Павлина Црвенковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlina-crvenkovska/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 12:43:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павлина Црвенковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavlina-crvenkovska/ 32 32 Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovska-da-gi-prijavi-site-pritisoci-ili-vlijanija-do-instituciite-poracha-kovachevski/ Wed, 30 Nov 2022 12:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=580053

Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка, Павлина Црвенковска изнесе одредени квалификации за постоење на политички или деловни притисоци или влијанија, и на неа и стојат на располагање сите институции во државата каде што може тоа да го пријави - изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

И во делот на обвинителството премиерот потенцираше дека се она за што сметаат дека е надвор од надлежностите кои одредени други институции или организации треба да ги имаат, истото треба да го пријават таму кај што е местото за пријавување.

Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка изнесе одредени квалификации. Но, и стојат на располагање сите институции во државата, каде што може да пријави доколку кај неа имало политички или деловни притисоци или влијанија, како што таа тоа го изнесе во својата оставка - изјави Ковачевски во одговор на прашање по завршување на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола.

Премиерот потенцираше дека Владата ги исполнува сите свои обврски и надлежности кои што ги има во однос на обезбедување на услови за независно судство и независно обвинителство.

Тоа значи, како што рече, дека сите финансиски средства кои се потребни за судството и на обвинителството се предвидени во буџетот, и сите законски решенија кои Владата има обврска да ги донесе, ги има донесено и испратено во Собранието.

Дел од тие закони се донесени, а за жал добар дел од тие закони не се донесени заради блокадата која што ја прави опозицијата. Во последниве три кризни години, државата воопшто не ги намали капиталните инвестиции во делот на судството и обвинителството - додаде Ковачевски.

Тој смета дека судството со оглед на тоа што е независно треба да има тело кое е над него хиерархиски поставено, и кое ја оценува неговата работа

The post Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка, Павлина Црвенковска изнесе одредени квалификации за постоење на политички или деловни притисоци или влијанија, и на неа и стојат на располагање сите институции во државата каде што може тоа да го пријави - изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
И во делот на обвинителството премиерот потенцираше дека се она за што сметаат дека е надвор од надлежностите кои одредени други институции или организации треба да ги имаат, истото треба да го пријават таму кај што е местото за пријавување.
Точно е дека претседателката на Судскиот совет која си даде оставка изнесе одредени квалификации. Но, и стојат на располагање сите институции во државата, каде што може да пријави доколку кај неа имало политички или деловни притисоци или влијанија, како што таа тоа го изнесе во својата оставка - изјави Ковачевски во одговор на прашање по завршување на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод, делница Неготино-Битола.
Премиерот потенцираше дека Владата ги исполнува сите свои обврски и надлежности кои што ги има во однос на обезбедување на услови за независно судство и независно обвинителство. Тоа значи, како што рече, дека сите финансиски средства кои се потребни за судството и на обвинителството се предвидени во буџетот, и сите законски решенија кои Владата има обврска да ги донесе, ги има донесено и испратено во Собранието.
Дел од тие закони се донесени, а за жал добар дел од тие закони не се донесени заради блокадата која што ја прави опозицијата. Во последниве три кризни години, државата воопшто не ги намали капиталните инвестиции во делот на судството и обвинителството - додаде Ковачевски.
Тој смета дека судството со оглед на тоа што е независно треба да има тело кое е над него хиерархиски поставено, и кое ја оценува неговата работа

The post Црвенковска да ги пријави сите притисоци или влијанија до институциите, порача Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Поради хајка на бизнис елитата: Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-hajka-na-biznis-elitata-crvenkovska-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-pozicijata-pretsedatel-na-sudski-sovet/ Tue, 29 Nov 2022 10:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=579520

Претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска поднесе оставка поради како што вели медиумската хајка со пласирање на лажни информации.

Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната 421 седница на Советот.

Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува таа во оставката.

Како што наведува Црвенковска, станало жално што, како што вели, „наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“.

Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита. Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството, наведува Црвенковска во оставката.

