павлина црвенковсла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlina-crvenkovsla/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 09:31:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png павлина црвенковсла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlina-crvenkovsla/ 32 32 Претседателката на судскиот совет ќе плати глоба од 150 евра, не го пријавила имотот, ќе има работа и за Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-sudskiot-sovet-kje-plati-globa-od-150-evra-ne-go-prijavila-imotot-kje-ima-rabota-i-za-obvinitelstvoto/ Mon, 17 Oct 2022 20:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=562300

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, не го пријавила навреме имотот во Комисијата за борба против корупцијата и за ова ќе плати глоба од 150 евра. При собирањето на документите за имотот на првиот човек на судскиот совет, констатирани се и низа недоследности во податоците, а за ова Антикорупциска ќе го извести Обвинителството, јави Алсат-М.

– Во колегиумот спроведена е постапка за издавање на констатираниот прекршок и издавање мандатен налог за плаќање глоба за недоставување на анкетниот лист навреме, а оваа постапка ќе продолжи. Има недоследности во податоците истакнати во анкетниот лист, има фирми кои се во сопственост на блиски лица, брачниот другар, а сомнежите што ги констатиравме во однос на приватни и правни лица веќе не се наша надлежност. Ние го пронајдовме тоа додека прибиравме информации. За она што го констатиравме при нашата истрага и прибирањето информации ќе го известиме Јавното обвинителство – рекол Нури Бајрами, член на Антикорупциската комисија.

Алсат-М потсетува дека лани во мај јавно се изнесени наводи за фирмата „Екопласт рисајклинг“ која наводно зела и не вратила кредит од 1,6 милиони евра од Еуростандард банка, а овие пари и фирма не биле дел од анкетниот лист на Павлина Црвенковска, сопруга на Зоран Црвенковски, сопственик на „Екопласт рисајклинг“. Таа тогаш изјавила дека фирмата на нејзиниот маж во 2014 година сакала да инвестира во фабрика за рециклажа на пластика и за таа цел подигнала неколку кредити од банката и сите средства кои се земени биле наменски, подигнати според сите законски прописи и ниту еден денар не завршил во приватни џебови на луѓе во или надвор од државата.

The post Претседателката на судскиот совет ќе плати глоба од 150 евра, не го пријавила имотот, ќе има работа и за Обвинителството appeared first on Република.

]]>