патување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:13:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvanje/ 32 32 По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-germanija-i-ovaa-evropska-zemja-gi-zaostruva-kontrolite-na-granitsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=830835

Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген.

Имено, Франција почна да ги следи чекорите на уште шест други членки на ЕУ, како Германија, кои воведоа слични контроли, а причината за нив е загриженоста поради растечките миграции, пишува Дејли мејл.

Француската влада соопшти дека проверките ќе бидат воведени поради „сериозните закани за јавната политика, јавниот ред и внатрешната безбедност што ги предизвикуваат терористичките активности на високо ниво“. Посочуваат дека новата регулатива нема да влијае на сите патници и дека ќе се вршат проверки на граница.

Сепак, туристичките експерти предупредуваат дека околу 100 милиони туристи кои ја посетуваат Франција секоја година може да се соочат со потенцијални одложувања на границата.

The post По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите appeared first on Република.

]]>

Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген. Имено, Франција почна да ги следи чекорите на уште шест други членки на ЕУ, како Германија, кои воведоа слични контроли, а причината за нив е загриженоста поради растечките миграции, пишува Дејли мејл. Француската влада соопшти дека проверките ќе бидат воведени поради „сериозните закани за јавната политика, јавниот ред и внатрешната безбедност што ги предизвикуваат терористичките активности на високо ниво“. Посочуваат дека новата регулатива нема да влијае на сите патници и дека ќе се вршат проверки на граница. Сепак, туристичките експерти предупредуваат дека околу 100 милиони туристи кои ја посетуваат Франција секоја година може да се соочат со потенцијални одложувања на границата.

The post По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите appeared first on Република.

]]>
Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrovska-od-analizata-shto-ja-napravivme-konstatiravme-deka-kartata-na-sinot-na-premierot-ne-e-platena-so-drzhavni-pari/ Mon, 14 Oct 2024 19:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=826807

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Кога го отворивме овој предмет, имавме единствена цел да утврдиме дали претседателот на Владата, вршејќи ги своите надлежности, службена должност и јавни овластување, ги има прекршено законот и Уставот, односно дали со спроведеното дејствие има остварено своја лична корист или корист на некое друго лице. Врз основа на целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции, односно дополнително беше обезбедена документацијата за патување на физичко лице, во случајов синот на премиерот, од каде што констатиравме дека од буџетот на државата не се платени трошоци за физичко лице, рече Димитровска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Од документацијата која ја имаме добиено, додаде, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето е издадена фактура со потпис и печат дека е платено во готово и гласи на физичкото лице.

Од целокупната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на премиерот, прецизира Димитровска.

На настанот во Њујорк, како што кажа, било патувано со јавен превоз, со воз, за што, додаде, имаме прилог фактура и секако документација дека е платено.

Платено е за таквиот превоз, што значи дека исто така и за оваа релација од Вашингтон до Њујорк не е платено од буџетот на државата за синот на премиерот, потенцира Димитровска.

The post Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари appeared first on Република.

]]>

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.
Кога го отворивме овој предмет, имавме единствена цел да утврдиме дали претседателот на Владата, вршејќи ги своите надлежности, службена должност и јавни овластување, ги има прекршено законот и Уставот, односно дали со спроведеното дејствие има остварено своја лична корист или корист на некое друго лице. Врз основа на целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции, односно дополнително беше обезбедена документацијата за патување на физичко лице, во случајов синот на премиерот, од каде што констатиравме дека од буџетот на државата не се платени трошоци за физичко лице, рече Димитровска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Од документацијата која ја имаме добиено, додаде, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето е издадена фактура со потпис и печат дека е платено во готово и гласи на физичкото лице.
Од целокупната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на премиерот, прецизира Димитровска.
На настанот во Њујорк, како што кажа, било патувано со јавен превоз, со воз, за што, додаде, имаме прилог фактура и секако документација дека е платено.
Платено е за таквиот превоз, што значи дека исто така и за оваа релација од Вашингтон до Њујорк не е платено од буџетот на државата за синот на премиерот, потенцира Димитровска.

The post Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари appeared first on Република.

]]>
ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-usvoi-novi-merki-za-olesnuvane-na-patuvanata-na-litsata-so-posebni-potrebi/ Mon, 14 Oct 2024 10:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=826480

Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби.

Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат пристап до посебни услови или повластен третман на лицата со посебни потреби при патување низ ЕУ, како што се ослободување од плаќање на влезни такси или нивна наплата по пониски цени, приоритетен пристап, помош, како и резервирани места за паркирање.

Со директивите се предвидува овие повластици да важат и за лицата со посебни потреби кои не се државјани на земја членка на ЕУ, но имаат легално регулиран престој во некоја од државите на Унијата.

Издавањето на овие картички, во физичка или дигитална форма, е во надлежност на властите на земјите членки на ЕУ.

Рокот во кој членките на Унијата треба да го усогласат националното законодавство со овие две директиви е две и пол години, а за примена на предвидените мерки е предвиден рок од три и пол години по нивното стапување во сила.

Иницијативата за воведување европска картичка за инвалидитет ја промовираше Европската комисија лани во септември, по што Советот на ЕУ и Европскиот парламент во февруари годинава ги усогласија ставовите околу текстот на содржината на Директивата за европска картичка за инвалидитет.

Еден месец по првата иницијатива, во октомври 2023 година, ЕК предложи воспоставување на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби, за што Советот и ЕП постигнаа согласност на 4 март 2024 година.

The post ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Брисел. Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби. Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат пристап до посебни услови или повластен третман на лицата со посебни потреби при патување низ ЕУ, како што се ослободување од плаќање на влезни такси или нивна наплата по пониски цени, приоритетен пристап, помош, како и резервирани места за паркирање. Со директивите се предвидува овие повластици да важат и за лицата со посебни потреби кои не се државјани на земја членка на ЕУ, но имаат легално регулиран престој во некоја од државите на Унијата. Издавањето на овие картички, во физичка или дигитална форма, е во надлежност на властите на земјите членки на ЕУ. Рокот во кој членките на Унијата треба да го усогласат националното законодавство со овие две директиви е две и пол години, а за примена на предвидените мерки е предвиден рок од три и пол години по нивното стапување во сила. Иницијативата за воведување европска картичка за инвалидитет ја промовираше Европската комисија лани во септември, по што Советот на ЕУ и Европскиот парламент во февруари годинава ги усогласија ставовите околу текстот на содржината на Директивата за европска картичка за инвалидитет. Еден месец по првата иницијатива, во октомври 2023 година, ЕК предложи воспоставување на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби, за што Советот и ЕП постигнаа согласност на 4 март 2024 година.

The post ЕУ усвои нови мерки за олеснување на патувањата на лицата со посебни потреби appeared first on Република.

]]>
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbite-ke-patuvaat-bez-zelen-karton-vo-makedonija/ Wed, 25 Sep 2024 16:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=819608

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.

Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство.
Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување, истакнува Илиќ.

Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ: Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА.

Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така, вели Илиќ.

Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

The post Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија appeared first on Република.

]]>

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел. Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство. Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко. Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување, истакнува Илиќ. Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ: Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА. Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така, вели Илиќ. Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

The post Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ќе се аплицира онлајн, ќе се плаќа такса, ќе ви гледаат отпечатоци: Ова се новите правила за влез во ЕУ од ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-se-aplitsira-onlajn-ke-se-plaka-taksa-ke-vi-gledaat-otpechatotsi-ova-se-novite-pravila-za-vlez-vo-eu-od-noemvri/ Wed, 28 Aug 2024 08:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=810782

Добар ден. Вашите пасоши, ве молам. Мора да земеме и отпечатоци од најмалку четири прсти. Уште само да ве сликаме. Ви благодариме и имајте убав престој.

Вака од 10 ноември годинава треба да изгледа влезот во Европската Унија и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се членки на Шенген системот, за граѓаните од околу 60 земји, вклучително и земјите од Западен Балкан.

Тогаш ќе почне да функционира новиот систем за влез и излез (Entry/Exit System - EES), кој беше воспоставен во ноември 2017 година, а неговата имплементација беше неколкупати одложувана.

За следното лето е најавена имплементацијата на вториот Европски систем за информации и овластувања за патување ЕТИАС (ETIAS), што ќе значи дека патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ мора да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање такса од седум евра со банкарска картичка.

Пасошите во сите земји од Западен Балкан се биометриски, чиповите содржат отпечатоци од прсти и фотографии и се целосно усогласени со условите што ги бара ЕУ за безвизен режим.

Остануваат општите услови - патните исправи да не истекуваат за помалку од три месеци од датумот кога лицето планира да се врати во својата земја или пасошот да не е постар од десет години.

Кои се новите промени од средината на 2025 година?

ЕТИАС ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да пополнат посебен формулар преку интернет или мобилна апликација пред да патуваат.

При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа.

Патникот ќе треба да внесе и детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ.

Ќе се бараат и детали за какви било кривични пресуди, претходни патувања во воени зони или конфликтни зони, како и информации за тоа дали лицето е протерано од која било земја.

Од патниците се бара и дополнителна такса од седум евра, која се плаќа со платежна картичка. Плаќањето се врши како и при секое купување преку Интернет.

Се внесува бројот на картичката, датумот на важност, податоците на лицето на чие име е издадена картичката, како и трицифрениот број ЦЦВ/ЦВЦ (CVV/CVC) испечатен на задната страна на картичката до потписот на сопственикот. На сметката мора да ја има потребната сума на пари конвертирана во локална валута.

