ПАСОК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pasok/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПАСОК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pasok/ 32 32 ПАСОК стана втора партија во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pasok-stana-vtora-partija-vo-grtsija/ Thu, 21 Nov 2024 12:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=840363

Грчката социјалдемократска партија ПАСОК стана водечка опозициска сила во парламентот откако повеќе пратеници ја напуштија левичарската партија Сириза.

ПАСОК, кој во минатото беше доминантна партија во Грција, сега има шанса да се натпреварува со десноцентристичката Нова демократија, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис. Сириза, која до неодамна беше водечка опозициска партија, сега има само 29 пратеници, додека ПАСОК располага со двајца повеќе.

Падот на Сириза започна со серија внатрешни проблеми, вклучувајќи борби за лидерската позиција. Клучен момент беше напуштањето на двајца пратеници, кои дополнително ја ослабнаа партијата.

Со новиот статус како главна опозициска партија, ПАСОК добива и поголеми привилегии, вклучувајќи повеќе време за говор во парламентот. Партијата планира да го искористи овој момент за да привлече гласачи кои се незадоволни од владејачките партии.

ПАСОК беше на власт во Грција повеќе од три децении, но изгуби голем дел од поддршката на граѓаните по 2010 година, кога прифати меѓународен пакет помош во замена за строги мерки за штедење.

Сириза дојде на власт во 2015 година со ветување дека ќе ја прекине политиката на штедење, но подоцна го промени курсот и прифати нов пакет помош. Последниот изборен пораз на Сириза во 2023 година доведе до оставка на лидерот Алексис Ципрас, кој беше заменет од Стефанос Каселакис. Сепак, неговото раководење предизвика незадоволство кај пратениците, што доведе до нивно напуштање и формирање нова група. Каселакис подоцна најави создавање нова политичка партија, со што дополнително ја ослаби Сириза

The post ПАСОК стана втора партија во Грција appeared first on Република.

]]>

Грчката социјалдемократска партија ПАСОК стана водечка опозициска сила во парламентот откако повеќе пратеници ја напуштија левичарската партија Сириза. ПАСОК, кој во минатото беше доминантна партија во Грција, сега има шанса да се натпреварува со десноцентристичката Нова демократија, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис. Сириза, која до неодамна беше водечка опозициска партија, сега има само 29 пратеници, додека ПАСОК располага со двајца повеќе. Падот на Сириза започна со серија внатрешни проблеми, вклучувајќи борби за лидерската позиција. Клучен момент беше напуштањето на двајца пратеници, кои дополнително ја ослабнаа партијата. Со новиот статус како главна опозициска партија, ПАСОК добива и поголеми привилегии, вклучувајќи повеќе време за говор во парламентот. Партијата планира да го искористи овој момент за да привлече гласачи кои се незадоволни од владејачките партии. ПАСОК беше на власт во Грција повеќе од три децении, но изгуби голем дел од поддршката на граѓаните по 2010 година, кога прифати меѓународен пакет помош во замена за строги мерки за штедење. Сириза дојде на власт во 2015 година со ветување дека ќе ја прекине политиката на штедење, но подоцна го промени курсот и прифати нов пакет помош. Последниот изборен пораз на Сириза во 2023 година доведе до оставка на лидерот Алексис Ципрас, кој беше заменет од Стефанос Каселакис. Сепак, неговото раководење предизвика незадоволство кај пратениците, што доведе до нивно напуштање и формирање нова група. Каселакис подоцна најави создавање нова политичка партија, со што дополнително ја ослаби Сириза

The post ПАСОК стана втора партија во Грција appeared first on Република.

]]>
Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aktuelniot-pretsedatel-na-pasok-andrulakis-odnovo-izbran-za-lider-na-partijata/ Sun, 13 Oct 2024 18:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=826230

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред.

На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час.

Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто.

Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата appeared first on Република.

]]>

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина. Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред. На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час. Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто. Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата appeared first on Република.

