Павлос Маринакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlos-marinakis/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 12:08:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павлос Маринакис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlos-marinakis/ 32 32 Досега беше преку Бугарија: Европскиот пат на Македонија сега минувал преку Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dosega-beshe-preku-bugarija-evropskiot-pat-na-makedonija-sega-minuval-preku-grtsija/ Thu, 11 Jul 2024 12:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=795832

Владата и премиерот Кирјакос Мицотакис следат одговорна надворешна политика и без заобиколувања велиме дека европскиот пат на Македонија поминува низ Грција и очигледно, ако не го сменат начинот на кој ги третираат меѓународните договори нема да одат напред, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Владиниот портпарол на почетокот на брифингот го посочи она што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го споменал за време на неговото учество на НАТО Самитот во однос на Договорот од Преспа, „нагласувајќи дека неговата целосна имплементација е неопходна за НАТО Алијансата и за Западен Балкан“.

- Исто така, предупреди дека неговото прекршување или селективното почитување не само што го поткопува кредибилитетот на сите напори за решавање на отворените прашања во Западен Балкан, туку и ја загрозува безбедноста во поширокиот регион, рече Маринакис и додаде дека Мицотакис во неговото обраќање посочил и дека „Pacta sunt servanda“, односно дека договорите мора да се почитуваат.

Владиниот портпарол потсети дека Нова демократија не гласаше за Договорот од Преспа, бидејќи, како што рече, содржи пропусти во заштитните мерки и одредбите.

- Позиција која, денес всушност е оправдана. Затоа и не ги ратификувавме протоколите што произлегуваат од Договорот, ниту ќе го сториме тоа, доколку соседната земја не се усогласи со обврските што ги презеде. Сепак, очигледно е дека напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори. И сè додека нашите соседи не го сфатат тоа, нивната европска перспектива ќе остане затворена, рече Маринакис.

Премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот во Вашингтон, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не беше претходно најавено, а дописничката на МИА од Атина побара одговор од Маринакис зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа.

- Она што знам е дека не се одржа средба, не знам нешто повеќе да ви кажам, кусо одговори портпаролот на грчката Влада.

Од вчера, во грчките медиуми актуелна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за време на Самитот, поради употребата на името Македонија, нешто за што реагираа и од опозициската СИРИЗА, коментирајќи дека станува збор за прекршување на Договорот од Преспа и ја повикаа грчката Влада „да се разбуди од дипломатскиот сон“ и да ја блокира ЕУ перспективата на земјата.

-СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од страна на премиерот на Република Македонија, господинот Мицкоски, за време на Самитот на НАТО и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и да ги преземе предвидените дејствија, со цел Владата на Македонија да се соочи со своите одговорности, соопштија од грчката опозициска партија.

Паралелно упатија критики до актуелната грчка Влада дека е одговорна за „оваа штета на националните интереси, во име на нејзината неодговорна надворешна политика“, затоа што во изминатите години, како што велат,  избегнала „секакво активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“, но и дека не ги ратификуваше меморандумите и дека не беа потпишани нови.

Дополнително, го повикаа Мицкоски „конечно да се помири со меѓународното право и реалноста“, а од Мицотакис побараа „да се мобилизира и да соопшти блокирање на европската перспектива на Македонија додека не се усогласи со Договорот“.

Коментирајќи ги ставовите на СИРИЗА, Маринакис на брифингот со новинарите рече дека „говориме за параноја“, бидејќи како што посочи, „партијата што пред неколку седмици бараше ратификација на меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, меѓу кои и оној што се однесува на европската интеграција на Македонија, сега истата партија бара од грчката Влада да ја спречи европската интеграција на Македонија

The post Досега беше преку Бугарија: Европскиот пат на Македонија сега минувал преку Грција appeared first on Република.

