патувачко кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvachko-kino/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 12:39:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патувачко кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patuvachko-kino/ 32 32 Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/film/patuvachkoto-kino-na-makedoks-deneska-vo-bitola/ Sat, 10 Aug 2024 14:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=805215

Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче.

Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни.
На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.
Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија.
Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.
МакеДокс магаренцето во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско.

Годинава магаренцето ќе се растовари во:

  • Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
  • Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело

Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување!

The post Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола appeared first on Република.

]]>

Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче. Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе. Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни. МакеДокс магаренцето во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско.   Годинава магаренцето ќе се растовари во:
  • Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
  • Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело
Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување!

The post Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола appeared first on Република.

]]>
Успешна презентација на Патувачкото кино на „МакеДокс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nad-350-posetiteli-privleche-patuvachkoto-kino-na-makedoks/ Wed, 20 Sep 2023 20:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=683591

Проекцијата на документарни филмови во Горно Оризари, со над 350 присутни посетители, беше круна на активностите на 14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“, кое од 14 до 17 септември беше во областа Азот во велешкиот реон.

На последната вечер, на 17 септември, Патувачкото кино премиерно го прикажа документарниот филм „Историјата на Оризари“ во продукција на Здружението на граѓани „Гласот на Оризари“. Филмот ја прикажува преселбата на Санџаклиите во селото Горно Оризари со изјави од постарите жители на селото, но и со вклучување на помладите генерации, кои зборуваат за животот во населбата. Сценариото на филмот е на Семир Алимов, монтажата на Елмин Каришиќ, а наратор е Енвер Карталовиќ. По документарниот филм беа прикажани три кратки анимирани филмови за младата публика во Горно Оризари.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава се одржа во светиниколскиот реон од 8 до 11 септември со проекции во Свети Николе, с. Горобинци, с. Ерџелија и с. Мустафино, а потоа продолжи во велешкиот реон од 14 до 17 септември со проекции во с. Чашка, с. Теово, с. Богомила и с. Горно Оризари. На проекциите во Чашка и Богомила имаше по 50-ина гледачи кои имаа можност да проследат проекции на анимирани и кратки документарни филмови од програмата на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Филмската проекција во селото Теово на 15 септември беше реализирана во два сегменти. Како новитет во програмата на Патувачкото кино во првиот сегмент беа промовирани осум видеоспотови направени на песни од музичкиот албум „Вознесено“ (Ascend) на бардот на македонската и екс-Ју музичката сцена Горан Таневски, поранешен вокал на култната група „Мизар“. На проекцијата беа присутни мештани од селото, но имаше и публика од Скопје дојдена на промоцијата на албумот.

Со истата возбуда со која ги следите проекциите на Патувачкото кино имаме уникатна можност да ги проследиме и видеоостварувањата за песните на Горан Таневски, чиј длабок вокал остави силни траги во македонската музичка историја. Со албумот „Вознесено“ тој испраќа порака дека секој уметник и секој човек треба да настојува секогаш да се издигнува себеси барем едно ниво повеќе од тоа што е и на тој начин да го даде својот креативен придонес на светот и на векот“, изјави новинарот Тони Димков на промоцијата во Теово.

Во музички стил, во вториот сегмент на проекцијата во Теово беше прикажан креативниот документарен филм „Мојот превртен свет“ на режисерката Петра Селишкар и кинематограферот Бранд Ферро во продукција на „Петра Пан Филм Продукција“ (Словенија), ППФП (Македонија) и „Рестарт“ (Хрватска).

14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“ оваа година оствари исклучително успешна мисија. На проекциите беа присутни над 900 посетители во осумте населени места во двата реони, а како преднастан имаше проекција и покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“. Од оваа година Патувачкото кино почна и со новата програмска активност на собирање мемориска граѓа од постарите жители во посетените села.

Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава. Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм и од „МакеДокс“.

