паушал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paushal/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 10:56:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png паушал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paushal/ 32 32 Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proizveduvachite-na-torti-i-kolachi-vo-domashni-uslovi-ke-se-odanachuvaat-so-paushal/ Tue, 30 Jul 2024 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=801631

Директорката на УЈП Елена Петрова најавува дека се бара начин како да се оданочуваат производителите во домашни услови,односно оние што прават торти и колачи, изработувачите на накит, како и оние што имаат поставено кафемати.

Таа во интервјуто за “Република“ објасни дека овие лица ќе се оданачуваат со паушал.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/

За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=667s

 

The post Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал appeared first on Република.

]]>

Директорката на УЈП Елена Петрова најавува дека се бара начин како да се оданочуваат производителите во домашни услови,односно оние што прават торти и колачи, изработувачите на накит, како и оние што имаат поставено кафемати. Таа во интервјуто за “Република“ објасни дека овие лица ќе се оданачуваат со паушал. https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=667s  

The post Произведувачите на торти и колачи во домашни услови ќе се оданoчуваат со паушал appeared first on Република.

]]>
Кој е неизвршниот директор што бара паушал од 1.355 евра во фирма што три години работи со загуба? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koj-e-neizvrshniot-direktor-shto-bara-paushal-od-1-355-evra-vo-firma-shto-tri-godini-raboti-so-zaguba/ Thu, 19 Jan 2023 10:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=598609

Потегот на Борис Ангеловски, претседател на Одборот на директори на РЖ Интер-Трансшпед ќе остане запишан во македонската корпоративна историја пренесува „Фактор“.

Во својство на претседател на бордот им предлага на акционерите на претстојното собрание на таа транспортна компанија да му го изгласаат предлогот со кој неговиот месечен паушал ќе изнесува, ни помалку ни повеќе, 83.333 денари во бруто износ. Тоа би било 75.000 денари нето месечен паушал доколку овој трошок се оданочува според стапката од 10 отсто персонален данок на доход.

Интересно е тоа што Ангеловски кој е претседател на директорскиот борд сам себеси се предлага за месечен паушал и тоа како предлог – одлука на следното акционерско собрание кое треба да се одржи на 17 февруари годинава.

РЖ „Интер – ТРаншпед“ е компанија произлезена од поранешниот гигант „Рудници и железарница Скопје“. Основна дејност на ова друштво е транспортот, а се занимава со шпедиција, утовар и истовар на стока и други логистички услуги.

Акцијата на компанијата котира на Официјалниот пазар на берзата на сегментот котација, но со неа не се тргувало подолго од една година наназад. Последната пазарна цена за таа акција изнесувала 20 денари, а во последните три години наназад (2019-2021 година) ова друштво не делело дивиденда на своите акционери. Од официјалните податоци на берзата е видливо дека за овие години друштвото работело со загуба.

Податоците за првите девет месеци лани покажуваат дека компанијата има добивка од околу 40.000 евра на приходи од 437.000 евра.

Ова друштво има тројца мнозински акционери кои се домашни физички лица. Двајца од нив поседуваат по 19 отсто од акциите. Тоа се познатиот бизнисмен Минчо Јорданов и Никола Ангелевски. Нивниот партнер Симеон Василев поседува 13,5 отсто од акциите. Друштвото во сопствен откуп има уште 10 отсто од акциите. Другите 36 отсто од акциите се во споственост на над 4.900 домашни акционери – физички лица.

Извор: „Фактор

The post Кој е неизвршниот директор што бара паушал од 1.355 евра во фирма што три години работи со загуба? appeared first on Република.

]]>

Потегот на Борис Ангеловски, претседател на Одборот на директори на РЖ Интер-Трансшпед ќе остане запишан во македонската корпоративна историја пренесува „Фактор“. Во својство на претседател на бордот им предлага на акционерите на претстојното собрание на таа транспортна компанија да му го изгласаат предлогот со кој неговиот месечен паушал ќе изнесува, ни помалку ни повеќе, 83.333 денари во бруто износ. Тоа би било 75.000 денари нето месечен паушал доколку овој трошок се оданочува според стапката од 10 отсто персонален данок на доход. Интересно е тоа што Ангеловски кој е претседател на директорскиот борд сам себеси се предлага за месечен паушал и тоа како предлог – одлука на следното акционерско собрание кое треба да се одржи на 17 февруари годинава. РЖ „Интер – ТРаншпед“ е компанија произлезена од поранешниот гигант „Рудници и железарница Скопје“. Основна дејност на ова друштво е транспортот, а се занимава со шпедиција, утовар и истовар на стока и други логистички услуги. Акцијата на компанијата котира на Официјалниот пазар на берзата на сегментот котација, но со неа не се тргувало подолго од една година наназад. Последната пазарна цена за таа акција изнесувала 20 денари, а во последните три години наназад (2019-2021 година) ова друштво не делело дивиденда на своите акционери. Од официјалните податоци на берзата е видливо дека за овие години друштвото работело со загуба. Податоците за првите девет месеци лани покажуваат дека компанијата има добивка од околу 40.000 евра на приходи од 437.000 евра. Ова друштво има тројца мнозински акционери кои се домашни физички лица. Двајца од нив поседуваат по 19 отсто од акциите. Тоа се познатиот бизнисмен Минчо Јорданов и Никола Ангелевски. Нивниот партнер Симеон Василев поседува 13,5 отсто од акциите. Друштвото во сопствен откуп има уште 10 отсто од акциите. Другите 36 отсто од акциите се во споственост на над 4.900 домашни акционери – физички лица. Извор: „Фактор

The post Кој е неизвршниот директор што бара паушал од 1.355 евра во фирма што три години работи со загуба? appeared first on Република.

]]>