]]>

Владата и премиерот Кирјакос Мицотакис следат одговорна надворешна политика и без заобиколувања велиме дека европскиот пат на Македонија поминува низ Грција и очигледно, ако не го сменат начинот на кој ги третираат меѓународните договори нема да одат напред, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Владиниот портпарол на почетокот на брифингот го посочи она што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го споменал за време на неговото учество на НАТО Самитот во однос на Договорот од Преспа, „нагласувајќи дека неговата целосна имплементација е неопходна за НАТО Алијансата и за Западен Балкан“.
- Исто така, предупреди дека неговото прекршување или селективното почитување не само што го поткопува кредибилитетот на сите напори за решавање на отворените прашања во Западен Балкан, туку и ја загрозува безбедноста во поширокиот регион, рече Маринакис и додаде дека Мицотакис во неговото обраќање посочил и дека „Pacta sunt servanda“, односно дека договорите мора да се почитуваат.
Владиниот портпарол потсети дека Нова демократија не гласаше за Договорот од Преспа, бидејќи, како што рече, содржи пропусти во заштитните мерки и одредбите.
- Позиција која, денес всушност е оправдана. Затоа и не ги ратификувавме протоколите што произлегуваат од Договорот, ниту ќе го сториме тоа, доколку соседната земја не се усогласи со обврските што ги презеде. Сепак, очигледно е дека напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори. И сè додека нашите соседи не го сфатат тоа, нивната европска перспектива ќе остане затворена, рече Маринакис.
Премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот во Вашингтон, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не беше претходно најавено, а дописничката на МИА од Атина побара одговор од Маринакис зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа.
- Она што знам е дека не се одржа средба, не знам нешто повеќе да ви кажам, кусо одговори портпаролот на грчката Влада.
Од вчера, во грчките медиуми актуелна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за време на Самитот, поради употребата на името Македонија, нешто за што реагираа и од опозициската СИРИЗА, коментирајќи дека станува збор за прекршување на Договорот од Преспа и ја повикаа грчката Влада „да се разбуди од дипломатскиот сон“ и да ја блокира ЕУ перспективата на земјата. -СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на Договорот од Преспа од страна на премиерот на Република Македонија, господинот Мицкоски, за време на Самитот на НАТО и ја повикува Владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и да ги преземе предвидените дејствија, со цел Владата на Македонија да се соочи со своите одговорности, соопштија од грчката опозициска партија. Паралелно упатија критики до актуелната грчка Влада дека е одговорна за „оваа штета на националните интереси, во име на нејзината неодговорна надворешна политика“, затоа што во изминатите години, како што велат,  избегнала „секакво активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“, но и дека не ги ратификуваше меморандумите и дека не беа потпишани нови. Дополнително, го повикаа Мицкоски „конечно да се помири со меѓународното право и реалноста“, а од Мицотакис побараа „да се мобилизира и да соопшти блокирање на европската перспектива на Македонија додека не се усогласи со Договорот“.
Коментирајќи ги ставовите на СИРИЗА, Маринакис на брифингот со новинарите рече дека „говориме за параноја“, бидејќи како што посочи, „партијата што пред неколку седмици бараше ратификација на меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, меѓу кои и оној што се однесува на европската интеграција на Македонија, сега истата партија бара од грчката Влада да ја спречи европската интеграција на Македонија

The post Досега беше преку Бугарија: Европскиот пат на Македонија сега минувал преку Грција appeared first on Република.

]]>
Грција ја чека заклетвата на новата влада во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ja-cheka-zakletvata-na-novata-vlada-vo-skopje/ Mon, 20 May 2024 12:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=780192

Ја очекуваме новата Влада на Cеверна Македонија, да положи свечена заклетва, да ги слушнеме позициите, но првите знаци не се добри, не се охрабрувачки. Ние ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè, ова да го стори другата страна, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис.

На новинарско прашање што доколку другата страна не го стори тоа што го очекува Грција, Маринакис посочи дека откако ќе ја видат официјалната позиција на новата Влада, „ќе постапат соодветно врз основа на националните интереси“.

- Повторувам дека, иако зборуваме за лош договор што ни го натовари претходната Влада, уште од почетокот рековме дека сме обврзани да го почитуваме и ќе го почитуваме, но ова е задача што има две страни. Ако ова не се случи од другата страна и покрај она што во целост го бара меѓународната заедница и сите европски фактори, кои јасно ги бранат нашите позиции, тогаш ќе ги оцениме нашите постапки, објасни Маринакис и додаде дека во никој случај нема да брзаат „како што сака опозицијата“.

Портпаролот на грчката Влада се осврна и на меморандумите кои сè уште не се ратификувани во Парламентот, за кои говореше дека се „преговарачко оружје“ од кое немаат намера да се откажат.

-Оние кои говорат за меморандумите, нека видат што пишува во меморандумите. Една од обврските е и дискусијата за европската интеграција на Македонија. Кога веќе имаше напредок во случајот со НАТО, со што значи дека ја изгубивме едната компаративна предност, сега да има напредок и во дискусиите за интегративниот тек во Европа, пред самите да го почитуваат името Македонија, односно како тие се викаат. Очигледно дека сме во исчекување на другата страна, првите знаци не се добри, не се охрабрувачки и како што кажа и премиерот, ние го почитуваме континуитетот на државата, ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè ова да го стори другата страна, рече Маринакис.

The post Грција ја чека заклетвата на новата влада во Скопје appeared first on Република.