The post Успешна презентација на Патувачкото кино на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Проекцијата на документарни филмови во Горно Оризари, со над 350 присутни посетители, беше круна на активностите на 14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“, кое од 14 до 17 септември беше во областа Азот во велешкиот реон. На последната вечер, на 17 септември, Патувачкото кино премиерно го прикажа документарниот филм „Историјата на Оризари“ во продукција на Здружението на граѓани „Гласот на Оризари“. Филмот ја прикажува преселбата на Санџаклиите во селото Горно Оризари со изјави од постарите жители на селото, но и со вклучување на помладите генерации, кои зборуваат за животот во населбата. Сценариото на филмот е на Семир Алимов, монтажата на Елмин Каришиќ, а наратор е Енвер Карталовиќ. По документарниот филм беа прикажани три кратки анимирани филмови за младата публика во Горно Оризари. Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава се одржа во светиниколскиот реон од 8 до 11 септември со проекции во Свети Николе, с. Горобинци, с. Ерџелија и с. Мустафино, а потоа продолжи во велешкиот реон од 14 до 17 септември со проекции во с. Чашка, с. Теово, с. Богомила и с. Горно Оризари. На проекциите во Чашка и Богомила имаше по 50-ина гледачи кои имаа можност да проследат проекции на анимирани и кратки документарни филмови од програмата на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Филмската проекција во селото Теово на 15 септември беше реализирана во два сегменти. Како новитет во програмата на Патувачкото кино во првиот сегмент беа промовирани осум видеоспотови направени на песни од музичкиот албум „Вознесено“ (Ascend) на бардот на македонската и екс-Ју музичката сцена Горан Таневски, поранешен вокал на култната група „Мизар“. На проекцијата беа присутни мештани од селото, но имаше и публика од Скопје дојдена на промоцијата на албумот.
Со истата возбуда со која ги следите проекциите на Патувачкото кино имаме уникатна можност да ги проследиме и видеоостварувањата за песните на Горан Таневски, чиј длабок вокал остави силни траги во македонската музичка историја. Со албумот „Вознесено“ тој испраќа порака дека секој уметник и секој човек треба да настојува секогаш да се издигнува себеси барем едно ниво повеќе од тоа што е и на тој начин да го даде својот креативен придонес на светот и на векот“, изјави новинарот Тони Димков на промоцијата во Теово.
Во музички стил, во вториот сегмент на проекцијата во Теово беше прикажан креативниот документарен филм „Мојот превртен свет“ на режисерката Петра Селишкар и кинематограферот Бранд Ферро во продукција на „Петра Пан Филм Продукција“ (Словенија), ППФП (Македонија) и „Рестарт“ (Хрватска). 14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“ оваа година оствари исклучително успешна мисија. На проекциите беа присутни над 900 посетители во осумте населени места во двата реони, а како преднастан имаше проекција и покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“. Од оваа година Патувачкото кино почна и со новата програмска активност на собирање мемориска граѓа од постарите жители во посетените села. Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава. Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм и од „МакеДокс“.

The post Успешна презентација на Патувачкото кино на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Почнува патувачкото кино на „МакеДокс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-patuvachkoto-kino-na-makedoks-2/ Tue, 05 Sep 2023 10:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=678944

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ ги почна активностите поврзани со Патувачкото кино, кое е во симбиоза со Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. После низа различни формати кои беа предизвикани од надворешни фактори (ковид-пандемија), Патувачкото кино се враќа во својот стандарден формат на реализација по завршувањето на фестивалот „МакеДокс“, кој годинава се одржа од 17 до 24 август во Скопје.

Два нови момента се присутни на годинашното Патувачко кино, а тоа се преднастанот, што се одржа на 26 август покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“, каде беа прикажани два креативни документарни филмови и со што почна Патувачкото кино, додека вториот новитет ќе се случи пред филмската проекција во селото Теово на 15 септември, кога ќе биде промовиран музички албум на бард на македонската и екс-Ју музичката сцена.

Филмската програма на 14-то Патувачко кино на „МакеДокс“ ќе се прикаже во два термина од 8 до 11 септември во регионот околу Свети Николе и од 14 до 17 септември во велешкиот регион.

Во овие 14 години успеавме да направиме мост помеѓу урбаното и локалното население во речиси 100-ина села и помали градови низ цела Македонија, овозможивме пошироката јавност да се запознае со културните слоеви на руралните средини, а истовремено успеавме таму да однесеме нови културолошки вредности. Од оваа година фокусот на Патувачкото кино ќе биде ставен на прибирање мемориска граѓа од постари лица во населените места каде што ќе се одржуваат проекциите – посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на Патувачкото кино.

Филмските проекции под отворено небо на годинашното Патувачко кино ќе се одржат во Свети Николе, на 8 септември, с. Горобинци (9 септември), Ерџелија (10 септември) и Мустафино (11 септември) во светиниколскиот регион, додека во велешкиот регион на 14 септември ќе има проекција во с. Чашка, на 15 септември во с. Теово проследена со музичка промоција, на 16 септември во с. Богомила и на 17 септември во селото Горно Оризари. Проекциите на сите локации почнуваат во 19.30 часот, а влезот е слободен.

Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава.

The post Почнува патувачкото кино на „МакеДокс“ appeared first on Република.

Втората етапа на Патувачкото кино на „МакеДокс“ е од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vtorata-etapa-na-patuvachkoto-kino-na-makedoks-e-od-12-do-19-septemvri-vo-prespanskiot-region/ Wed, 31 Aug 2022 13:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=546107

По завршување на 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, следи втората етапа на Патувачкото кино кое ќе се одржи од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион, а поддржувачи се Агенцијата за филм и Националната фондација за демократија од Вашингтон, сопштија од „МакеДокс“.