The post Поради хајка на бизнис елитата: Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска поднесе оставка поради како што вели медиумската хајка со пласирање на лажни информации. Оставката ја поднесе пред почетокот на денешната 421 седница на Советот. Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува таа во оставката. Како што наведува Црвенковска, станало жално што, како што вели, „наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“. Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита. Благодарна сум на оние колеги кои покажуваа почит и ме подржуваа во намерите нешто да промениме, но сепак Советот како колективно тело одлучува по која патека ќе се движи судството, наведува Црвенковска во оставката.

The post Поради хајка на бизнис елитата: Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет appeared first on Република.

]]>
Црвенковска: Не ја пријавив фирмата во која мојот сопруг е содружник, бидејќи е во стечај и е затворена постапката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovska-ne-ja-prijaviv-firmata-vo-koja-mojot-soprug-e-sodruznik-bidejkji-e-vo-stechaj-i-e-zatvorena-postapkata/ Wed, 19 Oct 2022 09:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=562917

По мое толкување и по толкување на правници кои се бават со трговско право, немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост кој всушност не е сопственост, одговори денеска претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска во врска информацијата која ја добила од медиумите дека е казнета со 150 евра за непријавување целосен имот во Антикорупциската комисија.

Претседателката на Судскиот совет очекува да добие информација од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и во жалбата до нив ќе каже дека не сокрила никаков имот.

Дали сум дала нецелосни податоци? Во секој случај ќе се произнесам кога ќе го добијам, кога најверојатно ќе имам право на жалба и кога ќе го кажам тоа што имам да го кажам. Јас не сокрив имот бидејќи со анкетниот лист што го приложив до ДКСК, јас испратив и допис во кој ја наведов фирмата која се споменува, каде мојот сопруг е 40 проценти содружник и е поведена стечајна постапка. Наведов по мое толкување и толкување на правници кои се бават со трговско право дека немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост, кој всушност не е сопственост, бидејќи до моментот на отворањето на стечајна постапка со стечајниот имот управува стечајниот управител, истакна Црвенковска.

Таа појасни дека со допис ја информирала ДКСК и за стечајната постапка и за затворањето на стечајната постапка и дека не може да стави имот кој не е во сопственост.

Не сметам дека сум сокрила некој имот, ниту тоа ми била целта, оти тогаш не би ги информирала со допис. Дека не сум го ставила во анкетниот лист им објаснив од која причина не го ставам, а не можам да ставам нешто за сопственост, која не е сопственост и за таа фирма е затворена стечајната постапка, додаде Црвенковска.

The post Црвенковска: Не ја пријавив фирмата во која мојот сопруг е содружник, бидејќи е во стечај и е затворена постапката appeared first on Република.

]]>

По мое толкување и по толкување на правници кои се бават со трговско право, немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост кој всушност не е сопственост, одговори денеска претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска во врска информацијата која ја добила од медиумите дека е казнета со 150 евра за непријавување целосен имот во Антикорупциската комисија. Претседателката на Судскиот совет очекува да добие информација од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и во жалбата до нив ќе каже дека не сокрила никаков имот.
Дали сум дала нецелосни податоци? Во секој случај ќе се произнесам кога ќе го добијам, кога најверојатно ќе имам право на жалба и кога ќе го кажам тоа што имам да го кажам. Јас не сокрив имот бидејќи со анкетниот лист што го приложив до ДКСК, јас испратив и допис во кој ја наведов фирмата која се споменува, каде мојот сопруг е 40 проценти содружник и е поведена стечајна постапка. Наведов по мое толкување и толкување на правници кои се бават со трговско право дека немам обврска во анкетен лист да пријавам имот како сопственост, кој всушност не е сопственост, бидејќи до моментот на отворањето на стечајна постапка со стечајниот имот управува стечајниот управител, истакна Црвенковска.
Таа појасни дека со допис ја информирала ДКСК и за стечајната постапка и за затворањето на стечајната постапка и дека не може да стави имот кој не е во сопственост.
Не сметам дека сум сокрила некој имот, ниту тоа ми била целта, оти тогаш не би ги информирала со допис. Дека не сум го ставила во анкетниот лист им објаснив од која причина не го ставам, а не можам да ставам нешто за сопственост, која не е сопственост и за таа фирма е затворена стечајната постапка, додаде Црвенковска.