]]>
Втор круг од изборите за лидер на ПАСОК – битка меѓу актуелниот претседател и градоначалникот на Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vtor-krug-od-izborite-za-lider-na-pasok-bitka-megu-aktuelniot-pretsedatel-i-gradonachalnikot-na-atina/ Sun, 13 Oct 2024 07:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=826023

Меѓу актуелниот претседател Никос Андрулакис и градоначалник на Атина Харис Дукас, членовите на грчката опозициска ПАСОК денеска одбираат лидер во вториот круг од партиските избори, по минатонеделниот прв круг во кој имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласачките места во целата земја се отворени од седум часот утрово, право на глас имаат сите оние кои гласаа минатата недела, додека првичните официјални резултати се очекува да бидат соопштени доцна вечерва.

За лидер на ПАСОК беа доставени шест кандидатури, а во првиот круг гласаа 303.223 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија.

Актуелниот претседател Андрулакис освои 29,64 отсто од гласовите, градоначалникот на Атина Дукас 21,41 отсто, поранешниот министер Павлос Геруланос беше на третата позиција со 21,12 отсто, поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу освои 19,52 проценти, а поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу добија едноцифрен број гласови.

Минатата недела имаше тесна битка за втората позиција меѓу Дукас и Геруланос, а разликата меѓу двајцата беше само 858 гласови.

Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

МИА

The post Втор круг од изборите за лидер на ПАСОК – битка меѓу актуелниот претседател и градоначалникот на Атина appeared first on Република.

]]>

Меѓу актуелниот претседател Никос Андрулакис и градоначалник на Атина Харис Дукас, членовите на грчката опозициска ПАСОК денеска одбираат лидер во вториот круг од партиските избори, по минатонеделниот прв круг во кој имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина. Гласачките места во целата земја се отворени од седум часот утрово, право на глас имаат сите оние кои гласаа минатата недела, додека првичните официјални резултати се очекува да бидат соопштени доцна вечерва. За лидер на ПАСОК беа доставени шест кандидатури, а во првиот круг гласаа 303.223 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија. Актуелниот претседател Андрулакис освои 29,64 отсто од гласовите, градоначалникот на Атина Дукас 21,41 отсто, поранешниот министер Павлос Геруланос беше на третата позиција со 21,12 отсто, поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу освои 19,52 проценти, а поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу добија едноцифрен број гласови. Минатата недела имаше тесна битка за втората позиција меѓу Дукас и Геруланос, а разликата меѓу двајцата беше само 858 гласови. Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите. МИА

The post Втор круг од изборите за лидер на ПАСОК – битка меѓу актуелниот претседател и градоначалникот на Атина appeared first on Република.

]]>
Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekogash-beshe-golema-partija-pasok-bira-nov-lider/ Sun, 06 Oct 2024 20:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=823619

Со пребројани 69,5 отсто од гласачките места, односно над 50 отсто од гласовите, актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис е во водство со 32,32 проценти на денешните избори за партиски лидер, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина.

Сè поверојатно е дека претседателот ќе се одбере следната недела во вториот круг, а за сега, според првичните официјални резултати, на втората позиција е актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас со 22,48 проценти, зад него се поранешниот министер Павлос Геруланос со 19,66 отсто и поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу со 17,92 проценти, а потоа следат поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу со едноцифрен број гласови.

Според грчките медиуми, не е исклучена можноста додека да се пребројат сите гласови да има и пресврт на втората позиција.

На изборите гласаа над 301.355 поддржувачи на партијата, меѓу кои и оние кои денеска станаа членови, а поради големиот одзив и редиците во одредени гласачки места, гласањето беше продолжено за еден час.

Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите

The post Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер appeared first on Република.