Таксата нема да ја плаќаат лицата под 18 и над 70 години, сопружниците/регистрираните партнери и децата на државјаните на ЕУ и земјите од Шенген зоната, како и децата на сопружниците/партнерите кои доаѓаат надвор од ЕУ.

„Групна“ апликација нема да биде возможна, односно во случај на семејно патување, секој член ќе мора посебно да аплицира за ЕТИАС.

Системот ЕТИАС ќе биде достапен на јазиците на земјите-членки, вклучувајќи го и хрватскиот, а системот ќе прифаќа само латинични букви.

Патникот ќе може да го паузира пополнувањето на апликацијата, да ги зачува промените и да продолжи со внесување податоците во период од 48 часа.

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, об

Колку време е потребно за да се обработи барањето?

Како што е наведено на официјалната веб-страница на системот ЕТИАС, обработката треба да трае „неколку минути“.

Доколку трае подолго, патникот треба да го добие известувањето во рок од четири дена.

Од патниците може да се побараат и дополнителни информации или документација, на пример, потврда за резервација на хотел и потврда за вработување, кои треба да се достават во рок од десет дена, а во тој случај барањето треба да се обработи во рок од две недели.

Патникот може да биде поканет на интервју во амбасадата на земјата во која планира да патува, а во овој случај барањето треба да се обработи во рок од 30 дена.

Поради оваа причина, на патниците им се препорачува да го пополнат формуларот најмалку еден месец пред да купат билет или да резервираат сместување.

Ако патникот добие дозвола за влез во ЕУ, тој ќе добие известување преку е-пошта.

Дозволата ЕТИАС ќе важи три години или додека не се замени патниот документ со кој некој аплицирал.

Формуларот е поврзан со патната исправа, што значи дека важи само со пасошот со кој се пријавил влезот. Нов пасош значи нова апликација. Ако ЕТИАС е платен и одобрен за патување во една земја, тој важи и за друга.

Одобрувањето на ЕТИАС не значи дека едно лице може да остане во ЕУ повеќе од 90 дена во период од шест месеци или да работи во ЕУ.

Патникот ќе може да влегува и излегува од ЕУ онолку пати колку што сака и да патува до која било дестинација во рамките на Шенген зоната во периодот на важност на дозволата се додека го почитува наведениот временски рок.

Што ако лицето нема интернет, банкарска картичка, е неписмено и слично?

Родителите пополнуваат формулар за своите малолетни деца, кои се ослободени од плаќање такса од седум евра.

Секој може да овласти трето лице - друго лице или комерцијален посредник - да аплицира во негово име или во име на нивните малолетни деца.

Со посредник, на пример туристичка агенција, мора да се потпише изјава за застапување за секое лице поединечно, а истото важи и во случај кога за некое лице се пријави пријател, сосед, ќерка или син.

Формуларот за декларација ќе биде достапен кога системот е оперативен, што ќе дозволи трето лице да обработува нечии лични податоци. Лицето или компанијата што е посредник исто така ќе треба да ги внесе своите податоци.

Посредникот има право да наплати „разумна такса“, а ЕУ предвиде можност за анонимно пријавување на оние кои ќе наплаќаат прекумерна провизија.

На оние кои ќе одлучат да аплицираат преку посредник им се советува особено да проверат дали информациите во апликацијата се точни пред да ја испратат, бидејќи во случај на некаква грешка - на пример внесување нула (0) наместо буквата „О“ - апликацијата може да биде одбиена, откажана или поништена.

Во случај патникот да забележи грешка, може да пополни нова апликација или да побара корекција на грешката во старата апликација, а процедурата за обработка во овој случај трае до 30 дена.

Како да се оди на погреб, да се посети родител кој е државјанин на ЕУ и слично?

Формуларот ЕТИАС нема да мора да го пополнуваат лица кои имаат валидна виза - студентска, работна или слично - или дозвола за престој во земја на ЕУ.

Образецот исто така не го пополнуваат лица кои живеат покрај границата и поседуваат гранични пропусници, по чие презентирање преминуваат за, на пример, да ги обработуваат своите ниви од другата страна на граничната линија.

На членовите на екипажите на бродови и авиони за некои земји од ЕУ ќе им треба формулар ЕТИАС, за други не, што треба да го проверат пред пристигнувањето.

Исклучоци се и лекување во случај на загрозување на животот на апликантот или роднина, одење на погреб на член на семејството, обврска да се појави пред суд или некоја „важна обврска“.

Во тој случај, патникот ја пополнува апликацијата ЕТИАС за т.н ограничена дозвола во која се наведува причината.

Дозволата ја издава земјата во која патува лицето и важи само за патување во таа земја најмногу 90 дена. На пример, ако се работи за одење на погреб, земја од ЕУ може да дозволи влез само за деновите на погребот.

Доколку некое лице во меѓувреме аплицира и добие втор ЕТИАС за патување во сите земји од Шенген, ограничената дозвола автоматски престанува да важи.

Предвидени се исклучоци и за плаќање на таксата.

Ако, на пример, дете патува во земја каде што живее неговиот родител кој е државјанин на ЕУ или член на шенгенскиот систем, нема да мора да се плати седум евра, но ако сака да патува во друга земја, ќе треба да се пополни нов формулар ЕТИАС и да се плати сумата. Истото важи и за сопружниците или регистрираните партнери.

Носителите на дипломатски или специјални пасоши чии земји имаат потпишано договори со ЕУ, вработените во НАТО не мора да аплицираат за дозволи за ЕТИАС, како и луѓето кои транзитираат низ европски аеродром.

Не мора да аплицираат ниту лица со двојно државјанство на земја-членка на ЕУ, под услов да патуваат со пасош или лична карта на таа земја.

Што ако ЕУ одбие да ви даде дозвола?

На лицата без ЕТИАС овластување ќе им биде одбиен влез на граница.

Дури и добивањето на овој сертификат не значи дека на патникот автоматски му се дозволува влез во земјата на ЕУ. Сите патници сепак ќе бидат проверени и граничен службеник може да одбие влез на лице кое не ги исполнува условите.

Некои од условите за влез се валидна патна исправа најмалку три месеци од датумот на планираното враќање, пасошот да не е постар од десет години, престојот да е оправдан и лицето да има доволно пари до планираното враќање.

Вообичаената сума е околу 100 евра дневно и зависи од земјата членка на ЕУ.

Некои од причините за одбивање на влез се закана по безбедноста или здравјето, доколку некое лице е предмет на потерница од земја и слично, што се утврдува со проверка во бази, лекарски преглед и слично.

Доколку барањето за овластување за патување ЕТИАС биде одбиено, отповикано или откажано, лицето ќе добие е-пошта во која ќе се наведат причините за одбивањето и името на органот што ја донел одлуката.

Постои можност за жалба, а е-поштата ќе содржи информации до која земја или земји да се жали со опис на соодветната жалбена постапка. Жалбите се решаваат во согласност со законите на тие земји.

Лицето чие барање е одбиено може повторно да побара ЕТИАС дозвола.

Ако некое лице го отповика барањето, не може да се премисли потоа, туку мора да пополни нов формулар.

Надоместокот не се враќа доколку апликацијата биде одбиена.

Дали тоа ќе создаде поголем метеж на границите?

Со воведувањето на ЕЕС (EES) останува скенирањето на патните исправи, престанува печатирањето во пасошите на граничниот премин, но земањето отпечатоци и сликањето што ќе се прават на секој граничен премин може да го продолжи чекањето во редици.

На аеродромите ќе се вршат проверки по слетувањето.

Земјите-членки ги изменија своите закони за да го намалат потенцијалниот метеж на копнените премини.

Земањето биометриски податоци и проверки преку базите на податоци на земјите од ЕУ може да се врши и пред граничните штандови - додека патниците чекаат на ред - за да се овозможи побрз проток.

Тоа значи дека службениците на граничната полиција ќе можат да одат од возило до возило или да влегуваат во автобуси со специјални уреди за проверка на патниците.

Зошто е воспоставен системот?

Новиот ЕЕС систем се воведува за да ги направи базите на членките на ЕУ поповрзани за да се олесни следењето на времето и местото на престој и да се осигури дека патниците нема да останат повеќе од 90 дена во период од шест месеци.

Една од целите на новите мерки е да им се отежне влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши, бидејќи секој пат кога ќе ја преминат границата ќе се врши биометриска контрола.

Патниците нема да плаќаат такса за земање биометриски податоци.

Податоците ќе бидат достапни за полициските служби на земјите членки на Шенген системот и полициската агенција ЕВРОПОЛ за време на криминални истраги, особено тероризам и организиран криминал.

Проверките на биометриските податоци ќе бидат засилени кон средината на 2025 година, а точниот датум не е утврден.

Слични системи веќе се воведени од Соединетите Американски Држави, Канада и Австралија.

The post Ќе се аплицира онлајн, ќе се плаќа такса, ќе ви гледаат отпечатоци: Ова се новите правила за влез во ЕУ од ноември appeared first on Република.

