Патријарх Кирил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarh-kiril/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 08:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Патријарх Кирил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patrijarh-kiril/ 32 32 Украина објави потерница по рускиот патријарх Кирил, бара притвор зашто „се криел од истрагата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-objavi-poternitsa-po-ruskiot-patrijarh-kiril-bara-pritvor-zashto-se-kriel-od-istragata/ Sat, 16 Dec 2023 08:24:31 +0000 https://republika.mk/?p=723529

Украинското министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил, наведувајќи дека тој „се крие од предкривичната истрага“.

Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу новите ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот и световното име Владимир Гундјаев, како превентивна мерка се бара и притвор.

На почетокот на ноември, властите во Киев објавија дека патријархот Кирил во отсуство е обвинет за задирање во територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, но тогаш по него не беше распишана потерница.

The post Украина објави потерница по рускиот патријарх Кирил, бара притвор зашто „се криел од истрагата“ appeared first on Република.

]]>

Украинското министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил, наведувајќи дека тој „се крие од предкривичната истрага“. Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу новите ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот и световното име Владимир Гундјаев, како превентивна мерка се бара и притвор. На почетокот на ноември, властите во Киев објавија дека патријархот Кирил во отсуство е обвинет за задирање во територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, но тогаш по него не беше распишана потерница.

The post Украина објави потерница по рускиот патријарх Кирил, бара притвор зашто „се криел од истрагата“ appeared first on Република.

]]>
Рускиот патријарх Кирил повика на траен мир меѓу Русија и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-patrijarh-kiril-povika-na-traen-mir-megu-rusija-i-ukraina/ Sat, 15 Apr 2023 11:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=631028

Рускиот патријарх Кирил во пораката во пресрет на Велигден изрази надеж дека ќе им се даде траен мир на братските народи на Русија, Украина и Белорусија.

Во пораката објавена на веб-страницата на Руската православна црква, рускиот патријарх истакнува дека на Велигден му се упатуваат посебни молитви на Бога за оние во воената зона.

Без оглед на тоа што се случува во променливиот, понекогаш турбулентен и конфликтен свет, или какви тешкотии или неволји можат да нѐ снајдат, ние знаеме, веруваме и проповедаме: пасхалната радост на нашиот воскреснат Спасител не избледува и секогаш победува - рече патријархот Кирил.

Во меѓувреме, основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин го повика рускиот претседател Владимир Путин преку неговата канцеларија за медиуми да прогласи крај на војната и да се фокусира на создавање упориште во окупираните делови на источна Украина.

The post Рускиот патријарх Кирил повика на траен мир меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот патријарх Кирил во пораката во пресрет на Велигден изрази надеж дека ќе им се даде траен мир на братските народи на Русија, Украина и Белорусија. Во пораката објавена на веб-страницата на Руската православна црква, рускиот патријарх истакнува дека на Велигден му се упатуваат посебни молитви на Бога за оние во воената зона.
Без оглед на тоа што се случува во променливиот, понекогаш турбулентен и конфликтен свет, или какви тешкотии или неволји можат да нѐ снајдат, ние знаеме, веруваме и проповедаме: пасхалната радост на нашиот воскреснат Спасител не избледува и секогаш победува - рече патријархот Кирил.
Во меѓувреме, основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин го повика рускиот претседател Владимир Путин преку неговата канцеларија за медиуми да прогласи крај на војната и да се фокусира на создавање упориште во окупираните делови на источна Украина.

The post Рускиот патријарх Кирил повика на траен мир меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Патријархот Кирил: Постои закана од војна од големи размери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patrijarhot-kiril-postoi-zakana-od-vojna-od-golemi-razmeri/ Mon, 02 Jan 2023 13:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=592813

Патријархот московски и на цела Русија Кирил предупреди дека односите меѓу земјите се влошени во последните десет години и поради оваа недоверба постои закана од војна од големи размери.