]]>

Со пребројани 69,5 отсто од гласачките места, односно над 50 отсто од гласовите, актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис е во водство со 32,32 проценти на денешните избори за партиски лидер, на кои имаше голем одзив и учество на над 300.000 гласачи, јави дописничката на МИА од Атина. Сè поверојатно е дека претседателот ќе се одбере следната недела во вториот круг, а за сега, според првичните официјални резултати, на втората позиција е актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас со 22,48 проценти, зад него се поранешниот министер Павлос Геруланос со 19,66 отсто и поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу со 17,92 проценти, а потоа следат поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу со едноцифрен број гласови. Според грчките медиуми, не е исклучена можноста додека да се пребројат сите гласови да има и пресврт на втората позиција. На изборите гласаа над 301.355 поддржувачи на партијата, меѓу кои и оние кои денеска станаа членови, а поради големиот одзив и редиците во одредени гласачки места, гласањето беше продолжено за еден час. Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите

The post Некогаш беше голема партија: ПАСОК бира нов лидер appeared first on Република.

]]>
Грчката опозициска партија ПАСОК избира претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-opozitsiska-partija-pasok-izbira-pretsedatel/ Sun, 06 Oct 2024 07:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=823326

Меѓу шестмина кандидати, членовите и симпатизерите на грчката опозициска партија ПАСОК денеска гласаат за избор на претседател, а доколку биде потребен и втор круг, ќе се одржи следната недела, јави дописничката на МИА од Атина.

За лидерската позиција во Социјалистичката партија се борат актуелниот претседател Никос Андрулакис, градоначалникот на Атина Харис Дукас кој победи на ланските локални избори, поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу, поранешниот министер Павлос Геруланос, поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу.

Гласачките места во целата земја се отворени од седум часот утрово, право на глас имаат сите оние кои се членови партијата, но и оние кои ќе се регистрираат во текот на денешниот ден, доколку се на возраст од над 16 години, а гласачите ќе треба да платат три евра.

Првичните избори се очекува да бидат соопштени доцна вечерва.

Во истражувањата на јавното мислење објавени во грчките медиуми во изминатиот период, ПАСОК е втора политичка сила во Грција, а конкретно за изборите за лидер, резултатите покажуваат тесна битка меѓу актуелниот претседател Никос Андрулакис, кој е во водство со мала разлика пред градоначалникот на Атина Харис Дукас и најверојатно опозициската партија ќе добие претседател по вториот круг на 13 октомври.

Во пресрет на изборите, пред десет дена кандидатите за лидер ги претставија нивните ставови и позиции за шест различни теми во ТВ дебата на државната телевизија ЕРТ.

Дискусијата се одржа по моделот на телевизиските дебати на политичките лидери во пресрет на парламентарни избори, кандидатите имаа конкретно време за одговарање на прашањата на двајцата новинари, можеа меѓусебно да си поставуваат прашања и да си реплицираат, а од тричасовната дебата не изостана и несогласувања, превирања за одредени теми.

Дебатираа за економскиот развој; социјалните теми, новите генерации и демографското прашање; за надворешната политика, одбраната и ЕУ; за државата, институциите, локалната самоуправа; за климатската криза, цивилната заштита и енергетска транзиција, како и за иднината на ПАСОК.

Во шест различни теми, шестмината кандидати за лидер на грчката опозициска партија ПАСОК на изборите што ќе се одржат на 6 и 13 октомври, синоќа ги претставија нивните ставови и позиции во ТВ

Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред три месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Грчката опозициска партија ПАСОК избира претседател appeared first on Република.