]]>

Добар ден. Вашите пасоши, ве молам. Мора да земеме и отпечатоци од најмалку четири прсти. Уште само да ве сликаме. Ви благодариме и имајте убав престој.
Вака од 10 ноември годинава треба да изгледа влезот во Европската Унија и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се членки на Шенген системот, за граѓаните од околу 60 земји, вклучително и земјите од Западен Балкан. Тогаш ќе почне да функционира новиот систем за влез и излез (Entry/Exit System - EES), кој беше воспоставен во ноември 2017 година, а неговата имплементација беше неколкупати одложувана. За следното лето е најавена имплементацијата на вториот Европски систем за информации и овластувања за патување ЕТИАС (ETIAS), што ќе значи дека патниците од земјите кои имаат безвизен режим со ЕУ мора да аплицираат онлајн за дозвола за влез, со плаќање такса од седум евра со банкарска картичка. Пасошите во сите земји од Западен Балкан се биометриски, чиповите содржат отпечатоци од прсти и фотографии и се целосно усогласени со условите што ги бара ЕУ за безвизен режим. Остануваат општите услови - патните исправи да не истекуваат за помалку од три месеци од датумот кога лицето планира да се врати во својата земја или пасошот да не е постар од десет години.

Кои се новите промени од средината на 2025 година?

ЕТИАС ќе бара од граѓаните од околу 60 земји да пополнат посебен формулар преку интернет или мобилна апликација пред да патуваат. При првото пополнување на апликацијата, патникот внесува лични податоци, електронска пошта и телефонски број, како и детали од патната исправа. Патникот ќе треба да внесе и детали за образованието и тековното вработување, како и детали за планираното патување и престој во земјата на ЕУ. Ќе се бараат и детали за какви било кривични пресуди, претходни патувања во воени зони или конфликтни зони, како и информации за тоа дали лицето е протерано од која било земја. Од патниците се бара и дополнителна такса од седум евра, која се плаќа со платежна картичка. Плаќањето се врши како и при секое купување преку Интернет. Се внесува бројот на картичката, датумот на важност, податоците на лицето на чие име е издадена картичката, како и трицифрениот број ЦЦВ/ЦВЦ (CVV/CVC) испечатен на задната страна на картичката до потписот на сопственикот. На сметката мора да ја има потребната сума на пари конвертирана во локална валута. Таксата нема да ја плаќаат лицата под 18 и над 70 години, сопружниците/регистрираните партнери и децата на државјаните на ЕУ и земјите од Шенген зоната, како и децата на сопружниците/партнерите кои доаѓаат надвор од ЕУ. „Групна“ апликација нема да биде возможна, односно во случај на семејно патување, секој член ќе мора посебно да аплицира за ЕТИАС. Системот ЕТИАС ќе биде достапен на јазиците на земјите-членки, вклучувајќи го и хрватскиот, а системот ќе прифаќа само латинични букви. Патникот ќе може да го паузира пополнувањето на апликацијата, да ги зачува промените и да продолжи со внесување податоците во период од 48 часа. Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, об

Колку време е потребно за да се обработи барањето?

Како што е наведено на официјалната веб-страница на системот ЕТИАС, обработката треба да трае „неколку минути“. Доколку трае подолго, патникот треба да го добие известувањето во рок од четири дена. Од патниците може да се побараат и дополнителни информации или документација, на пример, потврда за резервација на хотел и потврда за вработување, кои треба да се достават во рок од десет дена, а во тој случај барањето треба да се обработи во рок од две недели. Патникот може да биде поканет на интервју во амбасадата на земјата во која планира да патува, а во овој случај барањето треба да се обработи во рок од 30 дена. Поради оваа причина, на патниците им се препорачува да го пополнат формуларот најмалку еден месец пред да купат билет или да резервираат сместување. Ако патникот добие дозвола за влез во ЕУ, тој ќе добие известување преку е-пошта. Дозволата ЕТИАС ќе важи три години или додека не се замени патниот документ со кој некој аплицирал. Формуларот е поврзан со патната исправа, што значи дека важи само со пасошот со кој се пријавил влезот. Нов пасош значи нова апликација. Ако ЕТИАС е платен и одобрен за патување во една земја, тој важи и за друга. Одобрувањето на ЕТИАС не значи дека едно лице може да остане во ЕУ повеќе од 90 дена во период од шест месеци или да работи во ЕУ. Патникот ќе може да влегува и излегува од ЕУ онолку пати колку што сака и да патува до која било дестинација во рамките на Шенген зоната во периодот на важност на дозволата се додека го почитува наведениот временски рок.

Што ако лицето нема интернет, банкарска картичка, е неписмено и слично?

Родителите пополнуваат формулар за своите малолетни деца, кои се ослободени од плаќање такса од седум евра. Секој може да овласти трето лице - друго лице или комерцијален посредник - да аплицира во негово име или во име на нивните малолетни деца. Со посредник, на пример туристичка агенција, мора да се потпише изјава за застапување за секое лице поединечно, а истото важи и во случај кога за некое лице се пријави пријател, сосед, ќерка или син. Формуларот за декларација ќе биде достапен кога системот е оперативен, што ќе дозволи трето лице да обработува нечии лични податоци. Лицето или компанијата што е посредник исто така ќе треба да ги внесе своите податоци. Посредникот има право да наплати „разумна такса“, а ЕУ предвиде можност за анонимно пријавување на оние кои ќе наплаќаат прекумерна провизија. На оние кои ќе одлучат да аплицираат преку посредник им се советува особено да проверат дали информациите во апликацијата се точни пред да ја испратат, бидејќи во случај на некаква грешка - на пример внесување нула (0) наместо буквата „О“ - апликацијата може да биде одбиена, откажана или поништена. Во случај патникот да забележи грешка, може да пополни нова апликација или да побара корекција на грешката во старата апликација, а процедурата за обработка во овој случај трае до 30 дена.

Како да се оди на погреб, да се посети родител кој е државјанин на ЕУ и слично?

Формуларот ЕТИАС нема да мора да го пополнуваат лица кои имаат валидна виза - студентска, работна или слично - или дозвола за престој во земја на ЕУ. Образецот исто така не го пополнуваат лица кои живеат покрај границата и поседуваат гранични пропусници, по чие презентирање преминуваат за, на пример, да ги обработуваат своите ниви од другата страна на граничната линија. На членовите на екипажите на бродови и авиони за некои земји од ЕУ ќе им треба формулар ЕТИАС, за други не, што треба да го проверат пред пристигнувањето. Исклучоци се и лекување во случај на загрозување на животот на апликантот или роднина, одење на погреб на член на семејството, обврска да се појави пред суд или некоја „важна обврска“. Во тој случај, патникот ја пополнува апликацијата ЕТИАС за т.н ограничена дозвола во која се наведува причината. Дозволата ја издава земјата во која патува лицето и важи само за патување во таа земја најмногу 90 дена. На пример, ако се работи за одење на погреб, земја од ЕУ може да дозволи влез само за деновите на погребот. Доколку некое лице во меѓувреме аплицира и добие втор ЕТИАС за патување во сите земји од Шенген, ограничената дозвола автоматски престанува да важи. Предвидени се исклучоци и за плаќање на таксата. Ако, на пример, дете патува во земја каде што живее неговиот родител кој е државјанин на ЕУ или член на шенгенскиот систем, нема да мора да се плати седум евра, но ако сака да патува во друга земја, ќе треба да се пополни нов формулар ЕТИАС и да се плати сумата. Истото важи и за сопружниците или регистрираните партнери. Носителите на дипломатски или специјални пасоши чии земји имаат потпишано договори со ЕУ, вработените во НАТО не мора да аплицираат за дозволи за ЕТИАС, како и луѓето кои транзитираат низ европски аеродром. Не мора да аплицираат ниту лица со двојно државјанство на земја-членка на ЕУ, под услов да патуваат со пасош или лична карта на таа земја.

Што ако ЕУ одбие да ви даде дозвола?

На лицата без ЕТИАС овластување ќе им биде одбиен влез на граница. Дури и добивањето на овој сертификат не значи дека на патникот автоматски му се дозволува влез во земјата на ЕУ. Сите патници сепак ќе бидат проверени и граничен службеник може да одбие влез на лице кое не ги исполнува условите. Некои од условите за влез се валидна патна исправа најмалку три месеци од датумот на планираното враќање, пасошот да не е постар од десет години, престојот да е оправдан и лицето да има доволно пари до планираното враќање. Вообичаената сума е околу 100 евра дневно и зависи од земјата членка на ЕУ. Некои од причините за одбивање на влез се закана по безбедноста или здравјето, доколку некое лице е предмет на потерница од земја и слично, што се утврдува со проверка во бази, лекарски преглед и слично. Доколку барањето за овластување за патување ЕТИАС биде одбиено, отповикано или откажано, лицето ќе добие е-пошта во која ќе се наведат причините за одбивањето и името на органот што ја донел одлуката. Постои можност за жалба, а е-поштата ќе содржи информации до која земја или земји да се жали со опис на соодветната жалбена постапка. Жалбите се решаваат во согласност со законите на тие земји. Лицето чие барање е одбиено може повторно да побара ЕТИАС дозвола. Ако некое лице го отповика барањето, не може да се премисли потоа, туку мора да пополни нов формулар. Надоместокот не се враќа доколку апликацијата биде одбиена.

Дали тоа ќе создаде поголем метеж на границите?

Со воведувањето на ЕЕС (EES) останува скенирањето на патните исправи, престанува печатирањето во пасошите на граничниот премин, но земањето отпечатоци и сликањето што ќе се прават на секој граничен премин може да го продолжи чекањето во редици. На аеродромите ќе се вршат проверки по слетувањето. Земјите-членки ги изменија своите закони за да го намалат потенцијалниот метеж на копнените премини. Земањето биометриски податоци и проверки преку базите на податоци на земјите од ЕУ може да се врши и пред граничните штандови - додека патниците чекаат на ред - за да се овозможи побрз проток. Тоа значи дека службениците на граничната полиција ќе можат да одат од возило до возило или да влегуваат во автобуси со специјални уреди за проверка на патниците.