]]>

Ја очекуваме новата Влада на Cеверна Македонија, да положи свечена заклетва, да ги слушнеме позициите, но првите знаци не се добри, не се охрабрувачки. Ние ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè, ова да го стори другата страна, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис. На новинарско прашање што доколку другата страна не го стори тоа што го очекува Грција, Маринакис посочи дека откако ќе ја видат официјалната позиција на новата Влада, „ќе постапат соодветно врз основа на националните интереси“.
- Повторувам дека, иако зборуваме за лош договор што ни го натовари претходната Влада, уште од почетокот рековме дека сме обврзани да го почитуваме и ќе го почитуваме, но ова е задача што има две страни. Ако ова не се случи од другата страна и покрај она што во целост го бара меѓународната заедница и сите европски фактори, кои јасно ги бранат нашите позиции, тогаш ќе ги оцениме нашите постапки, објасни Маринакис и додаде дека во никој случај нема да брзаат „како што сака опозицијата“.
Портпаролот на грчката Влада се осврна и на меморандумите кои сè уште не се ратификувани во Парламентот, за кои говореше дека се „преговарачко оружје“ од кое немаат намера да се откажат.
-Оние кои говорат за меморандумите, нека видат што пишува во меморандумите. Една од обврските е и дискусијата за европската интеграција на Македонија. Кога веќе имаше напредок во случајот со НАТО, со што значи дека ја изгубивме едната компаративна предност, сега да има напредок и во дискусиите за интегративниот тек во Европа, пред самите да го почитуваат името Македонија, односно како тие се викаат. Очигледно дека сме во исчекување на другата страна, првите знаци не се добри, не се охрабрувачки и како што кажа и премиерот, ние го почитуваме континуитетот на државата, ги почитуваме меѓународните ратификувани договори, но очекуваме пред и над сè ова да го стори другата страна, рече Маринакис.

The post Грција ја чека заклетвата на новата влада во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fala-sdsm-grtsija-bara-i-po-doma-da-si-vikame-severna/ Thu, 16 May 2024 12:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=778854

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации.

На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на претседателката околу употребата на името Македонија и уставното име, Маринакис рече дека кога станува збор за највисоката позиција, за позицијата претседател на државата, „за еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“.

-Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција, истакна Маринакис

За трите меморандуми за соработка кои СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот Парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“,

https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/

-Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на Cеверна Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.

The post „Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ appeared first on Република.

]]>

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации. На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на претседателката околу употребата на името Македонија и уставното име, Маринакис рече дека кога станува збор за највисоката позиција, за позицијата претседател на државата, „за еден од столбовите на демократијата на една земја, не можеме да говориме за двоен јазик и лично право“.
-Мислам дека е лицемерно ова да се кажува и да се слуша. Односно за некои работи, каде што треба, ќе бидеме формални, а во нашите јавни настапи ќе го правиме она што сакаме или затоа што веруваме во тоа или затоа што ѝ служиме на нашата публика. Ова не може да биде прифатено од Грција, ниту од која било друга сериозна земја. Кога велиме дека треба да се согласиме дека треба да се почитува еден договор, затоа што таква е нашата обврска од фактот што е ратификуван овој договор, да го правиме тоа во сите наши формулации. Очигледно оваа логика не може да биде прифатена од Грција, истакна Маринакис
За трите меморандуми за соработка кои СИРИЗА вчера ги достави во грчкиот Парламент, владиниот портпарол рече дека е „еден од најнесфатливите потези на опозицијата“, https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/
-Ниту еден грчки граѓанин не сфаќа на што му служи оваа постапка, зошто такво брзање. Од моментот кога претседателката на Cеверна Македонија не ја прифаќа основната, првата точка од Договорот, главната опозиција во Грција сака ние сè да направиме, сè да изгласаме, рече Маринакис и додаде дека доколку видат соодветна позиција од новата Влада, тогаш ќе влезат во конкретната дискусија.
 
The post „Фала“ СДСМ: Грција бара и по дома да си викаме „Северна“ appeared first on Република.

]]>
Портпаролот на грчката влада: Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/portparolot-na-grchkata-vlada-grtsija-e-suverena-drzhava-koja-voopshto-ne-otstapuva-od-svoite-natsionalni-pozitsii/ Thu, 18 Apr 2024 13:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=767586

Договорот беше потпишан и сега веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот брифинг со новинарите во Солун, одговарајќи на новинарско прашање за изборите кај нас и ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го користи името „Cеверна Македонија“, но и во однос на сценариото за поништување на договорот од наша страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис потсети на позицијата на Нова демократија додека беше опозиција, рече дека ставот тогаш беше јасно изразен, но посочи дека паралелно Кирјакос Мицотакис, како лидер на тогашната опозиција, „јасно стави до знаење дека од моментот кога овој договор ќе се изгласа, мора да се почитува и претставува договор на грчката држава“.

