Павел Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavel-ivanov/ За подобро да се разбереме Mon, 29 May 2023 10:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Павел Иванов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavel-ivanov/ 32 32 Вардар е кошаркарски јуниорски првак на Македонија, Павел Иванов прогласен за МВП https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/vardar-e-kosharkarski-juniorski-prvak-na-makedonija-pavel-ivanov-proglasen-za-mvp/ Mon, 29 May 2023 10:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=645693

Кошаркарите на Вардар до 18 години го освоија шампионскиот трофеј во јуниорската категорија откако на завршницата која се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во организација на Феникс 2010 во драматично финале славеа против екипата на Водно Санс со 85-77.

Младиот кошаркар на Вардар Павел Иванов ја понесе главната индивидуална награда на завршниот турнир во Скопје, откако беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.

[caption id="attachment_645697" align="alignnone" width="720"] Павел Иванов беше прогласен за МВП[/caption]

Иванов беше клучен за триумфот на „црвено-црните“. Со неколку забивања, но и блокади под сопствениот кош буквално го реши натпреварот за златниот медал. Тој средбата ја заврши со 20 поени и 11 скокови, на кои додаде три асистенции и по две украдени топки и блокади.

Иванов беше одличен и во полуфиналето во кое Вардар беше подобар од Работнички. На таа средба младиот „вардарец“ исто така имаше двојни бројки во поените и скоковите.

Сребрениот тим на Водно Санс беше предводен од Јаничиќ и Ќириловски со по 17 поени, додека во натпреварот за бронзениот медал, Работнички беше подобар од организаторот на завршниот турнир, Феникс 2010 со 77-65.

 

The post Вардар е кошаркарски јуниорски првак на Македонија, Павел Иванов прогласен за МВП appeared first on Република.

]]>

Кошаркарите на Вардар до 18 години го освоија шампионскиот трофеј во јуниорската категорија откако на завршницата која се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во организација на Феникс 2010 во драматично финале славеа против екипата на Водно Санс со 85-77. Младиот кошаркар на Вардар Павел Иванов ја понесе главната индивидуална награда на завршниот турнир во Скопје, откако беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. [caption id="attachment_645697" align="alignnone" width="720"] Павел Иванов беше прогласен за МВП[/caption] Иванов беше клучен за триумфот на „црвено-црните“. Со неколку забивања, но и блокади под сопствениот кош буквално го реши натпреварот за златниот медал. Тој средбата ја заврши со 20 поени и 11 скокови, на кои додаде три асистенции и по две украдени топки и блокади. Иванов беше одличен и во полуфиналето во кое Вардар беше подобар од Работнички. На таа средба младиот „вардарец“ исто така имаше двојни бројки во поените и скоковите. Сребрениот тим на Водно Санс беше предводен од Јаничиќ и Ќириловски со по 17 поени, додека во натпреварот за бронзениот медал, Работнички беше подобар од организаторот на завршниот турнир, Феникс 2010 со 77-65.  

The post Вардар е кошаркарски јуниорски првак на Македонија, Павел Иванов прогласен за МВП appeared first on Република.

]]>