The post Црвенковска: Не ја пријавив фирмата во која мојот сопруг е содружник, бидејќи е во стечај и е затворена постапката appeared first on Република.

]]>
Црвенковска: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovska-sudskiot-sovet-bara-150-slushateli-za-sudii-vo-desettata-generacija-na-akademijata/ Mon, 04 Apr 2022 13:42:36 +0000 https://republika.mk/?p=483166

Десеттата генерација на судии во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), треба за брои 150 слушатели. Ова е официјалното барање кое Судскиот совет на Република Македонија го има доставено до челниците на АСЈО, заклучно со 31 март годинава. Претседателката на Судски совет Павлина Црвенковска, во интервју за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре со видео материјал, изјави дека ова барање е поднесено врз основа на анализа и проекција за слободни судски места.

До 31 март донесовме одлука со што баравме 150 слушатели, оваа е многу висока бројка. Се работи за десеттата генерација. За деветтата генерација минатата година донесовме одлука за 55 слушатели, рече Црвенковска.

При составувањето на официјалното барање се воделе од измените на Законот за работни односи и од проекците, според кои големиот број судии ќе заминат во 2022, 2023, 2024…

Проекциите кои што ги имаме направено за следните пет години е дека ќе се јави реален недостиг на судии. Затоа бројката е навистина висока за разлика од таа што претходните години сме ја барале од Академија, рече Црвенковска.

За тоа дали нивното барање ќе биде усвоено или не претседателката Црвенковска немаше одговор, но наведе дека единствен проблем се просторните, финансиските и кадровските можности на Академијата, а не дека не постои добра волја од страна на Академијата за волкав број на слушатели.

Се надевам дека Академијата со помош на извршната власт ќе успее да ги обезбеди сите неопходни ресурси за да може од десеттата генерација да излезат кандидати за 150 судии, изјави Црвенковска.

The post Црвенковска: Судскиот совет бара 150 слушатели за судии во десеттата генерација на Академијата appeared first on Република.

Црвенковска: Судството е ажурно, иако од 34 судови неажурни се 19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovska-sudstvoto-e-azurno-iako-od-34-sudovi-neazurni-se-19/ Thu, 31 Mar 2022 11:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=481381

Според оценка на Судскиот совет во целина, судството е ажурно, иако од 34 судови, ажурни се 15, додека неажурни се 19, информира претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната прес-конференција по повод Денот на правосудството, на која го презентираше Годишниот извештај за работата на Судскиот совет.

На ниво на државата судовите во јануари 2021 година започнале со нерешени 99.954 предмети, примиле во работа нови 564.899 предмети, имале вкупно во работа 664.493 предмети. Од овој фонд на предмети решени се 567.155 предмети, а останале нерешени 97.338 предмети. Според наведените податоци, судовите во 2021 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле заостатокот за 2256 предмети, посочи Црвенковска.

Судскиот совет минатата година одржал вкупно 33 седници, како и 15 седници на Судскиот буџетски совет. Советот во 2021 година извршил избор и на вкупно шест судии во основните судови и тоа по тројца судии во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје. Советот лани извршил и избор на претседатели во шест судови – Врховниот суд, Управниот суд и основените судови во Гевгелија, Гостивар, Дебар и Свети Николе.

Советот ја искористи со закон предвидената можност да донесе одлука за времено упатување на судии од еден во друг суд. Донесе одлука за времено упатување на десет судии и тоа најдолго за време од една година. Во текот на 2021 година Советот избра 112 судии поротници, истовремено Советот донесе одлуки со кои е утврден престанок на функцијата на 157 судии поротници. Во 2021 год судскиот совет разреши седум судии, од нив пет поради нестручно и несовесно вршење на судската функција и двајца поради сторена потешка дисциплинска повреда, образложи Црвенковска.

