Патријархот Вартоломеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarhot-vartolomej/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 06:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Патријархот Вартоломеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarhot-vartolomej/ 32 32 Денеска нова богослужба на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија во црквата „Св. Тројца“ на плоштадот Таксим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-nova-bogosluzba-na-mpc-oa-so-vselenskata-patrijarshija-vo-crkvata-sv-trojca-na-ploshtadot-taksim/ Mon, 13 Jun 2022 06:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=514255

Со искажана радост за воспоставеното богослужбено и канонско единство на Охридската Архиепископија со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вчера во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул се одржа првата заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на екуменскиот патријарх Вартоломеј и архепископот Стефан по повод празникот Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата, како централен настан од неколкуденвната посета на нашата црковна делегација на Вселенската Патријаршија.

Во реакција на литургијата, на која архиепископот Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со патријарх Вартоломеј и архиереите на Вселенската Патријаршија, претседателот на државата Стево Пендаровски оцени дека бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја, со што нашата Црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на Литургијата и на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“, оцени дека вчерашниот е голем историски ден, затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија и е исправена една голема историска неправда.

Петдневната посета на Фанар на црковната делегација, предводена од поглаварот на Охридската архиепископија, архиепископот Стефан, а во чиј состав се и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец“, завршува денеска со богослужба во црквата „Св. Тројца“ близу плоштадот Таксим во Истанбул.

Богослужбата ќе ја одржи г. Стефан во сослужеништво на владици на Охридската архиепископија, а на неа на тронот ќе стои не служејќи и патријархот Вартоломеј, односно тој ќе присуствува на литургија што ќе ја служи нашиот архиепископ.

Во обраќањето по завршувањето на вчерашната Патријаршиска и синодална света литургија, архиепископот Стефан испрати порака до патријархот Вартоломеј за добивање автокефален статус на Охридската архиепископија, нагалсаувајќи дека кај него се „принадлежностите и правата за доделување автокефалност“.

– Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква. Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г. Стефан.

Тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство.

– При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан.

Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“.

– На денешниот Празник, ние, членовите на Охридската Архиепископија, почувствувавме дека не сме сираци, туку, откако се најдовме во татковската прегратка на Неговата сесветост, возљубениот патријарх г. Вартоломеј, прифатени и возљубени, сослужуваме со приносителот на денешната заедничка жртва од „сите и за сè“, учествуваме во смислата на таинството на Педесетницата кога Божјата благодат се разделува неразделно меѓу разделените, додаде г. Стефан.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна по литургијата изјави дека на крајот на денешното историско сослужување во „сечесниот Патријаршиски Храм, го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“.

– Особено се радуваме за личното присуство на превосходниот претседател на Владата на Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј.

Тој изрази верба дека овој настан значи целосно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи во Сеправославниот свет.

На вчершната литургија покрај премиерот Ковачевски, која и ја предводеше владината делегација во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, присуствуваа и пратеници во Собранието и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин.

 

Патријархот Вартоломеј, од своја страна, посочи дека добил покана од премиерот Ковачевски да ја посети нашата земја и изрази надеж дека „во еден момент ќе ја има радоста да оствари една таква посета, возвраќајќи му на неговата денешна посета во центарот на Православието“.

Тој додаде дека во текот на овие 30 години откако е патријарх, добивал покани од наши претседатели и премиери да ја посети земјава, но секогаш кажувал дека таа не може да се реализира се додека не се оствари заедницата меѓу Вселенската и нашата Црква.

– И ете Бог благослови да ја имаме таа заедница и денеска да се причестиме од истиот путир и се надеваме ќе ја имаме таа прилика за посета. На овој голем историски ден го испраќам благословот кон благочестивиот народ на Македонија, посакувам вашата земја да стане член на Европската Унија. Од страна на Вселенската патријаршија ве прегрнувам сите вас со родителска грижа и љубов, порача г. Вартоломеј.

The post Денеска нова богослужба на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија во црквата „Св. Тројца“ на плоштадот Таксим appeared first on Република.

