патот Кичево-Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patot-kichevo-ohrid/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 14:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png патот Кичево-Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/patot-kichevo-ohrid/ 32 32 Автопатот Кичево-Охрид ќе се гради уште две години за исти пари https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/avtopatot-kichevo-ohrid-ke-se-gradi-ushte-dve-godini-za-isti-pari/ Wed, 27 Mar 2024 14:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=759401

Новиот анекс на Договорот со кинески „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид се однесува само на продолжување на временскиот рок за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски, откако Владата синоќа усвои Информација на продолжување на рокот за  изградба и законот  го препрати на усвојување во Собранието.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека Одлуката за продолжување на рокот е заснована врз основа на информациите содржани во извештајот од ФИДИК експертот кој беше изготвен поради истекот на претходниот рок од 31 декември 2023 година.

Согласно новиот анекс, изведувачот се обврзува да ги изгради и да ги пушти во сообраќај до 31 ноември 2026 година подделниците 1 и 2, до 31 август 2025 година делница 2.2 и делница 3, а до 30 септември 2026 година делниците 4 и 5.

-Продолжувањето на рокот е неопходно поради појавата на новите 13 свлечишта што се појавија на трасата, а како резултат на несоодветното проектирање и прераното започнување на изградба без да се земат предвид реалните состојби на теренот коишто требало да се третираат во првичната проектна документација, објаснуваат од Министерството за транспорт.

Потенцираат дека изградбата на автопатската делница е приоритетен проект за Владата, како дел од Коридорот 8 и се преземеаат сите активности за да биде завршен согласно сите градежни и безбедносни стандарди.

 

Анексот на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.  На крајот на минатата година ресорното Министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот „Синохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.

 

The post Автопатот Кичево-Охрид ќе се гради уште две години за исти пари appeared first on Република.

]]>

Новиот анекс на Договорот со кинески „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид се однесува само на продолжување на временскиот рок за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра, изјавија за МИА од Министерството за транспорт и врски, откако Владата синоќа усвои Информација на продолжување на рокот за  изградба и законот  го препрати на усвојување во Собранието. Од Министерството за транспорт посочуваат дека Одлуката за продолжување на рокот е заснована врз основа на информациите содржани во извештајот од ФИДИК експертот кој беше изготвен поради истекот на претходниот рок од 31 декември 2023 година. Согласно новиот анекс, изведувачот се обврзува да ги изгради и да ги пушти во сообраќај до 31 ноември 2026 година подделниците 1 и 2, до 31 август 2025 година делница 2.2 и делница 3, а до 30 септември 2026 година делниците 4 и 5.
-Продолжувањето на рокот е неопходно поради појавата на новите 13 свлечишта што се појавија на трасата, а како резултат на несоодветното проектирање и прераното започнување на изградба без да се земат предвид реалните состојби на теренот коишто требало да се третираат во првичната проектна документација, објаснуваат од Министерството за транспорт.
Потенцираат дека изградбата на автопатската делница е приоритетен проект за Владата, како дел од Коридорот 8 и се преземеаат сите активности за да биде завршен согласно сите градежни и безбедносни стандарди.   Анексот на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.  На крајот на минатата година ресорното Министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот „Синохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.  

The post Автопатот Кичево-Охрид ќе се гради уште две години за исти пари appeared first on Република.

]]>
Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/dvogled/sega-i-tie-kako-nas-se-severna-kim-dhon-un-vetuva-deka-ke-ni-go-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ Wed, 21 Feb 2024 11:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=746509

Се вратив од Македонија, сега и тие како нас се викаат „Северна“.  Таму е бетер од кај нас, изјави северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун по враќањето од нашата земја.

Душата ме боли кога видов дека нема автопат за Охрид и оти како нас не можат да излезат од државата а премиерот вози Мерцедес стар десет години- „изјави“ претседателот на Северна Кореја пред насобранието граѓани.

 

The post Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Се вратив од Македонија, сега и тие како нас се викаат „Северна“.  Таму е бетер од кај нас, изјави северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун по враќањето од нашата земја.
Душата ме боли кога видов дека нема автопат за Охрид и оти како нас не можат да излезат од државата а премиерот вози Мерцедес стар десет години- „изјави“ претседателот на Северна Кореја пред насобранието граѓани.
 

The post Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Ако се враќате од Охрид не тргнувајте, има сообраќајка на патот Кичево-Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-se-vrakjate-od-ohrid-ne-trgnuvajte-ima-soobrakjajka-na-patot-kichevo-gostivar/ Mon, 08 Aug 2022 06:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=537811

АМСМ соопшти дека од 07:30 часот е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар.

Причина за прекинот е сообраќајна незгода што се случила кај селото Тајмиште.

The post Ако се враќате од Охрид не тргнувајте, има сообраќајка на патот Кичево-Гостивар appeared first on Република.

]]>

АМСМ соопшти дека од 07:30 часот е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар. Причина за прекинот е сообраќајна незгода што се случила кај селото Тајмиште.

The post Ако се враќате од Охрид не тргнувајте, има сообраќајка на патот Кичево-Гостивар appeared first on Република.

]]>
АМСМ: Повремени прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/amsm-povremeni-prekini-vo-soobrakjajot-na-patot-kichevo-ohrid/ Tue, 15 Feb 2022 07:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=458627

На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ: Повремени прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ: Повремени прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>