патријархот кирил први Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarhot-kiril-prvi/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Jan 2023 20:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патријархот кирил први Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarhot-kiril-prvi/ 32 32 Патријархот Кирил: Господ да ги вразуми лудаците, да се уништи Русија ќе значи крај на светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patrijarhot-kiril-gospod-da-gi-vrazumi-ludatsite-da-se-unishti-rusija-ke-znachi-kraj-na-svetot/ Sun, 22 Jan 2023 20:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=599707

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил Први го повика локалното свештенство „да ѝ помогне повеќе на руската армија која се бори во Украина од 24 февруари 2022 година“.

Кирил смета дека Руската православна црква треба повеќе да ѝ помага на руската армија, па затоа повика сите црковни парохии да ги „мобилизираат своите парохијани“. православна црква го објави прес-службата на Московската патријаршија, а го пренесе „Глобал њуз“.

„Ако велиме дека Црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне на оние кои се на линијата на огнот. Мора да ги мобилизираме нашите парохијани да собираат предмети и храна. Барајте можности, собирајте пари, праќајте пакети, ако е можно, одете сами, поддржете ја војската“, апелираше патријархот за време на празничната трпеза во Соборниот храм Богојавление.

Во истиот говор, поглаварот на Руската православна црква ја спореди војната во Украина со Големата патриотска војна и патриотската војна од 1812 година, кога „речиси цела обединета Европа се обиде да ја освои Русија“.

Сега, според патријархот, „целиот западен свет повторно се вооружи против Русија“.

„Зошто да не се откажеме? Затоа што ние сме алтернативата, а алтернативата е многу привлечна. Русија е таа која ги отфрла најлошите манифестации на глобализацијата и стана светилник на светот. Луѓето ја гледаат Русија како земја која покажува лојалност кон традиционалните вредности, како што се семејството, чувството за должност, патриотизмот“, рече тој.

По руската инвазија на Украина, патријархот Кирил отворено ја поддржа војната. Во своите проповеди често спомнува воени дејствија, а ги оправдува и причините за инвазијата.

Меѓудругото, тој рече дека војната е предизвикана од надворешни сили за да ја ослабат Русија. Сега отиде уште подалеку и во споменатиот говор најави крај на светот во случај на пораз на Русија.

„Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Го молиме Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне да разберат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот“.

ИзворЈутарњи лист

The post Патријархот Кирил: Господ да ги вразуми лудаците, да се уништи Русија ќе значи крај на светот appeared first on Република.

]]>

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил Први го повика локалното свештенство „да ѝ помогне повеќе на руската армија која се бори во Украина од 24 февруари 2022 година“. Кирил смета дека Руската православна црква треба повеќе да ѝ помага на руската армија, па затоа повика сите црковни парохии да ги „мобилизираат своите парохијани“. православна црква го објави прес-службата на Московската патријаршија, а го пренесе „Глобал њуз“.
„Ако велиме дека Црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне на оние кои се на линијата на огнот. Мора да ги мобилизираме нашите парохијани да собираат предмети и храна. Барајте можности, собирајте пари, праќајте пакети, ако е можно, одете сами, поддржете ја војската“, апелираше патријархот за време на празничната трпеза во Соборниот храм Богојавление.
Во истиот говор, поглаварот на Руската православна црква ја спореди војната во Украина со Големата патриотска војна и патриотската војна од 1812 година, кога „речиси цела обединета Европа се обиде да ја освои Русија“. Сега, според патријархот, „целиот западен свет повторно се вооружи против Русија“. „Зошто да не се откажеме? Затоа што ние сме алтернативата, а алтернативата е многу привлечна. Русија е таа која ги отфрла најлошите манифестации на глобализацијата и стана светилник на светот. Луѓето ја гледаат Русија како земја која покажува лојалност кон традиционалните вредности, како што се семејството, чувството за должност, патриотизмот“, рече тој. По руската инвазија на Украина, патријархот Кирил отворено ја поддржа војната. Во своите проповеди често спомнува воени дејствија, а ги оправдува и причините за инвазијата. Меѓудругото, тој рече дека војната е предизвикана од надворешни сили за да ја ослабат Русија. Сега отиде уште подалеку и во споменатиот говор најави крај на светот во случај на пораз на Русија. „Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Го молиме Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне да разберат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот“. ИзворЈутарњи лист

The post Патријархот Кирил: Господ да ги вразуми лудаците, да се уништи Русија ќе значи крај на светот appeared first on Република.

]]>