектори можеме да ја задржиме во конкурентна, изјави Битиќи.
Потпретседателот на Владата, Битиќи нагласи дека дека нашите граѓани секогаш треба да бидат на прво место. Фактот говори дека барателите на работа кои се регистрирани во Агенцијата за вработување се со вештини и знаења кои не секогаш содејствуваат со работните места кои се креираат и ако тоа успееме да го надокнадиме со увоз на работна сила, а овие наши граѓани да ги доквалификуваме и преквалификуваме за да бидат повисоко платени, зошто тоа да не го направиме, тоа е нашата цел, изјави вицепремиерот Битиќи.

The post Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>