патувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvanja/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 20:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvanja/ 32 32 Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/masovno-se-otkazhuvaat-patuvana-haosot-so-pasoshite-napravi-problem-na-turistichkite-agentsii/ Sat, 17 Feb 2024 17:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=745206

Туристичките агенции ќе претрпат сериозни загуби затоа што граѓани ги откажуваат патувањата за претстојните празници поради доцнењето со издавањето на пасошите, објави А1.он.

Оние агенции кои работат со летни аранжмани немаат проблеми до патниците затоа што при потпишувањето на договорите имаат рокови за откажување во случај на немање патна исправа, но трпат најмногу агенциите кои работат неколкудневни тури како што се за претстојните празници 8 март, Први мај и Велигден.

Од една туристичка агенција која работи со екскурзии за „А1он“ открија дека хотелите веќе им наплатиле за сместувањето на туристите, а граѓаните во меѓувреме им откажувале затоа што од МВР ги известиле дека пасошите нема да им стигнат навреме.

Луѓето се сликале во јануари и дошле да резервираат со информација дека за три недели ќе имаат пасош. Ние имавме собрано бројка на патници за да ги потврдиме екскурзиите со сигурна реализација. На крајот на јануари хотелите ни побараа пари за чување на собите и ние моравме да платиме. Во меѓувреме од МВР им велат на луѓето дека нема да добијат пасош и патниците сакаат да откажат. Ние ги плативме хотелите и не ни враќаат пари ниту ни дозволуваат да промениме термин за да се реализира патувањето, што значи парите ќе ни пропаднат. Патната исправа е одговорност на секој патник, но во овој случај луѓето се сликани два месеци пред реализација на патувањето и немаат пасоши, велат од агенцијата.

Туристичките оператори предвидуваат дека патувањата за 8 март ќе бидат преполовени, слична судбина ги чека и за Велигден, а бидејќи нема обрасци за издавање на патни исправи, неизвесноста ќе остане и за раната летна сезона во мај и јуни.

Нема да пропаднат аранжманите за Албанија, Србија и Црна Гора затоа што таму може да се влезе без проблеми и лична карта на која не стои додавката „Cеверна“. Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

The post Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции appeared first on Република.

]]>

Туристичките агенции ќе претрпат сериозни загуби затоа што граѓани ги откажуваат патувањата за претстојните празници поради доцнењето со издавањето на пасошите, објави А1.он. Оние агенции кои работат со летни аранжмани немаат проблеми до патниците затоа што при потпишувањето на договорите имаат рокови за откажување во случај на немање патна исправа, но трпат најмногу агенциите кои работат неколкудневни тури како што се за претстојните празници 8 март, Први мај и Велигден. Од една туристичка агенција која работи со екскурзии за „А1он“ открија дека хотелите веќе им наплатиле за сместувањето на туристите, а граѓаните во меѓувреме им откажувале затоа што од МВР ги известиле дека пасошите нема да им стигнат навреме. Луѓето се сликале во јануари и дошле да резервираат со информација дека за три недели ќе имаат пасош. Ние имавме собрано бројка на патници за да ги потврдиме екскурзиите со сигурна реализација. На крајот на јануари хотелите ни побараа пари за чување на собите и ние моравме да платиме. Во меѓувреме од МВР им велат на луѓето дека нема да добијат пасош и патниците сакаат да откажат. Ние ги плативме хотелите и не ни враќаат пари ниту ни дозволуваат да промениме термин за да се реализира патувањето, што значи парите ќе ни пропаднат. Патната исправа е одговорност на секој патник, но во овој случај луѓето се сликани два месеци пред реализација на патувањето и немаат пасоши, велат од агенцијата. Туристичките оператори предвидуваат дека патувањата за 8 март ќе бидат преполовени, слична судбина ги чека и за Велигден, а бидејќи нема обрасци за издавање на патни исправи, неизвесноста ќе остане и за раната летна сезона во мај и јуни. Нема да пропаднат аранжманите за Албанија, Србија и Црна Гора затоа што таму може да се влезе без проблеми и лична карта на која не стои додавката „Cеверна“. Проценките се дека проблемот со пасошите ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид, но и Албанија, како најблиска дестинација.

The post Масовно се откажуваат патувања: Хаосот со пасошите направи проблем на туристичките агенции appeared first on Република.

]]>
Лондонскиот „Гетвик“ е најстресниот аеродром во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/londonskiot-getvik-e-najstresniot-aerodrom-vo-svetot/ Tue, 13 Feb 2024 13:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=743659

Лондонскиот аеродром „Гетвик“, вториот по големина аеродром во Велика Британија, е најстресниот аеродром во светот, според истражувањето на сајтот за информирање за визи VisaGuide.World.

Второто место го зазема аеродромот во Истанбул, кој е најпрометниот аеродром во Европа, со над 64 милиони патници во 2022 година, пренесува „Јуро викли њуз“ (Euro Weekly News) и додава дека овој најфреквентен европски аеродром, се простира на над 76 милиони квадратни метри.

