Патека на славните Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pateka-na-slavnite/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 15:23:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Патека на славните Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pateka-na-slavnite/ 32 32 Во Битола откриени ѕвезди на кинематограферите Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-otkrieni-zvezdi-na-kinematograferite-bruno-dalbonel-piter-bizhu-i-robi-miler/ Tue, 24 Sep 2024 15:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=819346

Во Битола на „Патека на славните“ откриени се ѕвезди на кинематограферите лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“, Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер.

На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Питер Бижу, ланскиот добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус.

Британскиот кинематографер Бижу својот прв и единствен Оскар го доби во 1988 година за американската драма „Мисисипи гори“ во режија на Алан Паркер, а во која настапија актерите Џин Хекман и Вилијам Дефо. Во плодната кариера на Бижу е сврстена соработката со познатата актерско-сценаристичка група „Монти Пајтон“.

На свеченоста во Битола, во присуство на директорот на фестивалот Симено Мони Дамески, лауреатот, Бижу силно викна – „Сите сме Манаки“!

Својата ѕвезда ја откри и францускиот кинематографер Бруно Далбонел, годинашен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус.

Далбонел во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“ прв пат стана лауреат во 2022 година кога беше награден со специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава и за животно дело. Далбонел освоил две од вкупно шест номинации за Оскар, а вечер во Битола во негова чест ќе биде емитуван филнот „Амели“.

Од денеска на Широк сокак за јавноста видлива е и ѕвездата на еден од најголемите светски кинематографери, Роби Милер од Холандија кој почина на 78 годишна возраст. Милер во 2002 година беше добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност, а во 2016 година беше награден со златна „Камера 300“ за животно дело.

The post Во Битола откриени ѕвезди на кинематограферите Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер appeared first on Република.

]]>

Во Битола на „Патека на славните“ откриени се ѕвезди на кинематограферите лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“, Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер. На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Питер Бижу, ланскиот добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус. Британскиот кинематографер Бижу својот прв и единствен Оскар го доби во 1988 година за американската драма „Мисисипи гори“ во режија на Алан Паркер, а во која настапија актерите Џин Хекман и Вилијам Дефо. Во плодната кариера на Бижу е сврстена соработката со познатата актерско-сценаристичка група „Монти Пајтон“. На свеченоста во Битола, во присуство на директорот на фестивалот Симено Мони Дамески, лауреатот, Бижу силно викна – „Сите сме Манаки“! Својата ѕвезда ја откри и францускиот кинематографер Бруно Далбонел, годинашен добитник на наградата Златна „Камера 300“ за животен опус. Далбонел во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“ прв пат стана лауреат во 2022 година кога беше награден со специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава и за животно дело. Далбонел освоил две од вкупно шест номинации за Оскар, а вечер во Битола во негова чест ќе биде емитуван филнот „Амели“. Од денеска на Широк сокак за јавноста видлива е и ѕвездата на еден од најголемите светски кинематографери, Роби Милер од Холандија кој почина на 78 годишна возраст. Милер во 2002 година беше добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за специјален придонес во филмската уметност, а во 2016 година беше награден со златна „Камера 300“ за животно дело.

The post Во Битола откриени ѕвезди на кинематограферите Бруно Далбонел, Питер Бижу и Роби Милер appeared first on Република.

]]>
На Широк сокак во Битола промовирана „Патеката на славните“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-shirok-sokak-vo-bitola-promovirana-patekata-na-slavnite/ Sun, 22 Sep 2024 15:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=818775

Во Битола попладнево беше промовирана „Патеката на славните“. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, долж Широк сокак до Офицерскиот дом.

На промоцијата присутни беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Дамески истакна дека само еден град во светот има ѕвезди на лица кои од различни аспекти дале придонес во филмската професија, но дека не постои град во светот каде има ѕвезди на кинематографери, но дека од денеска тоа е градот Битола.

„Ние сме најстариот фестивал во светот каде се чествуваат кинематограферите. Каде, на кое место, ако не тука, да почнеме ваква работа! Има повеќе причини зошто го правиме ова. Првата е дека само осумнаесет од нашите бивши добитници на наградата за животно дело се живи, а од нив 14 се постари од 80 години, и ако не го направиме ова додека се живи, нема да ги видиме на 50. годишнина на фестивалот. Сите ќе ги поканиме, ќе дојдат во Битола и сите ќе бидат на едно место“, изјави Дамески.

На „Патеката на славните“ освен ѕвездите на браќата Манаки се и ѕвездите на Питер Бижу, Роби Милер, Џон Сели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Ментл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Свен Никвист и Бруно Далбонел.

Со оваа ‘Патека на славните’ на најубав начин успеавме да ги свртиме очите на филмската уметност, на индустријата во светот кон Битола. Сакаме да гледаат што тука се прави и сите да зборуваат за тоа. За овој настан во моментов пишуваат пет-шест најголеми светски списанија во кои веќе се промовира Битола, се промовира нашата земја како место во кое што се случуваат големи филмски работи. И, конечно, овој проект носи нови туристи, перспективи за фестивалот и други привилегии, вели Дамески.

Благодарност за идејата и реализацијата на проектот искажаа Милтон Манаки, кој ги откри ѕвездите на своите прадедовци Милтон и Јанаки Манаки, и градоначалникот Тони Коњановски кој го поддржа проектот на фестивалот.

The post На Широк сокак во Битола промовирана „Патеката на славните“ appeared first on Република.

]]>

Во Битола попладнево беше промовирана „Патеката на славните“. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, долж Широк сокак до Офицерскиот дом. На промоцијата присутни беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки. Дамески истакна дека само еден град во светот има ѕвезди на лица кои од различни аспекти дале придонес во филмската професија, но дека не постои град во светот каде има ѕвезди на кинематографери, но дека од денеска тоа е градот Битола.