]]>

Со искажана радост за воспоставеното богослужбено и канонско единство на Охридската Архиепископија со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вчера во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул се одржа првата заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на екуменскиот патријарх Вартоломеј и архепископот Стефан по повод празникот Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата, како централен настан од неколкуденвната посета на нашата црковна делегација на Вселенската Патријаршија. Во реакција на литургијата, на која архиепископот Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со патријарх Вартоломеј и архиереите на Вселенската Патријаршија, претседателот на државата Стево Пендаровски оцени дека бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја, со што нашата Црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на Литургијата и на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“, оцени дека вчерашниот е голем историски ден, затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија и е исправена една голема историска неправда. Петдневната посета на Фанар на црковната делегација, предводена од поглаварот на Охридската архиепископија, архиепископот Стефан, а во чиј состав се и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец“, завршува денеска со богослужба во црквата „Св. Тројца“ близу плоштадот Таксим во Истанбул. Богослужбата ќе ја одржи г. Стефан во сослужеништво на владици на Охридската архиепископија, а на неа на тронот ќе стои не служејќи и патријархот Вартоломеј, односно тој ќе присуствува на литургија што ќе ја служи нашиот архиепископ. Во обраќањето по завршувањето на вчерашната Патријаршиска и синодална света литургија, архиепископот Стефан испрати порака до патријархот Вартоломеј за добивање автокефален статус на Охридската архиепископија, нагалсаувајќи дека кај него се „принадлежностите и правата за доделување автокефалност“.
– Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква. Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г. Стефан.
Тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство. – При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан. Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“.
– На денешниот Празник, ние, членовите на Охридската Архиепископија, почувствувавме дека не сме сираци, туку, откако се најдовме во татковската прегратка на Неговата сесветост, возљубениот патријарх г. Вартоломеј, прифатени и возљубени, сослужуваме со приносителот на денешната заедничка жртва од „сите и за сè“, учествуваме во смислата на таинството на Педесетницата кога Божјата благодат се разделува неразделно меѓу разделените, додаде г. Стефан.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна по литургијата изјави дека на крајот на денешното историско сослужување во „сечесниот Патријаршиски Храм, го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“. – Особено се радуваме за личното присуство на превосходниот претседател на Владата на Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј. Тој изрази верба дека овој настан значи целосно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи во Сеправославниот свет. На вчершната литургија покрај премиерот Ковачевски, која и ја предводеше владината делегација во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, присуствуваа и пратеници во Собранието и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин.   Патријархот Вартоломеј, од своја страна, посочи дека добил покана од премиерот Ковачевски да ја посети нашата земја и изрази надеж дека „во еден момент ќе ја има радоста да оствари една таква посета, возвраќајќи му на неговата денешна посета во центарот на Православието“. Тој додаде дека во текот на овие 30 години откако е патријарх, добивал покани од наши претседатели и премиери да ја посети земјава, но секогаш кажувал дека таа не може да се реализира се додека не се оствари заедницата меѓу Вселенската и нашата Црква.
– И ете Бог благослови да ја имаме таа заедница и денеска да се причестиме од истиот путир и се надеваме ќе ја имаме таа прилика за посета. На овој голем историски ден го испраќам благословот кон благочестивиот народ на Македонија, посакувам вашата земја да стане член на Европската Унија. Од страна на Вселенската патријаршија ве прегрнувам сите вас со родителска грижа и љубов, порача г. Вартоломеј.

The post Денеска нова богослужба на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија во црквата „Св. Тројца“ на плоштадот Таксим appeared first on Република.

]]>
Цариград ја тргна шизмата, за томос ќе почекаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/carigrad-ja-trgna-shizmata-za-tomos-kje-pochekame/ Sun, 12 Jun 2022 11:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=514098

На денешната заедничката литургија меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул, патријархот одржа своја беседа на грчки јазик.

Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин – истакна  патријархот Вартоломеј.

Предавањето на Патријаршискиот и синодален акт за отстранување на шизмата не значи и давање томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви.

The post Цариград ја тргна шизмата, за томос ќе почекаме appeared first on Република.

]]>

На денешната заедничката литургија меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архиепископот г.г. Стефан во Фанар, Истанбул, патријархот одржа своја беседа на грчки јазик.
Веруваме дека овој настан значи потполно разбирање од ваша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон вашиот народ, но и за одговорноста која ја понесувате, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин – истакна  патријархот Вартоломеј.
Предавањето на Патријаршискиот и синодален акт за отстранување на шизмата не значи и давање томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви.

The post Цариград ја тргна шизмата, за томос ќе почекаме appeared first on Република.

]]>
Заедничка богослужба на Вартоломеј и Стефан во Цариград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaednichka-bogosluzba-na-vartolomej-i-stefan-vo-carigrad/ Thu, 09 Jun 2022 09:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=513021

Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј.

Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево ќе одржат богослужба на која на нашата Црква официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска Архиепископија.

Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.

The post Заедничка богослужба на Вартоломеј и Стефан во Цариград appeared first on Република.

]]>

Делегација на МПЦ – Охридска Архиепископија, предводена од неговото блаженство, архиепископот г.г. Стефан престојува во Истанбул, каде в недела на роденденот на Црквата, Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржи заедничка патријаршиска и синодална света литургија со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј. Во пресрет на заедничката литургија, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан попладнево ќе одржат богослужба на која на нашата Црква официјално ќе и биде предаден Патријаршискиот и синодален акт на Светиот синод на Вселенската патријаршија со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска Архиепископија. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.

The post Заедничка богослужба на Вартоломеј и Стефан во Цариград appeared first on Република.

]]>
Пендаровски од Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара томос за автокефалност на Охридската Архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-pobara-tomos-za-avtokefalnost-na-ohridskata-arhiepiskopija/ Wed, 18 May 2022 10:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=503792

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија.

Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од писмото на претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Ваша Сесветост,

Со големо задоволство ја примив веста за историската одлука од 9 мај 2022 година на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија. Примајќи ја нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници и ги исцелувате длабоките рани предизвикани од децениската изолација. Особено важно е што на нашата Црква и го признавате и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници.

Вашата Сесветост ужива голем углед и почит кај огромното мнозинство  македонски граѓани, независно од нивната етничка, верска, политичка и генерациска припадност. Со овој праведен и мудар чекор вие ја оправдувате надежта на моите сограѓани од православна христијанска вероисповед дека токму Вселенската Патријаршија може да и помогне на нашата Црква конечно да го завземе своето вистинско место во православниот свет. И со тоа, да ги избришете вештачки создадените поделби и да го отворите просторот за градење на духовно единство на православните верници.

Во овој клучен период, навремените одлуки на Вселенската Патријаршија можат решавачки да влијаат на духовниот идентитет на сегашните и идни генерации, а со тоа и на духовниот и општествен амбиент во Република Македонија. Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата Црква, или врз анахрони решенија, наметнати од надвор кои се спротивни на волјата на бројните верници.

Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна. Целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество.

На крај, Ваша Сесветост, ја користам оваа прилика Вам и на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија да ви ги пренесам изразите на моето највисоко почитување.

The post Пендаровски од Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара томос за автокефалност на Охридската Архиепископија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија. Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од писмото на претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Ваша Сесветост, Со големо задоволство ја примив веста за историската одлука од 9 мај 2022 година на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија. Примајќи ја нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници и ги исцелувате длабоките рани предизвикани од децениската изолација. Особено важно е што на нашата Црква и го признавате и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници. Вашата Сесветост ужива голем углед и почит кај огромното мнозинство  македонски граѓани, независно од нивната етничка, верска, политичка и генерациска припадност. Со овој праведен и мудар чекор вие ја оправдувате надежта на моите сограѓани од православна христијанска вероисповед дека токму Вселенската Патријаршија може да и помогне на нашата Црква конечно да го завземе своето вистинско место во православниот свет. И со тоа, да ги избришете вештачки создадените поделби и да го отворите просторот за градење на духовно единство на православните верници. Во овој клучен период, навремените одлуки на Вселенската Патријаршија можат решавачки да влијаат на духовниот идентитет на сегашните и идни генерации, а со тоа и на духовниот и општествен амбиент во Република Македонија. Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата Црква, или врз анахрони решенија, наметнати од надвор кои се спротивни на волјата на бројните верници. Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна. Целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. На крај, Ваша Сесветост, ја користам оваа прилика Вам и на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија да ви ги пренесам изразите на моето највисоко почитување.

The post Пендаровски од Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара томос за автокефалност на Охридската Архиепископија appeared first on Република.

]]>
Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-kje-ima-zaednichka-bogosluzba-na-g-g-stefan-i-vartolomej/ Mon, 16 May 2022 10:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=502854

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград.

Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“.

Извори на МИА во МПЦ-ОА, посочуваат дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници.

Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј,  изворите на МИА од нашата Црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано.

Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.

The post Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград. Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“. Извори на МИА во МПЦ-ОА, посочуваат дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници. Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј,  изворите на МИА од нашата Црква посочуваат дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано. Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација“.

The post Потврдено: Ќе има заедничка богослужба на г.г Стефан и Вартоломеј appeared first on Република.

]]>