Зошто е воспоставен системот?

Новиот ЕЕС систем се воведува за да ги направи базите на членките на ЕУ поповрзани за да се олесни следењето на времето и местото на престој и да се осигури дека патниците нема да останат повеќе од 90 дена во период од шест месеци. Една од целите на новите мерки е да им се отежне влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши, бидејќи секој пат кога ќе ја преминат границата ќе се врши биометриска контрола. Патниците нема да плаќаат такса за земање биометриски податоци. Податоците ќе бидат достапни за полициските служби на земјите членки на Шенген системот и полициската агенција ЕВРОПОЛ за време на криминални истраги, особено тероризам и организиран криминал. Проверките на биометриските податоци ќе бидат засилени кон средината на 2025 година, а точниот датум не е утврден. Слични системи веќе се воведени од Соединетите Американски Држави, Канада и Австралија.

The post Ќе се аплицира онлајн, ќе се плаќа такса, ќе ви гледаат отпечатоци: Ова се новите правила за влез во ЕУ од ноември appeared first on Република.

]]>
Овие хороскопски знаци сакаат постојано да се во движење https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ovie-horoskopski-znatsi-sakaat-postojano-da-se-vo-dvizhene/ Sat, 13 Jul 2024 20:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=796507

Многу луѓе се преселуваат поради различни причини – од деловни можности и образование до едноставна желба за промена. Честите промени на живеалиштето може да бидат возбудливи, но и предизвикувачки. Без разлика на сè, некои луѓе уживаат во постојана промена на средината и не се чувствуваат врзани за еден дом.

Стрелец

Стрелците се познати по нивната ненаситна жед за авантура и истражување. Како огнен знак, Стрелците имаат енергија и ентузијазам што ги турка кон нови хоризонти. За нив преселувањето не е само промена на местото на живеење, туку и можност за нови искуства, запознавање на различни култури и стекнување нови знаења.

Близнаци

Близнаците се прилагодливи и комуникативни. Нивната љубопитност и потреба за ментална стимулација често ги носи на различни места. Близнаците сакаат да ја менуваат својата средина така што постојано се опкружени со нови информации и идеи. За нив движењето е начин да ја избегнат рутината и монотонијата и да останат интелектуално будни.

Водолија

Водолиите се иновативни и неконвенционални и често бараат начини да се издвојат од толпата. Нивната потреба за слобода и оригиналност ги прави склони кон движење. Водолиите уживаат во промените, бидејќи тоа им овозможува да се редефинираат себеси и својот животен стил. Нивниот прогресивен начин на размислување често ги наведува да бараат места каде што можат да бидат свои и да ја изразат својата уникатност.

The post Овие хороскопски знаци сакаат постојано да се во движење appeared first on Република.

]]>

Многу луѓе се преселуваат поради различни причини – од деловни можности и образование до едноставна желба за промена. Честите промени на живеалиштето може да бидат возбудливи, но и предизвикувачки. Без разлика на сè, некои луѓе уживаат во постојана промена на средината и не се чувствуваат врзани за еден дом. Стрелец Стрелците се познати по нивната ненаситна жед за авантура и истражување. Како огнен знак, Стрелците имаат енергија и ентузијазам што ги турка кон нови хоризонти. За нив преселувањето не е само промена на местото на живеење, туку и можност за нови искуства, запознавање на различни култури и стекнување нови знаења. Близнаци Близнаците се прилагодливи и комуникативни. Нивната љубопитност и потреба за ментална стимулација често ги носи на различни места. Близнаците сакаат да ја менуваат својата средина така што постојано се опкружени со нови информации и идеи. За нив движењето е начин да ја избегнат рутината и монотонијата и да останат интелектуално будни. Водолија Водолиите се иновативни и неконвенционални и често бараат начини да се издвојат од толпата. Нивната потреба за слобода и оригиналност ги прави склони кон движење. Водолиите уживаат во промените, бидејќи тоа им овозможува да се редефинираат себеси и својот животен стил. Нивниот прогресивен начин на размислување често ги наведува да бараат места каде што можат да бидат свои и да ја изразат својата уникатност.

The post Овие хороскопски знаци сакаат постојано да се во движење appeared first on Република.

]]>
„Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/navecher-ne-zastanuvajte-ni-na-politsija-soveti-za-patuvane-niz-grtsija/ Thu, 20 Jun 2024 18:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=786017

Еден од членовите на групата „Грчка инфо“ сподели корисни совети за сите туристи кои планираат да возат низ Грција.

Сезоната почна, има гужви, нервоза, се случуваат дефекти, измами и сè што оди заедно со зголемената концентрација на сообраќај. Возам активно 25 години, поминав десетици илјади километри во странство, од кои над 25 со автомобил низ Грција. Имам одредени насоки за однесување до кои се придржувам и можеби некој нема да се согласи со мене, а можеби некому ќе му помогне...“, пишува член по име Немања и сподели корисни совети:

1. Секогаш гледајте да имате барем половина резервоар гориво, штом ќе стигне на половина, наполнете го

2. Гледајте секогаш да возите по автопат, ќе стигнете побрзо и ќе го сочувате автомобилот (амортизацијата е сведена на минимум)

3. Не турајте гориво со адитив во слабите автомобили, тоа прави повеќе штета отколку корист

4. Патувајте кога можете, т.е. кога ви одговара, подобро е да влезете во сообраќаен метеж отколку да не стигнете до вашата дестинација (некој не може да вози ноќе, а сака да ја избегне гужвата и седи зад воланот уморен)

5. Во текот на ноќта, не застанувајте за никого, дури ни за полиција, на неосветлени или оддалечени локации. Возете до првата бензинска пумпа или постојка за одмор, а потоа видете за што се работи.

6. Внимавајте на сообраќајните правила бидејќи камерите не можат да се поткупат

7. Секогаш одржувајте растојание од другите возила

8. Пред патувањето проверете го маслото во моторот, маслото во сопирачките и гумите

9. Правете паузи на секои 3-4 часа!

10. Имајте во автомобилот клучеви 17 и 19, ПП уред, резервно тркало и неколку литри вода за ладилникот и доволно вода за пиење

11. Сите можни резервни осигурувачи (знам дека се подразбира, но вреди да се повтори)

12. Задолжително понесете резервен клуч од автомобилот

13. Намалете ја нервозата што е можно повеќе, контролирајте ја возбудата, зголемете ја толеранцијата

 

The post „Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција appeared first on Република.

]]>

Еден од членовите на групата „Грчка инфо“ сподели корисни совети за сите туристи кои планираат да возат низ Грција. Сезоната почна, има гужви, нервоза, се случуваат дефекти, измами и сè што оди заедно со зголемената концентрација на сообраќај. Возам активно 25 години, поминав десетици илјади километри во странство, од кои над 25 со автомобил низ Грција. Имам одредени насоки за однесување до кои се придржувам и можеби некој нема да се согласи со мене, а можеби некому ќе му помогне...“, пишува член по име Немања и сподели корисни совети: 1. Секогаш гледајте да имате барем половина резервоар гориво, штом ќе стигне на половина, наполнете го 2. Гледајте секогаш да возите по автопат, ќе стигнете побрзо и ќе го сочувате автомобилот (амортизацијата е сведена на минимум) 3. Не турајте гориво со адитив во слабите автомобили, тоа прави повеќе штета отколку корист 4. Патувајте кога можете, т.е. кога ви одговара, подобро е да влезете во сообраќаен метеж отколку да не стигнете до вашата дестинација (некој не може да вози ноќе, а сака да ја избегне гужвата и седи зад воланот уморен) 5. Во текот на ноќта, не застанувајте за никого, дури ни за полиција, на неосветлени или оддалечени локации. Возете до првата бензинска пумпа или постојка за одмор, а потоа видете за што се работи. 6. Внимавајте на сообраќајните правила бидејќи камерите не можат да се поткупат 7. Секогаш одржувајте растојание од другите возила 8. Пред патувањето проверете го маслото во моторот, маслото во сопирачките и гумите 9. Правете паузи на секои 3-4 часа! 10. Имајте во автомобилот клучеви 17 и 19, ПП уред, резервно тркало и неколку литри вода за ладилникот и доволно вода за пиење 11. Сите можни резервни осигурувачи (знам дека се подразбира, но вреди да се повтори) 12. Задолжително понесете резервен клуч од автомобилот 13. Намалете ја нервозата што е можно повеќе, контролирајте ја возбудата, зголемете ја толеранцијата  

The post „Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција appeared first on Република.

]]>
Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vi-se-loshi-ushte-pred-da-vlezete-vo-avion-ovie-soveti-ke-vi-pomognat-da-go-prebrodite-stravot/ Tue, 11 Jun 2024 07:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=786428

При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.

- Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.

Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид - 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн.

Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар

The post Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот appeared first on Република.