]]>

Меѓу шестмина кандидати, членовите и симпатизерите на грчката опозициска партија ПАСОК денеска гласаат за избор на претседател, а доколку биде потребен и втор круг, ќе се одржи следната недела, јави дописничката на МИА од Атина. За лидерската позиција во Социјалистичката партија се борат актуелниот претседател Никос Андрулакис, градоначалникот на Атина Харис Дукас кој победи на ланските локални избори, поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу, поранешниот министер Павлос Геруланос, поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис и пратеничката Надиа Јанакопулу. Гласачките места во целата земја се отворени од седум часот утрово, право на глас имаат сите оние кои се членови партијата, но и оние кои ќе се регистрираат во текот на денешниот ден, доколку се на возраст од над 16 години, а гласачите ќе треба да платат три евра. Првичните избори се очекува да бидат соопштени доцна вечерва. Во истражувањата на јавното мислење објавени во грчките медиуми во изминатиот период, ПАСОК е втора политичка сила во Грција, а конкретно за изборите за лидер, резултатите покажуваат тесна битка меѓу актуелниот претседател Никос Андрулакис, кој е во водство со мала разлика пред градоначалникот на Атина Харис Дукас и најверојатно опозициската партија ќе добие претседател по вториот круг на 13 октомври. Во пресрет на изборите, пред десет дена кандидатите за лидер ги претставија нивните ставови и позиции за шест различни теми во ТВ дебата на државната телевизија ЕРТ. Дискусијата се одржа по моделот на телевизиските дебати на политичките лидери во пресрет на парламентарни избори, кандидатите имаа конкретно време за одговарање на прашањата на двајцата новинари, можеа меѓусебно да си поставуваат прашања и да си реплицираат, а од тричасовната дебата не изостана и несогласувања, превирања за одредени теми. Дебатираа за економскиот развој; социјалните теми, новите генерации и демографското прашање; за надворешната политика, одбраната и ЕУ; за државата, институциите, локалната самоуправа; за климатската криза, цивилната заштита и енергетска транзиција, како и за иднината на ПАСОК. Во шест различни теми, шестмината кандидати за лидер на грчката опозициска партија ПАСОК на изборите што ќе се одржат на 6 и 13 октомври, синоќа ги претставија нивните ставови и позиции во ТВ Претходните избори во Социјалистичката партија, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври. На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред три месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

The post Грчката опозициска партија ПАСОК избира претседател appeared first on Република.

]]>
Во октомври внатрепартиски избори за лидер на ПАСОК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-oktomvri-vnatrepartiski-izbori-za-lider-na-pasok/ Mon, 01 Jul 2024 08:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=792306

Актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас и пратеникот и поранешен министер Павлос Геруланос, засега се противкандидатите на претседателот на ПАСОК Никос Андрулакис на внатрепартиските избори за лидер на грчката опозициска партија, што ќе се одржат на почетокот на октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

По европските избори минатиот месец кога ПАСОК освои 12,8 отсто од гласовите и не успеа да ја симне СИРИЗА од втората позиција и да стане втора политичка сила во Грција, што воедно беше и поставената цел, актуелниот претседател Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци.

Говорејќи вчера на состанокот на централниот комитет на ПАСОК, предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври, а вториот круг доколку е потребно, да биде една седмица подоцна и паралелно соопшти дека одново ќе биде кандидат за лидер.

The post Во октомври внатрепартиски избори за лидер на ПАСОК appeared first on Република.

]]>

Актуелниот градоначалник на Атина Харис Дукас и пратеникот и поранешен министер Павлос Геруланос, засега се противкандидатите на претседателот на ПАСОК Никос Андрулакис на внатрепартиските избори за лидер на грчката опозициска партија, што ќе се одржат на почетокот на октомври, јави дописничката на МИА од Атина. По европските избори минатиот месец кога ПАСОК освои 12,8 отсто од гласовите и не успеа да ја симне СИРИЗА од втората позиција и да стане втора политичка сила во Грција, што воедно беше и поставената цел, актуелниот претседател Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци. Говорејќи вчера на состанокот на централниот комитет на ПАСОК, предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври, а вториот круг доколку е потребно, да биде една седмица подоцна и паралелно соопшти дека одново ќе биде кандидат за лидер.

The post Во октомври внатрепартиски избори за лидер на ПАСОК appeared first on Република.

]]>
Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tache-osvoi-pomalku-glasovi-duri-i-od-rada-koj-ke-bide-nov-lider-na-sdsm/ Thu, 09 May 2024 10:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=776251

Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот.

Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело.

Ковачевски најави внатре партиски избори.Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-ne-ni-trebaat-usloveni-ostavki-vo-sdsm-sekoj-da-pochne-od-sebe-bez-da-gi-cheka-drugarite/

За СДСМ е најважно да се ослободи од т.н „сељачко“ крило и да стане вистинска социјалдемократска партија а не струмички клан каков што е сега.

The post Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? appeared first on Република.

]]>

Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот. Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело. Ковачевски најави внатре партиски избори.Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски. https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-ne-ni-trebaat-usloveni-ostavki-vo-sdsm-sekoj-da-pochne-od-sebe-bez-da-gi-cheka-drugarite/ За СДСМ е најважно да се ослободи од т.н „сељачко“ крило и да стане вистинска социјалдемократска партија а не струмички клан каков што е сега.

The post Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? appeared first on Република.

]]>
ПАСОК на Бихаќа: Ни во досега најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pasok-na-bihaka-ni-vo-najdobrite-vremina-na-vmro-dpmne-sdsm-nikogash-ne-bil-pod-200-000-glasovi/ Thu, 25 Apr 2024 14:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=771026

Резултатите на првиот круг од претседателските избори даваат јасна слика во кој правец ќе се движат парламентарните избори на осми мај.

Вчера партиите и од македонскиот и од албанскиот блок имаа чисти, свои гласови и во таа граница ќе се движат бројките и на парламентарните избори. Она што може да се очекува е малку поголема излезност бидејќи парламентарните избори анимираат традиционално повеќе гласачи од претседателските.

Кога ќе се погледнат бројките споредбено со минатите неколку избори две работи се јасни.Ова е убедливо најдобриот резултат на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција и убедливо било кога најлош резултат на СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-deneska-vo-gluvcheshka-dupka/

За споредба ќе земеме неколку изборни циклуси наназад

На парламентарните избори во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт имаше 304.572 гласови а СДСМ 218.463 гласа.

На вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“ а ВМРО-ДПМНЕ 481.501.

На овие избори ќе остане запаметено дека кандидат за премиер беше Радмила Шекеринска и нејзината изјава дека „Груевски бега од женска сукња“.

Следните избори, повторно предвремени се случија во 2011 година на кои опозицијата настапи расцепкана и доколку одеа на една листа можеби ќе го победеа ВМРО-ДПМНЕ.Тогаш СДСМ освои 368.496 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 438.138.

И на изборите на кои СДСМ беше опозиција во 2014 година освои 283.955 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 481.615 гласови поддршка.

Каква е ситуацијата денеска

СДСМ во ликот на Стево Пендаровски на овие избори освои нешто над 180.000 гласови што е вистински дебакл.

Лошите политики, давањето на државата на тацна на ДУИ, корупцијата на највисоко ниво, претераното нагласување „ЕУ,ЕУ,ЕУ“ го доведоа СДСМ до овој резултат од кој тешко може да се опорави.

На СДСМ после овие избори му се заканува сценариото на ПАСОК во Грција.Оваа некогашна најслилна партија која ја предводеше поранешниот премиер Јоргос Папандеру исто како СДСМ влезе во низа скандали и сега е минорна партија.

Дали ПАСОК ќе влезе на Бихаќа ќе видиме на 9 мај. Веројатноста е голема. A тогаш чистката треба да почне од Таче па надолу.

The post ПАСОК на Бихаќа: Ни во досега најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови appeared first on Република.

