Павле Воскопулос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavle-voskopulos/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Jan 2023 20:49:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павле Воскопулос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavle-voskopulos/ 32 32 Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voskopulos-za-republika-grchkite-natsionalisti-si-go-teraat-ona-shto-go-sakaat/ Fri, 06 Jan 2023 16:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=594224

За припадниците на македонското малцинство во Грција очекувана е најавата на грчките судови дека ќе го укинат изучувањето на македонскиот јазик во Лерин уште пред воопшто и да започне.

Павле Воскопулос од партијата „Виножито“ за „Република“ вели дека грчкото општество сѐ уште не е подготвено да се слушне и изучува македонскиот јазик во северниот дел.

Тоа нема врска со Договорот од Преспа. Зависи дали сакаат  малцински права. Грчките националисти си го тераат она што го сакаат, коментира Воскопулос.

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин добиле покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција.

Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.

Барањето за забрана за изучување на македонски јазик е резултат на Преспанскиот договор и неговото толкување дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на денешна Република Македонија.

Што пишува во членот 7 од д Договорот од Преспа

Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.

Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и хеленската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.

Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).

Судот во Лерин приговорите во грчкиот второстепен суд ќе ги разгледува на 19 јануари и 2 февруари.

Оваа реакција во Грција е очекувана откако пред неколку недели во Лерин се одржа голем протест против најавата дека во нивниот регион ќе се учи на македонски јазик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/

 

The post Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат appeared first on Република.

]]>

За припадниците на македонското малцинство во Грција очекувана е најавата на грчките судови дека ќе го укинат изучувањето на македонскиот јазик во Лерин уште пред воопшто и да започне. Павле Воскопулос од партијата „Виножито“ за „Република“ вели дека грчкото општество сѐ уште не е подготвено да се слушне и изучува македонскиот јазик во северниот дел.
Тоа нема врска со Договорот од Преспа. Зависи дали сакаат  малцински права. Грчките националисти си го тераат она што го сакаат, коментира Воскопулос.
Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин добиле покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија. Барањето за забрана за изучување на македонски јазик е резултат на Преспанскиот договор и неговото толкување дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на денешна Република Македонија.

Што пишува во членот 7 од д Договорот од Преспа

Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и хеленската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2). Судот во Лерин приговорите во грчкиот второстепен суд ќе ги разгледува на 19 јануари и 2 февруари. Оваа реакција во Грција е очекувана откако пред неколку недели во Лерин се одржа голем протест против најавата дека во нивниот регион ќе се учи на македонски јазик. https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/  

The post Воскопулос за „Република“: Грчките националисти си го тераат она што го сакаат appeared first on Република.

]]>