Во текот на септември екипата на „МакеДокс“ ќе работи на нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата. Во декември ќе почне и програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн ќе бидат прикажани победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“.

Во своето 13-то издание фестивалот „МакеДокс“ почна на 18 и заврши на 25 август. Во текот на осумдневното „лупење идеи“ беа прикажани 71 документарен филм во сите категории, дојдоа 83 гости од странство, се одржаа неколку сесии „Разговори под смоквата“ и многу Q/A разговори на филмските автори со публиката.

Посебно задоволство беше да се слуша мастеркласот на почесната гостинка Хелена Тшештикова, како и да се види фокусот на чешката документаристика. Данскиот консултант за документарни филмови, Туе Стен Милер, задоволно „триеше раце“ по одржувањето на работилницата за развој на идеи.

Во филмскиот сегмент беа доделени пет награди и четири специјални признанија, додека во индустрискиот дел се одржа четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот. Меѓу 11-те проекти што учествуваа на форумот беа доделени награди на проекти во развој. Проектите „I Have Never Been On An Airplane“ од Косово, „Prespes Symphony“ од Грција и „The 50TH and 1/2 State“ од Косово добија награда од мрежата „Doc Around Europe“, проектот „Hold Still“ (Турција, Франција) доби награда од Документарната асоцијација на Европа, додека наградата „Pitch the Doc“ ја добија проектите „The 50TH and 1/2 State“ (Косово) и „Punk Under Communist Regime“, копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Србија.

The post Втората етапа на Патувачкото кино на „МакеДокс“ е од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион appeared first on Република.

]]>

По завршување на 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, следи втората етапа на Патувачкото кино кое ќе се одржи од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион, а поддржувачи се Агенцијата за филм и Националната фондација за демократија од Вашингтон, сопштија од „МакеДокс“. Во текот на септември екипата на „МакеДокс“ ќе работи на нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата. Во декември ќе почне и програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн ќе бидат прикажани победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“. Во своето 13-то издание фестивалот „МакеДокс“ почна на 18 и заврши на 25 август. Во текот на осумдневното „лупење идеи“ беа прикажани 71 документарен филм во сите категории, дојдоа 83 гости од странство, се одржаа неколку сесии „Разговори под смоквата“ и многу Q/A разговори на филмските автори со публиката. Посебно задоволство беше да се слуша мастеркласот на почесната гостинка Хелена Тшештикова, како и да се види фокусот на чешката документаристика. Данскиот консултант за документарни филмови, Туе Стен Милер, задоволно „триеше раце“ по одржувањето на работилницата за развој на идеи. Во филмскиот сегмент беа доделени пет награди и четири специјални признанија, додека во индустрискиот дел се одржа четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот. Меѓу 11-те проекти што учествуваа на форумот беа доделени награди на проекти во развој. Проектите „I Have Never Been On An Airplane“ од Косово, „Prespes Symphony“ од Грција и „The 50TH and 1/2 State“ од Косово добија награда од мрежата „Doc Around Europe“, проектот „Hold Still“ (Турција, Франција) доби награда од Документарната асоцијација на Европа, додека наградата „Pitch the Doc“ ја добија проектите „The 50TH and 1/2 State“ (Косово) и „Punk Under Communist Regime“, копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Србија.  

The post Втората етапа на Патувачкото кино на „МакеДокс“ е од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион appeared first on Република.

]]>
Заврши првиот дел од Патувачкото кино на МакеДокс https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-prviot-del-od-patuvachkoto-kino-na-makedoks/ Tue, 26 Jul 2022 09:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=533309

Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион.

Магаренцето посети пет села во струмичкиот регион. Првата проекција беше на 18 јули во Василево, втората на 19 јули во Вељуса, третата на 21 јули во Моноспитово, четвртата на 22 јули во Босилово и петтата на 23 јули во Габрово.

За време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ успешно се одржа првата сесија со новата генерација на млади документаристи – „Докуникулци“.

Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе продолжи во септември во преспанскиот регион.

Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

The post Заврши првиот дел од Патувачкото кино на МакеДокс appeared first on Република.

]]>

Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион. Магаренцето посети пет села во струмичкиот регион. Првата проекција беше на 18 јули во Василево, втората на 19 јули во Вељуса, третата на 21 јули во Моноспитово, четвртата на 22 јули во Босилово и петтата на 23 јули во Габрово. За време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ успешно се одржа првата сесија со новата генерација на млади документаристи – „Докуникулци“. Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе продолжи во септември во преспанскиот регион. Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

The post Заврши првиот дел од Патувачкото кино на МакеДокс appeared first on Република.

