патроли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patroli/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Aug 2023 16:46:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патроли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patroli/ 32 32 Албанија: Во најпосетуваните туристички места заеднички албанско-италијански патроли https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-vo-najposetuvanite-turistichki-mesta-zaednichki-albansko-italijanski-patroli/ Tue, 01 Aug 2023 16:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=667721

За време на годинешната летна сезона во туристичките места на Албанија во служба на посетителите се заеднички италијанско-албански патроли.

Со цел да се обезбеди подобра помош за италијанските туристи, чиј број е во постојан раст од 2018 година, министерствата за внатрешни работи на двете земји одлучија да вршат заеднички патроли во главните крајбрежни градови Драч, Валона, Химара и Саранда, објави на Фејсбук Таулант Бала, албански министер за внатрешни работи.

Тој додаде дека полицајците се ангажирани да ги олеснат контактите на сонародниците со албанските власти и италијанските дипломатско-конзуларни претставништва во Албанија.

Албанско-италијанските патроли почнуваа со патролирање минатата недела, за разлика од албанско-косовските кои активни се од први јули, кога почнува зголемена фреквенција на косовски туристи, па се до 31 август. Овие патроли почнаа да функционираат од летото 2015 година.

Освен на крајбрежјето припадници на косовската сообраќајна полиција заедно со албанските колеги патролираат и на автопатот граничен премин Морина кај Кукс па се до Тирана и Драч.

Во Албанија традиционално најбројни се косовските туристи. Според официјалната статистика нивниот број во периодот јануари-јуни е над 1,3 милиони од вкупно 3,4 милиони колку што престојувале во оваа земја.

The post Албанија: Во најпосетуваните туристички места заеднички албанско-италијански патроли appeared first on Република.

]]>

За време на годинешната летна сезона во туристичките места на Албанија во служба на посетителите се заеднички италијанско-албански патроли. Со цел да се обезбеди подобра помош за италијанските туристи, чиј број е во постојан раст од 2018 година, министерствата за внатрешни работи на двете земји одлучија да вршат заеднички патроли во главните крајбрежни градови Драч, Валона, Химара и Саранда, објави на Фејсбук Таулант Бала, албански министер за внатрешни работи. Тој додаде дека полицајците се ангажирани да ги олеснат контактите на сонародниците со албанските власти и италијанските дипломатско-конзуларни претставништва во Албанија. Албанско-италијанските патроли почнуваа со патролирање минатата недела, за разлика од албанско-косовските кои активни се од први јули, кога почнува зголемена фреквенција на косовски туристи, па се до 31 август. Овие патроли почнаа да функционираат од летото 2015 година. Освен на крајбрежјето припадници на косовската сообраќајна полиција заедно со албанските колеги патролираат и на автопатот граничен премин Морина кај Кукс па се до Тирана и Драч. Во Албанија традиционално најбројни се косовските туристи. Според официјалната статистика нивниот број во периодот јануари-јуни е над 1,3 милиони од вкупно 3,4 милиони колку што престојувале во оваа земја.

The post Албанија: Во најпосетуваните туристички места заеднички албанско-италијански патроли appeared first on Република.

]]>
КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-go-zgolemi-prisustvoto-i-patroliranjeto-na-kosovsko-srpskata-granica/ Wed, 17 Aug 2022 09:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=541285

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, го зголеми присуството и патролирањето во северно Косово, на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, со цел да ја зајакне свеста за ситуацијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмениот одговор на канцеларијата за односи со јавност на КФОР, упатен до порталот на српски јазик „Косово онлајн“, се наведува дека мерките се преземени со цел да му се овозможи на КФОР брзо да реагира на сите безбедносни предизвици.

Сакаме секого да увериме дека КФОР е подготвен да интервенира ако биде потребно, се вели во одговорот на прашањето на порталот упатено по повод забележителното зголемување на присуството на КФОР на граница и доаѓањето на два џипа на Косовските безбедносни сили на преминот Јариње.