-Јасно ги изразивме нашите разлики, нашите несогласувања, нашето противење, ако паметите имаше и жестока дискусија во грчкиот Парламент по предлогот доставен од пратеничката група на Нова демократија. Договорот беше потпишан и веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни. Ќе ги видиме изборите во соседната земја. Секоја земја има право да го изразува ставот што смета дека е правилен за земјата, но Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции и секако сето ова не може да се смени преку ноќ, бидејќи некој така сака, како што и самата историја има покажано, истакна Маринакис.

Паралелно посочи дека ќе го видат резултатот од изборите кај нас и уште еднаш повтори дека „единствено е сигурно дека Грција има Влада која во никој случај нема да отстапи ниту за нешто што е договорено, ниту за прашањата поврзани со суверените права

The post Портпаролот на грчката влада: Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции appeared first on Република.

]]>

Договорот беше потпишан и сега веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот брифинг со новинарите во Солун, одговарајќи на новинарско прашање за изборите кај нас и ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го користи името „Cеверна Македонија“, но и во однос на сценариото за поништување на договорот од наша страна, јави дописничката на МИА од Атина. Маринакис потсети на позицијата на Нова демократија додека беше опозиција, рече дека ставот тогаш беше јасно изразен, но посочи дека паралелно Кирјакос Мицотакис, како лидер на тогашната опозиција, „јасно стави до знаење дека од моментот кога овој договор ќе се изгласа, мора да се почитува и претставува договор на грчката држава“.
-Јасно ги изразивме нашите разлики, нашите несогласувања, нашето противење, ако паметите имаше и жестока дискусија во грчкиот Парламент по предлогот доставен од пратеничката група на Нова демократија. Договорот беше потпишан и веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни. Ќе ги видиме изборите во соседната земја. Секоја земја има право да го изразува ставот што смета дека е правилен за земјата, но Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции и секако сето ова не може да се смени преку ноќ, бидејќи некој така сака, како што и самата историја има покажано, истакна Маринакис.
Паралелно посочи дека ќе го видат резултатот од изборите кај нас и уште еднаш повтори дека „единствено е сигурно дека Грција има Влада која во никој случај нема да отстапи ниту за нешто што е договорено, ниту за прашањата поврзани со суверените права

The post Портпаролот на грчката влада: Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции appeared first on Република.

]]>
Маринакис: Договорот од Преспа е договор што ги обврзува двете страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/marinakis-dogovorot-od-prespa-e-dogovor-shto-gi-obvrzuva-dvete-strani/ Thu, 18 Apr 2024 12:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=767556

Договорот беше потпишан и сега веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни, рече портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис на денешниот брифинг со новинарите во Солун, одговарајќи на новинарско прашање за изборите кај нас и ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го користи името „Cеверна Македонија“, но и во однос на сценариото за поништување на договорот од наша страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис потсети на позицијата на Нова демократија додека беше опозиција, рече дека ставот тогаш беше јасно изразен, но посочи дека паралелно Кирјакос Мицотакис, како лидер на тогашната опозиција, „јасно стави до знаење дека од моментот кога овој договор ќе се изгласа, мора да се почитува и претставува договор на грчката држава“.

Јасно ги изразивме нашите разлики, нашите несогласувања, нашето противење, ако паметите имаше и жестока дискусија во грчкиот Парламент по предлогот доставен од пратеничката група на Нова демократија. Договорот беше потпишан и веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни. Ќе ги видиме изборите во соседната земја. Секоја земја има право да го изразува ставот што смета дека е правилен за земјата, но Грција е суверена држава која воопшто не отстапува од своите национални позиции и секако сето ова не може да се смени преку ноќ, бидејќи некој така сака, како што и самата историја има покажано - истакна Маринакис.

Паралелно посочи дека ќе го видат резултатот од изборите кај нас и уште еднаш повтори дека „единствено е сигурно дека Грција има Влада која во никој случај нема да отстапи ниту за нешто што е договорено, ниту за прашањата поврзани со суверените права“.

The post Маринакис: Договорот од Преспа е договор што ги обврзува двете страни appeared first on Република.

]]>

Договорот беше потпишан и сега веќе претставува договор што ги обврзува и двете страни, рече портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис на денешниот брифинг со новинарите во Солун, одговарајќи на новинарско прашање за изборите кај нас и ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го користи името „Cеверна Македонија“, но и во однос на сценариото за поништување на договорот од наша страна, јави дописничката на МИА од Атина. Маринакис потсети на позицијата на Нова демократија додека беше опозиција, рече дека ставот тогаш беше јасно изразен, но посочи дека паралелно Кирјакос Мицотакис, како лидер на тогашната опозиција, „јасно стави до знаење дека од моментот кога овој договор ќе се изгласа, мора да се почитува и претставува договор на грчката држава“.