На трето место е аеродромот во Минхен, кој опслужува половина од патничкиот сообраќај на аеродромот во Истанбул, но е значително помал по големина.

Меѓународниот аеродром Денвер во САД е на четврто место, а по него е аеродромот „Хитроу“, вториот најфреквентен аеродром во Европа.

Останатите аеродроми кои спаѓаат во првите 10 најстресни се: Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, аеродромот во Рим „Фјумичино“, аеродромите „Далас-Форт Ворт“, „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и меѓународниот аеродром „О'Харе“ во Чикаго.

Истражувањето опфатило 1.642 патници од 53 земји, кои оствариле најмалку две меѓународни патувања во 2023 година, кои одговарале на прашања за аспектите на патувањата со авион кои предизвикуваат стрес, како што се големиот број патници, преполните аеродроми, честите доцнења и оддалеченоста на аеродромот од центарот на градот.

The post Лондонскиот „Гетвик“ е најстресниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>

Лондонскиот аеродром „Гетвик“, вториот по големина аеродром во Велика Британија, е најстресниот аеродром во светот, според истражувањето на сајтот за информирање за визи VisaGuide.World. Второто место го зазема аеродромот во Истанбул, кој е најпрометниот аеродром во Европа, со над 64 милиони патници во 2022 година, пренесува „Јуро викли њуз“ (Euro Weekly News) и додава дека овој најфреквентен европски аеродром, се простира на над 76 милиони квадратни метри. На трето место е аеродромот во Минхен, кој опслужува половина од патничкиот сообраќај на аеродромот во Истанбул, но е значително помал по големина. Меѓународниот аеродром Денвер во САД е на четврто место, а по него е аеродромот „Хитроу“, вториот најфреквентен аеродром во Европа. Останатите аеродроми кои спаѓаат во првите 10 најстресни се: Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, аеродромот во Рим „Фјумичино“, аеродромите „Далас-Форт Ворт“, „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и меѓународниот аеродром „О'Харе“ во Чикаго. Истражувањето опфатило 1.642 патници од 53 земји, кои оствариле најмалку две меѓународни патувања во 2023 година, кои одговарале на прашања за аспектите на патувањата со авион кои предизвикуваат стрес, како што се големиот број патници, преполните аеродроми, честите доцнења и оддалеченоста на аеродромот од центарот на градот.

The post Лондонскиот „Гетвик“ е најстресниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>
„Кои се овие луѓе??“: Нема дилеми кој е виновен што вака изгледа плажата во Сутоморе https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/koi-se-ovie-luge-nema-dilemi-koj-e-vinoven-shto-vaka-izgleda-plazhata-vo-sutomore/ Thu, 24 Aug 2023 14:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=675394

Инстаграм профилот за вести од Црна Гора, „Podgoricki_vremeplov“, сподели видео направено деновиве во Сутоморе, на кое се гледа како куп ѓубре, пластични шишиња и друг отпад се излева на плажата Тунел. Истовремено, плажата е преполна со капачи, врз кои се излеа сиот гнев на коментаторите кои ги обвинуваат за ваквата состојба, пишува „Нова.рс“.

Дали е можно ова да го направиле од оваа плажа?!? Кои се овие луѓе???? Не ми се верува! Порано доаѓав овде, вакво нешто не се случило, ова не се мештаните, вели еден од коментарите.

И додека видеото предизвика дискусиија за тоа дали посетителите или надлежните служби се виновни за таложењето смет, објаснувањето за оваа непријатна глетка е дека, не се работи за уредена плажа, а комуналниот пристап е тежок, бидејќи до неа води тесен тунел.

Затоа постојано се апелира до посетителите да не оставаат ѓубре зад себе, но – се чини дека е неуспешно.

Тунел плажата може да биде чиста само ако посетителите го носат својот отпад со себе. Во спротивно е целосно недостапно за комуналии. Факт е дека на Сутоморе му недостигаат корпи за отпадоци и не може сѐ да им се припише на гостите, напишале во коментарите.

The post „Кои се овие луѓе??“: Нема дилеми кој е виновен што вака изгледа плажата во Сутоморе appeared first on Република.

]]>

Инстаграм профилот за вести од Црна Гора, „Podgoricki_vremeplov“, сподели видео направено деновиве во Сутоморе, на кое се гледа како куп ѓубре, пластични шишиња и друг отпад се излева на плажата Тунел. Истовремено, плажата е преполна со капачи, врз кои се излеа сиот гнев на коментаторите кои ги обвинуваат за ваквата состојба, пишува „Нова.рс“.
Дали е можно ова да го направиле од оваа плажа?!? Кои се овие луѓе???? Не ми се верува! Порано доаѓав овде, вакво нешто не се случило, ова не се мештаните, вели еден од коментарите.
И додека видеото предизвика дискусиија за тоа дали посетителите или надлежните служби се виновни за таложењето смет, објаснувањето за оваа непријатна глетка е дека, не се работи за уредена плажа, а комуналниот пристап е тежок, бидејќи до неа води тесен тунел. Затоа постојано се апелира до посетителите да не оставаат ѓубре зад себе, но – се чини дека е неуспешно.
Тунел плажата може да биде чиста само ако посетителите го носат својот отпад со себе. Во спротивно е целосно недостапно за комуналии. Факт е дека на Сутоморе му недостигаат корпи за отпадоци и не може сѐ да им се припише на гостите, напишале во коментарите.

