Павле Беловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavle-belovski/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 13:11:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павле Беловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavle-belovski/ 32 32 Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/belovski-najgolem-del-od-novinarite-vo-makedonija-go-odbelezhuvaat-svetskiot-den-na-mediumite-so-plati-pod-prosechnata/ Thu, 02 May 2024 13:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=773446

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата.

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.

Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.

Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик.

Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата. Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.
Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.
Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.
Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.
Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик. Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>
Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-sozdade-najgolema-redaktsija-vo-zemjata-ne-e-transparentnost-koga-so-denovi-chekate-odgovor-a-dobivate-pr-pamflet/ Fri, 17 Feb 2023 11:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=610125

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку марш од Владата до Собранието, денеска упатија барања за изнаоѓање системски решенија за квалитет на новинарските содржини, достоинствени плати, обезбедување услови за квалитетни и професионални новинарски продукти за традиционалните, но и за новите медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски од пред Владата образложувајќи ги барањата посочи оти е потребна имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера за обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис и на регулаторот.

ЗНМ и ССНМ побараа брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите, како и поддршка за колегите од внатрешноста.

За сите овие барања ЗНМ и ССНМ доставија до Владата акциски план со точки, потточки и рокови за реализација.

Стоп на негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори и политичари. Стоп за агресивниот државен ПР, што ја зема работата на новинарите. Државниот ПР ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Владата создаде најголема редакција во земјата, а државните институции и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое треба да биде, истакна Чадиковски.

Ова, како што нагласи, е најважната работа да обезбедиме демократски амбиент во кој ќе ја цементираме слободата на говорот како најсилен императив за добро функционирање на државата.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека сведоци сме дека работничките права дури и оние најосновните на медиумските работници не се почитуваат се заобиколуваат.

Мораме заедно сплотени како што сме на овој марш да продолжиме да ги бараме и да се бориме за она што ни следува според законот. Овие состојби може да се подобрат пред се само со потпишување на колективни договори со што далеку попрецизно ќе се утврдат условите за работа, како и обврските и задолженијата на двете страни. За да успееме да потпишеме колективни договори со кои еднаш за секогаш ќе кажеме стоп за анархијата, потребен дијалог, дијалог од сите и победа за сите, рече Беловски.

Тој посочи дека постои една атмосфера во јавниот дискурс во која новинарите и медиумските работници се повеќе се напаѓани, навредувани, тепани, газени, малтретирани, а тој наратив потекнува од повеќе извори, па дури и високи политички функционери си дозволуваат да навредуваат и омаловажуваат.

Сметаме дека оваа ситуација мора да сопре. Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани, рече Беловски.

Претседателот на ССНМ посочи дека една од причините за овој марш е да се даде поддршка и да се крене свеста во каква состојба се наоѓаат новинарите од внатрешноста и во какви услови работат.

Марш или протест, потреби или барања или критика. Како и да си ги поставиме прашањата, одговорите ни се јасни на сите. Задолжени надлежни за ништо, задолжени за се. Не молчевме, сте зборувале кога проникнуваше новинарството во оваа млада Република. Не замолчевме ниту кога не тепаа, малтретираа, кога не затвораа, кога ги губевме нашите работни места. Тој џин е етичкиот професионалец, тој џин е трудбеникот односно тоа сме ние денеска. Се одѕиваме под називот медиумски работници од првиот кадар, па преку острото перо па се до копчето до реализација. Поединецот кој стои зад вистината слободната мисла и јавниот интерес, додаде Беловски.

The post Владата создаде најголема редакција во земјата: Не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР-памфлет appeared first on Република.

Беловски: Најголем дел од медиумските работници кај нас земаат под просечната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/belovski-najgolem-del-od-mediumskite-rabotnici-kaj-nas-zemaat-pod-prosechnata-plata/ Tue, 03 May 2022 19:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=497119

Павле Беловски новинар, лидер на Новинарскиот синдикат во емисијата 24 анализа истакна дека професијата новинар е 265 дена во годината и дека тоа е голема одговорност. Скокот од 33 места на иденксот на слободни новинари не значат ништо.

- Тие не се темелат на однапред владина стратегија или некоја методологија или пристап кој сме го презеле како општество. Она што не загрижува како синдокат е што акцентот во новата методологија, заради која скокнавме 33 места е економскиот индикатор. Знаеме точно од каде доаѓа тој заклучок на светскиот индекс, зошто и нашите анализи го говорат истото Две третини од медиумските работници кај нас земаат под просечната плата. Една третина се со плата од 18-20 000 денари и тоа е оној дел кои припаѓа на онлајн медиумите каде се содржани најголем дел од проблемите, лажни вести и дезинформации. - рече Беловски.

The post Беловски: Најголем дел од медиумските работници кај нас земаат под просечната плата appeared first on Република.