КФОР исто така напоменува дека неговиот мандат, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, е да обезбеди сигурно и безбедно окружување и слобода на движењето за сите луѓе во Косово.

За да ги изврши своите задачи, КФОР одржува видлив и подвижен став на теренот, наведува прес-службата на мисијата.

Раздвиженоста на КФОР на косовско-српската граница се случува во пресрет на 1 септември, кога треба да почне да се спроведуваат одлуките на косовските власти за промена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава.

Одлуките требаше да почнат да се спроведуваат на 1 август, меѓутоа Владата на Албин Курти, на барање и на западните дипломати, пред сé на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, ги одложи за еден месец, откако на 31 јули од страна на косовските Срби беа организирани протести и блокади на патиштата во близина на границата со Србија.

The post КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница appeared first on Република.

]]>

Меѓународната воена мисија во Косово, КФОР, го зголеми присуството и патролирањето во северно Косово, на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, со цел да ја зајакне свеста за ситуацијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмениот одговор на канцеларијата за односи со јавност на КФОР, упатен до порталот на српски јазик „Косово онлајн“, се наведува дека мерките се преземени со цел да му се овозможи на КФОР брзо да реагира на сите безбедносни предизвици. Сакаме секого да увериме дека КФОР е подготвен да интервенира ако биде потребно, се вели во одговорот на прашањето на порталот упатено по повод забележителното зголемување на присуството на КФОР на граница и доаѓањето на два џипа на Косовските безбедносни сили на преминот Јариње. КФОР исто така напоменува дека неговиот мандат, кој произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, е да обезбеди сигурно и безбедно окружување и слобода на движењето за сите луѓе во Косово. За да ги изврши своите задачи, КФОР одржува видлив и подвижен став на теренот, наведува прес-службата на мисијата. Раздвиженоста на КФОР на косовско-српската граница се случува во пресрет на 1 септември, кога треба да почне да се спроведуваат одлуките на косовските власти за промена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на патните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава. Одлуките требаше да почнат да се спроведуваат на 1 август, меѓутоа Владата на Албин Курти, на барање и на западните дипломати, пред сé на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, ги одложи за еден месец, откако на 31 јули од страна на косовските Срби беа организирани протести и блокади на патиштата во близина на границата со Србија.

The post КФОР го зголеми присуството и патролирањето на косовско-српската граница appeared first on Република.

]]>
Малолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-so-elektro-shok-naprava-i-metalen-pendrek-zateknat-vo-ugostitelski-objekt-vo-struga/ Mon, 25 Jul 2022 14:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=533018

При мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, што викендот се реализираа во Струга, се затекнати малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, а кај еден од нив се пронајдени и одземени електро-шок направа и метален пендрек.

При контролите во рамките на превентивната кампања „Соседска патрола“, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во периодот од 22 до 2 часот по полноќ била направена обиколка низ угостителските објекти и на отворен простор, каде што во ноќните часови младите најчесто се собираат и се задржуваат.

„Притоа, кај еден малолетник, се пронајдени и одземени една електро-шок направа и метален пендрек, по што е повикан неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, изјави Димоски.

Целта на кампањата, додаде тој, е родителите да видат какви се условите каде што излегуваат нивните деца, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

„Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред сѐ, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, рече Димоски.

The post Малолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во Струга appeared first on Република.

]]>

При мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, што викендот се реализираа во Струга, се затекнати малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, а кај еден од нив се пронајдени и одземени електро-шок направа и метален пендрек. При контролите во рамките на превентивната кампања „Соседска патрола“, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во периодот од 22 до 2 часот по полноќ била направена обиколка низ угостителските објекти и на отворен простор, каде што во ноќните часови младите најчесто се собираат и се задржуваат.
„Притоа, кај еден малолетник, се пронајдени и одземени една електро-шок направа и метален пендрек, по што е повикан неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, изјави Димоски.
Целта на кампањата, додаде тој, е родителите да видат какви се условите каде што излегуваат нивните деца, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
„Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред сѐ, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“, рече Димоски.

The post Малолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во Струга appeared first on Република.

]]>