]]>

При патување со авион, на многумина им се случуваат болки во стомакот, надуеност или запек. Некои тоа го припишуваат само на стравот од летање, но тоа може да му се случи на секого, вели диететичарката Меган Роси од Австралија. Таа појаснува зошто и покрај тоа што самата, на пр., го нема тн. синдром на нервозно дебело црево, имала слични мачнини. За да објасни и демонстрира зошто надуеноста е честа појава кај патниците, таа употреби чаша јогурт со капаче.
- Замислете ја оваа чаша како Вашето црево долу на земјата. Гасот внатре што го произведуваат Вашите микроби има простор за движење, но како што авионот се крева, промената на воздушниот притисок предизвикува ширење на гасот и тоа предизвикува надуеност и болки во стомакот, вели таа.
Иако оваа состојба е непријатна, постојат начини да се намали притисокот со подготовка пред патувањето. Познатата „докторка за здрави црева“ препорачува, пред сѐ, избегнување храна што предизвикува надуеност, како грав, авокадо, печурки и кромид - 24 до 48 часа пред патувањето. Наместо тоа, се препорачуваат полесна храна: Маслото од авокадо се заменува со маслиново масло, печурките со модар патлиџан итн. Исто така, за проблеми со запек во текот на летот, би било препорачливо да се пие магнезиум и да се консумираат повеќе хранливи влакна. Доколку и тоа не помага, диететичарката препорачува консултирање со лекар

The post Ви се лоши уште пред да влезете во авион? Овие совети ќе ви помогнат да го пребродите стравот appeared first on Република.

]]>
Бојмацалиев: Може да се патува со стари лични карти за БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-mozhe-da-se-patuva-so-stari-lichni-karti-za-bih/ Tue, 27 Feb 2024 10:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=748843

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Македонија со лична карта, соопштија од МВР.

Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права – се подвлекува во соопштението од МВР.

 

The post Бојмацалиев: Може да се патува со стари лични карти за БиХ appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Македонија со лична карта, соопштија од МВР. Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.
Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права – се подвлекува во соопштението од МВР.
 

The post Бојмацалиев: Може да се патува со стари лични карти за БиХ appeared first on Република.

]]>
Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shto-e-vistina-osmani-tvrdi-deka-bih-ne-dozvoluva-da-se-patuva-so-stari-lichni-karti-bojmatsaliev-veli-mozhe/ Tue, 27 Feb 2024 10:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=748842

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, утрово оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република  Македонија со лична карта.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во оваа прилика Бојмацалиев го истакнал значењето на градење мостови со пријателските земји, и рекол дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права.

The post Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, утрово оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република  Македонија со лична карта. Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година. Во оваа прилика Бојмацалиев го истакнал значењето на градење мостови со пријателските земји, и рекол дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со, Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права.

The post Што е вистина: Османи тврди дека БиХ не дозволува да се патува со стари лични карти, Бојмацалиев вели може appeared first on Република.

]]>
И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iljadnitsi-grtsi-patuvaat-vo-makedonija-i-bugarija-za-poevtini-proizvodi-tvrdat-od-siriza/ Wed, 17 Jan 2024 17:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=733894

Илјадници Грци одат во Бугарија и  Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.

Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“

Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА appeared first on Република.

]]>

Илјадници Грци одат во Бугарија и  Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина. Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“ Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.

The post И тоа го дочекавме: Грци патуваат во Македонија и Бугарија за поевтини производи, тврдат од СИРИЗА appeared first on Република.

]]>
Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-povika-svoite-gragani-da-ne-patuvaat-vo-stranstvo-bidejki-antisemitizmot-se-zgolemuva/ Fri, 03 Nov 2023 16:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=697905

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот.

Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.

The post Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува appeared first on Република.

]]>

Израел денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во странство, со образложение дека антисемитизмот е во пораст ширум светот. Израелските власти „гледаат значително зголемување на антисемитизмот“ и поттикнување на антисемитски акти, како и „напади што можат да ги загрозат животите на Израелците и Евреите ширум светот“, се вели во соопштението на израелскиот Национален совет за безбедност.

The post Израел ги повика своите граѓани да не патуваат во странство бидејќи антисемитизмот се зголемува appeared first on Република.

]]>
Моќта на пасошот: Со македонскиот може да патувате во 124 земји без виза, словенечкиот е „најмоќен“ во регионот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/mokta-na-pasoshot-so-makedonskiot-mozhe-da-patuvate-vo-124-zemji-bez-viza-slovenechkiot-e-najmoken-vo-regionot/ Thu, 14 Sep 2023 09:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=681643

Патување во странство? Кај некои пасоши тоа не е проблем, кај други е. Едните речиси никогаш не треба да се грижат за влез во странска земја, другите се соочуваат со долго чекање за виза. Зошто е тоа така, анализира „Дојче веле“ (ДВ).

За имателите на германски пасоши, на пример, влезот во Камбоџа е прилично лесен. 30-дневна туристичка виза може да се побара од амбасадата на Камбоџа во Берлин, со такса за обработка од 40 евра доколку имате пасош со важност најмалку шест месеци за време на влезот. Алтернативно, Германците можат да аплицираат за 30-дневна туристичка виза преку Интернет за само 33 евра. Времето на обработка е три дена. Уште полесно е ако луѓето со германски пасош летаат за Камбоџа, каде што добиваат виза при пристигнувањето на аеродромот.

Сосема поинаква ситуација е кога имателите на пасоши од Камбоџа сакаат да патуваат во Германија. Тие треба да достават покана, изводи од банка за последните шест месеци, доказ за приход и имот, како и голем број други лични документи. Апликацијата за виза чини околу 80 евра и мора да се плати во готово. „Ти поставуваат неколку прашања и ако мислат дека си веродостоен и уверлив - ти даваат виза“, изјави за ДВ Арун, средовечен Камбоџанец кој сакаше да остане анонимен. Арун претходно го поминал сето тоа и добро го познава процесот на аплицирање за виза.

Како да се објасни толку голема разлика? Една од причините за тоа е економската состојба на некои земји.

Со македонски пасош можете да патувате во 125 земји без виза

„Хенли и Партнери“ (Henley & Partners), водечка светска консултантска компанија за планирање жителство и државјанство, и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно ги рангираат најсилните и најслабите пасоши во светот. Тие го проценуваат бројот на дестинации до кои може да одат имателите на пасоши без виза или со виза. Сингапурскиот пасош беше оценет како најдобар. Со него можете без виза да влезете во 193 земји. Германскиот пасош овозможува безвизен влез во 190 земји.

Кога станува збор за пасошите на земјите од поранешна Југославија, најдобро котира Словенија. Со пасошот на таа земја се отвора врата за 184 земји. Во 176 земји без виза можете да патувате со хрватски пасош, а во 138 со српски пасош. Следуваат Македонија и Црна Гора со 125 и 124 земји, соодветно, додека пасошот на Босна и Херцеговина дозволува пристап до 118 земји. Најлошо се пласираше Косово. Со тој пасош можете без виза да влезете во само 42 земји.

„Хенли и партнери“ наведуваат дека „земјите се поподготвени да ги отворат своите граници за граѓаните од побогатите земји, веројатно поради поголемите економски придобивки во форма на трговија, туризам и инвестиции“. Спротивно на тоа, имателите на пасоши од земји со „висока стапка на сиромаштија и економска нестабилност [...] претставуваат висок ризик од прекорачување на времетраењето на нивната виза“.

Арун од Камбоџа тоа добро го знае.

Мојата земја е сиромашна, па мојот пасош не е толку силен“, вели тој за ДВ.

И навистина, според рангирањето, камбоџанскиот пасош е еден од најниско рангираните во светот. Со него можете без виза да влезете само во педесетина земји.

Нов пасош, нова среќа

Мухамед, новинар од Берлин кој исто така сака да остане анонимен, доживеал како е слабиот пасош да се замени со силен. Претходно го имаше пакистанскиот, кој е четврти најслабо рангиран патен документ во светот и овозможува безвизен пристап до само 32 земји. Меѓутоа, Мухамед неодамна доби германско државјанство.

Со пакистански пасош секогаш морав да поминам низ комплициран, долг процес на добивање виза и секогаш постоеше ризик барањето да биде одбиено. Исто така, кога патувате во некои земји, особено на Блискиот Исток, треба да застанете во посебна линија и да трпите секакви прашања“, вели Мухамед за ДВ.

Сега кога има германски пасош, неговите патувања станаа полесни.

Јасно ја чувствувам разликата. Треба да аплицирам за виза само за неколку земји и лесно можам да патувам до многу дестинации“, вели Мухамед.

Пасоши на продажба

Ова е причината зошто некои пасоши се особено популарни. Во минатото, некои земји од Европската Унија им дозволуваа на државјаните на трети земји да купат пасош доколку вложат големи инвестиции во таа земја.

Многу од овие регулативи во моментов постепено се укинуваат поради политички притисок во ЕУ, но затоа се повеќе и повеќе земји од Блискиот Исток сега нудат купување пасоши. И не се единствените.

Роланд Пап од Транспаренси интернешнал (ТИ), невладина организација за борба против корупцијата, вели дека Малта сега е единствената земја од ЕУ што сè уште „издава инвестициски пасоши“. Тоа не беше добро прифатено од сите.

Треба да размислиме што кажува купувањето пасош за нашата демократија. „Можете да купите одредени права ако сте доволно богати, но не можете ако немате пари. Луѓето кои сакаат да добијат државјанство [преку конвенционални канали, како по добивањето државјанство], мора да поминат низ многу комплициран бирократски процес“, вели Пап.

The post Моќта на пасошот: Со македонскиот може да патувате во 124 земји без виза, словенечкиот е „најмоќен“ во регионот appeared first on Република.