Во текот на 2021 година поднесени се 90 барања за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд или вкупно против 142 судии бидејќи со едно барање можат да бидат опфатени повеќе судии. Во текот на 2021 година Советот постапувал по вкупно 699 претставки.

Во текот на 2021 година, како што информира Црвенковска, за функционирањето на Судскиот буџетски совет се потрошени финансиски средства во износ од 42,5 милиони денари. За споредба, претходната 2020 година биле потрошени 40,5 милиони денари, од кои 99 посто е реализација на судскиот буџет, 80 проценти се единствено за плати и за надоместоци, за стоки и услуги 14,03 проценти, и за жал, како што посочи, капитални инвестиции 3,58 отсто.

Според неа, финансиска независност на судството е клучна. Судската власт, вели таа, треба финансиски да биде издвоена од извршната власт.

Претседателката на Судскиот совет на прес-конференцијата се осврна и на методологијата за квалитативно оценување на судиите. Оваа методологија, како што појасни, е целосно нов концепт за оценување на судиите и претседателите на судовите.

Методологијата е веќе инсталирана во АКМИС системот и започнато е со нејзина примена. Судскиот совет пред два дена на седнца ја избра Комисијата за рангирање на кандидати и донесе и правилник по кој ќе се врши оценувањето, информира Црвенковска, посочувајќи дека секој судија ќе биде реално оценет и согласно неговите оцени ќе напредува во кариерата.

Во однос на оваа методологија, како што појасни таа, доколку за еден судија две последователни оценки се негативни тогаш тој е за разрешување.

Методологијата со индикатори за сложеност на предметите не е се уште имплементирана во АКМИС системот, правиме напори со невладиниот сектор, со компанијата задолжена за АКМИС системот да ја имплементираме. Со оваа методологија ќе се утврдува сложеноста на предметите, однапред утврдената сложеност на прдметот во моментот кога судијата ќе го прими предметот, тоа ќе значи посоодветна распределба бидејќи ќе влијае директно на нормата која штио треба да ја сработи секој судија месечно и доколку има посложени предмети тогаш автоматски нормата ќе му биде намалена, посочи Црвенковска.

Со утврдување на сложеноста на предметите, воедно, додаде таа, ќе се бара и реално исполнителна норма и ако ова се дополни со новиот метод за оценување на судиите тогаш, како што рече, ќе имаме систем со мерливи резултати и полесно ќе утврдиме кој судија остварува напредок, кој судија испорачува навремена и квалитетна правда и кој судија реално заслужува да биде унапреден во повисок суд.

Прашана за последниот случај со судијата Лазар Нанев, Црвенковска потенцираше дека согласно надлежностите пропишани во членот 36 од Законот за судски совет, одлучиле да го здолжат координаторот задолжен за Основен суд Кавадарци да побара информации од претседателот на Судот Нанев и воедно да се обратат до Советот за етика при Здружението на судии, кое е единствено надлежно да дава мислења, бидејќи е советодавно тело кое работи врз основа на Кодекс за судска етика. кој го донел Врховниот суд.

The post Црвенковска: Судството е ажурно, иако од 34 судови неажурни се 19 appeared first on Република.

