Паскал Гилевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paskal-gilevski/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Паскал Гилевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paskal-gilevski/ 32 32 Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-i-knigi-od-paskal-gilevski-vo-matitsa-ekskluziv/ Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=687811

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста.

Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години.

Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело.

Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста. Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години. Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело. Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски: Дневнички записи од средбите и дијалозите со Конески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-izleze-sejachot-da-see-od-paskal-gilevski-dnevnichki-zapisi-od-sredbite-i-dijalozite-so-koneski/ Fri, 24 Feb 2023 09:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=612643

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 24 февруари (петок) во 12 часот, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска ќе го промовира романот на Паскал Гилевски насловен „Излезе сејачот да сее“, посветен на Блаже Конески.

На страниците од своето најново дело преку дневнички записи, авторот презентира широка слика на бројни животни стории, дилеми, процеси, јанѕи и возбуди на великанот од Небрегово. Од спонтаните средби и непосредно водените дијалози со Блаже Конески, како вешт прозен мајстор, Паскал Гилевски на страниците од романот „Излезе сејачот да сее“ презентира мноштво дилеми и јанѕи што го опседнувале Конески во неговиот живот, неразделно сврзани со судбината на македонските состојби. И во ова најново дело на  авторот  доаѓа до израз неговата  раскажувачка вештина, проткаена  со богат и цизелиран јазик, со мноштво нови,  досега непознати зборови и раскошни лексеми, што придонесуваат романот да се чита во еден здив и со возбуда, воедно и читателот да го спознае Конески како ретко едноставна и харизматична личност.

Паскал Гилевски (Сетома,  1939) е автор на делата „Брегум-брегум“ (поезија, 1973), „Толкување на уметноста“ (есеи, 1977), „Бегство“ (поезија, 1983), „Глава“ (раскази, 1984), „Знаме во пазувите“ (поезија, 1985), „Зоја“ (роман, 1985), „Животот на песната“ (поезија, на унгарски, 1985), „Двајца црнци зборуваат македонски“ (лирска монодрама, 1986), „Стража“ (раскази, на српски, 1987), „Небесна и земна љубов“ (роман, 1989), „Бездомници“ (раскази, 1989), „Ангели на прогонството“ (роман, 1993), „Ќорсокак“ (роман, 19993, „Поетика на два брега“ (есеи, 1995), „Скомраз“ (роман, 1997), „Расчекор“ (раскази, 1999), „Куќа полна гости“ (поезија и препеви, 1999), „Меланхолија“ (поезија, 1999), Избрани дела I-V (1999), „Повредена интелигенција“ (публицистика, 2000), „Скопски зори“ (раскази, 2001), „Романтизам“ (студија, 2004, со Раде Силјан), „Остров во пеколот“ (роман, 2005), „Од мугра до мугра“ (критики и есеи, 2007), „Нежниот бунтовник“ (роман, 2012), „Посмртна венчавка на моите родители“ (роман, 2014). „По патот на великаните“ – книга за Раде Силјан (2019), „Двајца селски учители“ (роман, 2021).

 

 

The post Промоција на романот „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски: Дневнички записи од средбите и дијалозите со Конески appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 24 февруари (петок) во 12 часот, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска ќе го промовира романот на Паскал Гилевски насловен „Излезе сејачот да сее“, посветен на Блаже Конески. На страниците од своето најново дело преку дневнички записи, авторот презентира широка слика на бројни животни стории, дилеми, процеси, јанѕи и возбуди на великанот од Небрегово. Од спонтаните средби и непосредно водените дијалози со Блаже Конески, како вешт прозен мајстор, Паскал Гилевски на страниците од романот „Излезе сејачот да сее“ презентира мноштво дилеми и јанѕи што го опседнувале Конески во неговиот живот, неразделно сврзани со судбината на македонските состојби. И во ова најново дело на  авторот  доаѓа до израз неговата  раскажувачка вештина, проткаена  со богат и цизелиран јазик, со мноштво нови,  досега непознати зборови и раскошни лексеми, што придонесуваат романот да се чита во еден здив и со возбуда, воедно и читателот да го спознае Конески како ретко едноставна и харизматична личност. Паскал Гилевски (Сетома,  1939) е автор на делата „Брегум-брегум“ (поезија, 1973), „Толкување на уметноста“ (есеи, 1977), „Бегство“ (поезија, 1983), „Глава“ (раскази, 1984), „Знаме во пазувите“ (поезија, 1985), „Зоја“ (роман, 1985), „Животот на песната“ (поезија, на унгарски, 1985), „Двајца црнци зборуваат македонски“ (лирска монодрама, 1986), „Стража“ (раскази, на српски, 1987), „Небесна и земна љубов“ (роман, 1989), „Бездомници“ (раскази, 1989), „Ангели на прогонството“ (роман, 1993), „Ќорсокак“ (роман, 19993, „Поетика на два брега“ (есеи, 1995), „Скомраз“ (роман, 1997), „Расчекор“ (раскази, 1999), „Куќа полна гости“ (поезија и препеви, 1999), „Меланхолија“ (поезија, 1999), Избрани дела I-V (1999), „Повредена интелигенција“ (публицистика, 2000), „Скопски зори“ (раскази, 2001), „Романтизам“ (студија, 2004, со Раде Силјан), „Остров во пеколот“ (роман, 2005), „Од мугра до мугра“ (критики и есеи, 2007), „Нежниот бунтовник“ (роман, 2012), „Посмртна венчавка на моите родители“ (роман, 2014). „По патот на великаните“ – книга за Раде Силјан (2019), „Двајца селски учители“ (роман, 2021).    

The post Промоција на романот „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски: Дневнички записи од средбите и дијалозите со Конески appeared first on Република.

]]>