]]>

Патување во странство? Кај некои пасоши тоа не е проблем, кај други е. Едните речиси никогаш не треба да се грижат за влез во странска земја, другите се соочуваат со долго чекање за виза. Зошто е тоа така, анализира „Дојче веле“ (ДВ). За имателите на германски пасоши, на пример, влезот во Камбоџа е прилично лесен. 30-дневна туристичка виза може да се побара од амбасадата на Камбоџа во Берлин, со такса за обработка од 40 евра доколку имате пасош со важност најмалку шест месеци за време на влезот. Алтернативно, Германците можат да аплицираат за 30-дневна туристичка виза преку Интернет за само 33 евра. Времето на обработка е три дена. Уште полесно е ако луѓето со германски пасош летаат за Камбоџа, каде што добиваат виза при пристигнувањето на аеродромот. Сосема поинаква ситуација е кога имателите на пасоши од Камбоџа сакаат да патуваат во Германија. Тие треба да достават покана, изводи од банка за последните шест месеци, доказ за приход и имот, како и голем број други лични документи. Апликацијата за виза чини околу 80 евра и мора да се плати во готово. „Ти поставуваат неколку прашања и ако мислат дека си веродостоен и уверлив - ти даваат виза“, изјави за ДВ Арун, средовечен Камбоџанец кој сакаше да остане анонимен. Арун претходно го поминал сето тоа и добро го познава процесот на аплицирање за виза. Како да се објасни толку голема разлика? Една од причините за тоа е економската состојба на некои земји. Со македонски пасош можете да патувате во 125 земји без виза „Хенли и Партнери“ (Henley & Partners), водечка светска консултантска компанија за планирање жителство и државјанство, и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно ги рангираат најсилните и најслабите пасоши во светот. Тие го проценуваат бројот на дестинации до кои може да одат имателите на пасоши без виза или со виза. Сингапурскиот пасош беше оценет како најдобар. Со него можете без виза да влезете во 193 земји. Германскиот пасош овозможува безвизен влез во 190 земји. Кога станува збор за пасошите на земјите од поранешна Југославија, најдобро котира Словенија. Со пасошот на таа земја се отвора врата за 184 земји. Во 176 земји без виза можете да патувате со хрватски пасош, а во 138 со српски пасош. Следуваат Македонија и Црна Гора со 125 и 124 земји, соодветно, додека пасошот на Босна и Херцеговина дозволува пристап до 118 земји. Најлошо се пласираше Косово. Со тој пасош можете без виза да влезете во само 42 земји. „Хенли и партнери“ наведуваат дека „земјите се поподготвени да ги отворат своите граници за граѓаните од побогатите земји, веројатно поради поголемите економски придобивки во форма на трговија, туризам и инвестиции“. Спротивно на тоа, имателите на пасоши од земји со „висока стапка на сиромаштија и економска нестабилност [...] претставуваат висок ризик од прекорачување на времетраењето на нивната виза“. Арун од Камбоџа тоа добро го знае.
Мојата земја е сиромашна, па мојот пасош не е толку силен“, вели тој за ДВ.
И навистина, според рангирањето, камбоџанскиот пасош е еден од најниско рангираните во светот. Со него можете без виза да влезете само во педесетина земји. Нов пасош, нова среќа Мухамед, новинар од Берлин кој исто така сака да остане анонимен, доживеал како е слабиот пасош да се замени со силен. Претходно го имаше пакистанскиот, кој е четврти најслабо рангиран патен документ во светот и овозможува безвизен пристап до само 32 земји. Меѓутоа, Мухамед неодамна доби германско државјанство.
Со пакистански пасош секогаш морав да поминам низ комплициран, долг процес на добивање виза и секогаш постоеше ризик барањето да биде одбиено. Исто така, кога патувате во некои земји, особено на Блискиот Исток, треба да застанете во посебна линија и да трпите секакви прашања“, вели Мухамед за ДВ.
Сега кога има германски пасош, неговите патувања станаа полесни.
Јасно ја чувствувам разликата. Треба да аплицирам за виза само за неколку земји и лесно можам да патувам до многу дестинации“, вели Мухамед.
Пасоши на продажба Ова е причината зошто некои пасоши се особено популарни. Во минатото, некои земји од Европската Унија им дозволуваа на државјаните на трети земји да купат пасош доколку вложат големи инвестиции во таа земја. Многу од овие регулативи во моментов постепено се укинуваат поради политички притисок во ЕУ, но затоа се повеќе и повеќе земји од Блискиот Исток сега нудат купување пасоши. И не се единствените. Роланд Пап од Транспаренси интернешнал (ТИ), невладина организација за борба против корупцијата, вели дека Малта сега е единствената земја од ЕУ што сè уште „издава инвестициски пасоши“. Тоа не беше добро прифатено од сите.
Треба да размислиме што кажува купувањето пасош за нашата демократија. „Можете да купите одредени права ако сте доволно богати, но не можете ако немате пари. Луѓето кои сакаат да добијат државјанство [преку конвенционални канали, како по добивањето државјанство], мора да поминат низ многу комплициран бирократски процес“, вели Пап.

The post Моќта на пасошот: Со македонскиот може да патувате во 124 земји без виза, словенечкиот е „најмоќен“ во регионот appeared first on Република.

]]>
Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/nudi-plata-od-35-000-evra-za-rabota-od-sonishtata-avstraliski-milioner-bara-pridruzhnik-za-patuvana-po-svetot/ Wed, 06 Sep 2023 19:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=679449

Австралискиот Милионер, Метју Лепре, бара личност која ќе патува со него по светот. За оваа „работа од соништата“, како што многумина ја опишуваат, тој нуди плата од околу 52.000 австралиски долари (околу 35.000 евра).

Лепре (31) се занимава со трговија на интернет. Тој ја изградил својата деловна империја, откако го напуштил универзитеот на 23-годишна возраст. Во рамки на својата работа, често и патува. Тој вели дека поради работните обврски, последниве пет години посетил 30-на земји, па сега бара помошник или помошничка што ќе го придружува на патувањата, пишува „Ледбајбл“ (Ladbible).

Барам посветена личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака којашто ќе ми помогне во патувањето и административните задачи, вели Лепре.

Може да се пријават и лица без претходно искуство, а конкурсот е отворен за сите кои имаат важечки пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со постојните работни места. Покрај платата, платени се и патните трошоци, а помошникот ќе може да ги вози и скапите автомобили на работодавецот.

Заинтересираните за новото работно место може да се пријават преку неговата интернет-страница „Ecom Warrior Academy“.

Пред четири години Лепре објави сличен повик, па тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. На крајот, студентка по мода ја доби работата. Истата година, тој посака и личен фотограф заради попрофесионален Инстаграм-профил, нудејќи плата од 52.000 австралиски долари.

The post Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот appeared first on Република.

]]>

Австралискиот Милионер, Метју Лепре, бара личност која ќе патува со него по светот. За оваа „работа од соништата“, како што многумина ја опишуваат, тој нуди плата од околу 52.000 австралиски долари (околу 35.000 евра). Лепре (31) се занимава со трговија на интернет. Тој ја изградил својата деловна империја, откако го напуштил универзитеот на 23-годишна возраст. Во рамки на својата работа, често и патува. Тој вели дека поради работните обврски, последниве пет години посетил 30-на земји, па сега бара помошник или помошничка што ќе го придружува на патувањата, пишува „Ледбајбл“ (Ladbible).
Барам посветена личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака којашто ќе ми помогне во патувањето и административните задачи, вели Лепре.
Може да се пријават и лица без претходно искуство, а конкурсот е отворен за сите кои имаат важечки пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со постојните работни места. Покрај платата, платени се и патните трошоци, а помошникот ќе може да ги вози и скапите автомобили на работодавецот. Заинтересираните за новото работно место може да се пријават преку неговата интернет-страница „Ecom Warrior Academy“. Пред четири години Лепре објави сличен повик, па тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. На крајот, студентка по мода ја доби работата. Истата година, тој посака и личен фотограф заради попрофесионален Инстаграм-профил, нудејќи плата од 52.000 австралиски долари.

The post Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот appeared first on Република.

]]>
Весиќ: Три часа до Будимпешта со брз воз од 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vesik-tri-chasa-do-budimpeshta-so-brz-voz-od-2025-godina/ Sun, 20 Aug 2023 09:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=673848

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека до 2025 година ќе биде готова брзата пруга Белград-Будимпешта и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија.

Тој истакна дека во моментов се работи на брзата пруга Белград-Ниш.

„Кога ќе заврши таа делница, ќе бидат потребни 100 минути да се патува од Белград до Ниш“, изјави Весиќ за белградски медиуми, пренесе Бета.

Министерот посочи и дека е потпишан меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш - Скопје.

Кога ќе биде готово, ќе бидат потребни и три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе ги промени животите на граѓаните, рече Весиќ.

The post Весиќ: Три часа до Будимпешта со брз воз од 2025 година appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека до 2025 година ќе биде готова брзата пруга Белград-Будимпешта и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија. Тој истакна дека во моментов се работи на брзата пруга Белград-Ниш. „Кога ќе заврши таа делница, ќе бидат потребни 100 минути да се патува од Белград до Ниш“, изјави Весиќ за белградски медиуми, пренесе Бета. Министерот посочи и дека е потпишан меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш - Скопје. Кога ќе биде готово, ќе бидат потребни и три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе ги промени животите на граѓаните, рече Весиќ.

The post Весиќ: Три часа до Будимпешта со брз воз од 2025 година appeared first on Република.

