павел антов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavel-antov/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 17:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png павел антов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pavel-antov/ 32 32 Два дена по смртта на неговиот пријател, рускиот тајкун Павел Антов пронајден мртов во Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dva-dena-po-smrtta-na-negoviot-prijatel-ruskiot-tajkun-pavel-antov-pronajden-mrtov-vo-indija/ Tue, 27 Dec 2022 17:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=590672

Рускиот тајкун Павел Антов е пронајден мртов во хотел во индискиот град Раџагада, два дена откако неговиот пријател Владимир Буданов почина на истото патување.

Според руските медиуми, 65-годишниот Антов, познат и како локален политичар во градот Владимир, на 25 декември паднал од прозорецот на хотелската соба.

Буданов, еден од тројцата Руси со кои Антов патуваше, почина во истиот хотел на 23 декември.

Смртта на милионерот, кој го прослави својот роденден во хотелот, е последната во низата мистериозни смртни случаи на руски тајкуни од почетокот на руската инвазија на Украина. Некои од нив отворено ја критикуваа таа војна.

Антов летово преку апликацијата „ВоцАп“ (WhatsApp) остро ја критикуваше руската војна во Украина, а потоа тврдеше дека не ја објавил таа порака, дека е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и на руската инвазија.

Според индиската полиција Буданов починал од мозочен удар, а Антов потоа „бил депресивен“ и „исто така починал“.

Антов беше основач на фабриката за преработка на месо „Владимир стандард“, а во 2019 година Форбс го процени неговото богатство на околу 140 милиони долари, што го стави на врвот на листата на богати руски пратеници и државни службеници.

 

The post Два дена по смртта на неговиот пријател, рускиот тајкун Павел Антов пронајден мртов во Индија appeared first on Република.

]]>

Рускиот тајкун Павел Антов е пронајден мртов во хотел во индискиот град Раџагада, два дена откако неговиот пријател Владимир Буданов почина на истото патување. Според руските медиуми, 65-годишниот Антов, познат и како локален политичар во градот Владимир, на 25 декември паднал од прозорецот на хотелската соба. Буданов, еден од тројцата Руси со кои Антов патуваше, почина во истиот хотел на 23 декември. Смртта на милионерот, кој го прослави својот роденден во хотелот, е последната во низата мистериозни смртни случаи на руски тајкуни од почетокот на руската инвазија на Украина. Некои од нив отворено ја критикуваа таа војна. Антов летово преку апликацијата „ВоцАп“ (WhatsApp) остро ја критикуваше руската војна во Украина, а потоа тврдеше дека не ја објавил таа порака, дека е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и на руската инвазија. Според индиската полиција Буданов починал од мозочен удар, а Антов потоа „бил депресивен“ и „исто така починал“. Антов беше основач на фабриката за преработка на месо „Владимир стандард“, а во 2019 година Форбс го процени неговото богатство на околу 140 милиони долари, што го стави на врвот на листата на богати руски пратеници и државни службеници.  

The post Два дена по смртта на неговиот пријател, рускиот тајкун Павел Антов пронајден мртов во Индија appeared first on Република.

]]>