The post „Кои се овие луѓе??“: Нема дилеми кој е виновен што вака изгледа плажата во Сутоморе appeared first on Република.

]]>
За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/za-vlez-vo-eu-kje-se-naplakja-po-7-evra-od-noemvri-namesto-od-maj-idnata-godina/ Mon, 08 Aug 2022 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=538001

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023.

ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат.

Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора.

Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) го одложи почетокот на примената на Европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС), според кој патниците надвор од ЕУ ќе плаќаат седум евра за влез. Овој систем ќе почне да се применува од ноември 2023, а не како што беше најавено во мај 2023. ЕТИАС е систем наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ. Жителите надвор од ЕУ, меѓу кои и Македонците, ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини седум евра. Пријавувањето ќе се врши со пополнување на краток онлајн-формулар и прикачување фотографија од пасош. Сите посетители на возраст од 18 до 70 години кои пристигнуваат во ЕУ од странство ќе мора да аплицираат за престој во рамките на Шенген преку ЕТИАС и да платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за БиХ, Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора. Плановите за воведување на ЕТИАС се во сила веќе неколку години, а неговата цел е да се воспостави подобар систем за надзор на шенгенските граници преку претходна проверка на патниците. Шенген ги вклучува повеќето земји-членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

The post За влез во ЕУ ќе се наплаќа по 7 евра од ноември наместо од мај идната година appeared first on Република.

]]>
За само 24 часа од земјава излегле над 8.000 туристи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-samo-24-chasa-od-zemjava-izlegle-nad-8-000-turisti/ Sat, 21 May 2022 19:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=505286

Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 минути и еден час, изјавија за МИА од дежурната гранична служба.

И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија.

За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради незапазување на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво.

Од дежурната гранична служба посочија дека во моментот е празен ГП Богородица и дека не се чека повеќе од пет минути на излез од земјата .Релаксирана е ситуацијата и на ГП Евзони.

The post За само 24 часа од земјава излегле над 8.000 туристи appeared first on Република.

]]>

Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 минути и еден час, изјавија за МИА од дежурната гранична служба. И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија. За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради незапазување на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво. Од дежурната гранична служба посочија дека во моментот е празен ГП Богородица и дека не се чека повеќе од пет минути на излез од земјата .Релаксирана е ситуацијата и на ГП Евзони.

The post За само 24 часа од земјава излегле над 8.000 туристи appeared first on Република.

]]>
Коронавирусот повторно ги приземјува авионите, британските авиокомпании ги откажаа летовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koronavirusot-povtorno-gi-prizemjuva-avionite-britanskite-aviokompanii-gi-otkazaa-letovite/ Mon, 04 Apr 2022 10:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=483049

Последниот бран на Ковид-19 во Британија ги принуди авиокомпаниите, вклучувајќи ги Easy Jet и British Airways, да откажат стотици летови во последните неколку дена, бидејќи бројот на заболени членови на екипажот на авионите продолжува да расте.

Претходно оваа година, Англија ги укина сите ограничувања за коронавирусот, вклучително и законската обврска за самоизолација кога тестот е позитивен и потребата да се носат маски на јавни места, потсети „Ројтерс“.

Бројот на случаи на Ковид-19 во Велика Британија почна да расте на почетокот на минатиот месец, а до крајот на неделата на 26 март се веруваше дека едно од 13 луѓе е позитивно на коронавирусот, што е највисока бројка од пандемијата.

The post Коронавирусот повторно ги приземјува авионите, британските авиокомпании ги откажаа летовите appeared first on Република.

]]>

Последниот бран на Ковид-19 во Британија ги принуди авиокомпаниите, вклучувајќи ги Easy Jet и British Airways, да откажат стотици летови во последните неколку дена, бидејќи бројот на заболени членови на екипажот на авионите продолжува да расте. Претходно оваа година, Англија ги укина сите ограничувања за коронавирусот, вклучително и законската обврска за самоизолација кога тестот е позитивен и потребата да се носат маски на јавни места, потсети „Ројтерс“. Бројот на случаи на Ковид-19 во Велика Британија почна да расте на почетокот на минатиот месец, а до крајот на неделата на 26 март се веруваше дека едно од 13 луѓе е позитивно на коронавирусот, што е највисока бројка од пандемијата.

The post Коронавирусот повторно ги приземјува авионите, британските авиокомпании ги откажаа летовите appeared first on Република.

]]>