]]>
Совршено друштво на патување: Овенот е крал на забавата, а Девицата е кралица на совршената организација https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/sovrsheno-drushtvo-na-patuvane-ovenot-e-kral-na-zabavata-a-devitsata-e-kralitsa-na-sovrshenata-organizatsija/ Wed, 26 Jul 2023 09:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=665434

Понекогаш оние со кои патуваме го дефинираат целото наше расположение - сето тоа може да зависи од главните карактеристики на секој знак и нивната личност. Некои се за истражување, некои за лежење и престој во хотелот. Проверете кои знаци, според карактерните црти, се најинтересни како партнери за патување.

6 знаци совршени за да одите на патување, рангирани од 6-то до 1-во место кое го зазема кралот на спонтаноста и забавата - Овенот.

6. Девица
Девиците се ориентирани кон деталите и живеат за да се организираат.

Тие се одлични придружници бидејќи веројатно би го испланирале секој аспект од патувањето до последниот детаљ. Сакаат да откриваат локална историја и нови култури.

Иако можеби имаат одреден распоред, Девиците всушност се многу опуштени кога патуваат. Ако се чувствувате преоптоварени, тие ќе ве смират и ќе се погрижат да го извлечете максимумот од вашиот одмор.

5. Риби
Рибите сакаат да бегаат од реалноста, а за тоа е идеално едноставно да одат на патување.

Со нив владее Нептун, планетата на илузијата, овие водни знаци веројатно ќе привлечат искуства кои се театарални и мистични.

Нема да имаат конкретен распоред, туку ќе претпочитаат да се препуштат на она што природно им доаѓа, но на се ќе му дадат смисла.

4. Лав
Поради неговата голема личност, Лавот треба да гледа и да прави што е можно повеќе додека е на одмор.

Сакаат маршрута каде што можат да видат што е можно повеќе нешта, да стиснат 6-дневни искуства во 3 дена патување.

Тоа значи дека ќе бидат подготвени на речиси се, но и ќе се погрижат патувањето да има примеси на луксуз.

Сакаат пофини работи и одлични се во откривањето на најстилските места во кој било град. Така, со Лав нема да добиете ништо помалку од целосна екстраваганција и патување на животот.

3. Стрелец
Стрелецот е најавантуристичкиот хороскопски знак, па сигурно е дека ќе биде фантастичен придружник.

Не само што ќе видите делови од градовите што не ги очекувавте, туку Стрелецот ќе се погрижи патувањето да биде малку културно и многу забавно.

Дури и наједноставните патувања може да се претворат во неочекувано, посебно искуство. Тие се луѓе со ненаситна жед за знаење и непоколеблив оптимизам. Со нив владее и Јупитер, планетата на експанзија и среќа, што може дополнително да го зачини секое патување.

2. Вага
Енергијата на Вага е одлична за авантура бидејќи ќе го балансира патувањето со нешто посебно.

Ќе ги видите сите глетки и ќе се опуштите во исто време. А бидејќи Вагите ги сакаат пофините работи во животот, можете да бидете сигурни дека шопингот и софистицираното јадење ќе бидат на репертоарот.

Овие воздушни знаци имаат неодолива харизма која ќе привлече секого во нивната орбита. Тие можат да се дружат каде и да одат, не треба да се изненадите ако вашите нови врски ви донесат можности на патот, како пријателство со инструктор за нуркање, да бидете поканети на караоке или добивање неочекувани подароци.

1. Овен
Овенот е енергичен, авантуристичен и спонтан. Тие се без сомнение најдобриот хороскопски знак за патување, па ако вашето следно патување е со Овен, ве очекува авантура.

Тие се совршени придружници за оние кои бараат возбуда на нивните патувања. Секогаш се расположени да истражуваат негазени дестинации и сакаат да пробуваат нови работи, што може да доведе до многу возбудливи авантури.

Покрај тоа, ќе доживеете работи за кои никогаш не сте помислиле дека може да ви се случат. Овие огнени знаци прават да се чувствувате похрабри и послободни. Можеби не се најдобри планери, но ќе си поминете одлично благодарение на нивната извонредна енергија, пишува Bestlifeonline.

 

 

The post Совршено друштво на патување: Овенот е крал на забавата, а Девицата е кралица на совршената организација appeared first on Република.

]]>

Понекогаш оние со кои патуваме го дефинираат целото наше расположение - сето тоа може да зависи од главните карактеристики на секој знак и нивната личност. Некои се за истражување, некои за лежење и престој во хотелот. Проверете кои знаци, според карактерните црти, се најинтересни како партнери за патување. 6 знаци совршени за да одите на патување, рангирани од 6-то до 1-во место кое го зазема кралот на спонтаноста и забавата - Овенот. 6. Девица Девиците се ориентирани кон деталите и живеат за да се организираат. Тие се одлични придружници бидејќи веројатно би го испланирале секој аспект од патувањето до последниот детаљ. Сакаат да откриваат локална историја и нови култури. Иако можеби имаат одреден распоред, Девиците всушност се многу опуштени кога патуваат. Ако се чувствувате преоптоварени, тие ќе ве смират и ќе се погрижат да го извлечете максимумот од вашиот одмор. 5. Риби Рибите сакаат да бегаат од реалноста, а за тоа е идеално едноставно да одат на патување. Со нив владее Нептун, планетата на илузијата, овие водни знаци веројатно ќе привлечат искуства кои се театарални и мистични. Нема да имаат конкретен распоред, туку ќе претпочитаат да се препуштат на она што природно им доаѓа, но на се ќе му дадат смисла. 4. Лав Поради неговата голема личност, Лавот треба да гледа и да прави што е можно повеќе додека е на одмор. Сакаат маршрута каде што можат да видат што е можно повеќе нешта, да стиснат 6-дневни искуства во 3 дена патување. Тоа значи дека ќе бидат подготвени на речиси се, но и ќе се погрижат патувањето да има примеси на луксуз. Сакаат пофини работи и одлични се во откривањето на најстилските места во кој било град. Така, со Лав нема да добиете ништо помалку од целосна екстраваганција и патување на животот. 3. Стрелец Стрелецот е најавантуристичкиот хороскопски знак, па сигурно е дека ќе биде фантастичен придружник. Не само што ќе видите делови од градовите што не ги очекувавте, туку Стрелецот ќе се погрижи патувањето да биде малку културно и многу забавно. Дури и наједноставните патувања може да се претворат во неочекувано, посебно искуство. Тие се луѓе со ненаситна жед за знаење и непоколеблив оптимизам. Со нив владее и Јупитер, планетата на експанзија и среќа, што може дополнително да го зачини секое патување. 2. Вага Енергијата на Вага е одлична за авантура бидејќи ќе го балансира патувањето со нешто посебно. Ќе ги видите сите глетки и ќе се опуштите во исто време. А бидејќи Вагите ги сакаат пофините работи во животот, можете да бидете сигурни дека шопингот и софистицираното јадење ќе бидат на репертоарот. Овие воздушни знаци имаат неодолива харизма која ќе привлече секого во нивната орбита. Тие можат да се дружат каде и да одат, не треба да се изненадите ако вашите нови врски ви донесат можности на патот, како пријателство со инструктор за нуркање, да бидете поканети на караоке или добивање неочекувани подароци. 1. Овен Овенот е енергичен, авантуристичен и спонтан. Тие се без сомнение најдобриот хороскопски знак за патување, па ако вашето следно патување е со Овен, ве очекува авантура. Тие се совршени придружници за оние кои бараат возбуда на нивните патувања. Секогаш се расположени да истражуваат негазени дестинации и сакаат да пробуваат нови работи, што може да доведе до многу возбудливи авантури. Покрај тоа, ќе доживеете работи за кои никогаш не сте помислиле дека може да ви се случат. Овие огнени знаци прават да се чувствувате похрабри и послободни. Можеби не се најдобри планери, но ќе си поминете одлично благодарение на нивната извонредна енергија, пишува Bestlifeonline.    

The post Совршено друштво на патување: Овенот е крал на забавата, а Девицата е кралица на совршената организација appeared first on Република.

]]>
Патување без багаж: авиокомпанија нуди услуга за изнајмување облека https://arhiva3.republika.mk/vesti/patuvane-bez-bagazh-aviokompanija-nudi-usluga-za-iznajmuvane-obleka/ Fri, 07 Jul 2023 09:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=658872

Јапонска авиокомпанија лансираше нова услуга, која наводно ќе им овозможи на патниците да резервираат облека, која однапред ќе биде оставена на местото на престој. Патниците ќе можат да избираат облека со различна големина и за секоја сезона и пригода.

Japan Airlines лансираше нова идеја како начин за намалување на емисиите на јаглерод. Авиокомпанијата соработува со една од најголемите јапонски корпорации, Сумитомо, за да понуди услуга за изнајмување облека за посетителите во земјата. Услугата се нарекува Eni ver, eniver (англиски Any Wear, Anywhere - било облека, насекаде) и целта е да се поттикнат патниците да пакуваат помалку облека во својот багаж, а со тоа да се намали потрошувачката на гориво на авиокомпанијата, а со тоа и емисијата на јаглерод.

Патниците ќе можат да ја користат веб-страницата Any Wear, Anywhere и однапред да ја резервираат услугата за изнајмување облека. Потребно е најмалку еден месец однапред да внесете информации за летот, големината на облеката, должината на престојот и во која сезона патувате. Потоа, облеката ќе биде испратена директно во сместувањето и ќе биде подготвена за патникот кога ќе пристигне во земјата.