]]>

Резултатите на првиот круг од претседателските избори даваат јасна слика во кој правец ќе се движат парламентарните избори на осми мај. Вчера партиите и од македонскиот и од албанскиот блок имаа чисти, свои гласови и во таа граница ќе се движат бројките и на парламентарните избори. Она што може да се очекува е малку поголема излезност бидејќи парламентарните избори анимираат традиционално повеќе гласачи од претседателските. Кога ќе се погледнат бројките споредбено со минатите неколку избори две работи се јасни.Ова е убедливо најдобриот резултат на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција и убедливо било кога најлош резултат на СДСМ. https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-deneska-vo-gluvcheshka-dupka/ За споредба ќе земеме неколку изборни циклуси наназад На парламентарните избори во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт имаше 304.572 гласови а СДСМ 218.463 гласа. На вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“ а ВМРО-ДПМНЕ 481.501. На овие избори ќе остане запаметено дека кандидат за премиер беше Радмила Шекеринска и нејзината изјава дека „Груевски бега од женска сукња“. Следните избори, повторно предвремени се случија во 2011 година на кои опозицијата настапи расцепкана и доколку одеа на една листа можеби ќе го победеа ВМРО-ДПМНЕ.Тогаш СДСМ освои 368.496 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 438.138. И на изборите на кои СДСМ беше опозиција во 2014 година освои 283.955 гласови а ВМРО-ДПМНЕ 481.615 гласови поддршка.

Каква е ситуацијата денеска

СДСМ во ликот на Стево Пендаровски на овие избори освои нешто над 180.000 гласови што е вистински дебакл. Лошите политики, давањето на државата на тацна на ДУИ, корупцијата на највисоко ниво, претераното нагласување „ЕУ,ЕУ,ЕУ“ го доведоа СДСМ до овој резултат од кој тешко може да се опорави. На СДСМ после овие избори му се заканува сценариото на ПАСОК во Грција.Оваа некогашна најслилна партија која ја предводеше поранешниот премиер Јоргос Папандеру исто како СДСМ влезе во низа скандали и сега е минорна партија. Дали ПАСОК ќе влезе на Бихаќа ќе видиме на 9 мај. Веројатноста е голема. A тогаш чистката треба да почне од Таче па надолу.

The post ПАСОК на Бихаќа: Ни во досега најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови appeared first on Република.

]]>
Ципрас: Ако СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со ПАСОК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsipras-ako-siriza-pobedi-na-izborite-ke-mozhe-da-formira-vlada-so-pasok/ Mon, 08 May 2023 08:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=638220

Ставот дека доколку СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со третата партија, односно со ПАСОК, го изрази лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за неколку грчки локални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас истакна дека прашањето „што ќе се случи следниот ден по изборите“ е „прашање за една милијарда“, посочи дека оној што ќе биде прв, „ќе има можност да ја одреди играта на постизборните соработки“, но и да формира Влада.

Ако е СИРИЗА прва ќе има можност да формира прогресивна Влада. Првата со третата партија ќе имаат можност да формираат Влада, врз основа на податоците што ги имаме во наши раце во овој момент, објасни Ципрас.

Според истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, а во пресрет на изборите на 21 мај, Нова демократија е прва, СИРИЗА втора со неколку проценти разлика, а ПАСОК – Движење на промена е на третата позиција.

 

The post Ципрас: Ако СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со ПАСОК appeared first on Република.

]]>

Ставот дека доколку СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со третата партија, односно со ПАСОК, го изрази лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за неколку грчки локални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас истакна дека прашањето „што ќе се случи следниот ден по изборите“ е „прашање за една милијарда“, посочи дека оној што ќе биде прв, „ќе има можност да ја одреди играта на постизборните соработки“, но и да формира Влада.
Ако е СИРИЗА прва ќе има можност да формира прогресивна Влада. Првата со третата партија ќе имаат можност да формираат Влада, врз основа на податоците што ги имаме во наши раце во овој момент, објасни Ципрас.
Според истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, а во пресрет на изборите на 21 мај, Нова демократија е прва, СИРИЗА втора со неколку проценти разлика, а ПАСОК – Движење на промена е на третата позиција.  

The post Ципрас: Ако СИРИЗА победи на изборите ќе може да формира Влада со ПАСОК appeared first on Република.

