Паскал Галоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paskal-galoa/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 14:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Паскал Галоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/paskal-galoa/ 32 32 Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/francuskiot-dirigent-paskal-galoa-kje-odrzi-koncert-so-uchenici-od-mbuc-ilija-nikolovski-luj/ Fri, 18 Nov 2022 14:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=575491

Концертот на класична музика на кој францускиот диригент Паскал Галоа ќе настапи заедно со учениците од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ ќе се одржи на 18 ноември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба.

Претходните денови, од 12 до 18 ноември, познатиот француски музичар и диригент одржа оркестарски работилници со учениците, а концертот ќе биде завршниот чин од работата.

Паскал Галоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен. Тој е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба.

Галоа е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот „Musicales de Quiberon“, којшто ги соединува класицизмот и модерноста. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст и за музиката и за делата, како на современиците, така и на класиците.

Паскал Галоа е директор на Конзерваториумот „Моцарт“ во Париз, Франција.

Како диригент досега двапати настапил на фестивалот „Охридско лето“ со дела од современи композитори, а минатата година го изведе делото „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх со музичари од македонската филхармонија.

The post Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ appeared first on Република.

]]>

Концертот на класична музика на кој францускиот диригент Паскал Галоа ќе настапи заедно со учениците од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ ќе се одржи на 18 ноември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба. Претходните денови, од 12 до 18 ноември, познатиот француски музичар и диригент одржа оркестарски работилници со учениците, а концертот ќе биде завршниот чин од работата. Паскал Галоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен. Тој е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба. Галоа е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот „Musicales de Quiberon“, којшто ги соединува класицизмот и модерноста. Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст и за музиката и за делата, како на современиците, така и на класиците. Паскал Галоа е директор на Конзерваториумот „Моцарт“ во Париз, Франција. Како диригент досега двапати настапил на фестивалот „Охридско лето“ со дела од современи композитори, а минатата година го изведе делото „Музика за 18 музичари“ од Стив Рајх со музичари од македонската филхармонија.

The post Францускиот диригент Паскал Галоа ќе одржи концерт со ученици од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“ appeared first on Република.

]]>