„Сите сме сведоци на многу напната атмосфера и недоверба меѓу земјите, а оваа тензија расте и се заканува да прерасне во војна од големи размери. Односите се влошија, имајќи предвид дека толку многу се влошија“, рече патријархот Кирил во црквата Свети Ѓорѓи во Одинцово, Московската област.

Тој додаде дека човештвото никогаш немало толку страшно оружје како денес и кое сега се акумулира, пренесе „Спутник“.

„Доколку овој арсенал на оружје не одговара на моралната состојба на човечката раса, не се зголемува ли заканата дека тоа оружје ќе се користи? Ова сведочи за фактот дека научниот развој на човечката цивилизација не може да обезбеди ниту среќа, ниту безбедност на луѓето“, заклучи рускиот патријарх.

The post Патријархот Кирил: Постои закана од војна од големи размери appeared first on Република.

Патријархот Кирил: Господ го постави Путин на власт за да врши служба од особено значење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patrijarhot-kiril-gospod-go-postavi-putin-na-vlast-za-da-vrshi-sluzba-od-osobeno-znachenje/ Fri, 07 Oct 2022 10:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=558303

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, честитајќи му роденден на претседателот Владимир Путин истакна дека неговото владеење со Русија било наложено од Бога.

Господ те стави на власт за да можеш да вршиш служба од особено значење и голема одговорност за судбината на земјата и на луѓето што ти се доверени - порача патријархот, кој беше меѓу руските претставници кои му го честитаа 70. роденден на Путин.

The post Патријархот Кирил: Господ го постави Путин на власт за да врши служба од особено значење appeared first on Република.

Поглаварот Кирил до мобилизираните Руси: Не се плашете да загинете https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poglavarot-kiril-do-mobiliziranite-rusi-ne-se-plashete-da-zaginete/ Sun, 25 Sep 2022 20:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=554173

Поглаварот на Руската православна црква Кирил во денешната проповед им се обрати на граѓаните опфатени со делумната мобилизација, порачувајќи им да не се плашат за загинат за татковината.

Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови – рече тој.

Последниве денови рускиот поглавар неколку пати ги повика верниците да се пријават во војна.

Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство, им вели Кирил на верниците.

The post Поглаварот Кирил до мобилизираните Руси: Не се плашете да загинете appeared first on Република.

Папата Франциск со порака до рускиот патријарх: Бог е мир и не нè води по патот на војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-francisk-so-poraka-do-ruskiot-patrijarh-bog-e-mir-i-ne-ne-vodi-po-patot-na-vojna/ Wed, 14 Sep 2022 08:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=550558

Папата Франциск, во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската воена операција во Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан.

На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, собир каде присуствуваат христијани, Евреи, муслимани, будисти, хиндуси и лица од други вери.

Требаше да присуствува и патријархот Кирил, но, тој ги откажа учеството, а Руската православна црква, сепак, испрати своја делегација.

Бог е мир. Тој секогаш нè води по пат кон мирот, никогаш по патот на војната. Во време обележано со неволјите на војната, неопходен е чекор напред што мора да дојде од нас - истакна папата, не спомнувајќи ја директно ситуацијата во Украина.

Тој додаде дека самата осуда на екстремизмот не е доволна…

Сè додека се шират нееднаквоста и неправдата, нема да има крај на вирусите дури и полоши од Ковид-19, вирусите на омразата, насилството и на тероризмот - изјави папата.

The post Папата Франциск со порака до рускиот патријарх: Бог е мир и не нè води по патот на војна appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск, во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската воена операција во Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан. На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, собир каде присуствуваат христијани, Евреи, муслимани, будисти, хиндуси и лица од други вери. Требаше да присуствува и патријархот Кирил, но, тој ги откажа учеството, а Руската православна црква, сепак, испрати своја делегација.
Бог е мир. Тој секогаш нè води по пат кон мирот, никогаш по патот на војната. Во време обележано со неволјите на војната, неопходен е чекор напред што мора да дојде од нас - истакна папата, не спомнувајќи ја директно ситуацијата во Украина.
Тој додаде дека самата осуда на екстремизмот не е доволна…
Сè додека се шират нееднаквоста и неправдата, нема да има крај на вирусите дури и полоши од Ковид-19, вирусите на омразата, насилството и на тероризмот - изјави папата.