]]>
Патувачкото кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион: Проекции во селата Василево, Вељуса, Босилово и Габрово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/patuvachkoto-kino-na-makedoks-niz-strumichkiot-region-proekcii-vo-selata-vasilevo-veljusa-bosilovo-i-gabrovo/ Fri, 22 Jul 2022 08:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=532038

Почна првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион. Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Жителите на село Василево случајно дознаа за одржувањето на киното во школскиот двор, но сепак, масовно се придружија.

Втората проекција на Патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето. Мештаните веќе беа запознаени и известени за доаѓањето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и го очекуваа да пристигне.

Тие ни кажаа дека порано се одржувале филмски проекции во Домот за култура, кој е сега распаднат и не функционира. Постарите жители се присетија на времето кога биле млади и оделе на кино проекции, дури и по дозволеното време за излегување од родителите. Проекцијата во Вељуса беше проследена од многубројна публика од сите возрасни групи – истакнуваат од екипата на Патувачкото кино.

Наредните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе се одржат во следните термини:

21.07. - Моноспитово

22.07. - Босилово

23.07. - Габрово

*Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

На 19.07. почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023та година.

Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово.

The post Патувачкото кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион: Проекции во селата Василево, Вељуса, Босилово и Габрово appeared first on Република.

]]>

Почна првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион. Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Жителите на село Василево случајно дознаа за одржувањето на киното во школскиот двор, но сепак, масовно се придружија. Втората проекција на Патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето. Мештаните веќе беа запознаени и известени за доаѓањето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и го очекуваа да пристигне.
Тие ни кажаа дека порано се одржувале филмски проекции во Домот за култура, кој е сега распаднат и не функционира. Постарите жители се присетија на времето кога биле млади и оделе на кино проекции, дури и по дозволеното време за излегување од родителите. Проекцијата во Вељуса беше проследена од многубројна публика од сите возрасни групи – истакнуваат од екипата на Патувачкото кино.
  Наредните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе се одржат во следните термини: 21.07. - Моноспитово 22.07. - Босилово 23.07. - Габрово   *Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.   На 19.07. почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023та година.   Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.   Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово.

The post Патувачкото кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион: Проекции во селата Василево, Вељуса, Босилово и Габрово appeared first on Република.

]]>
Патувачко кино на „МакеДокс“ стартува в понеделник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/patuvachko-kino-na-makedoks-startuva-v-ponedelnik/ Sat, 16 Jul 2022 21:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=530121

Патувачкото кино на „МакеДокс“ в понеделник го започнува тринаесеттото патување кое ќе се одржи во два дела. Првиот дел од 18 до 24 јули ќе се реализира во Струмичкиот регион, додека вториот дел е во септември во Преспанскиот регион.

Од „МакеДокс“ посочуваат дека проекциите во понеделник ќе започнат во селото Пиперево, по што Патувачкото кино ќе продолжи во Вељуса (19 јули) во Моноспитово –21 јули, во Босилово (22 јули) и Габрово (23 јули).

Сите проекции се бесплатни и ќе започнат во 21 часот.

Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од 20. век. Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одсекот на македонскиот петвековен крик – приказната за првото модерно киднапирање во светот, велат од „МакеДокс“.

Во рамки на Патувачкото кино ќе се одржи и првата сесија од четвртата генерација на школата за млади документаристи – „ДокуНикулци“. Тие на Патувачкото кино ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“.

Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, Националната фондација за демократија од Вашингтон и општините Струмица, Босилово и Василево.

The post Патувачко кино на „МакеДокс“ стартува в понеделник appeared first on Република.

]]>

Патувачкото кино на „МакеДокс“ в понеделник го започнува тринаесеттото патување кое ќе се одржи во два дела. Првиот дел од 18 до 24 јули ќе се реализира во Струмичкиот регион, додека вториот дел е во септември во Преспанскиот регион. Од „МакеДокс“ посочуваат дека проекциите во понеделник ќе започнат во селото Пиперево, по што Патувачкото кино ќе продолжи во Вељуса (19 јули) во Моноспитово –21 јули, во Босилово (22 јули) и Габрово (23 јули). Сите проекции се бесплатни и ќе започнат во 21 часот.
Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од 20. век. Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одсекот на македонскиот петвековен крик – приказната за првото модерно киднапирање во светот, велат од „МакеДокс“.
Во рамки на Патувачкото кино ќе се одржи и првата сесија од четвртата генерација на школата за млади документаристи – „ДокуНикулци“. Тие на Патувачкото кино ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“. Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, Националната фондација за демократија од Вашингтон и општините Струмица, Босилово и Василево.

The post Патувачко кино на „МакеДокс“ стартува в понеделник appeared first on Република.

]]>