]]>
Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-pasok-bara-od-micotakis-da-kaze-zoshto-bil-prislushuvan/ Mon, 08 Aug 2022 19:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=538113

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“.

Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“.

– Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“.

И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис.

Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>

Господине Мицотакис, барам веднаш да биде соопштена причината за моето следење од ЕИП, вели лидерот на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис по изјавата на грчкиот премиер за случајот со прислушувањето, додека пак од опозициската СИРИЗА коментираат дека Мицотакис немал храброст да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис вели дека грчкиот премиер без чувство на вина го усвоил наративот за „законска грешка“ за да „оправда кривично дело и директно прекршување на уставната одредба за парламентарна приватност“. Од СИРИЗА соопштуваат дека Мицотакис, „освен лажго е и арогантен и не се кае“, а преку телевизиската порака успеал да убеди „дека е виновен, но и дека не се колеба да се спаси самиот себе, пред секоја лага, лицемерие, искривување на вистината“. – Немаше храброст да го направи она што се подразбира за секоја либерална европска демократија, односно да си поднесе оставка. И ова е голема политичка грешка, што се додава на политичкиот криминал на следењето, велат од СИРИЗА и додаваат дека грчкиот премиер не одговори на прашањето „уште колку граѓани, новинари и политичари беа следени од ЕИП и зошто“. И лидерот на ПАСОК-КИНАЛ во писмената изјава и СИРИЗА во соопштението, коментираат дека грчкиот премиер воопшто не го споменал софтверот „Предатор“, со кој имало обид да се хакира мобилниот на Андрулакис. Андрулакис вели дека обидот бил само неколку дена пред да почне следењето од ЕИП и „да не беше официјалниот извештај на специјалната служба на Европскиот Парламент, немаше ништо да дознаеме за овие мрачни практики“. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, во ТВ изјава рече дека „она на што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно“, додавајќи дека не знаел за тоа и доколку знаел, никогаш немаше да го дозволи.

The post Лидерот на ПАСОК бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван appeared first on Република.

]]>
Си го менува името: ПАСОК оди во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/si-go-menuva-imeto-pasok-odi-vo-istorijata/ Fri, 06 May 2022 12:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=498609

Движење на промена или ПАСОК- Движење на промена се двете опции што ги имаат членовите на грчката партија Движење на промена за в недела да одберат ново име на партијата во пресрет на Конгресот на крајот од месецов, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за партијата која од 2017 година го промени името од ПАСОК во Движење на промена, а новиот лидер Никос Андрулакис избран пред неколку месеци најави враќање на старото име.

В недела ќе се одржат внатрепартиски избори за делегати на Конгресот, а паралелно членовите ќе гласаат и за ново име на партија.

Првата опција е актуелното име Движење на промена со актуелниот симбол, додека пак втората опција е комбинација од старото и новото име, односно ПАСОК – Движење на промена, пропратено со симболот на ПАСОК, зелено сонце.

 

 

Движење на промена е централно левичарска партија и трета политичка сила во Грција.

The post Си го менува името: ПАСОК оди во историјата appeared first on Република.

]]>

Движење на промена или ПАСОК- Движење на промена се двете опции што ги имаат членовите на грчката партија Движење на промена за в недела да одберат ново име на партијата во пресрет на Конгресот на крајот од месецов, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за партијата која од 2017 година го промени името од ПАСОК во Движење на промена, а новиот лидер Никос Андрулакис избран пред неколку месеци најави враќање на старото име. В недела ќе се одржат внатрепартиски избори за делегати на Конгресот, а паралелно членовите ќе гласаат и за ново име на партија. Првата опција е актуелното име Движење на промена со актуелниот симбол, додека пак втората опција е комбинација од старото и новото име, односно ПАСОК – Движење на промена, пропратено со симболот на ПАСОК, зелено сонце.     Движење на промена е централно левичарска партија и трета политичка сила во Грција.

The post Си го менува името: ПАСОК оди во историјата appeared first on Република.

]]>