The post Папата Франциск со порака до рускиот патријарх: Бог е мир и не нè води по патот на војна appeared first on Република.

]]>
Рускиот патријарх Кирил најостро ги осуди изјавите на папата Франциск и му упати јасна порака https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-patrijarh-kiril-najostro-gi-osudi-izjavite-na-papata-francisk/ Wed, 04 May 2022 20:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=497675

Во интервју за италијанското издание на „Кориере дела Сера“, папата Франциск погрешно го претстави својот разговор со патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, одржан на 16 март. Ваквите изјави веројатно нема да придонесат за воспоставување конструктивен дијалог меѓу Римокатолиците и Руската православна црква, се наведува во официјално соопштение на службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, објавено на интернет страницата на ОВЦС.

Жално е што месец и половина по разговорот со патријархот Кирил, папата Франциск избра погрешен тон за да ја пренесе содржината на овој разговор. Ваквите изјави тешко дека ќе придонесат за воспоставување на конструктивен дијалог меѓу Римокатолиците и Руските православни цркви, што е особено неопходно во денешно време - се наведува во соопштението на ОВЦС, а пренесува ТАСС.

Во соопштението се споменува и дека Патријархот во разговор со Папата се осврнал на некои факти за кои западните медиуми малку зборувале или практично не зборувале.

Поглаварот на Руската црква, особено посочува дека конфликтот во Украина почна во 2014 година со настаните на Мајдан во Киев, што резултираше со незаконска промена на украинската власт.

Патријархот Кирил посветува посебно внимание на трагичните настани од 2 мај 2014 година во Домот на синдикатите во Одеса, кога голем број граѓани кои зборуваат руски загинаа како резултат на делувањето на нацистичките групи.

Понатаму во соопштението се пренесуваат зборовите на патријархот Кирил, кој вели дека му е крајно жал за конфликтот меѓу Русија и Украина.

Секако, оваа ситуација за мене е поврзана со голема болка. Моето стадо е од двете страни на конфликтот, главно се православни. Дел од опозицијата се однесува на вашето стадо. Затоа, би сакал, апстрахијќи се од геополитичката компонента, да го поставам прашањето како можеме ние и како нашите Цркви да влијаат на состојбата на работите?

Како да придонесеме за смирување на завојуваните со една единствена цел: постигнување мир и правда? Многу е важно во сегашните околности да се избегне понатамошна ескалација - вели патријархот Кирил, се наведува во соопштението.

Разговорот на двајцата верски лидери се одржа на 16 март преку видео врска. Потоа, прес-службата на Светата столица извести дека папата Франциск го повикал патријархот Кирил „да ги здружат силите во име на мирот“.

По средбата, ОВЦС соопшти дека страните разговарале за ситуацијата во Украина, при што посебно внимание посветувале на „хуманитарните аспекти на актуелната криза и активностите на Руската православна црква и Римокатоличката црква за надминување на нејзините последици“. Папата и патријархот Кирил изразија и надеж за брзо постигнување на праведен мир, се наведува во соопштението.

The post Рускиот патријарх Кирил најостро ги осуди изјавите на папата Франциск и му упати јасна порака appeared first on Република.