]]>

Според оценка на Судскиот совет во целина, судството е ажурно, иако од 34 судови, ажурни се 15, додека неажурни се 19, информира претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната прес-конференција по повод Денот на правосудството, на која го презентираше Годишниот извештај за работата на Судскиот совет.
На ниво на државата судовите во јануари 2021 година започнале со нерешени 99.954 предмети, примиле во работа нови 564.899 предмети, имале вкупно во работа 664.493 предмети. Од овој фонд на предмети решени се 567.155 предмети, а останале нерешени 97.338 предмети. Според наведените податоци, судовите во 2021 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле заостатокот за 2256 предмети, посочи Црвенковска.
Судскиот совет минатата година одржал вкупно 33 седници, како и 15 седници на Судскиот буџетски совет. Советот во 2021 година извршил избор и на вкупно шест судии во основните судови и тоа по тројца судии во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје. Советот лани извршил и избор на претседатели во шест судови – Врховниот суд, Управниот суд и основените судови во Гевгелија, Гостивар, Дебар и Свети Николе.
Советот ја искористи со закон предвидената можност да донесе одлука за времено упатување на судии од еден во друг суд. Донесе одлука за времено упатување на десет судии и тоа најдолго за време од една година. Во текот на 2021 година Советот избра 112 судии поротници, истовремено Советот донесе одлуки со кои е утврден престанок на функцијата на 157 судии поротници. Во 2021 год судскиот совет разреши седум судии, од нив пет поради нестручно и несовесно вршење на судската функција и двајца поради сторена потешка дисциплинска повреда, образложи Црвенковска.
Во текот на 2021 година поднесени се 90 барања за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд или вкупно против 142 судии бидејќи со едно барање можат да бидат опфатени повеќе судии. Во текот на 2021 година Советот постапувал по вкупно 699 претставки. Во текот на 2021 година, како што информира Црвенковска, за функционирањето на Судскиот буџетски совет се потрошени финансиски средства во износ од 42,5 милиони денари. За споредба, претходната 2020 година биле потрошени 40,5 милиони денари, од кои 99 посто е реализација на судскиот буџет, 80 проценти се единствено за плати и за надоместоци, за стоки и услуги 14,03 проценти, и за жал, како што посочи, капитални инвестиции 3,58 отсто. Според неа, финансиска независност на судството е клучна. Судската власт, вели таа, треба финансиски да биде издвоена од извршната власт. Претседателката на Судскиот совет на прес-конференцијата се осврна и на методологијата за квалитативно оценување на судиите. Оваа методологија, како што појасни, е целосно нов концепт за оценување на судиите и претседателите на судовите.
Методологијата е веќе инсталирана во АКМИС системот и започнато е со нејзина примена. Судскиот совет пред два дена на седнца ја избра Комисијата за рангирање на кандидати и донесе и правилник по кој ќе се врши оценувањето, информира Црвенковска, посочувајќи дека секој судија ќе биде реално оценет и согласно неговите оцени ќе напредува во кариерата.
Во однос на оваа методологија, како што појасни таа, доколку за еден судија две последователни оценки се негативни тогаш тој е за разрешување.
Методологијата со индикатори за сложеност на предметите не е се уште имплементирана во АКМИС системот, правиме напори со невладиниот сектор, со компанијата задолжена за АКМИС системот да ја имплементираме. Со оваа методологија ќе се утврдува сложеноста на предметите, однапред утврдената сложеност на прдметот во моментот кога судијата ќе го прими предметот, тоа ќе значи посоодветна распределба бидејќи ќе влијае директно на нормата која штио треба да ја сработи секој судија месечно и доколку има посложени предмети тогаш автоматски нормата ќе му биде намалена, посочи Црвенковска.
Со утврдување на сложеноста на предметите, воедно, додаде таа, ќе се бара и реално исполнителна норма и ако ова се дополни со новиот метод за оценување на судиите тогаш, како што рече, ќе имаме систем со мерливи резултати и полесно ќе утврдиме кој судија остварува напредок, кој судија испорачува навремена и квалитетна правда и кој судија реално заслужува да биде унапреден во повисок суд. Прашана за последниот случај со судијата Лазар Нанев, Црвенковска потенцираше дека согласно надлежностите пропишани во членот 36 од Законот за судски совет, одлучиле да го здолжат координаторот задолжен за Основен суд Кавадарци да побара информации од претседателот на Судот Нанев и воедно да се обратат до Советот за етика при Здружението на судии, кое е единствено надлежно да дава мислења, бидејќи е советодавно тело кое работи врз основа на Кодекс за судска етика. кој го донел Врховниот суд.

The post Црвенковска: Судството е ажурно, иако од 34 судови неажурни се 19 appeared first on Република.

]]>