Изнајмувањето чини меѓу четири и седум илјади јени (помеѓу 1500 и 2,500 денари), во зависност од бројот на артикли. Посетителите можат да изнајмат до осум парчиња облека за две недели. Покрај системот за онлајн резервации, Sumitomo ги надгледува и набавките, перењето и испораката на облека, во партнерство со компанија за хемиско чистење и добавувач на облека.

Пробниот период првично ќе биде ограничен на посетителите кои пристигнуваат во земјата користејќи ја Japan Airlines до август 2024 година. Меѓутоа, ако услугата се покаже како успешна, Sumitomo би можел да размисли за воведување на други авиопревозници, како што се American Airlines, British Airways, Cathay Pacific Airways и Malaysia Airlines.

Како дел од својата програма Визија 2030, Japan Airlines се надева дека ќе ја прошири употребата на одржливо воздухопловно гориво (SAF). Сепак, со моментално ограничени залихи, превозникот бара други начини за намалување на емисиите на јаглерод.

Иако вадењето на неколку парчиња облека од вашиот куфер можеби не звучи многу, дури и мало прилагодување на тежината на багажот на вашата авиокомпанија може да направи голема разлика на долги растојанија. Претставниците на компанијата и објаснија на јавноста дека секој килограм тежина на летот меѓу Токио (ХНД) и Њујорк (ЈФК) ја намалува емисијата на јаглерод од авионот за 0,75 килограми.

Исто така, кога се спроведува во голем обем, иницијативата би можела да биде многу ефикасна. Според Јапонската национална туристичка организација, 1,9 милиони странски патници ја посетиле Јапонија во мај 2023 година, достигнувајќи ниво од речиси 70 отсто од растот на туризмот забележан пред пандемијата. Овој прилив на странски посетители, потпомогнат од повторното отворање на границите на земјата, може да обезбеди доволно корисници на услугата „Секое носење, насекаде“ за да го направи влијанието позитивно.

The post Патување без багаж: авиокомпанија нуди услуга за изнајмување облека appeared first on Република.

]]>

Јапонска авиокомпанија лансираше нова услуга, која наводно ќе им овозможи на патниците да резервираат облека, која однапред ќе биде оставена на местото на престој. Патниците ќе можат да избираат облека со различна големина и за секоја сезона и пригода. Japan Airlines лансираше нова идеја како начин за намалување на емисиите на јаглерод. Авиокомпанијата соработува со една од најголемите јапонски корпорации, Сумитомо, за да понуди услуга за изнајмување облека за посетителите во земјата. Услугата се нарекува Eni ver, eniver (англиски Any Wear, Anywhere - било облека, насекаде) и целта е да се поттикнат патниците да пакуваат помалку облека во својот багаж, а со тоа да се намали потрошувачката на гориво на авиокомпанијата, а со тоа и емисијата на јаглерод. Патниците ќе можат да ја користат веб-страницата Any Wear, Anywhere и однапред да ја резервираат услугата за изнајмување облека. Потребно е најмалку еден месец однапред да внесете информации за летот, големината на облеката, должината на престојот и во која сезона патувате. Потоа, облеката ќе биде испратена директно во сместувањето и ќе биде подготвена за патникот кога ќе пристигне во земјата. Изнајмувањето чини меѓу четири и седум илјади јени (помеѓу 1500 и 2,500 денари), во зависност од бројот на артикли. Посетителите можат да изнајмат до осум парчиња облека за две недели. Покрај системот за онлајн резервации, Sumitomo ги надгледува и набавките, перењето и испораката на облека, во партнерство со компанија за хемиско чистење и добавувач на облека. Пробниот период првично ќе биде ограничен на посетителите кои пристигнуваат во земјата користејќи ја Japan Airlines до август 2024 година. Меѓутоа, ако услугата се покаже како успешна, Sumitomo би можел да размисли за воведување на други авиопревозници, како што се American Airlines, British Airways, Cathay Pacific Airways и Malaysia Airlines. Како дел од својата програма Визија 2030, Japan Airlines се надева дека ќе ја прошири употребата на одржливо воздухопловно гориво (SAF). Сепак, со моментално ограничени залихи, превозникот бара други начини за намалување на емисиите на јаглерод. Иако вадењето на неколку парчиња облека од вашиот куфер можеби не звучи многу, дури и мало прилагодување на тежината на багажот на вашата авиокомпанија може да направи голема разлика на долги растојанија. Претставниците на компанијата и објаснија на јавноста дека секој килограм тежина на летот меѓу Токио (ХНД) и Њујорк (ЈФК) ја намалува емисијата на јаглерод од авионот за 0,75 килограми. Исто така, кога се спроведува во голем обем, иницијативата би можела да биде многу ефикасна. Според Јапонската национална туристичка организација, 1,9 милиони странски патници ја посетиле Јапонија во мај 2023 година, достигнувајќи ниво од речиси 70 отсто од растот на туризмот забележан пред пандемијата. Овој прилив на странски посетители, потпомогнат од повторното отворање на границите на земјата, може да обезбеди доволно корисници на услугата „Секое носење, насекаде“ за да го направи влијанието позитивно.

The post Патување без багаж: авиокомпанија нуди услуга за изнајмување облека appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Сметам дека е непотребно да ги покажам сметките за моите деца за патот во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-smetam-deka-e-nepotrebno-da-gi-pokazham-smetkite-za-moite-detsa-za-patot-vo-sad/ Thu, 11 May 2023 10:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=639658

Приватните патувања на членовите на моето семејство никогаш не биле на товар на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.

На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република Cеверна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почеток на новата инвестиција на компанијата „Магна“ во Штип.

Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно.

Моите деца патуваат како и сите други деца. Доколку е потребно за секое нивно патување кога посетуваат роднини или како на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, ќе и доставувам сметки на јавноста, меѓутоа сметам дека тоа е беспотребно со оглед на тоа што како и сите други граѓани во државата, секој има право да патува во рамки на своите приватни активности, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: Сметам дека е непотребно да ги покажам сметките за моите деца за патот во САД appeared first on Република.

]]>

Приватните патувања на членовите на моето семејство никогаш не биле на товар на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.
На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република Cеверна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почеток на новата инвестиција на компанијата „Магна“ во Штип.
Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно.
Моите деца патуваат како и сите други деца. Доколку е потребно за секое нивно патување кога посетуваат роднини или како на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, ќе и доставувам сметки на јавноста, меѓутоа сметам дека тоа е беспотребно со оглед на тоа што како и сите други граѓани во државата, секој има право да патува во рамки на своите приватни активности, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: Сметам дека е непотребно да ги покажам сметките за моите деца за патот во САД appeared first on Република.

]]>
Метео Балканс: Избегнувајте патување во Македонија и Грција! https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/meteo-balkans-izbegnuvajte-patuvanje-vo-makedonija-i-grcija/ Sun, 04 Sep 2022 20:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=547450

Избегнувајте патување во Грција! Оваа препорака ја издадоа синоптичарите на Метео Балканс.

Причина за ова е што се очекува опасно време во Македонија и Северна Грција. Ова ќе се случи вечерва и во понеделник навечер. За денеска важи жолта опасност, но вечерва и понеделник временските услови ќе се влошат.

The post Метео Балканс: Избегнувајте патување во Македонија и Грција! appeared first on Република.

]]>

Избегнувајте патување во Грција! Оваа препорака ја издадоа синоптичарите на Метео Балканс. Причина за ова е што се очекува опасно време во Македонија и Северна Грција. Ова ќе се случи вечерва и во понеделник навечер. За денеска важи жолта опасност, но вечерва и понеделник временските услови ќе се влошат.

The post Метео Балканс: Избегнувајте патување во Македонија и Грција! appeared first on Република.

]]>
Совет: Не тргнувајте на пат изморени https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/sovet-ne-trgnuvajte-na-pat-izmoreni/ Wed, 17 Aug 2022 14:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=541364

Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност денеска на автопатот „Пријателство“ продолжија со превентивната акција „Вози одморен“.

Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин „Табановце“ до граничниот премин „Богородица“, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор, велат од МВР и потенцираат дека РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Вози одморен“.

– Потсетуваме дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани кога управуваат возило, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани. Возете одморени, возете безбедно!, рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски потенцира дека возачите не смеат да го потценуваат заморот, затоа што тоа може да има фатални последици.

– Токму поради тоа и се реализираат ваквите превентивни активности, за да се потсетат возачите на можните последици од непочитувањето на правилата. Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за нас. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, нагласи Ангеловски.

Тој информира дека податоците од првите седум месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

– Во првите седум месеци од 2022 година има 61 жртва, што е за 19 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 80, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

The post Совет: Не тргнувајте на пат изморени appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност денеска на автопатот „Пријателство“ продолжија со превентивната акција „Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин „Табановце“ до граничниот премин „Богородица“, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор, велат од МВР и потенцираат дека РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Вози одморен“. – Потсетуваме дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани кога управуваат возило, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани. Возете одморени, возете безбедно!, рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски потенцира дека возачите не смеат да го потценуваат заморот, затоа што тоа може да има фатални последици. – Токму поради тоа и се реализираат ваквите превентивни активности, за да се потсетат возачите на можните последици од непочитувањето на правилата. Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за нас. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, нагласи Ангеловски. Тој информира дека податоците од првите седум месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. – Во првите седум месеци од 2022 година има 61 жртва, што е за 19 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 80, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

The post Совет: Не тргнувајте на пат изморени appeared first on Република.

]]>