]]>

Во интервју за италијанското издание на „Кориере дела Сера“, папата Франциск погрешно го претстави својот разговор со патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, одржан на 16 март. Ваквите изјави веројатно нема да придонесат за воспоставување конструктивен дијалог меѓу Римокатолиците и Руската православна црква, се наведува во официјално соопштение на службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, објавено на интернет страницата на ОВЦС.
Жално е што месец и половина по разговорот со патријархот Кирил, папата Франциск избра погрешен тон за да ја пренесе содржината на овој разговор. Ваквите изјави тешко дека ќе придонесат за воспоставување на конструктивен дијалог меѓу Римокатолиците и Руските православни цркви, што е особено неопходно во денешно време - се наведува во соопштението на ОВЦС, а пренесува ТАСС.
Во соопштението се споменува и дека Патријархот во разговор со Папата се осврнал на некои факти за кои западните медиуми малку зборувале или практично не зборувале. Поглаварот на Руската црква, особено посочува дека конфликтот во Украина почна во 2014 година со настаните на Мајдан во Киев, што резултираше со незаконска промена на украинската власт. Патријархот Кирил посветува посебно внимание на трагичните настани од 2 мај 2014 година во Домот на синдикатите во Одеса, кога голем број граѓани кои зборуваат руски загинаа како резултат на делувањето на нацистичките групи. Понатаму во соопштението се пренесуваат зборовите на патријархот Кирил, кој вели дека му е крајно жал за конфликтот меѓу Русија и Украина.
Секако, оваа ситуација за мене е поврзана со голема болка. Моето стадо е од двете страни на конфликтот, главно се православни. Дел од опозицијата се однесува на вашето стадо. Затоа, би сакал, апстрахијќи се од геополитичката компонента, да го поставам прашањето како можеме ние и како нашите Цркви да влијаат на состојбата на работите?   Како да придонесеме за смирување на завојуваните со една единствена цел: постигнување мир и правда? Многу е важно во сегашните околности да се избегне понатамошна ескалација - вели патријархот Кирил, се наведува во соопштението.
Разговорот на двајцата верски лидери се одржа на 16 март преку видео врска. Потоа, прес-службата на Светата столица извести дека папата Франциск го повикал патријархот Кирил „да ги здружат силите во име на мирот“. По средбата, ОВЦС соопшти дека страните разговарале за ситуацијата во Украина, при што посебно внимание посветувале на „хуманитарните аспекти на актуелната криза и активностите на Руската православна црква и Римокатоличката црква за надминување на нејзините последици“. Папата и патријархот Кирил изразија и надеж за брзо постигнување на праведен мир, се наведува во соопштението.

The post Рускиот патријарх Кирил најостро ги осуди изјавите на папата Франциск и му упати јасна порака appeared first on Република.

]]>
ЕУ предлага санкции за поглаварот на Руската православна црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-predlaga-sankcii-za-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-crkva/ Wed, 04 May 2022 06:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=497233

Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, кои исто така вклучуваат етапна забрана за увоз на нафта, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми.

Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

The post ЕУ предлага санкции за поглаварот на Руската православна црква appeared first on Република.

]]>

Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, кои исто така вклучуваат етапна забрана за увоз на нафта, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми. Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

The post ЕУ предлага санкции за поглаварот на Руската православна црква appeared first on Република.

]]>
Патријархот Кирил побара од сите страни да избегнуваат цивилни жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patrijarhot-kiril-pobara-od-site-strani-da-izbegnuvaat-civilni-zrtvi/ Thu, 24 Feb 2022 21:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=463463

Патријархот Кирил апелираше до сите страни во конфликтот во Украина да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви.

-Како патријарх на цела Русија и поглавар на Црквата, длабоко сочувствувам со сите погодени од катастрофата. Ги повикувам сите страни во конфликтот да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви, стои во објавата на веб-страницата на Руската православна црква.

Кирил посочи дека рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја и изрази верба дека оваа поврзаност ќе помогне, како што рече, да се надминат поделбите и противречностите кои доведоа до сегашниот конфликт.

The post Патријархот Кирил побара од сите страни да избегнуваат цивилни жртви appeared first on Република.